модуларна болница тетово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jan 2023 06:30:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png модуларна болница тетово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со сведоци на Обвинителството треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-svedotsi-na-obvinitelstvoto-treba-da-prodolzhi-sudeneto-za-pozharot-vo-tetovskata-modularnata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-svedotsi-na-obvinitelstvoto-treba-da-prodolzhi-sudeneto-za-pozharot-vo-tetovskata-modularnata-bolnitsa/#respond Mon, 16 Jan 2023 06:33:08 +0000 https://kurir.mk/?p=787700

Денеска од 10 часот продолжува главната расправа од судскиот процес за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година во кој животите ги загубија 14 луѓе. На последното рочиште на 27 декември 2022 претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот акт до Судот, а денеска предвидено е да има вербални докази од сведоци кои се на предлог на обвинителите. Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван. Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице, на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат. На социјалните мрежи повторно граѓаните се организираат и повикуваат на мирен граѓански протест пред тетовскиот суд за поддршка на д-р Бобан Вучевски. На 27 декември дел од граѓаните во изјави за медиумите порачаа дека за пожарот не постои лекарска вина и нема логика доктор да одговара за пожар.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-svedotsi-na-obvinitelstvoto-treba-da-prodolzhi-sudeneto-za-pozharot-vo-tetovskata-modularnata-bolnitsa/feed/ 0
„Дали германските експерти утврдиле дека проширувањето на пожарот во модуларната болница е потпомогнато од користените материјали?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-germanskite-eksperti-utvrdile-deka-proshiruvanjeto-na-pozarot-vo-modularnata-bolnica-e-potpomognato-od-koristenite-materijali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-germanskite-eksperti-utvrdile-deka-proshiruvanjeto-na-pozarot-vo-modularnata-bolnica-e-potpomognato-od-koristenite-materijali/#respond Tue, 03 Jan 2023 13:05:35 +0000 https://kurir.mk/?p=783539

Дали експертите од Германија, утврдиле дека проширувањето на пожарот во Модуларната Болница во Тетово е потпомогнато од користените разградливи производи при изградбата како што е полиуретантска пена? Дали е утврдено дека на користената полиуретантска пена му е додаден “трис” (изоприл) фосфат како средство за заштита од пламен, кој само го отежнува САМОЗАПАЛУВАЊЕТО, но сепак полиуретанската пена постанува и понатаму запалива? Дали изолациониот материјал кој се користел при изградбата на модуларната болница - полиутерантската крема, при високи температури се распаѓа во јаглерод моноксид и водород цијанид, што придонесува за брзо ширење на пожарот во гасна фаза, бидејќи јахлеродот моноксид многу лесно реагирал во комбинација со по ставилниот јаглерод диоксид, што може да предизвика дефлагации и експлозии? Дали градбата на модуларната болница била изградена без ефективни противпожарни прегради, кој би спречиле понатамошно проширување на оганот, што најмалку би го отежнувале истиот? Дали покривот на модуларната болница е потпомогнат поради отворената конструкција на градбата на поткровјето? Дали поради таквата градба на поткровјето, пожарот многу брзо се ширел во сите насоки на болницата? И дали преку овие пропуст во изградбата на модуларната во Тетово "некои" индиректно придонеле за истото да се случи? Сите знаеме кои се тие, но сепак за жал и овде ќе се практикува големата Заева мудрост дека рибата не смрди од главата туку од опашката! интегрален текст од Фејбук објава

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-germanskite-eksperti-utvrdile-deka-proshiruvanjeto-na-pozarot-vo-modularnata-bolnica-e-potpomognato-od-koristenite-materijali/feed/ 0
Предметот за модуларната болница во која 14 лица ги загубија животите е распределен кај судија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predmetot-za-modularnata-bolnica-vo-koja-14-lica-gi-zagubija-zivotite-e-raspredelen-kaj-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predmetot-za-modularnata-bolnica-vo-koja-14-lica-gi-zagubija-zivotite-e-raspredelen-kaj-sudija/#respond Tue, 16 Aug 2022 14:40:45 +0000 https://kurir.mk/?p=719389

