Молдавија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 17:02:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Молдавија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Максимов: Молдавија е незгоден противник, но ние имаме квалитет за победа https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/maksimov-moldavija-e-nezgoden-protivnik-no-nie-imame-kvalitet-za-pobeda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/maksimov-moldavija-e-nezgoden-protivnik-no-nie-imame-kvalitet-za-pobeda/#respond Mon, 09 Oct 2023 17:02:03 +0000 https://kurir.mk/?p=887094

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска во Скопје ги почна подготовките за претстојниот натпревар против Молдавија на гостински терен во рамки на третото коло во групата Ц во квалификациите за Европското првенство во 2025 година. Еден од клучните играчи во македонската репрезентација и фудбалер на Шкендија, Методи Максимов, истакна дека „црвено – жолтите“ на 17 овој месец во Кишињев ги очекува „тежок натпревар против незгоден противник“. „Не очекува еден исклучително тежок натпревар на гости против незгодната репрезентација на Молдавија. Имаме доволно време да се подготвиме за овој меч и добро да ја анализираме играта на противникот. Молдавија ќе игра на домашен терен и сигурно ќе биде многу мотивирана да се покаже во што подобро светло пред своите навивачи, но ние имаме свои математики и цели и сигурно дека ќе се стремиме да одиграме најдобро што можеме и да обезбедиме позитивен резултат“, изјави Максимов за сајтот на ФФМ. Избраниците на селекторот Драган Канатларовски по воведните две кола се третопласирани во групата со три бодови. -Одигравме два одлични натпревари против Шведска и Холандија, во кои забележавме една победа и еден пораз. Навистина жалиме за мечот против Холандија, дуел во кој имаме многу можности за гол неискористени. Ќе ги искористиме тренинзите да работиме напорно, се со цел да ја подобриме реализацијата на следните натпревари. Владее одлична атмосфера и позитивна енергија во репрезентацијата. Сплотени сме и поседуваме голем квалитет. Тоа го покажавме и на претходните натпревари и се надевам дека ќе продолжиме да играме на високо ниво и на следните мечеви, посочи Максимов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/maksimov-moldavija-e-nezgoden-protivnik-no-nie-imame-kvalitet-za-pobeda/feed/ 0
Санду: „Вагнер“ подготвува државен удар во Молдавија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sandu-vagner-podgotvuva-drzhaven-udar-vo-moldavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sandu-vagner-podgotvuva-drzhaven-udar-vo-moldavija/#respond Sat, 07 Oct 2023 09:50:29 +0000 https://kurir.mk/?p=886315

Руската платеничка група „Вагнер“ подготвувала државен удар во Молдавија, изјави шефицата на молдавската држава Маја Санду во интервју за „Фајненшл тајмс“. Според неа, планот вклучувал поткуп на гласачи и предизвикување насилство за време на антивладини протести. - Ситуацијата е навистина драматична и мораме да се браниме, наведе Санду, без да прецизира кога бил планиран обидот за државен удар. Санду посочи дека парите биле тајно испратени од Русија до Молдавија делумно преку курири, а делумно преку банкарски сметки во Дубаи. На почетокот на годината имаше предупредувања за државен удар во Молдавија. Во март, владата во Кишињев соопшти дека уапсила платеник на „Вагнер“. Платеничката група „Вагнер“ долго време се бореше заедно со руската армија во Украина. Поранешниот сопственик на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, подоцна го критикуваше руското воено раководство и во јуни организираше обид за бунт против руските власти, но истиот ден се откажа од своите планови. Два месеци подоцна, авионот на Пригожин се урна за време на летот Москва – Санкт Петербург под неразјаснети околности. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sandu-vagner-podgotvuva-drzhaven-udar-vo-moldavija/feed/ 0
Молдавија повеќе нема да купува гас од Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moldavija-poveke-nema-da-kupuva-gas-od-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moldavija-poveke-nema-da-kupuva-gas-od-rusija/#respond Mon, 02 Oct 2023 13:31:46 +0000 https://kurir.mk/?p=884290

