Мохамед Базум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 19:50:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мохамед Базум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бунтовниците во Нигер се заканија дека ќе го убијат Базум доколку почне воена интервенција против нив, тврдат западни претставници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/buntovnitsite-vo-niger-se-zakanija-deka-ke-go-ubijat-bazum-dokolku-pochne-voena-interventsija-protiv-niv-tvrdat-zapadni-pretstavnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/buntovnitsite-vo-niger-se-zakanija-deka-ke-go-ubijat-bazum-dokolku-pochne-voena-interventsija-protiv-niv-tvrdat-zapadni-pretstavnitsi/#respond Thu, 10 Aug 2023 19:50:19 +0000 https://kurir.mk/?p=865626

Претставниците на пучистите во Нигер предупредија висок американски дипломат дека ќе го убијат соборениот претседател Мохамед Базум доколку соседните земји воено интервенираат, јавија светските агенции, повикувајќи се на западни официјални претставници кои сакаа да останат анонимни. Анонимен западен функционер изјави за светските агенции дека вршителот на должноста заменик-државен секретар на САД, Викторија Њуланд, била информирана за заканата за време на нејзината посета на Нигер минатата недела. Информацијата ја потврди уште еден западен претставник. Базум беше соборен од водачите на хунтата на 26 јули и оттогаш е заложник во неговата резиденција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/buntovnitsite-vo-niger-se-zakanija-deka-ke-go-ubijat-bazum-dokolku-pochne-voena-interventsija-protiv-niv-tvrdat-zapadni-pretstavnitsi/feed/ 0
Соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум, ги повика САД да помогнат во обновата на уставниот поредок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soboreniot-pretsedatel-na-niger-mohamed-bazum-gi-povika-sad-da-pomognat-vo-obnovata-na-ustavniot-poredok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soboreniot-pretsedatel-na-niger-mohamed-bazum-gi-povika-sad-da-pomognat-vo-obnovata-na-ustavniot-poredok/#respond Fri, 04 Aug 2023 05:55:35 +0000 https://kurir.mk/?p=863174

Соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум, ги повика САД и меѓународната заедница да помогнат во обновувањето на уставниот поредок во земјата по минатонеделниот пуч. Во напис во „Вашингтон пост“, Базум вели дека се обраќа „како заложник“, објави денеска Би-би-си. Базум предупреди дека пучот, доколку биде успешен, ќе има катастрофални последици за Нигер, регионот и целиот свет. „Борбата за нашите заеднички вредности, вклучително и демократскиот плурализам и почитувањето на владеењето на правото, е единствениот начин да се постигне одржлив напредок во борбата против сиромаштијата и тероризмот“, наведе Базум во написот. Базум предупреди за врските на пучистите со руската приватна паравоена група „Вагнер“, која дејствува во други делови од регионот. „Целиот централен регион на Сахел би можел да потпадне под руско влијание преку групата „Вагнер“, чиј брутален тероризам е целосно демонстриран во Украина“, рече Базум. Водачите на државниот удар вчера соопштија дека ги повлекуваат амбасадорите на Нигер од Франција, САД, Нигерија и Того. Во соопштението прочитано на националната телевизија, тие велат дека функциите на четворицата амбасадори се „прекинати“. Амбасадорот на Нигер во САД, Киари Лиман-Тингири, само неколку часа претходно изјави дека хунтата „треба да се вразуми“ и да сфати, како што наведе, дека пучот не може да успее. Илјадници луѓе вчера излегоа на улиците на главниот град на Нигер, Ниамеј, на мирни демонстрации за поддршка на пучот и критикувајќи ги другите западноафрикански земји за воведување финансиски и трговски санкции кон нивната земја. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно неделава телефонски разговараше со Базум, а САД оттогаш соопштија дека се посветени на обновување на демократски избраната влада на Нигер. Базум, првиот демократски избран претседател на Нигер, минатата недела беше уапсен од членови на неговата гарда. Лидерот на државниот удар, генерал Абдурахман Тијани, беше назначен за шеф на државата. Нигер е клучен дел од африканскиот регион познат како Сахел, област која се бори со џихадистите и е опколена од воени режими. Во Нигер има француски и американски воени бази и се смета за клучен партнер во борбата против исламистичките бунтовници. Нигер соработува со европските земји кои се обидуваат да го запрат приливот на мигранти низ Медитеранот, согласни да прими назад стотици мигранти од центрите за притвор во Либија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soboreniot-pretsedatel-na-niger-mohamed-bazum-gi-povika-sad-da-pomognat-vo-obnovata-na-ustavniot-poredok/feed/ 0
Бајден: Претседателот на Нигер веднаш да биде пуштен на слобода https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pretsedatelot-na-niger-vednash-da-bide-pushten-na-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pretsedatelot-na-niger-vednash-da-bide-pushten-na-sloboda/#respond Thu, 03 Aug 2023 10:11:20 +0000 https://kurir.mk/?p=862939

