мојДДВ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Aug 2020 07:17:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мојДДВ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Очекуваjте прилив на вашите сметки – Почна исплатата на МојДДВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochekuvajte-priliv-na-vashite-smetki-pochna-isplatata-na-mojddv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochekuvajte-priliv-na-vashite-smetki-pochna-isplatata-na-mojddv/#respond Thu, 20 Aug 2020 07:05:27 +0000 https://kurir.mk/?p=392914

Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020. Досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра. Министерката за финансии Нина Ангеловска преку својот фејсбук профил најави дека исплатата продолжува и деновиве, како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерство за финансии, се додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од 2020. – Поврат: 5,44 милиони евра; граѓани кои скенирале сметки заклучно јуни: 304.637 граѓани или околу 25.000 повеќе во однос на претходното тримесечје; скенирани сметки: 41,7 милиони сметки; аправен промет: 21,4 милијарди денари, наведува Ангеловска. Министерката ги оценува како одлични резултатите на МојДДВ за јули и посочува дека се скенирани 21,5 милиони сметки или за 80 отсто повеќе во однос на просекот од сите останати месеци. Потсетува и дека со МОЈДДВ граѓаните добиваат трикратна корист: помагаат во сузбивањето на сивата економија, добиваат поврат на ДДВ и добиваат можност за бројни парични награди преку #МојаНаграда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochekuvajte-priliv-na-vashite-smetki-pochna-isplatata-na-mojddv/feed/ 0
УЈП со „новите пресметки“ најави доцнење на пари за граѓаните во „Мој ДДВ“? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dali-ujp-so-novite-presmetki-najavi-docnenje-na-pari-za-gragjanite-vo-moj-ddv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dali-ujp-so-novite-presmetki-najavi-docnenje-na-pari-za-gragjanite-vo-moj-ddv/#respond Wed, 22 Jul 2020 10:13:04 +0000 https://kurir.mk/?p=379544

Дали УЈП најде начин како да задоцни со исплататана парите за граѓаните во проектот „Мој ДДВ“? На ова алармираат познавачите, кои вака ја сфатија пораката на УЈП на Лукареска дека Управата за јавни приходи од 12 јуни годинава ќе прави нова пресметка на повратот на ДДВ кај граѓаните, за второто тримесечје, поради измената, кај македонските производи да се врши поврат од 20 отсто, а кај странските од 10 отсто. Наводсно заради тоа, појаснуваат од УЈП, износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје можел да претрпи промена. Во превод, поради „новите пресметки“ најверојатно ќе се доцни со исплатата,а  изговорот ќе биде времето потребно тие да се извршат и стокмат. – Со Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица за време на вонредна состојба (,,Службен Весник на РСМ бр.156/2020 од 12.06.2020”) е регулирано – враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски добра и услуги се врши во висина од 20 отсто, а за останати добра и услуги се врши во висина од 10 отсто, од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка. Оваа пресметка се врши oд денот на влегувањето во сила на Уредбата со законска сила и не подоцна од 31 декември 2020 година, наведуваат од УЈП. Додаваат дека со цел имплементација на мерката преку која се поттикнувала потрошувачката на македонските добра и услуги, Управата за јавни приходи брзо и ефикасно ја приспособи апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20 отсто, а за останатите добра и услуги во висина од 10 отсто од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка. – Со овие приспособувања за скенираните сметки од 12 јуни 2020 година, повторно ќе се изврши пресметка, според раздвојувањето на македонски добра и услуги со 20 отсто и останати добра и услуги со 10 отсто, наместо досегашните 15 отсто поврат на ДДВ. Поради оваа повторна пресметка износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесчје може да претрпи промена, појаснуваат од УЈП. Дали ова е јасна најава граѓаните да се подготват на доцнење на повратот на парите од МОј ДДВ? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dali-ujp-so-novite-presmetki-najavi-docnenje-na-pari-za-gragjanite-vo-moj-ddv/feed/ 0
Се намалува вредноста на наградите од „МојДДВ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-namaluva-vrednosta-na-nagradite-od-mojddv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-namaluva-vrednosta-na-nagradite-od-mojddv/#respond Wed, 01 Jul 2020 16:23:24 +0000 https://kurir.mk/?p=366861