Молдавија повеќе нема да купува гас од руската компанија Газпром, изјави молдавскиот министер за енергетика Виктор Парликов за време на видео-обраќање на Евроатлантскиот форум за одржливост во Букурешт. Тој соопшти дека Кишињев купувал гас од европскиот пазар, под услови кои се поповолни од оние што Кишињев ги има во договорот со Газпром, информира Радио Молдавија. - Повеќе нема да купуваме природен гас од Газпром за територијата што ја контролираат уставните власти, бидејќи во Република Молдавија сè уште имаме дел од територијата што не ја контролираме – сепаратистички регион, рече Парликов. Според него, благодарение на евроатлантските партнери, Молдавија успешно го зајакнува енергетскиот сектор. „Комерсант“ пишува дека молдавските власти му понудиле на Газпром да склучи договор за порамнување, според кој руската компанија и нејзините структури ќе и ги отпишат долговите на молдавската енергетска компанија Молдовагас. За возврат се очекува Кишињев да гарантира дека нема да поднесе тужба против Газпром поради намалувањето на испораките и оти на руската компанија ќе и плати отштета од 145 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moldavija-poveke-nema-da-kupuva-gas-od-rusija/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА: Млада фудбалерка загина во несреќа при планинарење https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tragedija-mlada-fudbalerka-zagina-vo-nesreka-pri-planinarene/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tragedija-mlada-fudbalerka-zagina-vo-nesreka-pri-planinarene/#respond Sat, 09 Sep 2023 12:55:46 +0000 https://kurir.mk/?p=876329

Фудбалската репрезентативка на Молдавија, Виолета Митул, почина на 26-годишна возраст по „трагична несреќа за време на планинарење со клупските колеги“, јави синоќа Би-Би-Си. Веста за смртта на молдавската фудбалерка ја потврдија нејзиниот клуб Ајнхејри од Исланд, како и Европската фудбалска федерација (УЕФА), наведувајќи дека Митул починала „претходно оваа недела“. Митул одигра 40 натпревари за репрезентацијата на Молдавија, а во клупската кариера настапуваше и во Италија и Шпанија. Фудбалската федерација на Молдавија во своето соопштение ја нарече Митул „една од најдобрите фудбалерки во женската репрезентација“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tragedija-mlada-fudbalerka-zagina-vo-nesreka-pri-planinarene/feed/ 0
На Бреговиќ му беше забранет влез во Молдавија, ова е причината https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-bregovik-mu-beshe-zabranet-vlez-vo-moldavija-ova-e-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-bregovik-mu-beshe-zabranet-vlez-vo-moldavija-ova-e-prichinata/#respond Tue, 22 Aug 2023 13:45:02 +0000 https://kurir.mk/?p=869637

По осудата на министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, кој побара објаснување од Министерство за надворешни работи на Молдавија за забраната за влез на музичарот и поранешен фронтмен на популарната југословенска рок група „Бијело дугме“ Горан Бреговиќ во Кишињев, се огласи молдавскиот министер за внатрешни работи Адријан Ефрос кој изјави дека на Бреговиќ му е забранет влезот поради неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим, јави дописникот на МИА од Белград. Ефрос рече дека „се анализирале и други причини во безбедносните структури“ кога било одлучено да не се дозволи влез на Бреговиќ во Молдавија, но не соопшти повеќе детали. Според Радио Слободна Европа, Бреговиќ во март 2015 година одржал концерт во Одеса на Крим, една година откако на тој украински полуостров беше организиран референдум за приклучување кон Русија, кој не беше признат од повеќето земји-членки на Обединетите нации. Граничната полиција на Молдавија вчера претходно соопшти дека на Бреговиќ му е забранет влез во земјата од 2022 година, за што, велат, однапред биле информирани организаторите на фестивалот во Стари Орхеи, пренесува молдавската агенција ИПН. Како што соопштија од Граничната полиција, врз основа на анализа на ризик и информации добиени од размена на информации со Службата за разузнавање и безбедност, како и со меѓународни партнери, забранет е влез во државата на 29 странски државјани кои имале намера да влезат во Република Молдавија во последните 24 часа. -А во врска со објавениот случај на странски изведувач на кој не му беше дозволен влез во Молдавија, напоменуваме дека организаторите биле однапред известени за забраната која важи од 2022 година до денот на неговото пристигнување во нашата земја, наведоа од Граничната полиција. Горан Бреговиќ требаше да настапи во недела на 20 август на музичкиот фестивал Густар во Стари Орхеј. Неговиот бенд ден претходно бил вратен од границата на аеродромот во Кишињев, главниот град на Молдавија, а Бреговиќ не ни тргнал на пат потоа. Денес забраната на Бреговиќ за влез во Молдавија ја коментираше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој оцени дека за ова имало „чудни причини“. -Кога видов дека некому во молдавската јавност му пречи кога Бреговиќ пее песна наречена „Калашников“, тогаш застануваш и се прашуваш што е ова народе. Тогаш разбирате дека се работи за таква глупост што доаѓа од социјалните мрежи, не ми се верува дека некои земји така реагираат, рече Вучиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-bregovik-mu-beshe-zabranet-vlez-vo-moldavija-ova-e-prichinata/feed/ 0
Маж уби две лица на аеродромот во главниот град на Молдавија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mazh-ubi-dve-litsa-na-aerodromot-vo-glavniot-grad-na-moldavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mazh-ubi-dve-litsa-na-aerodromot-vo-glavniot-grad-na-moldavija/#respond Fri, 30 Jun 2023 16:23:57 +0000 https://kurir.mk/?p=851322

