модуларни болници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 13:55:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png модуларни болници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МЗ за КУРИР: Од 18 модуларни болници, сега се користат три https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-za-kurir-od-18-modularni-bolnitsi-sega-se-koristat-tri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-za-kurir-od-18-modularni-bolnitsi-sega-se-koristat-tri/#respond Wed, 16 Aug 2023 13:55:41 +0000 https://kurir.mk/?p=867478

Министерството за здравство стапи во контакт со јавните здравствени установи во чија надлежност се модуларните болници, согласно информациите кои ги добивме од здравствените установи, од 18 модуларни болници се користат три како амбуланти, информираат од МЗ за КУРИР. -Другите модуларни болници не се користат. Во тек е анализа за да се дадат финални препораки за употреба на модуларните болници. Досега се испитани амбулантите под Здравствен дом Скопје и истите може да се користат како амбуланти, велат од министерството за здравство. Во изјавата за КУРИР посочуваат дека по завршените анализи секоја од клиниките или здравствените домови ќе добие препораки за што може да се користат.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-za-kurir-od-18-modularni-bolnitsi-sega-se-koristat-tri/feed/ 0
Заев и Филипче суетно не ги слушаа стручните лица во здравството, доктор Чибишев предупредуваше за модуларните болници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-suetno-ne-gi-slushaa-struchnite-litsa-vo-zdravstvoto-doktor-chibishev-predupreduvashe-za-modularnite-bolnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-suetno-ne-gi-slushaa-struchnite-litsa-vo-zdravstvoto-doktor-chibishev-predupreduvashe-za-modularnite-bolnitsi/#respond Tue, 15 Aug 2023 13:29:21 +0000 https://kurir.mk/?p=866989

Се отвора едно многу сериозно прашање: Зошто ние како држава, како здравствен систем се ослонивме на модуларните болници? Ние имаме одредени капацитети по инфективните одделенија, по интернистичките одделенија, каде што можевме да хоспитализираме вакви пациенти на кои им е потребна интензивна медицинска нега, истакна доктор Андон Чибишев во септември 2021-ва година. Во тоа време власта предводена од Зоран Заев и министерството за здравство на чие чело беше Венко Филипче не ги почитуваа советите од стручни лица во фелата, па така ниту оваа изјава на докторот не ја зедоа предвид. „Сметам дека модуларните болници не се капацитети во кои може да се пружа интензивна медицинска нега. И требаше од почетокот на пандемијата од февруари-март 2020-та до денес, имаме 4 брана, меѓу брановите кога имавме одредено смирување на епидемиолошката ситуација, требаше да мислат надлежните како да се зголемат инфраструктурно капацитетите. Како да се зголеми стручниот кадар затоа што ние немавме ни доволно инфектолози, ниту луѓе кои се оспособени да третираат такви тешки пациенти, поставени на респираторна машина, рече тогаш Чибишев. Во тоа време кога Македонија секој ден броеше жртви, се случи и една од најголемите трагедии во понова историја. Во пожар во модуларната болница во Тетово до смрт изгореа 14 лица. Тој кобен 8-ми септември во 2021-вата година, од болка занеме цела Македонија. Речиси две години подоцна, политичарите кои во тоа време ги носеа одлуките, молчат како да го заборавиле случајот. Одговорност не понесе никој. Дали овој ужас беше лекција за посовесни одлуки кога станува збор за човечки живот? Најверојатно не. Стручните лица во здравството имаа што да кажат, но немаше кој да ги чуе. Кога Чибишев даваше стручни проценки беше напаѓан дека шири паника. А за паника имаше место и тогаш, а има и денес. КУРИР побара одговор од Минитерството за здравство дали уште низ Македонија се во функција модуларни болници, но од таму до објавување на овој текст не добивме одговор.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-suetno-ne-gi-slushaa-struchnite-litsa-vo-zdravstvoto-doktor-chibishev-predupreduvashe-za-modularnite-bolnitsi/feed/ 0
Мицкоски: Со новиот Закон за градење на Заев и Филипче модуларните болници се поставени на диво и на диво се приклучени на електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-noviot-zakon-za-gradenje-na-zaev-i-filipche-modularnite-bolnici-se-postaveni-na-divo-i-na-divo-se-priklucheni-na-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-noviot-zakon-za-gradenje-na-zaev-i-filipche-modularnite-bolnici-se-postaveni-na-divo-i-na-divo-se-priklucheni-na-elektrichna-energija/#respond Fri, 24 Sep 2021 12:21:49 +0000 https://kurir.mk/?p=567741

Владата направи измени на Законот за градење со кои ги заобиколува сите институции и формира нова градба која се нарекува модуларна или монтажно демонтажна градба и вели за овие објекти нема потреба од одобрение за градба, туку решение за поставување, а кои документи се потребни за ова вели ќе се дефинира со правилник за кој е одговорен минсистерот за здравство. Прашувам го видел некој правилникот и што предвидува? Значи болницата е поставена на диво, пуштена во употреба на диво и приклучена на електрично напојување на диво, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за измените на Законот за градење по средбата со првиот човек на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Неби Хоџа. Мицкоски додава дека „тука треба да се бара одговорноста по вертикала кој дозволил да се постави таму модуларната болница, кој ја пуштил во употреба на диво и кој дозволил на диво да се приклучи на електрична енергија“. Според него одговорноста е јасна и не треба странски комисии да утврдуваат ништо. Мицкоски со објаснување што претходно предвидувал Законот за градење.
