модуларна болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 14:23:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png модуларна болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Семејства на загинатите во модуларната болница бараат правда, продолжуваат со јавни протести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstva-na-zaginatite-vo-modularnata-bolnitsa-baraat-pravda-prodolzhuvaat-so-javni-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstva-na-zaginatite-vo-modularnata-bolnitsa-baraat-pravda-prodolzhuvaat-so-javni-protesti/#respond Thu, 14 Sep 2023 14:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=878106

Претставници на семејствата на 14 луѓе кои ги загубија своите животи во пожарот во модуларната болница во Тетово преку прес-конференција најавија дека ќе продолжат со јавни протести поради незадоволство од работата и постапките на Обвинителството. Тие минатата недела на двегодишнината од пожарот организираа протест и марш во Тетово, а новиот протест го најавуваат за утре. - Утре петок, организираме протест во Скопје, како семејства на загинатите во модуларна болница во Тетово. Протестниот марш ќе почне во 14 часот на плоштадот Скендербег и ќе се заврши пред зградата на Јавното обвинителство на РСМ. Обвинителството ги има затворено очите за правдата и ги штити одговорните за трагедијата каде изгореа живи 14 наши роднини. Им апелирам на граѓаните на Скопје и на другите градови да ни се приклучат на барањето за правда. На политичарите и на партиите им препорачуваме да стојат што подалеку од злоупотреба на нашиот протест за политички придобивки, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги изгубил братот и мајката. На 5 јуни 2023 заврши судскиот процес за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница Тетово. Условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека, правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“. Судот одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“. Основното јавно обвинителство Тетово, еден месец подоцна на 10 јули 2023 година поднесе жалба на изречената првостепена пресуда. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сè уште води предистражна постапка во врска со тендерот за набавка на модуларните болници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstva-na-zaginatite-vo-modularnata-bolnitsa-baraat-pravda-prodolzhuvaat-so-javni-protesti/feed/ 0
Две години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-godini-od-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-vo-koj-zaginaa-14-luge/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-godini-od-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-vo-koj-zaginaa-14-luge/#respond Fri, 08 Sep 2023 07:34:23 +0000 https://kurir.mk/?p=875929

Денеска се навршуваат две години од пожарот во модуларната болница во Тетово во која животите ги загубија 14 луѓе, кои таму беа на болничко лекување поради дијагностициран КОВИД-19. Пожарот избувна на 8 септември 2021 година околу 21 часот во монтажниот објект од модуларна болница. По пожарот беа констатирани 14 смртни случаи, додека 12 пациенти го преживеаа и беа хоспитализирани уште неколку денови во други објекти на болницата. Советот на Општина Тетово на вонредна седница прогласи три дена жалост во градот, од 9 до 11 септември. Откако беше направен увид на местото на пожарот Основното Јавно Обвинителство Тетово направи и повеќе вештачења за да се утврдат околностите поради кои е дојдено во пожарот. Стручни анализи беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, од стручно лице – електроинжинер како и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија. Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред. Истрагата, прибирањето на докази и поднесувањето на обвинителен предлог до Основен суд Тетово траеја до 27 јули 2022 година. Обвинителството поднесе кривични пријави за двајцата директори на болницата, еден доктор и ЈЗУ Клиничка болница како правно лице. Судот на 16 август сооопшти за кои дела се осомничени двајцата директори, докторот како и Клиничката болница. По една година, на 5 август 2023, беа изречени две условни казни и една ослободителна пресуда за пожарот. На 13 август ИРЛ го објави истражувањето „Убиство во Тетово“ кое ги открива вистинските причини за пожарот коишто не водат низ лавиринт од грешки и пропусти направени од обични службеници до високо профилни лица од сферата на политиката, бизнисот и судството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-godini-od-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-vo-koj-zaginaa-14-luge/feed/ 0
„Монструозно и мафијашко однесување на власта во случајот онкологија, правда ќе има по смена на власта и за случаите „Беса Транс“ и модуларната болница“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/monstruozno-i-mafijashko-odnesuvane-na-vlasta-vo-sluchajot-onkologija-pravda-ke-ima-po-smena-na-vlasta-i-za-sluchaite-besa-trans-i-modularnata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/monstruozno-i-mafijashko-odnesuvane-na-vlasta-vo-sluchajot-onkologija-pravda-ke-ima-po-smena-na-vlasta-i-za-sluchaite-besa-trans-i-modularnata-bolnitsa/#respond Wed, 06 Sep 2023 18:01:51 +0000 https://kurir.mk/?p=875368