Од денес граѓаните скенираат сметки за три пати повеќе дневни награди од порано преку МојДДВ #МојаНаграда, односно од денес до крај на година секој ден ќе се доделуваат 30 награди по 1.000 денари. Со цел да се поттикнат граѓаните да го дадат својот придонес во борбата против сивата економија, но и да се прилагоди #МојаНаграда на ситуацијата со COVID-19 кризата, 9,7 милиони денари од наградниот фонд ќе се насочат кон солидарните фондови на Министерството за здравство и Владата за здравствени и социо-економски мерки. Поради тоа, бројот на месечните награди ќе остане ист, но ќе се смали нивната вредност. По извлекувањето на 4 јули, кога по старо ќе се доделат 15 награди од по 100.000 денари, останатите кола до крајот на годината, односно од август до декември месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди. Извлекувањето на втората премија, како што беше и првично предвидено, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари, наместо 3.000.000 денари, како што беше првично планирано. Доделување на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија. Дополнително намалувањето на износите на месечните награди како и главната награда ќе овозможи сепак да продолжи наградната игра со поставените цели, но со помали износи на награди што пак ќе овозможи одвојување на одредени средства за поддршка за Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Граѓаните кои скенираат сметки и понатаму ќе имаат трикратна корист - ќе придонесат во борбата против сивата економија, ќе добијат поврат на ДДВ, како и можност за вредна награда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-namaluva-vrednosta-na-nagradite-od-mojddv/feed/ 0
За 24 часа над 1.500 граѓани го донирале остварениот поврат на средства преку “МојДДВ” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-24-chasa-nad-1-500-gragjani-go-donirale-ostvareniot-povrat-na-sredstva-preku-mojddv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-24-chasa-nad-1-500-gragjani-go-donirale-ostvareniot-povrat-na-sredstva-preku-mojddv/#respond Sun, 26 Apr 2020 07:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=337391

За 24 часа над 1500 лица одговориле позитивно и го донирале повратот на ДДВ, од скенираните фискални сметки, во државниот буџет со цел справување со последиците од КОВИД-19. Бројот на граѓани кои го враќаат назад во буџетот повратот од ДДВ расте во секој момент, а цифрите се покажуваат директно во апликацијата “МојДДВ”. На оваа апликацијата, покрај опцијата за донирање на повратот од ДДВ стои и објаснувањето за владината уредба со законска сила која беше донесена вчера. Со цел подобро справување со последиците од корона вирусот, помагање на граѓаните и на компаниите кои беа погодени од кризата, Владата отвори фонд за солидарност каде компании и приватни лица веќе донираат на различни суми. Од вчера Владата создаде можност за донации на сумата од повратот на ДДВ. „Акцијата за донирање на сумата од првите три месеци од годината е отворена до 5 мај. Граѓаните кои до тогаш нема да го донираат, износот ќе им биде исплатен на трансакциска сметка“, стои во уредбата од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-24-chasa-nad-1-500-gragjani-go-donirale-ostvareniot-povrat-na-sredstva-preku-mojddv/feed/ 0
Власта од граѓаните бара повратот на „МојДДВ“ да го донираат во Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-od-gragjanite-bara-povratot-na-mojddv-da-go-doniraat-vo-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-od-gragjanite-bara-povratot-na-mojddv-da-go-doniraat-vo-budzetot/#respond Sat, 25 Apr 2020 08:36:34 +0000 https://kurir.mk/?p=337051