Основниот суд во Тетово денеска соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија, кој во наредниот период по разгледување на обвинителниот предлог треба да ја закаже главната расправа. Предметот е распределен согласно Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС). -Предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од страна на ОЈО Тетово со бр. КО 531/22 со кој се обвинети Ф.Б и А.Е за кривично дело тешки дела против општата сигурност и Б. В. за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правно лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е распределен кај судија од кривичниот оддел со предмет К бр. 450/22. По прием и разгледување на обвинителниот предлог ќе биде закажана главната расправа, соопштија денес од Основен суд Тетово. Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 кога 14 лица ги загубија животите. По повеќемесечна истрага Основното јавно обвинителство Тетово на 27 јули 2022 до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predmetot-za-modularnata-bolnica-vo-koja-14-lica-gi-zagubija-zivotite-e-raspredelen-kaj-sudija/feed/ 0
ПО ЦЕЛИ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ: Пристигна германскиот извештај за модуларната болница во Тетово, петмина обвинители треба да донесат одлука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-celi-chetiri-meseci-pristigna-germanskiot-izveshtaj-za-modularnata-bolnica-vo-tetovo-petmina-obviniteli-treba-da-donesat-odluka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-celi-chetiri-meseci-pristigna-germanskiot-izveshtaj-za-modularnata-bolnica-vo-tetovo-petmina-obviniteli-treba-da-donesat-odluka/#respond Mon, 17 Jan 2022 15:28:44 +0000 https://kurir.mk/?p=620398

Извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово на експертскиот тим од Германија, По цели четири месеци конечно е во рацете на тетовските обвинители. Деталите од вештачењето ќе се знаат откако ќе се изврши превод, затоа што е на германски јазик, по што ќе се анализира и ќе се донесе одлука, велат од Основното јавно обвинителство. Извештајот од германските истражители до основното јавно обвинителство – Тетово пристигна во петок. Денеска е издадена наредба да се преведе од германски на македонски јазик, на судски преведувач со лиценца. Обемот на вештачењето е околу седум страни, при што е побарано внимателно да се преведе, затоа што има форензичка терминологија. Потоа тимот од петмина обвинители треба да донесе одлука – соопштуваат од тетовското јавно обвинителство. За потребите на истрагата беа сослушани сведоците на настанот, како и одговорните лица во болницата. На почетокот на октомври минатата година беше објавено дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор, односно апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, а беа направени и вештачења на Технолошкиот факултет и од електроинженер. Пожарот, во кој живи изгореа 14 луѓе се случи вечерта на 8 септември 2021 година. На видеото од безбедносните камери се гледа како пациенти се спасуваат преку прозори, а објектот е цел во пламен, за само три минути]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-celi-chetiri-meseci-pristigna-germanskiot-izveshtaj-za-modularnata-bolnica-vo-tetovo-petmina-obviniteli-treba-da-donesat-odluka/feed/ 0
Обвинителство се уште прибира докази за утврдување кривична одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelstvo-se-ushte-pribira-dokazi-za-utvrduvanje-krivichna-odgovornost-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelstvo-se-ushte-pribira-dokazi-za-utvrduvanje-krivichna-odgovornost-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/#respond Mon, 08 Nov 2021 14:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=592668

Од Основното јавно oбвинителство на Република Северна Македонија денеска информираа дека нивните службеници од тетовското обвинителство се уште работат на предметот отворен поради пожарот во модуларната болница на 8 септември во Тетово, при што животите ги загубија 14 луѓе. Од таму потенцираат дека истрагата се уште е во насока на собирање на материјални и вербални докази за утврдување на кривична одговорност. -Јавните обвинители кои преземаат дејствија во насока на расчистување на причините за пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, интензивно постапуваат. Се очекува во обвинителството да пристигнат извештаите од наредените вештачења, меѓу кои и вештачењето од експертите од Република Германија. Откако ќе се приберат материјалните и вербални докази, обвинителите ќе ги разгледаат и анализираат, ќе биде утврдено дали и каде постои кривична одговорност, по што ќе биде донесена и одлука за натамошниот тек на постапката, се вели во одговорот на Обвинителството по барање на новинарите од Тетово. На 5 октомври, Обвинителството објави извештај за причините за пожарот и информираше дека се започнало во моментите кога лекарскиот тим ја започнал реанимацијата на пациентка болна од КОВИД-19, при што се случил краток спој на продолжен кабел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelstvo-se-ushte-pribira-dokazi-za-utvrduvanje-krivichna-odgovornost-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/feed/ 0
Заев: ЈО и Судот ќе одлучат дали има човечка, индивидуална, субјективна или каква било одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-jo-i-sudot-kje-odluchat-dali-ima-chovechka-individualna-subjektivna-ili-kakva-bilo-odgovornost-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-jo-i-sudot-kje-odluchat-dali-ima-chovechka-individualna-subjektivna-ili-kakva-bilo-odgovornost-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/#respond Thu, 07 Oct 2021 12:32:48 +0000 https://kurir.mk/?p=574718

