„Мојот јазик – мост помеѓу мене и тебе” – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 09:35:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Мојот јазик – мост помеѓу мене и тебе” – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ова се резултатите од конкурсот за најдобри есеи од основци на тема „Мојот јазик – мост помеѓу мене и тебе” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-rezultatite-od-konkursot-za-najdobri-esei-od-osnovtsi-na-tema-mojot-jazik-most-pomegu-mene-i-tebe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-rezultatite-od-konkursot-za-najdobri-esei-od-osnovtsi-na-tema-mojot-jazik-most-pomegu-mene-i-tebe/#respond Thu, 23 Feb 2023 09:35:08 +0000 https://kurir.mk/?p=804073

Министерството за образование и наука на својата веб-страница ги објави резултатите од конкурсот за есеј на тема „Мојот јазик - мост помеѓу мене и тебе” за ученици од шесто до деветто одделение од основните училишта во земјава. МОН го распиша конкурсот на почетокот на месецов по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик/Денот на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност - 21 февруари. За најдобар на македонски наставен јазик е избран есејот на Леонид Ивановски, ученик во осмо одделение во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, најдобар есеј на албански наставен јазик е на седмоодделенецот Ерон Ќерими од ОУ „Хасан Приштина“ во Чаир, на турски наставен јазик е награден есејот на осмоодделенецот Барту Бајрактар од ОУ „Тефејуз“ во Чаир, на босански наставен јазик најдобар е есејот на Лајла Џоговиќ, деветто одделение во ОУ „Алија Авдовиќ“ во Студеничани. На српски наставен јазик не бил пристигнат ниту еден есеј. На англиски јазик за најдобар е избран есејот на Тамара Ѓоќеска, ученичка во осмо одделение во ОУ „Лазо Трповски“ во Карпош. Покрај први награди, за есеј на тема „Мојот јазик - мост помеѓу мене и тебе” доделени се и втора и трета награда за наведените наставни јазици кои во резултатите на МОН се соопштени со шифра на ученикот и училиштето во кое следи настава. Како што беше наведено во распишаниот конкурс, за изборот на најдобрите есеи одлучува комисија формирана од МОН, за секој од наставните јазици, составена од пет члена. Според конкурсот, ќе бидат доделени награди само за учениците кои ќе освојат прво место, а на тие што ќе освојат второ и трето место ќе им бидат доделени признанија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-rezultatite-od-konkursot-za-najdobri-esei-od-osnovtsi-na-tema-mojot-jazik-most-pomegu-mene-i-tebe/feed/ 0