- Во Законот за градење има три столба кои се значајни, првиот е одобрение за градба, вториот е категоризација на градба, прва и втора категорија, третиот столб е употребна дозвола. До сега имаве прва и втора категорија или прва објекти кои да речеме би требало да се изгради една ваква болница бидејќи е дел од владината одговорност во случајов министерство за здравство со министерство за труд и социјала, а втора категорија се индивидуални станбени објекти, куќи. Пуштање во употреба за индивидуален станбен објект, куќа се врши со технички извештај од надзорен инжинер и тогаш со тој извештај одите во општина добивате решение и го запишувате во катастар и станува ваш. Кога станува збор за градба од прва категорија надлежно беше до сега министерство за транспорт и врски и овој објект требаше да биде градба од прва категорија. Што значи тоа, градба од прва категорија, дека има основен проект, ревидиран кој е проектиран од проектантско биро со А лиценца и ревидиран од ревизорска куќа со А лиценца. Тие документи се закачуваат на електронскиот систем е -дозвола заедно со други проекти меќу кои елаборат за противпожарни инсталации, громобрански инсталации и сл.“, рече Мицкоски.
Тој објасни дека тогаш „министерството за транспорт ги праќа овие проекти до институциите на одобрување и мислење и кога ќе ги собере сите одлучува да даде одобрение за градба, која се следи и на крај комисија од министерство за транспорт и неколку други институции излегува на терен и оценува дали е изработен според проект и ако е се дава одобрение за употреба“. И сега, објаснува Мицкоски, што прави Владата.
- Носи измени на Законот за градење со кои ги заобиколува сите институции и формира нова градба која се нарекува модуларна или монтажно демонтажна градба и вели за овие објекти нема потреба од одобрение за градба, туку решение за поставување кои документи се потребни за ова вели ќе се дефинира со правилник за кој е одговорен минситерот за здравство. Го видел некој правилникот и што предвидува? Значи болницата е ставена на диво, пуштена во употреба на диво и приклучена на електрично напојување на диво. Е тука треба да се бара одговорноста по вертикала кој дозволил да се постави таму, кој ја пуштил во употреба и кој дозволил на диво да се приклучи на електрична енергија“, укажа Мицкоски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-noviot-zakon-za-gradenje-na-zaev-i-filipche-modularnite-bolnici-se-postaveni-na-divo-i-na-divo-se-priklucheni-na-elektrichna-energija/feed/ 0
Велјановски: Зошто Заев, Филипче и Хасани дозволија изградба на болница која нема основни стандарди? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-zoshto-zaev-filipche-i-hasani-dozvolija-izgradba-na-bolnica-koja-nema-osnovni-standardi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-zoshto-zaev-filipche-i-hasani-dozvolija-izgradba-na-bolnica-koja-nema-osnovni-standardi/#respond Wed, 22 Sep 2021 10:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=566801

Наместо морална одговорност и оставки, а потоа и непристрасна истрага, партнерите во власта СДСМ и ДУИ ги гледаме како се обвинуваат помеѓу себе кој да ја преземе вината за несреќата во Тетово, во која живи изгореа 14 луѓе. Зоран Заев јавно призна дека модуларната болница во Тетово е градена без одобрение за градба и без потребните статики, што се потребни за сите нормални објекти, изјави денеска за медиумите, Александар Велјановски, пратеник на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека за срамот и апсурдот да биде уште поголем, Зоран Заев ја спореди монтажната болница во Тетово, со изградба на летни тераси и кафеани.
