модна куќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jan 2022 11:16:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png модна куќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Џорџо Армани“ откажа ревии во Милано и Париз поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dzordzo-armani-otkaza-revii-vo-milano-i-pariz-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dzordzo-armani-otkaza-revii-vo-milano-i-pariz-poradi-koronavirusot/#respond Wed, 05 Jan 2022 11:16:26 +0000 https://kurir.mk/?p=616148

Италијанската модна куќа „Џорџо Армани“ вчера ги откажа своите машки ревии во Милано и Париз поради загриженост за безбедноста на учесниците. Во соопштението се наведува дека компанијата жали за ваквите одлуки, но тие се донесени поради влошената состојба со коронавирусот во светот. – Модните ревии се многу важни и незаменливи можности за претставување нови колекции, рече основачот на брендот и моден дизајнер Џорџо Армани, објаснувајќи дека безбедноста на учесниците, вработените и посетителите, е приоритет на неговата модна компанија. Компанијата објави дека ќе ги откаже машките ревии на претстојните два настана во јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dzordzo-armani-otkaza-revii-vo-milano-i-pariz-poradi-koronavirusot/feed/ 0
Корона-криза: „Џеј Кру“ пријави банкрот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/korona-kriza-dzej-kru-prijavi-bankrot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/korona-kriza-dzej-kru-prijavi-bankrot/#respond Wed, 06 May 2020 13:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=342484

Американската модна куќа „Џеј Кру“ веќе подолго време се бореше со финансиски проблеми, но очигледно, корона-кризата беше крајниот удар за нив и сопствениците пријавија банкрот. – Еден од поголемите проблеми што го предизвикаа овој пад беше зголемувањето на цените, во време кога купувачите бараат поевтини производи, изјави поранешниот директор на фирмата, Мики Дрекслер, за списанието „Журнал“. Компанијата, инаку поддржана со приватно учество, соопшти дека нејзиниот сопственик Чинос Холдингс пријавил банкрот, затоа што малопродажниот сектор се бори со задолжителното затворање воведено заради спречување на коронавирусот. Како дел од процесот на реструктурирање, „Џеј Кру“  истакна дека постигнале договор со кредиторите околу претворањето на долгот од 1,65 милијарди долари, во капитал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/korona-kriza-dzej-kru-prijavi-bankrot/feed/ 0
Попушти под притисокот: „Версаче“ се откажува од користењето кожа од кенгур во производството https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/popushti-pod-pritisokot-versache-se-otkazuva-od-koristenjeto-koza-od-kengur-vo-proizvodstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/popushti-pod-pritisokot-versache-se-otkazuva-od-koristenjeto-koza-od-kengur-vo-proizvodstvoto/#respond Thu, 16 Jan 2020 10:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=290537

Италијанската модна куќа „Версаче“ се откажува од користењето кожа од кенгур во производството, под притисок на заштитници на правата на животните од организацијата ЛАВ. „Можеме да потврдиме дека конечно прекинуваме со употребата на кожа од кенгур во нашите колекции“, соопшти „Версаче“ во електронско писмо до британското списание. Гласноговорникот на ЛАВ, Симоне Павезе изјави дека активистите во многу прилики „покажувале на каков сè брутален начин кенгурите се убивани”. Освен тоа, во огромните пожари во Австралија, голем број животни, вклучително и кенгури, угинаа. – Тоа е вистинска еколошка катастрофа, што претставува ризик да истреби многу видови животни од лицето на Земјата, додава Павезе. Првата забрана за користење кенгурска кожа во своите производи беше наложена од „Дијадора“ – италијански производител на спортска облека, обувки и додатоци. Европската Унија, како што јави „Гардијан“, е најголемиот извозник на месо и кожа од кенгур од Австралија. Во таа смисла, Италија е водечки извозник на кожа. Модната куќа „Версаче“ е основана 1978 година од италијанскиот дизајнер Џани Версаче, застрелан 1997 година од сериски убиец на прагот од својата куќа. Работата на креаторот потоа ја продолжува неговата помала сестра – Донатела Версаче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/popushti-pod-pritisokot-versache-se-otkazuva-od-koristenjeto-koza-od-kengur-vo-proizvodstvoto/feed/ 0