моќник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 13:41:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png моќник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Застари случајот “Моќник” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zastari-sluchajot-moknik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zastari-sluchajot-moknik/#respond Fri, 13 Oct 2023 13:41:32 +0000 https://kurir.mk/?p=888575

Денеска на барање на Јавното обвинителство Кривичниот суд донесе решение за запирање на постапката што СЈО ја покрена против поранешните членови на Комисијата за лустрација, која во 2012 донесе решение дека судијата Драган Билески од Кичево бил соработник на тајните служби. Членови на поранешната комисија за лустрација опфатени со овој предмет на СЈО се Томе Аџиев, Јанаќе Витаноски, Проф. Новица Вељаноски, Вецко Здравески, Проф. Ѓорѓи Малкоски, Шпенди Винца, Благоја Гешовски, поетот Даут Даути и новинарот Агим Мехмети. Дел од овој случај беше и пратеникот Антонио Милошоски кој од СЈО се товареше дека ја поттикнал комисијата да го отвори овој предмет, иако формалното барање за лустрација го поднел Живко Туфекџиев, кој пред судот сведочел дека како студент бил кодошен за македонски национализам во МВР од поранешниот судијата Билески. Со Обвинителниот предлог на СЈО членовите на комисијата за лустрација се товареа дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба од член 353 став 2. Но, после последните измени на КЗ кои владеачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ ги усвои со европско знаменце, јавниот обвинител пред судот изјавил дека овој предмет се смета за застарен. Фатиме Фетаи беше првата обвинителка на СЈО која го почна предметот, потоа го превзеде обвинителот Гаврил Бубевски, а денес застапник на ЈО е Даниел Коцев. Трошоците за досегашните рочишта за овој предмет за лустрацијата, кои почнаа во ноември 2020 година, после решението за застарување ќе паднат на товар на судскиот буџет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zastari-sluchajot-moknik/feed/ 0
Смртен случај го одложи „Моќник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrten-sluchaj-go-odlozi-mokjnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrten-sluchaj-go-odlozi-mokjnik/#respond Fri, 23 Apr 2021 06:50:34 +0000 https://kurir.mk/?p=501065

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека главната расправа за предметот „Моќник“ што требаше да се одржи денеска, се одложува поради смртен случај на еден од обвинетите. Следното рочиште е насрочено за 17 мај 2021 година во 11:00 часот. За евентуални промени во термините за расправа, странките и јавноста, нагласува Судот, ќе бидат благовремено информирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrten-sluchaj-go-odlozi-mokjnik/feed/ 0
Падна тужба на покоен сведок против обвинет во „Моќник” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-tuzba-na-pokoen-svedok-protiv-obvinet-vo-mokjnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-tuzba-na-pokoen-svedok-protiv-obvinet-vo-mokjnik/#respond Mon, 04 Jan 2021 10:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=451802

Скопскиот основен суд ја одби тужбата на лустрираниот судија Драги Билески кој тврдеше дека пратеникот Антонијо Милошоски мислел на него и со тоа го наклеветил кога на ТВ Телма во март 2017, во реплика на Оливер Спасовски изјавил: “Вие сакате од тој судија и УДБАШ да направите жртва”, пишува Експрес.мк. Откако во два наврати Основниот суд во Скопје утврдил дека Милошоски не направил навреда и клевета судот одлучил дека тужбата се одбива како неоснована. Судијата Драги Билески од Кичево, сега покоен, беше еден од главните сведоци на СЈО против Антонијо Милошоски и Томе Аџиев во случајот “Моќник”. По неговата смрт лани во приватниот процес против Милошоски го застапувал неговиот правен наследник. Со евентуална осудителна пресуда по тужбата на Билески обвинителката Фатиме Фетаи која го гони Милошоски во случајот Моќник ќе имаше посилна позиција во процесот кој го започна СЈО откако истече законскиот рок. Вака обвинителството е во хендикепирана состојба состојба затоа што Милошоски не е осуден по тужба на сведок на Фетаи. Во случајот Моќник СЈО тврди дека лустрацијата на судијата Билески била нарачана од Милошоски. Наспроти Фетаи членовите на тогашната Комисија за верификација на фактите тврдат дека истиот со 10 гласа ЗА и 1 воздржан е лустриран врз основа на оригинални документи од Државниот архив во кои се потврдува соработката на судијата со Службата за државна безбедност во периодот од 1979 до 1989 година. Судијата Билески чија тужба е одбиена беше еден од главните сведоци во случајот “Моќник” заедно со пратеникот и сопственик на Пуцко Петрол Исмаил Јахоски и екс градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта, двајца високи функционери на ДУИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padna-tuzba-na-pokoen-svedok-protiv-obvinet-vo-mokjnik/feed/ 0
„Попис“, „Моќник“ и „Актор“, нови истраги на СЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-mokjnik-i-aktor-novi-istragi-na-sjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-mokjnik-i-aktor-novi-istragi-na-sjo/#respond Wed, 21 Mar 2018 12:38:28 +0000 http://kurir.mk/?p=31803