- Ваквата скандалозна изјава на Заев е јасно признание со кое тој веќе досега требаше да биде повикан во Јавното обвинителство, бидејќи според тоа што го кажа, само прашање на време било кога ќе се случи некоја несреќа со болницата во Тетово. Да потсетиме, во овој момент има уште 18 модуларни болници градени на ист принцип со исти материјали кои очигледно се темпирана бомба и потенцијална опасност за пациентите, вели Велјановски.
Пратеникот посочи дека СДСМ и ДУИ обвинувајќи се меѓу себе откриваат дека немало соодветен надзор на модуларните објекти, немало противпожарен систем за заштита, немало технички прием, немало атестирани материјали, немало ништо што би гарантирало безбедност на пациентите.
- Ова е надвор од сите норми и правила, ова е нестручно и недоговорно работење од страна на надлежните органи. Од се што до сега излезе во јавноста, јасно е дека виновни за пропустите се токму СДСМ и ДУИ и никој друг. Токму затоа мора да има одговори на следните прашања: 1. Зошто Заев, Филипче и Хасани дозволија изградба на болница која нема основни стандарди? 2. Дали и зошто не ги послушале советите на експертите да не ги вградуваат високо запаливите ПУР панели во модуларните болници? 3. Колкава е разликата во цената помеѓу ПУР панелите и панелите кои имаат поголема отпорност и дали за пари некој дозволил да се изгради болница која изгоре за само три минути? Ова се клучни прашања кои ги засегаат сите. Ова се прашања чии одговори ќе не одведат до вистината и виновниците за трагедијата во болницата во Тетово. Затоа, бараме одговори веднаш! Јавното обвинителство да не чека и веднаш да покрене обвиненија, дециден е Велјановски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-zoshto-zaev-filipche-i-hasani-dozvolija-izgradba-na-bolnica-koja-nema-osnovni-standardi/feed/ 0
Заев го сменил Законот за да градат модуларни болници како во Тетово, без А тест и дозвола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-go-smenil-zakonot-za-da-gradat-modularni-bolnici-kako-vo-tetovo-bez-a-test-i-dozvola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-go-smenil-zakonot-za-da-gradat-modularni-bolnici-kako-vo-tetovo-bez-a-test-i-dozvola/#respond Mon, 20 Sep 2021 17:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=565996

Вечерва во дуелот на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија Зоран Заев призна дека го сменил Законот за да се градат модуларни болници како во Тетово, без А тест и дозвола.
- Дефинитивно сите знаеме дека поставивме модуларни контејнери префабрикати, односно претходно сработени во фабрики. За таквите времено поставување на објекти не се дава употребна дозвола, с еправи примопредаавње на такви објекти и Законот јасно тоа го опишува. Сум бил градоначалник и знам кога се дава употребна дозвола. Таму кај што имате дозвола за градба се дава и употребна дозвола. Таму кај што имате времено поставување на модуларни префабрикати контејнери, префабрикати значи претходно изработени во фабрики, таму се дава примопредавање, истакна Заев.
Заев додаде дека објектите се поставени за да се згрижат граѓаните.