Маж денеска уби две лица на аеродромот во главниот град на Молдавија, Кишињев, откако му бил одбиен влез во земјата. Напаѓачот веќе е приведен, јавија локалните медиуми. Тие претходно информираа дека странец отворил оган врз граничен чувар и го ранил откако му бил забранет влез во државата. Потоа стрелецот се забарикадирал во соба на аеродромот, каде што држел заложници. Потоа, молдавските специјални сили започнаа операција и го приведоа напаѓачот. Според првичните податоци, човекот пристигнал со авион од Турција. Патниците биле евакуирани од аеродромот, кој престанал да прима летови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mazh-ubi-dve-litsa-na-aerodromot-vo-glavniot-grad-na-moldavija/feed/ 0
Во Молдавија уапсена една од лидерките на опозициските протести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-moldavija-uapsena-edna-od-liderkite-na-opozitsiskite-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-moldavija-uapsena-edna-od-liderkite-na-opozitsiskite-protesti/#respond Tue, 02 May 2023 08:14:14 +0000 https://kurir.mk/?p=829595

Во Молдавија е уапсена Марина Таубер, една од лидерките на долготрајните опозициски протести, со кои се бара оставка од проевропската Влада во Кишињев. Таубер беше во првите редови на уличните протести против претседателката на Молдавија, Маја Санду, која се залага за брза интеграција во Европска Унија. Таа е висок член на втората по големина опозициска партија, предводена од Илан Шор, кој живее во егзил во Израел и минатиот месец беше осуден на 15 години затвор поради банкарска измама. Таубер се соочува со обвиненија за измама за финансирање на партијата и беше уапсена додека се обидуваше да отпатува во Израел, при тоа кршејќи ја судската одлука. Обвинителството наведе дека таа засега останува во притвор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-moldavija-uapsena-edna-od-liderkite-na-opozitsiskite-protesti/feed/ 0
ЕУ размислува да испрати помош за вооружените сили на Молдавија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-razmisluva-da-isprati-pomosh-za-vooruzhenite-sili-na-moldavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-razmisluva-da-isprati-pomosh-za-vooruzhenite-sili-na-moldavija/#respond Thu, 16 Mar 2023 07:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=812508

Европската Унија размислува да обезбеди помош за вооружените сили на Молдавија со дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воздушниот надзор, логистиката и кибер одбраната. Според предлогот на надворешнополитичкото тело на Унијата, кој минатата недела беше испратен до земјите членки и во кој Блумберг имаше увид, средствата би биле повлечени од Европскиот мировен фонд. Се додава дека помошта на ЕУ би вклучувала несмртоносна опрема и залихи, како што се мобилни радари на земја со долг дострел, пикап камиони, комуникациска опрема и хардвер, како и софтвер за зајакнување на ИТ инфраструктурата. Блумберг посочува дека Молдавија е под зголемен притисок откако Русија ја нападна Украина, а нејзините лидери ја обвинија Москва дека се обидува да ја собори нејзината проевропска влада. Русија претходно негираше каква било вмешаност во внатрешните работи на Молдавија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-razmisluva-da-isprati-pomosh-za-vooruzhenite-sili-na-moldavija/feed/ 0
Молдавија доби нова, прозападна влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moldavija-dobi-nova-prozapadna-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moldavija-dobi-nova-prozapadna-vlada/#respond Fri, 17 Feb 2023 07:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=801588