Специјалното јавно обвинителство денеска  објави три нови истраги против 25 физички и четири правни лица за кривични дела злоуптореба на службена должност, измама и перење пари. Ова на денешната прес-конференција го истакна специјалната обвинителка Фатиме Фетаи. Првата истрага се води под името „Попис“ против претседателите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на ДУИ Али Ахмети, кои се осомничени дека во октомври 2011 искористувајќи ги своите овластувања како претседатели на политички партии се договориле да го стопираат пописот на населението и да ги сокријат неповолните факти за демографската структура на населението. Со цел да ја избегнат одговорноста, во јавноста било кажано дека Пописот е стопиран поради технички причини. „Моќник“ и „Актор“, нови истраги на СЈО Вториот случај за кој СЈО покрена истражна постапка е насловен „Моќник“ и се однесува за пратеник кој бил многу влијателен во времето кога се случил настанот, неговиот татко и тогашниот градоначалник на општина Македонски Брод. Како што истакна овбинителката Фатиме Фетаи, пратеникот го навел градоначалникот да го изманипулира Советот на општина Македонски Брод и на неговиот татко да му го продаде објекот во село Ижиште во кое била сместена општина Пласница и бил сопственик на Република Македонија. Тој ги изманипулирал советниците и им рекол дека му е даден на 30-годишна концесија на таткото на пратеникот и дека сака да отвори таму приватен бизнис. За продажба на објектот било организирано јавно наддавање кое градоначалникот не го објавил во Службен весник и единствено на него се јавил таткото на пратеникот кој го купил објектот за 670 денари повеќе од почетната цена. Потоа со измама во катастар успеал да го внесе објектот на свое име, а му било продадено и државно земјиште по цена од 100 денари за метар квадратен иако пазарната цена изнесувала 400 денари. На тој начин се стекнал со противправна имотна вредност од милион 795.800 денари, како и милиони 176.000 денари за купување на земјиштето. Кога разбрал градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јајовски дека е продаден објектот во кој е сместена општината побарал од Владата да ја испита ситуцијата, и комисија утврдила дека се направени многу пропусти при продажбата и дека општината продала имот што е на државата. За да му се одмазди на градоначалникот Јајовски, пратеникот му праќал инспекции во неговата компанија „Пуцко петрол“, а на судијата кој го судел случајот  го лустрирал и му било забрането да ја врши дејноста. За ова дело вкупно се товарат 13 лица. Третиот случај е наречен „Актор“ и се однесува за фаворирање на грчката компанија „Актор“ за изградба на автопат Демир Капија - Смоквица иако, како што кажа Фетаи, подобра понуда имала италијанската компанија „Тото“. Тогашниот премиер му наложил на тогашниот министер за транспорт и врски да ја елиминира италијанската компанија бидејќи, како што рекол, неа во Македонија ја застапуваат  комуњари и да ја даде изведбата на автопатот на грчки „Актор“. Министерот за транспорт и врски наложил на членовите од комисијата кои вршеле евалуација да го изберат „Актор“ со што државата е оштетена со 7.811.593 евра. Покрај тоа во предметот „Актор“ има сомненија и за перење пари што се спроведувало преку четири компании кои на своите вработени им исплаќале огромни плати по што веднаш во Неготино биле претворани во евра и биле давани на рака на Грците. На овој начин се испрани 31 милион 856.811 евра во период од 2012 до 2016 година. Предмет на истрага ќе бидат десет физички лица и четири правни лица.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-mokjnik-i-aktor-novi-istragi-na-sjo/feed/ 0