- Јас тврдам дека е целосно постапено согласно Закон, сите правила и правни и прописи се спроведени дадено е решение за примопредавање на самиот објект, дополнително се дообезбедени од самите болници, не само во Тетово туку и Инфективна клиника и на сите други Инфективни одделенија во државата дополнителни услуги, сето тоа е завршено како што треба за тоа што се работи за времно сместување на пациенти, појасни Заев.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-go-smenil-zakonot-za-da-gradat-modularni-bolnici-kako-vo-tetovo-bez-a-test-i-dozvola/feed/ 0
Министерство за здравство: ДСЗИ не констатира недостатоци во модуларните болници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-zdravstvo-dszi-ne-konstatira-nedostatoci-vo-modularnite-bolnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-zdravstvo-dszi-ne-konstatira-nedostatoci-vo-modularnite-bolnici/#respond Mon, 20 Sep 2021 10:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=565776

Министерството за здравство информира дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат го заврши вонредниот инспекциски надзор и до министерот за здравство д-р Венко Филипче ја достави следната информација за извршен вонреден инспекциски надзор во модуларните болници на територија на Република Северна Македонија Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во 18 модуларни болницилоцирани во следните градови: Скопје , (ЈЗУ УКИБФС, ЈЗУ УК за педијатрија и ЈЗУ УК заапулмологија) ЈЗУ КБ Штип, ЈЗУ ОБ Кочани, ЈЗУ ОБ Струмица, ЈЗУ ОБ Куманово,ЈЗУ ОБ Прилеп,ЈЗУ ОБ Гостивар,ЈЗУ КБ Битола ,ЈЗУ ЗД Ресен ( во склоп на ЈЗУ Здравствен дом) ЈЗУ ОБ Гевгелија,ЈЗУ ОБ Струга, ЈЗУ ОБ Охрид,ЈЗУ ОБ Кавадарци, ЈЗУ ОБ Велес,ЈЗУ ОБ Кичево и ЈЗУ ОБ Дебар, Предмет на надзор согласно надлежностите на Државниот санитарен и здарвствен инспекторат беше следен; • опис на модуларната болница :капацитет на болницата со број на болнички соби, болнички кревети , дополнителни простории , монентална исполнетост со број на хоспитализирани пациенти и од кога е во функција модуларната болница • -санитарно хигиенска состојба на објектот; • увид потврда за извршенма ДДД од овластена установа; • -увид дали се извршени здравствено-хигиенски прегледи на персоналот; • -увид во делот дали и колку од од персоналот се комплетно вакцинирани • -начин на селекција и диспозиција на медицински отпад и договор со овластен оператор кој го подига медицинскиот отпад; • -број на здравствен и останат пеерсонал кој се грижи за пациентите ( лекари, сестри, болничари,хигиеничари) • -дали постои писмен распоред на дежурства во модуларната болница; • -дали се почитува забраната за посета на надворешни лица . Доколку се затекне било кое лице кое е во посета , задолжитежно да се евидентира во записник ; • -увид во здравствената евиденција која се води во модуларната болница. Констатирана е следната фактичка состојба : Во моментот на наздор модуларните болници во Битола , Гостивар и Кочани немаат хоспитализирани пациенти. Модуларната болница во Дебар од своето пуштање во функција на ден 21.03.2021 година до 01.07.2021 год била затворена, за потоа да продолжи да функционира како вакцинален пункт. Модуларната болница во Штип од 29.05 2021 година функционира како инфективно идделение со оглед на тоа што одделението, од КБ се реновира. Модуларната болница во Ресен функционира како амбуланта за тријажа, земање материјал за ПЦР тестирање и како дневна болница , но нема лежечки пациенти. Модуларните болници во склоп на ЈЗУ клиника за пулмологија и ЈЗУ УК за детски болници исто така функционираат како амбуланта за преглед и тријажа. Во останатите има хоспитализирани пациенти. По однос на санитарно-хигиенската состојба , извршената ДДД од овластена установа, селекција и диспозиција на медицински отпад, извршени здравствено –хигенски прегледи, обезбедени доволни количини на ЛЗО, обезбедени доволни количини на средства за дезинфекција , динамика на чистење и дезинфицирање на работните површини не се констатирани недостатоци. Во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица. Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал ; лекари (специјалисти и специјализанти)и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти. Во модуларната болница на ЈЗУ УКИБФС –Скопје по принципот на ротација дежураат лекари – специјалисти интернисти од сите клиники на Универзитетскиот клинички центар. За нега на пациентите се грижат болничари или сестри за нега. За одржување на хигиената се грижат хигиеничари. Вработените во моуларните болници се имунизирани а дел имаат прележано Ковид 19. ЗАКЛУЧОК : Од спроведените инспекциски наздори не се констатирани недостатоци. Стои во информацијата на ДСЗИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-zdravstvo-dszi-ne-konstatira-nedostatoci-vo-modularnite-bolnici/feed/ 0
Николски: И по десет дена од горењето на модуларната болница во Тетово нема никакви детали од истрагата, дополнително интересна ќе е онаа за квалитетот на модуларните болници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolski-i-po-deset-dena-od-gorenjeto-na-modularnata-bolnica-vo-tetovo-nema-nikakvi-detali-od-istragata-dopolnitelno-interesna-kje-e-onaa-za-kvalitetot-na-modularnite-bolnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolski-i-po-deset-dena-od-gorenjeto-na-modularnata-bolnica-vo-tetovo-nema-nikakvi-detali-od-istragata-dopolnitelno-interesna-kje-e-onaa-za-kvalitetot-na-modularnite-bolnici/#respond Thu, 16 Sep 2021 21:29:00 +0000 https://kurir.mk/?p=564647

Заев е главата на кругот, мафијата, ако падне главата а системот ќе падне цел систем. Заев одговори нервозно дека нема да си оди од функцијата затоа што знае дека паѓа. Кој по ваков случај ко овој со модуларната болница во Тетово која изгоре останува на фотеља, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа. Николоски посочи дека истрагата ја води тетовско обвинителство, а тоа е како да си во штаб на ДУИ.