Во „Вести плус“ на Канал 5 ТВ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека монструозно и мафијашко е однесувањето на власта во случајот онкологија, а правда ќе има по смена на власта и за случаите „Беса Транс“ и модуларната болница. -Што и да се случува знам дека за неколку месеци од денеска владата на ВМРО-ДПМНЕ има намера многу посериозно да се занимава не само со ова што се случува монструозно, мафијашко однесување во онкологија туку да се занимава и со овие предмети и со „Беса Транс“ и со Ласкарци и со модуларната болница и со се она кое што изминативе шест години се забошоти, се заборави или некако остана на маргините. Правда мора да има луѓето денес си одат од Македонија затоа што нема надеж а нема надеж затоа што се чувствуваат обесправени. Мора конечно во Македонија законите да важат за сите, тоа е суштинско потребно за сите нас ако сакаме да не биде. Ако сакаме да импровизираме или да си играме држава тогаш ќе продолжиме по оваа патека по која што денеска оди владата, но јас не би одел по таа патека. Затоа што нас ни требаат историски потези историски чекори ВМРО-ДПМНЕ има капацитет, и јас ве уверувам дека тоа ќе го направиме, нагласи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/monstruozno-i-mafijashko-odnesuvane-na-vlasta-vo-sluchajot-onkologija-pravda-ke-ima-po-smena-na-vlasta-i-za-sluchaite-besa-trans-i-modularnata-bolnitsa/feed/ 0
Протест пред тетовскиот суд- се бара одговорност за трагедијата во модуларната болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-tetovskiot-sud-se-bara-odgovornost-za-tragedijata-vo-modularnata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-tetovskiot-sud-se-bara-odgovornost-za-tragedijata-vo-modularnata-bolnitsa/#respond Wed, 16 Aug 2023 11:38:00 +0000 https://kurir.mk/?p=867394

Група граѓани се собраа денеска пред зградата на Обвинителството и Основен суд во Тетово со цел да реагираат на судскиот процес за трагедијата од 8 септември 2021 кога во пожар во модуларната болница животот го загубија 14 луѓе. Организаторите од иницијативата „Подобро за Тетово“ побараа политичка одговорност за тоа што никој не добил соодветни казни за трагедијата во Тетово и другите случаи каде граѓани ги загубиле животите. - За пет години имаме четири трагедии, 97 жртви и нула дена затвор. Затоа довербата во правосудниот систем на оваа држава е нула. Животите на граѓаните станаа заложници на пазарења и тендери без критериуми. Се виде дека корупцијата убива. Од целиот процес се докажа дека Обвинителството и Судот се дел и бранители на злосторничко здружување која ја држи државата во заложништво, истакна Елмедина Абдулахи. Од иницијативата побараа Владата да реагира. -Бараме Владата веднаш да го разреши јавниот обвинител Љубомир Јовески и тој заедно со другите обвинители инволвирани во оваа монструозно дело да одговараат кривично. Бараме да се судат и казнат вистинските виновници, вклучително и политичарите кои спротивно на законот го доделија тендерот за изградба на фирмата „Брако“. Нема правда, нема мир, посочи Елмедина Абдулахи во барањата. Граѓаните носеа натписи со различни пароли, преку кои се бараше да има соодветна правда. - Без да се среди судството во својата содржина држава нема да има во Македонија. Секој ден може да протестираме, но ова нека биде почеток цела Македонија да реагира. Се случило во Тетово, може да се случи секаде. На никого не го интересира што се случува со народот. А народот ги вработува тие горе. Апел до сите да се отрезнат и сè тоа тоа треба од почетокот. Оваа држава треба да се среди или ќе ја нема. Не ќе ја нема од нас, туку од тие што ја водат, изјави граѓанин учесник на собирот. Присутните на протестот ги оставија натписите и паролите залепени или закачени на зградата од судот. Од ВМРО-ДПМНЕ пак вчера потенцираа дека е чуден молкот на Јавното обвинителство за модуларната болница. -Чуден е молкот за пропустите на Јавното обвинителство во случајот со модуларната болница во Тетово. Срамно е што одговорноста за смртта на 14 луѓе се сведе на две – три периферни лица во системот без прецизно утврдување на вистинска одговорност. Јавното обвинителство како за овој, така и за сите други случаи амнестира од одговорност луѓе за кои има основани сомневања дека имаат пропусти во работата и криминално работат. До кога ЈО ќе трепери пред олигархијата и луѓето од власта?, прашаа вчера од партијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-tetovskiot-sud-se-bara-odgovornost-za-tragedijata-vo-modularnata-bolnitsa/feed/ 0
ПРОТЕСТ ВО 12 ЧАСОТ: Се бара одговорност за пожарот во модуларната болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-vo-12-chasot-se-bara-odgovornost-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-vo-12-chasot-se-bara-odgovornost-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa/#respond Wed, 16 Aug 2023 06:14:11 +0000 https://kurir.mk/?p=867200

