модуларна болница во тетово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Sep 2023 09:23:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png модуларна болница во тетово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Две години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-godini-od-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-vo-koj-zaginaa-14-luge/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-godini-od-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-vo-koj-zaginaa-14-luge/#respond Fri, 08 Sep 2023 07:34:23 +0000 https://kurir.mk/?p=875929

Денеска се навршуваат две години од пожарот во модуларната болница во Тетово во која животите ги загубија 14 луѓе, кои таму беа на болничко лекување поради дијагностициран КОВИД-19. Пожарот избувна на 8 септември 2021 година околу 21 часот во монтажниот објект од модуларна болница. По пожарот беа констатирани 14 смртни случаи, додека 12 пациенти го преживеаа и беа хоспитализирани уште неколку денови во други објекти на болницата. Советот на Општина Тетово на вонредна седница прогласи три дена жалост во градот, од 9 до 11 септември. Откако беше направен увид на местото на пожарот Основното Јавно Обвинителство Тетово направи и повеќе вештачења за да се утврдат околностите поради кои е дојдено во пожарот. Стручни анализи беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, од стручно лице – електроинжинер како и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија. Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред. Истрагата, прибирањето на докази и поднесувањето на обвинителен предлог до Основен суд Тетово траеја до 27 јули 2022 година. Обвинителството поднесе кривични пријави за двајцата директори на болницата, еден доктор и ЈЗУ Клиничка болница како правно лице. Судот на 16 август сооопшти за кои дела се осомничени двајцата директори, докторот како и Клиничката болница. По една година, на 5 август 2023, беа изречени две условни казни и една ослободителна пресуда за пожарот. На 13 август ИРЛ го објави истражувањето „Убиство во Тетово“ кое ги открива вистинските причини за пожарот коишто не водат низ лавиринт од грешки и пропусти направени од обични службеници до високо профилни лица од сферата на политиката, бизнисот и судството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-godini-od-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-vo-koj-zaginaa-14-luge/feed/ 0
Семејствата на луѓето кои изгореа во модуларната болница во Тетово најавија протест – бараат ново обвинение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvata-na-lugeto-koi-izgorea-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-najavija-protest-baraat-novo-obvinenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvata-na-lugeto-koi-izgorea-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-najavija-protest-baraat-novo-obvinenie/#respond Tue, 05 Sep 2023 09:24:37 +0000 https://kurir.mk/?p=874716

Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение. Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да има ново обвинение. -Очекуваме ново обвинение. Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ новинарите ја извадија вистината кој е виновен, а кој не е виновен, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката. Во петок најавија дека собирот ќе почне кај модуларната болница. -Ние како фамилии на починатите во пожарот организираме протести и порачуваме на сите граѓани да се приклучат во петок во 14 часот, ќе бидеме пред модуларната болница и ќе одиме преку центар до судот. Порачуваме сите граѓани на Тетово ова да не биде партиски, ние фамилиите сме организатори и да нема инцидент, истакна Исмаили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvata-na-lugeto-koi-izgorea-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-najavija-protest-baraat-novo-obvinenie/feed/ 0
Една година од трагедијата во тетовската модуларна болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-godina-od-tragedijata-vo-tetovskata-modularna-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-godina-od-tragedijata-vo-tetovskata-modularna-bolnica/#respond Thu, 08 Sep 2022 16:08:15 +0000 https://kurir.mk/?p=730356

Додека Македонија славеше 30 години независност, никој не претпоставуваше дека овој ден ќе биде запаметен по една од најголемите трагедии во поновата историја. Веста дека во тетовскиот монтажен ковид центар горат живи луѓе, одекна во вечерните часови. Неколку минути подоцна од објектот остана само пепел, а огнот однесе 14 човечки животи. Многу се спасија скокајќи од прозорците. Снимките подоцна покажаа дека тие имале само 3 минути да се спасат, сведоштвата пак потврдија дека во објектот немало ниту апарат за гаснење пожар, ниту грижа и почитување на основните ковид протоколи. Два дена по несреќата министерот Филипче и неговиот заменик Хасани поднесоа оставки од морални причини Но Филипче и Хасани останаа на функциите. Тогашниот премиер Заев не ги прифати нивните оставки, со став дека за трагедијата не е потребна менаџерска и морална одговорност, видејќи не било работа на министрите да контролираат дали и како во монтажните центри се користат продолжени кабли. Ваквиот чекор предизвика бројни реакции во јавноста која бараше човечка, а не техничка одговорност. 1 година подоцна, остатоци од болнични кревети, медицинска опрема, парчиња облека се уште сведочат за ужасот низ кој минувале загинатите, но се уште нема одговори што точно се случуваше ноќта на 8-ми септември. Првичната истрага покажа дека пожарот го предизвика продолжен електричен кабел на кој биле приклучени апарат за реанимација, мобилен телефон и електричен апарат. Во истрагата се вклучија и германски експерти, но нивниот извештај никогаш јавно не беше објавен На почетокот на август тетовските обвинители го поднесоа обвинението според кое двајцата поранешни менаџери на болницата и еден доктор се товарат за тешки дела против опшатата сигурност и непостапување по здравствени прописи за време на епидемија, но нема детали на кој начин ги сториле кривичните дела за кои се предвидени казни до пет години затвор. Пред два дена тетовскиот суд имаше прв неуспешен обид да го стартува судењето, на кое се појави само поранешниот директор Флорим Бесими, брат на актурелниот министер за финансии. Пред камерите рече дека не чувствува вина, но тоа ќе го докажува на 14 ноември за кога е закажано ново рочиште.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-godina-od-tragedijata-vo-tetovskata-modularna-bolnica/feed/ 0
Се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово поради отсуство на дел од обвинетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlozi-sudenjeto-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-poradi-otsustvo-na-del-od-obvinetite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlozi-sudenjeto-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-poradi-otsustvo-na-del-od-obvinetite/#respond Tue, 06 Sep 2022 08:21:12 +0000 https://kurir.mk/?p=729320