„Еве десеттина дена поминаа, а нема ништо во јавноста. Нормално е да изразуваме сомнеж за истрагата“, рече Николоски.
Според него интересна ќе е истргата за модуларните болници.
„Тука има прашања по неколку основи. Прво, дали согласно закон проектот за ковид центри го правела лиценцирана компанија со А лиценца или тн. проектна единица во минситерство за здарсвтво, ние имаме сознанија дека е второто што е спротивно на закон. Второ, никој не покажа дека имаат атест за квалитет на материјали, трето, противопажерен систем немало, четврто, за евакуација план немало, и петто, сите знаеме кој ги градеше болниците“, кажа Николоски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolski-i-po-deset-dena-od-gorenjeto-na-modularnata-bolnica-vo-tetovo-nema-nikakvi-detali-od-istragata-dopolnitelno-interesna-kje-e-onaa-za-kvalitetot-na-modularnite-bolnici/feed/ 0
Заев и Филипче да одговорат: Зошто Авганистанците се сместуваат во хотели, а болни од Ковид-19 во пластики кои горат за помалку од 3 минути ?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-da-odgovorat-zoshto-avganistancite-se-smestuvaat-vo-hoteli-a-bolni-od-kovid-19-vo-plastiki-koi-gorat-za-pomalku-od-3-minuti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-da-odgovorat-zoshto-avganistancite-se-smestuvaat-vo-hoteli-a-bolni-od-kovid-19-vo-plastiki-koi-gorat-za-pomalku-od-3-minuti/#respond Thu, 16 Sep 2021 13:33:16 +0000 https://kurir.mk/?p=564401

Осум дена од трагичниот настан кој ја потресе Македонија, но и регионот. Бевме сведоци изминатиов период на лажна оставка на Венко Филипче, кој да потсетиме излезе по втор пат во јавност по кобниот 8-ми септември и изјави: „Нудам оставка до премиерот Зоран Заев“. И сето тоа демек поради морална одговорност ?! Во нормална држава, по ваков немил настан, надлежните веднаш си даваат НЕОТПОВИКЛИВА оставка. Но, бидејќи сме далеку од нормална држава, а далеку од луѓе со морал се луѓето што ни ја водат државата, ние нема да го доживееме тоа, за жал. Видовме лажна оставка, а од друга страна од премиерот Зоран Заев пак НЕ ВИДОВМЕ НИШТО. Криење од јавноста, кратки и нејасни изјави се само неколку од неговите трикови на кои сме навикнати овие 4 години. Така и со овој случај. НО, денеска исто така видовме едно недолично однесување на човек кој има функција ПРЕМИЕР НА ДРЖАВА. На новинарско прашање поврзано со опожарената модуларна болница каде животот трагично го загубија 14 лица, дали од морална одговорност размислувал за оставка тој очигледно надвор од својот памет со потсмев одговори:
„Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка“
Очигледно на Заев поважна му е функционерската фотелја, отколку моралната одговорност пред целиот македонски народ, а особено пред семејствата и најблиските на жртвите од пожарот. Народски кажано, премиерот абер нема! Револтот кај граѓаните е подгреан, тие не бараат само одговор, туку и одговорност како и зошто дошло до пожарот, но и зошто во самата модуларна болница се наоѓале и роднини на заболените. Се поставуваат многу прашања, а еден одговор е најпотребен:
„Зошто Авганистанците се сместуваат во хотели, а граѓаните болни од Ковид-19 кои се борат за живот се сместуваат во пластики кои видовме како горат за помалку од 3 минути?“
М.А]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-da-odgovorat-zoshto-avganistancite-se-smestuvaat-vo-hoteli-a-bolni-od-kovid-19-vo-plastiki-koi-gorat-za-pomalku-od-3-minuti/feed/ 0
Кобната модуларна болница на Филипче во Тетово, според граѓаните, беше само еднапластична барака со стиропор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kobnata-modularna-bolnica-na-filipche-vo-tetovo-spored-gragjanite-beshe-samo-ednaplastichna-baraka-so-stiropor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kobnata-modularna-bolnica-na-filipche-vo-tetovo-spored-gragjanite-beshe-samo-ednaplastichna-baraka-so-stiropor/#respond Wed, 15 Sep 2021 12:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=563990