Од 46-тата седница на Владата: Граѓаните ќе можат доброволно да одлучат повратот од „МојДДВ“ да го донираат во Буџетот за справување со КОВИД-19; Полесен пристап на домаќинствата во ризик до правото на социјална помош, се само дел од одлуките на Владата вечерва. На денешната 46-та седница Владата на Република Македонија донесе Уредбата за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба. Со оваа уредба се продолжува рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на данокот на додадена вредност, за периодот од 01.02.2020-29.02.2020 година, заклучно со 30 април 2020 година. Оваа уредба овозможува и продолжување на рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на данокот на додадена вредност за период 01.03.2020-31.03.2020 и за период 01.01.2020 – 31.03.2020 година, заклучно со 30 април 2020 година. Со уредбата се продолжува и рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 и за плаќање на данокот на додадена вредност за период 01.04.2020-30.04.2020 година, заклучно со 31 мај 2020 година. Владата ја донесе и Уредбата за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба, со која се утврдува можност за донирање на остварениот поврат од данокот на додадена вредност за кој физичкото лице има право преку проектот „МојДДВ“ во Буџетот на Република Северна Македонија поради справување со последиците предизвикани од коронавирусот. Физичките лица корисници на апликативниот софтвер за пријавување на податоците од фискалната сметка изготвен во мобилна верзија ќе имаат можност да изберат да го донираат остварениот износ од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање. За остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година, граѓаните ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5-ти мај 2020 година. Владата денеска донесе одлуката со која се дозволува извоз на економските оператори и производители од Република Северна Македонија на средства за дезинфекција: сапуни со или без површинско активни средства со дезинфициенси, препарати (за миење, перење, чистење и гелови) на база на површинско активни средства, тоалетни препарати со дезинфекциони средства, како и неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол 80%, при што при секој извоз кон царинската декларација се приложува Изјава од извозникот и производителот дека одреден процент од овие средства остануваат како задолжителна залиха за потребите на домашниот пазар. Владата на оваа своја седница донесе и дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба се утврдува дека ограничувањата важат за месеците април и мај и во членот 2 се додава нов став која определува дека на вработените од јавниот сектор на кои им се исплатува плата согласно закон и колективен договор, правото на додаток за работен стаж, додаток за ноќна работа, надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест или повреда, надоместок на плата поради користење на годишен одмор, надоместок на плата за ден на државен празник и неработен ден утврден со закон, одвоен живот од семејството (освен за пратениците), надоместок на трошок за смрт на работникот или член на неговото семејство, отпремнина при заминување во пензија, го остваруваат и се исплаќа и за време на траењето на вонредната состојба за месец април и мај. Во членот 3 од оваа уредба, за категориите кои се изземаат од оваа уредба, се додаваат и високообразовните установи и јавните научни установи, инспекторите вработени во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за лекови и медицински средства и Агенцијата за храна и ветеринарство. Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за приредување на интернет игрите на среќа во време на вонредна состојба и ја донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба. Со оваа уредба се обезбедува можност за наплата на приходи во Буџетот кои до донесувањето на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, се генерираа од обложувалниците, автомат клубовите и казината и кои престанаа да се наплатуваат бидејќи на 15 март 2020 година приредувачите на овие услуги ги затворија сите уплатно исплатни места и деловни простории во кои ги приредуваат игрите на среќа. Со уредбата им се овозможува на економските оператори што организираат игри на среќа да ја продолжат онлајн (преку интернет) својата дејност, со што се создаваат услови да се сочуваат 7500 работни места во оваа дејност. Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за усогласување со Привремената рамка на Европската комисија за мерки за државна помош за поддршка на економијата за време на појавата на КОВИД-19. На оваа своја седница, Владата донесе изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за социјална заштита за време на вонредна состојба. Со оваа уредба се олеснува пристапот на материјално необезбедените домаќинства до правото на гарантирана минимална помош и се овозможува остварувањето на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и во месеците од април до септември 2020 година. Надоместок заради попреченост и надоместок за помош и нега од друго лице, се продолжува врз основа на наодот и мислењето од надлежната комисија за време на траење на вонредната состојба, како и два месеци од денот на престанок на вонредната состојба. Воедно се овозможува стручните лица даватели на јавни услуги, вработени во јавни и приватни установи за социјална заштита и кај други даватели, да вршат стручна работа во дејноста социјална заштита за време на траење на вонредната состојба. Согласно новото време за ограничено движење Владата денеска донесе измени во однос на отстапките за граѓаните што имаат домашни миленици (куче), според што од понеделник до петок може да ги изнесуваат надвор од своите домови во временскиот период пред започнување на забраната и посебниот режим на движење, односно до 19:00 часот. Во сабота домашните миленичиња може да се изнесуваат во времетраење од 30 минути, во вечерните часови, односно од 20:00 часот до 20:30 часот, а во недела наутро од 8:00 часот до 8:30 часот, попладне од 15:00 до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот. Притоа, како и до сега, ова е дозволено граѓаните да го прават најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат и да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-od-gragjanite-bara-povratot-na-mojddv-da-go-doniraat-vo-budzetot/feed/ 0
Изјава на денот: Додека некој скенира сметки некој друг рекетира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izjava-na-denot-dodeka-nekoj-skenira-smetki-nekoj-drug-reketira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izjava-na-denot-dodeka-nekoj-skenira-smetki-nekoj-drug-reketira/#respond Tue, 30 Jul 2019 18:41:49 +0000 https://kurir.mk/?p=224811

На социјалната мрежа Твитер се појави исечок од анкета која е направена по повод проектот МојДДВ. Видеото е вистински хит на твитер па одливме да го споделиме со вас. Одговорот од ова видео е повеќе од интересен. Погледнете што одговори овој случаен минувач на прашањето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izjava-na-denot-dodeka-nekoj-skenira-smetki-nekoj-drug-reketira/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Мерката „Мој ДДВ“ е популистичка мерка донесена од оваа влада, од која најголема корист ќе имаат најбогатите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vmro-dpmne-merkata-moj-ddv-e-populistichka-merka-donesena-od-ovaa-vlada-od-koja-najgolema-korist-kje-imaat-najbogatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vmro-dpmne-merkata-moj-ddv-e-populistichka-merka-donesena-od-ovaa-vlada-od-koja-najgolema-korist-kje-imaat-najbogatite/#respond Sun, 28 Jul 2019 09:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=223702

Македонската економија го допре дното откако СДСМ дојде на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Мерката „Мој ДДВ“ е популистичка мерка донесена од оваа влада, од која најголема корист ќе имаат најбогатите. Мерката „Мој ДДВ“ не е наменета за сиромашните и просечните граѓани најмногу што можат да добијат се 156 денари во месецот или вкупно 1.872 денари годишно, што е далеку од ветените 30.000 денари кои што ги ветуваше Заев. Ако навистина оваа Влада се грижи за граѓаните на Република Македонија најмалку што можат да направат е да го вратат рамниот данок, да ја укинат акцизата за нафта која што тие ја покачија, да ги намалат цените на мало и да почнат да ги реализираат капиталните инвестиции. На граѓаните не им се потребни популистички мерки туку реални. А, со СДСМ граѓаните само осиромашуваат. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремени парламентарни избори ќе започне реализација на реални мерки кои ќе допридонесат за доброто на Македонија и граѓаните, порачуваат од партијата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vmro-dpmne-merkata-moj-ddv-e-populistichka-merka-donesena-od-ovaa-vlada-od-koja-najgolema-korist-kje-imaat-najbogatite/feed/ 0