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги повика пучистите во Нигер да го ослободат соборениот претседател Мохамед Базум и неговото семејство. „Повикувам на итно ослободување на претседателот Базум и неговото семејство и за зачувување на тешко стекнатата демократија во Нигер“, се наведува во изјавата на Бајден објавена на веб-страницата на Белата куќа. Американскиот претседател додаде дека одбраната на основните демократски вредности, застапувањето за уставниот поредок, правдата и правото на мирно собирање се од суштинско значење за партнерството меѓу САД и Нигер. „Оваа година, додека земјата ја одбележува 63-годишнината од својата независност, Нигер се соочува со сериозен предизвик за нејзината демократија. Во овој критичен момент, САД стојат покрај народот на Нигер во чест на нашето повеќедецениско партнерство вкоренето во заедничката демократска вредности и поддршка за граѓанското управување“, изјави Бајден. Американскиот претседател посочи дека народот на Нигер има право да ги избере своите лидери и дека својата волја ја изрази на „слободни и фер избори и тоа мора да се почитува“. Воените офицери на Нигер минатата недела го прогласија шефот на претседателската гарда Абдураман Тијани за нов шеф на државата, додавајќи дека го суспендирале Уставот и ги распуштиле сите поранешни институции, откако претходно го соборија и затворија претседателот Мохамед Базум во неговата палата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pretsedatelot-na-niger-vednash-da-bide-pushten-na-sloboda/feed/ 0
ОН и ЕУ побараа итно ослободување на претседателот на Нигер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-i-eu-pobaraa-itno-osloboduvane-na-pretsedatelot-na-niger/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-i-eu-pobaraa-itno-osloboduvane-na-pretsedatelot-na-niger/#respond Thu, 27 Jul 2023 13:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=860735

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, повика на „итно и безусловно ослободување“ на претседателот на Нигер, Мохамед Базум. „Шокиран сум и тажен од обидот за преземање на воената власт во Нигер и го осудувам на најстрог можен начин. Мора да се направат сите напори за да се врати уставниот поредок и владеењето на правото“, рече тој во изјавата до медиумите. „Претседателот Мохамед Базум треба да биде ослободен веднаш и без предуслови и мора да се гарантира неговата безбедност. Членовите на неговата влада и нивните блиски кои се приведени, исто така, мора да бидат ослободени веднаш и без предуслови“, додаде Турк. Тој ги повика сите страни во конфликтот „да се воздржат од какво било насилство и да ги почитуваат правата и слободите на сите“. „Во интерес на целиот народ на Нигер е важните демократски достигнувања постигнати во последните години да бидат заштитени и зачувани“, нагласи претставникот на ОН. Брисел, исто така, побара итно ослободување на претседателот Базум, приведен во Нијамеј. „Европската унија бара итно ослободување на претседателот Базум, неговото семејство и неговата придружба“, нагласи портпаролката на европската дипломатска служба, Набила Масрали. Таа рече дека 27-те земји-членки се подготвени да учествуваат во напорите за „изнаоѓање мирно решение за тој обид за државен удар“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-i-eu-pobaraa-itno-osloboduvane-na-pretsedatelot-na-niger/feed/ 0