Со почеток во 12 часот денеска пред Основниот суд во Тетово ќе се одржи протеста за правда и лоцирање на одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово во која пред две години изгореа 14 лица. Најавата за протестот се шири на социјалните мрежи, а доби поддршка и од новата партија на Изет Меџити, Демократско движење кое ги повика своите симпатизери да застанат рамо до рамо со демонстрантите, организирани од граѓански здруженија, револтирани од одлуките на судството во земјава. Ова доаѓа по документарецот објавен од Истражувачката репортерска лабораторија насловен како „Убиство во Тетово“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-vo-12-chasot-se-bara-odgovornost-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa/feed/ 0
Утре ќе се протестира во Тетово: Се бара одговорност за пожарот во модуларната болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ke-se-protestira-vo-tetovo-se-bara-odgovornost-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ke-se-protestira-vo-tetovo-se-bara-odgovornost-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa/#respond Tue, 15 Aug 2023 15:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=867059

За утре е најавен протест за правда и лоцирање на одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово во која пред две години изгореа 14 лица. Протестот ќе се одржи во 12 часот пред Основниот суд во Тетово. Најавата за протестот се шири на социјалните мрежи, а денеска доби поддршка и од новата партија на Изет Меџити, Демократско движење кои ги повикаа своите симпатизери да застанат рамо до рамо со демонстрантите, организирани од граѓански здруженија, револтирани од одлуките на судството во земјава. Ова доаѓа по документарецот објавен од Истражувачката репортерска лабораторија насловен како „Убиство во Тетово“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ke-se-protestira-vo-tetovo-se-bara-odgovornost-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa/feed/ 0
МЗ со демант: Немаме исплатено ни денар за амбулантите, ќе соработуваме со институциите за пожарот во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-so-demant-nemame-isplateno-ni-denar-za-ambulantite-ke-sorabotuvame-so-institutsiite-za-pozharot-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-so-demant-nemame-isplateno-ni-denar-za-ambulantite-ke-sorabotuvame-so-institutsiite-za-pozharot-vo-tetovo/#respond Mon, 14 Aug 2023 14:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=866610