Новата влада на Молдавија, предводена од прозападниот економист Дорин Речеан, синоќа положи заклетва откако ја доби поддршката од мнозинството пратеници во Парламентот. За избор на новата влада гласаа 62 пратеници на владејачката Партија за акција и солидарност, која има апсолутно мнозинство во парламентот со 101 пратеничко место. Речеан, 48-годишен економист кој една година беше советник за одбрана и безбедност на молдавската претседателка Маја Санду, беше назначен за премиер минатата недела, откако премиерката Наталија Гаврилица ненадејно поднесе оставка. Откако членовите на владата положија заклетва пред претседателката Санду, таа им рече дека мора да ја водат Молдавија низ „многу тежок период, обележан со повеќе кризи“ и го истакна членството во Европската унија како единствен начин земјата да „зачувување и зајакнување“ на демократскиот поредок. Речеан изјави дека зајакнувањето на безбедносниот сектор на Молдавија е еден од приоритетите, заедно со европската интеграција, наведувајќи дека е неопходно „драстично да се спротивстави на активностите на оние кои сакаат да внесат војна во земјата“. Санду во понеделникот рече дека Москва планира државен удар во Молдавија со помош на диверзанти од Русија, Белорусија, Србија и Црна Гора, со цел да ја одврати земјата од европскиот пат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moldavija-dobi-nova-prozapadna-vlada/feed/ 0
Претседателот на долниот дом на романскиот Парламент сака Романија да се обедини со Молдавија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-dolniot-dom-na-romanskiot-parlament-saka-romanija-da-se-obedini-so-moldavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-dolniot-dom-na-romanskiot-parlament-saka-romanija-da-se-obedini-so-moldavija/#respond Fri, 02 Dec 2022 08:09:05 +0000 https://kurir.mk/?p=769923

Претседателот на Домот на пратениците на романскиот Парламент, Марсел Чолаку, синоќа за ТВ Романија изјави дека би сакал Романија да се обедини со Република Молдавија. Чолаку рече дека ова е „најкраткиот“ пат за Молдавија да влезе во Европската унија. -Најранливата земја од целосно неоправданиот конфликт во Украина е Република Молдавија. Мораме да одлучиме … Дали ќе дозволиме Република Молдавија порано или подоцна да се врати под советско влијание? (…) Пристапувањето на Молдавија во Европската унија ќе одземе најмалку 10 години … Или ја имате пократката опција при што Романија ќе се обедини со Република Молдавија и Република Молдавија се обединува со Романија, изјави за РТВ претседателот на Долниот дом на романскиот Парламент. Во овој контекст, Марсел Чолаку, кој се очекува да стане следниот романски премиер според коалицискиот договор за ротација на премиерите, рече дека ја претпочита пократката опција. -Дефинитивно би ја сакал пократката опција, имено Романија да се обедини со Република Молдавија (…) Не можете да оставите една земја повторно да биде жртва на Русија (…). Судбината на Романците во Република Молдавија треба да биди иста, како онаа на Романците во Романија – ЕУ и НАТО. Разбирам дека во моментов многу Романци сакаат да се обединат со Република Молдавија (…) Дефинитивно треба да се одржи референдум во двете земји. Односно да се оди по нормален пат, сојузите не се прават со оружје в рака, рече Марсел Чолаку. Според резултати од истражување на јавното мислење објавени вчера, повеќето граѓани на Молдавија се против обединување со Романија. Само околу една третина од населението на Молдавија ја поддржува идејата за обединување со Романија, покажуваат резултатите од анкетата на CBS-Research нарачана од Институтот за јавна политика на Молдавија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-dolniot-dom-na-romanskiot-parlament-saka-romanija-da-se-obedini-so-moldavija/feed/ 0