Со изградба на модуларни болници се доцнеше околу 6 месеци. Имено министерот за здравство, Венко Филипче ветуваше дека модуларните болници ќе бидат изградени до месец август минатата година, но истите не беа изградени тој период, туку започнаа со изградба околу ноември месец 2020-та година во самиот ек на вториот бран од КОВИД-19. За истите модуларни болници во тој период излезе информација дека компанијата „Брако“ веќе го наплатила поголемиот дел од монтирањето на модуларните болници и нивното опремување, и тоа преку посебна сметка за итно справување со КОВИД-19 на Министерството за труд и социјална политика и веќе му се префрлени 3,62 милиони евра. „Вкупната вредност на двата договори изнесува 287.371.490,00 денари. Како што ѝ е познато на јавноста во градовите Гевгелија, Струмица, Куманово, Кичево, Струга, Гостивар, Штип, Велес, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Скопје - Козле и Дебар веќе се инсталирани и опремени модуларните болници. Додека во Ресен и Тетово инсталацијата е во тек. Досега се исплатени 223.076.984,00 денари“, гласеше одговорот од Министерството за труд и социјална политика во април месец. Но, уште во тој период проблемите со модуларната болница во Тетово започнаа. Имено уште тогаш Артан Етеми, економскиот директор во тетовската Клиничката болница за порталот Портабл.мк изјави: „Иако од март побаравме да ни се даде дозвола за пуштање во функција на модуларната болница во Тетово, бидејќи сите наши задачи како Клиничка болница во Тетово ги извршивме, тоа не се случи, техничкиот прием сè уште не е направен, значи давањето клучеви за пуштање во функција на модуларната болница“. „Во согласност со договорот и обврските од истата, модуларната болница која се наоѓа во дворот на тетовската Клиничка болница, е поставена комплетно подготвена во закажаниот рок, примопредавањето на инвентарот, мебелот и другите беа извршени на 09.03.2021 година, од страна на комисијата каде учествуваа претставници од Министерството за здравство и МТСП“, истакнале од Министерството за здравство. Но од компанијата „Брако“, која е блиска до власта, за медиуми велат дека тие својата работа си ја имаат завршено и од тука натака не знаат до кој е проблемот. „Да, ние ја завршивме целата наша работа и има време. Немаме информација зошто сè уште не е ставена во функција“, изјавија од компанијата „Брако“. Но по катастрофалната несреќа која што се случи во Тетово сега се поставува прашањето дали е модуларните болници се изградени од материјал кој што е по светските стандарди. Според сведоците кои таа вечер спасувале пациенти тврдат дека модуларната болница не била изграде од соодветни материјали дури и немала ПП апарат за гаснење на пожар. „Баравме апарати за да го изгаснеме пожарот, но немаше ниту еден, ниту пак систем за гаснење пожари“, раскажува Ибин еден од спасувачите на пациентите. -Пожарот започна од собата број 3, се прошири во собата број 2, и после во собата број 1. Немавме можност ништо да направиме. За малку ќе останав и самиот внатре“. Модуларната болница тој ја опишува како „пластична барака со стиропор“ низ која пожарот се ширел многу брзо. „Со набавката направена од Министерството за здравство се бара монтажните болници - контејнери да бидат составени од ѕидни и кровни (PUR) панели кои се најслабо огноотпорни. Никаде не се бара да се достави атест од произведувач на било кој материјал што е вграден во модуларниве болници. Нема никаде дека обврзувачко е во самите објекти да има и планови за евакуација. Покрај тоа што не се бара елаборат (проект) за ПП заштита исто така не се бара да бидат