Поради отсуство на дел од обвинетите се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово и се презакажа за 14 октомври во 10 часот. До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово. Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово Ф.Б и А.Е за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Б. В за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Обвинилтеството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинжинер и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија. Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше обвинителството. Тогашните двајца директори на тетовската болница поднесоа оставки, но останаа на функциите се до преструктуирањето во Владата. Пожарот во модуларната ковид болница се случи на 8 септември минатата година. Во огнената стихија која за неколку минути до темел го изгоре објектот, животот го загубија 14 луѓе, а повеќе пациенти беа тешко повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlozi-sudenjeto-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-poradi-otsustvo-na-del-od-obvinetite/feed/ 0
Почнува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-sudenjeto-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-sudenjeto-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/#respond Tue, 06 Sep 2022 07:58:08 +0000 https://kurir.mk/?p=729305

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да почне судењето за пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 година кога 14 лица го загубија животот. Судското рочиште е закажано во 10 часот, а ќе го води судијата Јордан Велковски. По повеќемесечна истрага Основното јавно обвинителство Тетово на 27 јули 2022 до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице. Двајца се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, еден за „непостапување според здравствени прописи“, а правното лице за „предизвикување на општа опасност“. – Со предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од страна на ОЈО Тетово со бр. КО 531/22 со кој се обвинети Ф. Б. и А. Е. за кривично дело тешки дела против општата сигурност и Б. В. за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правно лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово за кривични дела предизвикување општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е распределен кај судија од Кривичниот оддел со предмет К бр. 450/22, се наведува во соопштението од Судот за овој предмет. На 8 септември 2021 година во пожарот во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица. Тие се лекуваа од Ковид-19. Досега се направени четири вештачења за да се утврдат причините поради кои настана пожарот и да се лоцира одговорноста. Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред. Стручни анализи беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, од стручно лице – електроинжинер, како и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-sudenjeto-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/feed/ 0
Шест месеци по големата трагедија во Тетово: Обвинителство е во фаза на анализирање на сите прибрани докази за пожарот во модуларната болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shest-meseci-po-golemata-tragedija-vo-tetovo-obvinitelstvo-e-vo-faza-na-analiziranje-na-site-pribrani-dokazi-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shest-meseci-po-golemata-tragedija-vo-tetovo-obvinitelstvo-e-vo-faza-na-analiziranje-na-site-pribrani-dokazi-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica/#respond Tue, 08 Mar 2022 11:31:04 +0000 https://kurir.mk/?p=643270

Шест месеци по пожарот во модуларната ковид болница во Тетово кога 14 луѓе го загубија животот, Обвинителството информира дека во тек е фаза на анализа на сите прибрани докази. Според нивната информација, се уште е потребно да се работи на целосно утврдување на фактите во предметот за да се донесе одлука околу евентуална кривична одговорност. -Во предметот во континуитет се преземаат дејствија во рамките на предистражна постапка со цел да се утврдат сите факти и околности. Во таа насока, беше наредено вештачење од МВР – Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења (ОКТИВ) кое обвинителството веднаш го објави и кое се однесува на директните причини за самиот пожар. Беа наредени и извршени уште две вештачења – од Технолошкиот факултет и од стручно лице – електроинжинер, се вели во соопштението на Јавното oбвинителство. Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој билe приклученi дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред. Во тој период беше побарана помош во истрагата од експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција na Германија, чиј извештај дојде во јануари 2022 година. -По меѓународна правна помош беше побарано вештачење од германските експерти, а пристигнатиот извештај, во поглед на директните причини за настанување на пожарот, не се разликува многу од она што го утврдија стручните лица од од МВР – Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења (ОКТИВ). Сепак, сите извештаи се анализираат во корелација со останатите прибавени докази, како и со вербалните искази на сослушаните сведоци и други лица кои имаат сознанија за настанот. Анализата на сите прибрани докази е во тек. Јавните обвинители, по целосно утврдување на фактите во предметот, ќе донесат одлука за која јавноста веднаш ќе биде известена, се вели во известувањето на Јавното oбвинителство. Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе. Во октомври имаше и граѓански марш од кој беше побарана одговорност за трагедијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shest-meseci-po-golemata-tragedija-vo-tetovo-obvinitelstvo-e-vo-faza-na-analiziranje-na-site-pribrani-dokazi-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica/feed/ 0