мој ддв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Jul 2023 07:54:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мој ддв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жените скенираат повеќе фискални од мажите во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zhenite-skeniraat-poveke-fiskalni-od-mazhite-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zhenite-skeniraat-poveke-fiskalni-od-mazhite-vo-makedonija/#respond Mon, 03 Jul 2023 07:54:10 +0000 https://kurir.mk/?p=852001

Според директорката на УЈП, Сања Лукаревска, за четири години, преку „Мој ДДВ“, кај граѓаните се вратени 6,6 милијарди денари или 107,5 милиони евра. Во овој период, според структурата на корисниците, 293.348 се жени и 245.571 се мажи, а во десетина градови во Македонија граѓаните најмногу скенираат фискални сметки. Топ-10 градови се: Штип, Валандово, Кичево, Битола, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Неготино и Гевгелија. Најмногу скенирани сметки се од синџирите маркети и бензински пумпи, а најбројни меѓу корисниците што скенираат сметки се оние на возраст од 31 до 50 години, пренесува Вечер. „Мој ДДВ“ е успешен проект со кој за четири години кај граѓаните се вратени 6,6 милијарди денари или 107,5 милиони евра. Како што информира директорката на УЈП, Сања Лукаревска, луѓе на различна возраст скенираат сметки, а според структурата на корисниците на „Мој ДДВ“, 293.348 се жени и 245.571 се мажи. – До 18 години се 2.596 лица со вкупно над два милиона скенирани сметки, од 19 до 30 години се 99.749 со над 156 милиони скенирани сметки, од 31 до 50 години се 243.202 корисници со вкупно над 508 милиони скенирани сметки, од 51 до 61 година се 93.673 корисници со вкупно над 203 милиони скенирани сметки и над 61 година се 78.278 корисници со над 150 милиони скенирани сметки – вели Лукаревска. Според презентираните податоци за регистрирани корисници на „Мој ДДВ“ низ годините, во 2019 имало 213. 055 корисници, во 2020 нови 149.753, додека во 2021 нововклучени се 74.668 корисници. Во 2022 година, дополнително се вклучени нови 70.314 и во 2023 нововклулени се 31.129 или вкупно 538.919 корисници. Лукаревска сподели и податоци за исплата на „Мој ДДВ“ по години. Така, во третото и четвртото тримесечје во 2019 година биле исплатени 155.344.780 денари, во 2020 година 1.270.015.383 денари, во 2021 година 1.787.906.568 денари, додека, пак, во 2022 година – 2.164.342.418 денари. За првото тримесечје од годинава се исплатени 1.235.036.033 денари. Топ-10 градови каде што граѓаните најмногу скенираат фискални сметки се: Штип, Валандово, Кичево, Битола, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Неготино и Гевгелија. Најмногу скенирани сметки се од синџирите маркети и бензински пумпи. Лукаревска нагласи дека проектот позитивно се одразува и врз подигнувањето на даночниот морал, досега биле поднесени 5.632 претставки за неиздадени фискални сметки. Со тоа, според неа, се намалуваат нелојалната конкуренција и сивата економија. Засега, посочи Лукаревска, најбројни се корисниците од 31 до 50 години што скенираат сметки. Задоволен од постигнатите резултати е и министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој смета дека системот на враќање на дел од ДДВ-то на граѓаните овозможил секој граѓанин да стане даночен контролор за своите потрошени пари и да биде награден за тоа преку враќање на дел од данокот. – Оваа мерка ја остварува својата цел за која е воведена, а тоа е намалување на сивата економија и зголемување на евидентираниот промет преку фискалните системи на опрема. Низ годините се евидентираат зголемен број корисници и зголемени износи за враќање на дел од данокот, како и зголемени приходи од ДДВ. Од оваа година, со донесените законски измени предложени од Министерството за финансии, на граѓаните им се врши и зголемен поврат – од 1.800 денари на 2.100 денари во едно тримесечје – потсети министерот Бесими.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zhenite-skeniraat-poveke-fiskalni-od-mazhite-vo-makedonija/feed/ 0
Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ со лимит до 2.100 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-treba-da-pochne-isplatata-na-moj-ddv-so-limit-do-2-100-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-treba-da-pochne-isplatata-na-moj-ddv-so-limit-do-2-100-denari/#respond Fri, 05 May 2023 05:56:55 +0000 https://kurir.mk/?p=830759

Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ за првото тримесечје од годинава со зголемен лимит до 2.100 денари. Средствата што треба да се вратат кај граѓаните во првото тримесечје се проценуваат на околу 10 милиони евра. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вчера во интервју за емисијата „Утрински печат“ изјави дека средствата се обезбедени во Буџетот. - Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тримесечје се околу 10 милиони евра и тие средства се предвидени во буџетот. Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физички лица, рече Лукаревска. На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември лани го утврди Предлог-текстот на законот со кој лимитот за поврат на ДДВ се зголемува од 1.800 на 2.100 денари.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-treba-da-pochne-isplatata-na-moj-ddv-so-limit-do-2-100-denari/feed/ 0
Од утре започнува исплата на Мој ДДВ, сега со зголемен лимит од 2.100 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-zapochnuva-isplata-na-moj-ddv-sega-so-zgolemen-limit-od-2-100-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-zapochnuva-isplata-na-moj-ddv-sega-so-zgolemen-limit-od-2-100-denari/#respond Thu, 04 May 2023 08:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=830452

Од утре започнува исплатата на Мој ДДВ за првото тромесечје, сега со зголемен лимит од 2.100 денари, најави заменик претседателката на СДСМ и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. -За прв пат ќе исплатиме 2.100 денари кај сите оние кои преку скенираните сметки дошле до тоа ниво. Во текот на утрешниот ден веќе ќе бидат исплатени првите налози. Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тромесечје се околу 10 милиони евра и тие средства се предвидени во буџетот. Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физички лица, порача Лукаревска во интервју за емисијата „Утрински печат“. Осврнувајќи се на партиската активност „Рамо до рамо“ заменик претседателката Лукаревска истакна дека низ средбите со граѓаните, се слуша нивниот глас се ценат нивните коментари и забелешки, со цел да се подобри партиското работење. -Со граѓаните разговараме отворено за сите нивни проблеми и потреби, ги слушаме нивните забелешки, добронамерни критики, слушаме што имаме реализирано, што имаме ветено а досега немаме реализирано, затоа и сме со граѓаните за повеќе да слушаме, а помалку да зборуваме и мислам дека до сега има добар одзив, порача Лукаревска, најавувајќи дека наскоро СДСМ ќе има и посебна, друга активност, каде ќе се презентираат досегашните реализирани проекти, како и почеток на подготовка на новата програма. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-zapochnuva-isplata-na-moj-ddv-sega-so-zgolemen-limit-od-2-100-denari/feed/ 0
„Мој ДДВ“ прилагодена на повисокиот лимит, еве што треба да направите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/moj-ddv-prilagodena-na-povisokiot-limit-eve-shto-treba-da-napravite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/moj-ddv-prilagodena-na-povisokiot-limit-eve-shto-treba-da-napravite/#respond Fri, 24 Mar 2023 07:51:45 +0000 https://kurir.mk/?p=815818

Управата за јавни приходи информира дека е извршено прилагодување на апликацијата МојДДВ согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023 објавен на ден 23.03.2023 година. -Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај, соопштуваат од УЈП. Во моментов апликацијата МојДДВ ја користат 523 673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/moj-ddv-prilagodena-na-povisokiot-limit-eve-shto-treba-da-napravite/feed/ 0
Не се знае од кога точно Мој ДДВ ќе се зголеми на 2.100 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ne-se-znae-od-koga-tochno-moj-ddv-ke-se-zgolemi-na-2-100-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ne-se-znae-od-koga-tochno-moj-ddv-ke-se-zgolemi-na-2-100-denari/#respond Mon, 06 Mar 2023 21:33:56 +0000 https://kurir.mk/?p=808849

