Модриќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Dec 2020 07:45:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Модриќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рамос, Азар и Модриќ гласаа за Зидан, Бејл не, во изборот за тренер на годината https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-azar-i-modrikj-glasaa-za-zidan-bejl-ne-vo-izborot-za-trener-na-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-azar-i-modrikj-glasaa-za-zidan-bejl-ne-vo-izborot-za-trener-na-godinata/#respond Fri, 18 Dec 2020 07:45:32 +0000 https://kurir.mk/?p=444996

Познато е како гласаа фудбалерите на Реал Мадрид во изборот на ФИФА за најдобар тренер за 2020 година. Капитенот на Реал и на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Рамос и играчот за врска и предводник на Белгија, Еден Азар го ставија Зинедин Зидан на првото место, додека играчот за врска на Реал и капитен на Хрватска, Лука Модриќ, го смести Зидан на второто место, по Ханс-Дитер Флик од Баерн Минхен. Капитенот на Велс и член на „кралскиот клуб“ кој во моментов е позајмен во Тотенхем, Герет Бејл, не го наведе Зидан во најдобрите тројца. Велшанецот, кој не добиваше доволно минутажа од Французинот, своите гласови ги даде на Флик, Јирген Клоп (Ливерпул) и Хулен Лопетеги (Севиља). Зидан не се пласираше помеѓу најдобри тројца во номинацијата за тренер на годината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-azar-i-modrikj-glasaa-za-zidan-bejl-ne-vo-izborot-za-trener-na-godinata/feed/ 0
Модриќ: Реал е во многу тешка ситуација https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/modrikj-real-e-vo-mnogu-teshka-situacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/modrikj-real-e-vo-mnogu-teshka-situacija/#respond Thu, 03 Dec 2020 13:40:52 +0000 https://kurir.mk/?p=438171

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ оцени во интервју за шпанските медиуми дека Реал Мадрид се наоѓа во „многу тешка ситуација“ во Лигата на шампиони. Реал во вторникот загуби на гостувањето кај Шахтјор со 2-0 и за пласман во нокаут фазата е пред императив од победа во последното коло на домашен терен против лидерот во групата Борусија Менхенгладбах. – Ова е многу тешка ситуација. Создаваме шанси, но тешко ни оди со реализацијата. Кога нема да постигнеме гол, а противникот ќе поведе работите на теренот се компликуваат. Тоа е така, ова е фудбал, не е математика. Сега е потребно позитивно да гледаме на она што ни претстои, бидејќи пред нас во Лигата на шампиони е последниот натпревар во групата и ќе одиме до крај, изјави Модриќ. „Кралскиот клуб“ три пати во серија триумфираше во Лигата на шампиони од 2016 до 2018 година, а сега му се заканува елиминација уште во групната фаза. Тренерот Зинедин Зидан по вчерашниот пораз во Украина недвосмислено изјави дека нема да поднесе оставка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/modrikj-real-e-vo-mnogu-teshka-situacija/feed/ 0