мохамед штаје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Nov 2021 08:02:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мохамед штаје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штаје: Само со решение за две држави завршува апартхејдот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtaje-samo-so-reshenie-za-dve-drzavi-zavrshuva-aparthejdot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtaje-samo-so-reshenie-za-dve-drzavi-zavrshuva-aparthejdot/#respond Thu, 11 Nov 2021 08:02:56 +0000 https://kurir.mk/?p=593964

Палестинскиот премиер Мохамед Штаје во средата го предупреди Израел дека израелското отфрлање на решението за деценискиот конфликт според моделот на две држави може да го одржи системот на апартхејдот и на крајот да доведе до реалност на држава во која земјата ќе го изгуби својот еврејски карактер. На прес-конференција за странски новинари, Штаје го обвини израелскиот премиер Нафтали Бенет за, како што рече, „три не“ – не средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас, не мировни преговори и не палестинска држава. Новата израелска влада, која положи заклетва во јуни, се состои од левичари, централни партии и ултрадесничари и една мала арапска партија, вклучително и противници на палестинската државност. Бенет се противи на формирањето на државата Палестина и одби да се сретне со палестинските власти. Палестинскиот премиер ги повтори барањата на Палестинците да се преговара за мировен договор за формирање палестинска држава на Западниот Брег и Појасот Газа со источен Ерусалим како главен град и ги повика Соединетите Американски Држави и меѓународната заедница да се ангажираат за заживување на мировниот процес кој долго време беше во стагнација. Овие територии се освоени од Израел во војната во 1967 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtaje-samo-so-reshenie-za-dve-drzavi-zavrshuva-aparthejdot/feed/ 0