Мерката Мој ДДВ дава одлични резултати и во борбата против сивата економија и во зајанување на стандардот на граѓаните, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во гостување на Телевизија Стар. -Имаме 520.000 регистрирани на апликацијата Мој ДДВ, исплатата се врши редовно, согласно нашите обврски, односно во рок од 60 дена по завршување на конкретното тромесечје. Лимитот за едно тромесечје ќе се зголемат откако во Собранието ќе бидат донесени законските измени и очекувам тоа да биде наскоро, порача Лукаревска. Осврнувајќи се на повратот на ДДВ кон компаниите, Лукаревска истакна дека за разлика од некои ситуации порано, сега повратот на ДДВ се врши навремено и неселективно. -Порано, пред неколку години се чекаше на повратот, се вршеа манипулации и уцени со повратот на ДДВ кон компаниите, но денес тоа не е случај. Повратот на ДДВ кон стопанството расте постојано, секогаш е на време и нема никаква селективност. Тоа е наша обврска и градење на партнерски однос кон обврзниците и дел од нашата грижа за ликвидноста на економијата, заклучи Лукаревска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ne-se-znae-od-koga-tochno-moj-ddv-ke-se-zgolemi-na-2-100-denari/feed/ 0
Важни информации за сите кои скенираат сметки на Мој ДДВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vazhni-informatsii-za-site-koi-skeniraat-smetki-na-moj-ddv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vazhni-informatsii-za-site-koi-skeniraat-smetki-na-moj-ddv/#respond Wed, 11 Jan 2023 13:28:34 +0000 https://kurir.mk/?p=786024

Повратот на ДДВ од 2.100, наместо досегашните 1.800 денари, ги зголеми очекувањата на даночниците, а и граѓаните кои скенираат фискални сметки не се рамнодушни на новината која пристигна со почетокот на годинава. Првите се надеваат дека со ова ќе и зададат посилен уд ар на сивата економија, со што дел од средствата кои понираат, ќе се појават и ќе се канализираат, насочувајќи се кон државната каса. Накусо, надежите се – колку поголем број издадени фискални сметки, толку повисока наплата на данок. Секако, се смета и на притисокот од граѓаните, за кои зголемувањето од 300 денари, или по сто денари за секое тримесечје, треба да е мотив плус во остварувањето на своето право, за се што купиле и платиле да добијат сметка. За домашниот буџет важен е секој денар, особено кога долгогодишната хронична беспарица и немаштија се обременуваат со нови кризни состојби, без оглед дали се увезени или не. Затоа и не се занемарува податокот дека секој што скенира може да добие максимални 8.400 денари (7.200 до лани) на годишно ниво. Но, за тие средства да легнат на трансакциските сметки, претходно треба да се потрошат „големи“ пари. Досега, за износот од 1.800 денари беше неопходна тримесечна „инвестиција“ од околу 100 илјади денари. Наспроти тоа, грубите пресметки покажуваат, за остварување на новиот квартален лимит, во трговијата, во текот на три месеци, треба да се остават 100 пати по 2.100 денари. Или, 210 илјадарки. Притоа, важно е дали се купуваат производи од домашно или од странско потекло, храна или нешто друго… За облеката и акцизните стоки се пресметува ДДВ од 18 проценти, за речиси сите други производи стапката е 10, а храната е со најниски, односно повластени пет проценти. И, со самото тоа, не е во игра за поврат на ДДВ, кој е 20 отсто од пресметаниот данок за македонски добра и услуги, а кај увезените – 10 проценти. Статистиките на УЈП покажуваат дека се се побројни македонските граѓани кои скенираат фискални сметки и веќе е надмината бројката од 500.000 лица, наспроти првичните 212.776 корисници на апликацијата МојДДВ, која стартуваше на први јули 2019 година. Скенираат и млади и стари (од 15 до 98-годишна возраст), од кои повеќето се жени. Во таа активност доминираат скопјаните, но не заостануваат ниту штипјаните, валандовците, битолчаните, гевгеличаните… Најмногу скенирани сметки има од бензински станици, од маркети – мали и големи, од аптеки, продавници за облека, за бела техника. Освен тоа, во пораст е и граѓанската свест, за што сведочат поднесените во УЈП речиси пет илјади пријави за неиздавање фискални сметки, како и за издавање компјутерски сметки, но кои не се фискални. Ефектот од МојДДВ е што приврзаниците на скенирањето во текот на овие години споделиле повеќе од 80 милиони евра. Од друга страна, проценките велат дека сивата економија зафаќа од 21,3 до 39,5 проценти од бруто домашниот производ. Оттаму и потребата од покомплексен пристап, проследен со волја за санкционирање на грешниците и доследност во спроведување на законите.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vazhni-informatsii-za-site-koi-skeniraat-smetki-na-moj-ddv/feed/ 0
Повратот на ДДВ од фискални сметки ќе се зголеми на 2.100 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/povratot-na-ddv-od-fiskalni-smetki-ke-se-zgolemi-na-2-100-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/povratot-na-ddv-od-fiskalni-smetki-ke-se-zgolemi-na-2-100-denari/#respond Tue, 10 Jan 2023 06:37:28 +0000 https://kurir.mk/?p=785307

Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност од фискалните сметки наместо 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари. Предлог-законското решение е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка. Правото на враќање на ДДВ се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка. На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември 2022 година го утврди текстот на Предлог-законот со кој се зголемува максималниот износ на поврат на ДДВ што може да го добие едно физичко лице со скенирање на фискални сметки за едно тримесечје.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/povratot-na-ddv-od-fiskalni-smetki-ke-se-zgolemi-na-2-100-denari/feed/ 0
МОЈ ДДВ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА Е 1800 ДЕНАРИ: Од 2023 се зголемува повратокот на данок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/moj-ddv-povekje-nema-da-e-1800-denari-od-2023-se-zgolemuva-povratokot-na-danok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/moj-ddv-povekje-nema-da-e-1800-denari-od-2023-se-zgolemuva-povratokot-na-danok/#respond Sat, 05 Nov 2022 08:29:43 +0000 https://kurir.mk/?p=756062

Од почетокот на 2023 година можноста за поврат на данок, преку проектот мој ДДВ не само што ќе остане во функција, туку и ќе се модифицира. Така граѓаните наместо досегашните 1800 денари за едно тромесечие ќе може да добијат до 2100 денари, најави Сања Лукаревска, директорка на УЈП во вечерашното издание на Дневникот на Сител.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/moj-ddv-povekje-nema-da-e-1800-denari-od-2023-se-zgolemuva-povratokot-na-danok/feed/ 0
Денеска нема да може да се скенираат фискални сметки на „МојДДВ“, еве што е причината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/deneska-nema-da-moze-da-se-skeniraat-fiskalni-smetki-na-mojddv-eve-shto-e-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/deneska-nema-da-moze-da-se-skeniraat-fiskalni-smetki-na-mojddv-eve-shto-e-prichinata/#respond Sat, 29 Oct 2022 07:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=752235

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП денеска можни се прекини во е-услугите во период од 9 до 17:00 часот. – Може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе се примаат пресметки по меил, но, пресметките нема да може да се обработуваат и да се генерираат декларации а во прекин ќе бидат и е-ПДД и мојДДВ, посочуваат од УЈП Штом завршат активностите, како што се посочува, системот ќе биде ставен во функција по што ќе може да се користат и е – услугите. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/deneska-nema-da-moze-da-se-skeniraat-fiskalni-smetki-na-mojddv-eve-shto-e-prichinata/feed/ 0
Многу важна информација доколку СКЕНИРАТЕ ФИСКАЛНИ, МОЈ ДДВ со новитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mnogu-vazna-informacija-dokolku-skenirate-fiskalni-moj-ddv-so-novitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mnogu-vazna-informacija-dokolku-skenirate-fiskalni-moj-ddv-so-novitet/#respond Sat, 03 Sep 2022 20:00:50 +0000 https://kurir.mk/?p=728344

Директорката на УЈП и заменик претседателка на СДСМ Сања Лукаревска вели дека мерката за поврат на ДДВ дава одлични резултати, и со право е најпопуларна мерка. Нагласи дека следува зголемување на лимитот според најавеното и ветено пред граѓаните. – Оваа мерка ги дава очекуваните резултати. Имаме зголемен број корисници, средствата кај граѓаните редовно се исплаќаат, што придонесува за подобрување на стандардот на граѓаните, затоа што дел од парите дадени за ДДВ им се враќаат назад во домашниот буџет. Новината која од 01.01.2023 година треба да започне е зголемување на лимитот за поврат на средствата, како што ветивме пред граѓаните и како што стои во владината програма, рече Лукаревска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mnogu-vazna-informacija-dokolku-skenirate-fiskalni-moj-ddv-so-novitet/feed/ 0