мојанце – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jan 2020 08:23:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мојанце – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинение за убиството во Мојанце, маж застрелан по кавга за место за напасување добиток https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-ubistvoto-vo-mojance-maz-zastrelan-po-kavga-za-mesto-za-napasuvanje-dobitok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-ubistvoto-vo-mojance-maz-zastrelan-po-kavga-za-mesto-za-napasuvanje-dobitok/#respond Thu, 30 Jan 2020 08:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=296736

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 18.08.2019 година, во селото Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62Х25мм, со умисла го лишил од живот оштетениот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, најпрвин дошло до вербална и физичка расправија меѓу братот на сега починатиот и таткото на обвинетиот, кои се расправале за местото за напасување на добитокот. Таткото на обвинетиот притоа се здобил со телесни повреди и за настанот ги известил своите синови. -Обвинетиот, заедно со уште едно непознато лице, со автомобил Фолксваген голф 3 се упатиле кон куќата на семејството Ајвази. Кога стигнале таму, обвинетиот преку отворениот прозорец на совозачкото седиште на автомобилот испукал два куршума во правец на сега починатиот Зилбехар и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка телесна повреда – устрелна рана. Куршумот повредил повеќе витални органи. Оштетениот бил хоспитализиран во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“– Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција. На 09.09.2019 година настанало влошување на неговата општа состојба поради обилно крварење во стомачната празнина и оштетениот починал, информираат од Обвинителството. Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице. Притоа, обвинителот особено го ценеше фактот што непосредно по настанот осомничениот веднаш станал недостапен на органите на прогонот, по него била распишана потерница, а кога бил затекнат при претрес на неговиот дом, дал лажни податоци за сопствениот идентитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-ubistvoto-vo-mojance-maz-zastrelan-po-kavga-za-mesto-za-napasuvanje-dobitok/feed/ 0