Министерството за здравство и министерот Фатмир Меџити го поддржуваат истражувачкото новинарство, слободата на говорот и јавното мислење бидејќи тоа е одлика на секое слободно и демократско општество какво што е и нашето. Во целост соработувавме и ќе соработуваме со сите институции во врска со судските постапки поврзани со пожарот во Тетово, велат од МЗ. - Во овој контекст, МЗ во целост ги демантира и ги отфрла како невистина наводите кои се шират на социјалните мрежи дека од страна на МЗ има исплатено пари за модуларните објекти на ЗД Скопје. Ова е апсолутна невистина. Министерот Меџити со стапување на функцијата во МЗ се заложи за откочување на сите постапки, процедури и проекти, кои една година беа заглавени од страна на претходното раководство на МЗ. Една од постапките беше и изградбата на скопските модуларни амбуланти. Една година претходното раководство на МЗ не дало никаков одговор на компанијата која ги правеше објектите, во врска со таа постапка, како би се избегнале судски постапки, за кои отштета би се платила од буџетот, односно од парите на граѓаните, се наведува во соопштението. МЗ изготви информација до Влада од каде се чека одговор од неколку институции дали МЗ треба да ги исплати трите направени амбуланти, од планираните 10 со што би се одбегнало плаќање на затезни камати и отштета. -Оваа постапка се уште не е завршена и од страна на МЗ самоиницијативно нема исплатено ниту денар за модуларните објекти. МЗ работи согласно законот и пред се ги штити граѓаните и нивните права, велат од МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-so-demant-nemame-isplateno-ni-denar-za-ambulantite-ke-sorabotuvame-so-institutsiite-za-pozharot-vo-tetovo/feed/ 0
За трагедијата во која загинаа 14 лица: Завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-tragedijata-vo-koja-zaginaa-14-litsa-zavrshni-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-tragedijata-vo-koja-zaginaa-14-litsa-zavrshni-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/#respond Mon, 29 May 2023 06:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=839906

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да продолжи судскиот процес со завршни зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога загинаа 14 луѓе. Ова е трет обид да има завршни зборови откако рочиштата на 25 април и 10 мај беа одложени. На 25 април тоа беше поради отсуство на еден од обвинетите, Флорим Бесими, а на 10 мај затоа што не беше дојден адвокатот на обвинетиот Артан Етеми. Судијата Јордан Велковски го закажа почетокот на денешното рочиште во 10 часот. Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април. Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товарат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, а докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела - „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Тие на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-tragedijata-vo-koja-zaginaa-14-litsa-zavrshni-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/feed/ 0
Повторно одложени завршните зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-odlozheni-zavrshnite-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-odlozheni-zavrshnite-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/#respond Wed, 10 May 2023 09:09:37 +0000 https://kurir.mk/?p=832595

По втор пат се одложи рочиште за завршни зборови во судскиот процес за неколку кривични дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Поради отсуство на адвокатот на еден од обвинетите, поранешниот директор Артан Етеми, судијата Јордан Велковски го презакажа судењето за 29 мај во 10 часот. Претходно на 25 април завршните зборови беа одложени за денеска поради отсуство на еден од обвинетите, поранешниот директор на болницата Флорим Бесими. Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април. И денеска повторно група граѓани се собраа пред судот во Тетово на мирен собир за да искажат поддршка за обвинетиот д-р Бобан Вучевски. -На правдина го теретат докторот. Треба да одговара тој што ја градел болница, а не доктор кој ги лечел луѓето, што спасувал животи. Бил добар доктор. Наместо во болница го малтретираат тука, истакнаа граѓаните. Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се терети за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-odlozheni-zavrshnite-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/feed/ 0
Завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-2/#respond Wed, 10 May 2023 06:18:12 +0000 https://kurir.mk/?p=832481

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да продолжи судскиот процес со завршни зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривични дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога загинаа 14 луѓе. Ова е втор обид да има завршни зборови откако рочиштето на 25 април беше одложено за денес поради отсуство на еден од обвинетите, тогашниот директор Флорим Бесими. Неговиот адвокат, кој беше присутен на судењето пред пред две недели, образложи дека Бесими поради здравствени причини не може да присуствува на судењето. Судијата Јордан Велковски го закажа почетокот на рочиштето во 10 часот. Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април. Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товарат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела - „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-2/feed/ 0