молитви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Jul 2020 09:57:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png молитви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аја Софија „окупирана“ од 20.000 полицајци: Се одржува првата молитва од 1934 година (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aja-sofija-okupirana-od-20-000-policajci-se-odrzuva-prvata-molitva-od-1934-godina-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aja-sofija-okupirana-od-20-000-policajci-se-odrzuva-prvata-molitva-od-1934-godina-foto-video/#respond Fri, 24 Jul 2020 09:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=380719

Илјадници верници почнале да се собираат пред Аја Софија во Истанбул во која денеска ќе се одржи првата молитва од 1934 година. Заради пандемијата од корона вирусот, турските власти го ограничиле бројот на верници кои ќе присуствуваат на првата молитва на 1.453 луѓе, што ја симболизира годината во која Турците го покориле Константинопол. Околу 500 верници ќе ја извршат молитвата во Аја Софија, додека останатите ќе се молат надвор на пет молитвени места покрај џамијата. На 11 места ќе бидат формирани контролни пунктови каде што на верниците ќе им се мери температура пред молитвата. Маските се задолжителни. Местото ќе го обезбедуваат околу 20.000 полицајци, а ќе присуствуваат и 736 доктори, повеќе од 100 возила на итна помош и санитетски хеликоптер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aja-sofija-okupirana-od-20-000-policajci-se-odrzuva-prvata-molitva-od-1934-godina-foto-video/feed/ 0
Христијанските мозаици под завеса за време на молитвите во Аја Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hristijanskite-mozaici-pod-zavesa-za-vreme-na-molitvite-vo-aja-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hristijanskite-mozaici-pod-zavesa-za-vreme-na-molitvite-vo-aja-sofija/#respond Mon, 20 Jul 2020 08:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=378585

Христијанските мозаици на ѕидовите на Аја Софија во Истанбул, која минатата недела беше пренаменета од музеј во џамија, за време на муслиманските молитви ќе бидат прекриени со завеси, изјави портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин. Тој истакна дека некои мозаици на Богородица и Архангел Гаврил, кои се наоѓаат во насока на киблата, кон која муслиманите се свртени во текот на молитвата, ќе бидат прекриени со завеси. Според него, останатите мозаици со христијански мотиви и личности не претставуваат пречка за муслиманските верници, бидејќи се наоѓаат на други места. Сепак, Калин не изјави дали тие ќе останат видливи постојано. Освен за муслиманските верници, Аја Софија ќе биде отворена за сите посетители и туристи, а сите мозаици ќе останат непрекриени, соопштија турските власти. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја посети вчера Аја Софија, со цел да провери до каде се активностите околу пренамената на овој објект во џамија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hristijanskite-mozaici-pod-zavesa-za-vreme-na-molitvite-vo-aja-sofija/feed/ 0
Се одложуваат молитвите, литиите и другите собири на СПЦ во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-odlozuvaat-molitvite-litiite-i-drugite-sobiri-na-spc-vo-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-odlozuvaat-molitvite-litiite-i-drugite-sobiri-na-spc-vo-crna-gora/#respond Sat, 04 Jul 2020 15:15:56 +0000 https://kurir.mk/?p=368958

Епископскиот совет на Српската православна црква во Црна Гора денеска ја информира јавноста дека поради епидемиолошката состојба во земјата се одложуваат сите молитви, литии и слични собири низ цела Црна Гора. Во соопштението на Епископскиот совет се наведува дека Српската православна црква, иако имала можност молитвите да ги оддржува пред храмовите, како и намера да ги почитува наредбите од здравствените установи, околностите биле такви што „покрај усогласеноста со прописите, треба да се покаже и пример за воздржаност и трпеливост “. „Формално-правно го прогласивме крајот на епидемијата и правната основа да ги продолжиме нашите оправдани протести, сепак, болеста се врати кај нас и во моментов напредува“, се наведува во соопштението. Епископскиот совет ги повика верниците во парохиите од северот на Црна Гора, во кои повторно се забранети богослужби со присуство на верници, во договор со нивниот свештеник да бидат во врска за изведување на молитвите. Во соопштението се додава дека редовните црковни служби во другите градови ќе се одвиваат во согласност со утврдениот ред, во согласност со здравствените регулативи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-odlozuvaat-molitvite-litiite-i-drugite-sobiri-na-spc-vo-crna-gora/feed/ 0
ИВЗ одлучи, нема организирани молитви во џамиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivz-odluchi-nema-organizirani-molitvi-vo-dzamiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivz-odluchi-nema-organizirani-molitvi-vo-dzamiite/#respond Tue, 17 Mar 2020 17:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=317997

Како превенција од ширење на вирусот Ковид-19, низ сите џамии во државата нема да се одржуваат организирано намаз молитвите, информира на прес-конференција претседателот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман еф. Реџепи. Тој, исто така, наведе дека организирано нема да се одржи ниту петочната молитва. -Муезините се обврзани да одржат езанот (повикот за молитва) во џамиите низ целата земја. Нема да се клања ниту Џума намазот (петочната молитва) во џамиите низ целата држава и затоа исламските верници се должни на место на Џума намазот, во своите домови да го клањаат пладневниот намаз. Во случај на починати како последица од коронавирусот, погребната церемонија се врши од надлежните органи, додека пак намазот на починатиот и другите церемонии според Исламскиот шеријат, ќе се вршат по погребот. Оваа правило важи и за починатите кои евентуално ќе бидат донесени од странство, изјави претседателот на ИВЗ, Реџепи. Во образложението на оваа одлука Реисул – Улема на ИВЗ, Сулејман еф. Реџепи, го цитира Куранскиот ајет, во кој Алах џ.ш. вели „и не доведувајте се себеси во уништување, туку чините добро”, (Ел Бекаре:195) и еден Хадис на Пејгамберот а.с. кои што вели: „Ако во едно место се појави епидемија, тие што се наоѓаат во тоа место не смеат да го напуштат, додека пак тие што се вон тоа место не смеат да патуваат кон него“. Воедно, Риесулот Реџепит, препорача да  исламските верници да ги избегнуваат сите масоивни собири, да бидат мирни и во склад со своето верување, да ги следат препораките на одговорните луѓе, да не стануваат жртви на непотребна паника. На оваа прес-конференција присуствуваше и вицепремиерот Бујар Османи, кој рече дека во име на Координативниот штаб за кризи му се заблагодарува на ИВЗ и нејзиниот претседател Сулејман еф. Реџепи за оваа одлука и за мудри пораки кој ги упати до верниците. Тој уште додаде дека со оваа одлука значително ќе се придонесе за подобро управување со пандемијата и брзо враќање во нормалниот живот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivz-odluchi-nema-organizirani-molitvi-vo-dzamiite/feed/ 0