Иако ги дадов сите одговори, ќе се повторам за да биде почисто. Реков дека важен влезен елемент за донесувањето на мојата одлука ќе биде истрагата во делот на причините на настанувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово. И ние денеска тие причини ги имаме. Вториот дел, секоја човечка одговорност, секоја субјективна одговорност внатре е право на истрага на други органи, што не е ни премиерот, ни Владата, ни Парламентот, тоа се Јавното обвинителство и судот. Тие ќе одлучат дали има некоја човечка, индивидуална, субјективна или каква било одговорност и тие процесите ќе ги процесуираат, истакна денеска премиерот Зоран Заев. Затоа, посочи, беше важно граѓаните да ги знаат причините за настанувањето на пожарот и соодветно на тоа го добијат и одговорот и апсолутно тука никој ништо ниту амнестирал, ниту имал намера амнестира. – За да амнестирате некој прво треба да биде виновен, односно да има покренато постапка за негово сомневање, обвинение или докажана вина или слично, а се работи за етички осврт, морален осврт на министерот и на заменик-министерот, луѓе кои со својот професионален и личен ангажман многу дадоа во целиот наш здравствен систем посебно во поглед на пандемијата со Ковид-19, а и тоа како ни се потребни во периодот што престои пред нас затоа што бројките се стабилни на едно плато се држат, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата. Потенцира дека добро е што нема така масовно полнење на болниците, но дефинитивно, како што појасни, самите бројки се многу важни, пандемијата опстојува насекаде во светот, во регионот и кај нас, и важно е капацитетите на државата да бидат максимално ставени во функција за да им се најдат на своите граѓани. – Самиот начин на поднесување на оставката на двајцата директори од тетовската болница колку што јас сум информиран се неотповикливи оставки и Изборниот законик забранува во време на избори да се именуваат личности. Јас очекувам во ноември по завршувањето на изборите, вториот круг завршува на 31 октомври, да бидат поставени новите раководни лица, додаде Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-jo-i-sudot-kje-odluchat-dali-ima-chovechka-individualna-subjektivna-ili-kakva-bilo-odgovornost-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/feed/ 0
ПО СКОРО ЕДЕН МЕСЕЦ ПРИСТИГНА ИЗВЕШТАЈОТ – ова е причината за настанатиот пожар во модуларната болница во Тетово каде животите на 14 лица трагично згаснаа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-skoro-eden-mesec-pristigna-izveshtajot-ova-e-prichinata-za-nastanatiot-pozar-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-kade-zivotite-na-14-lica-tragichno-zgasnaa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-skoro-eden-mesec-pristigna-izveshtajot-ova-e-prichinata-za-nastanatiot-pozar-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-kade-zivotite-na-14-lica-tragichno-zgasnaa/#respond Tue, 05 Oct 2021 09:04:42 +0000 https://kurir.mk/?p=573186

Во Основното јавно обвинителство Тетово доставен е Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи. Согласно издадената Наредба од Основното јавно обвинителство Тетово, вештачењето утврдува постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото место на пожарот, како и траги што се значајни за утврдување на причината поради која настанал пожарот во Модуларната болница, во кој животот го загубија 14 лица. Од извршената анализа на трагите од пожарните оштетувања, динамиката на ширење на пожарот и врз основа на оштетувањата на инвентарот и просторот, земајќи ги предвид и добиените сознанија за дејствијата пред и во текот на настанувањето на пожарот, вештите лица ја утврдија локацијата, како и можната причина за настанување на пожарот. Имено, со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат. По воочена појава на пламен, присутниот медицински персонал презел обид за гаснење, но настанало бурно ширење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар. Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период. Кон ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите / просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот. Ова вештачење е само еден од досега обезбедените докази. Се очекува во Основното јавно обвинителство Тетово да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки и до други надлежни институции, како и вештачењето кое треба да пристигне согласно побараната меѓународна правна помош од експертски тим од Република Германија. Едновремено, обвинителството и натаму интензивно постапува по предметот и се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот. По прибирање на сите вербални и материјални докази, по нивно разгледување и анализа, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-skoro-eden-mesec-pristigna-izveshtajot-ova-e-prichinata-za-nastanatiot-pozar-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-kade-zivotite-na-14-lica-tragichno-zgasnaa/feed/ 0