запазени минималните барања за ПП заштита за ваков тип на објекти (здравствени установи). Овие објекти спрема правилникот за заштита пожари и експлозии спаѓаат во група на објекти од категорија "Г" и за нив важи дека истите објекти мора да имаат огноотпорност од минимум 2 часа. Во реалноста, болницата во Тетово изгоре за 2 минути. Оттука, зошто во набавката се барале леснозапаливи PUR панели? Зошто не се барало атест за квалитет, зошто немало противпожарна заштита, и зошто она што требало во најлош случај да издржи 2 часа, изгоре за 2 минути? Сето ова ја надминува моралната одговорност. Потребна е објективна истрага, ослободена од Заев, Филипче и Хасани. Затоа оставки“, напиша денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kobnata-modularna-bolnica-na-filipche-vo-tetovo-spored-gragjanite-beshe-samo-ednaplastichna-baraka-so-stiropor/feed/ 0
Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ година дена наназад предупредуваше дека изградбата на модуларните болници не е според стандардите, а власта обивнуваше дека се шират лажни вести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-vmro-dpmne-godina-dena-nanazad-predupreduvashe-deka-izgradbata-na-modularnite-bolnici-ne-e-spored-standardite-a-vlasta-obivnuvashe-deka-se-shirat-lazni-vesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-vmro-dpmne-godina-dena-nanazad-predupreduvashe-deka-izgradbata-na-modularnite-bolnici-ne-e-spored-standardite-a-vlasta-obivnuvashe-deka-se-shirat-lazni-vesti/#respond Tue, 14 Sep 2021 20:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=563742

„Прво, моето мислење е дека здравството, образованието, па дури и сите други сектори се дел од политиката, тие не се надвор од политиката. Второ, власта е глува кога има навремени критики. Вратете се наназад една година и вие ќе ги видите критиките кои што беа давани од опозицијата дека се сомневаме во начинот на кој што се изградени и дадени во употреба модуларните болници. Дека дел од нив се сомневавме дека се дел од некоја бизнис групација поврзана со еден поранешен вицепремиер во власта и министерот за здравство и дека се предадени во употреба без технички прием. Но, тогаш Владата обвинуваше дека опозицијата измислува лажни вести“,нагласи Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „200“ на АлсатМ. Милошоски додаде дека ако власта тој период кога опозицијата предупредуваше и беше поразумна и ги провереше модуларните болници дали се изградени како што треба, денес немаше да се говореше за немилиот настан во Тетово што се случи. „За жал се случи оваа катастрофа која што досега е мислам од најголеми размери, трагична во здравството во Македонија и поради тоа мора да се поднесе одговорност и морална, политичка, а се надевам и кривична. На кривичната одговорност и на истрагата според мене бидејќи учествува во донесувањето на одлуките не може да остане министер, министерот за здравство. Бидејќи истиот тој министер склучувал договори за изградбата на овие модуларни болници и би било најчесно во интерес на истрагата тој и заменикот министер за здравство можеби и други, не знам кои се биле актери вклучени во оваа операција за изградба на модуларни болници да не бидат веќе актуелни функционер“, рече Милошоски. Милошоски потсети дека Македонија со оваа власт станува земја на лоши вести, на лош менаџмент. -Македонија во регионот и пошироко е на прво место по број на починати лица од КОВИД-19. И за жал Македонија е меѓу ретките држави каде што системот изгледа не функционира добро и се случуваат вакви катастрофални трагедии, посочи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-vmro-dpmne-godina-dena-nanazad-predupreduvashe-deka-izgradbata-na-modularnite-bolnici-ne-e-spored-standardite-a-vlasta-obivnuvashe-deka-se-shirat-lazni-vesti/feed/ 0