молнупиравир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Oct 2021 13:01:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png молнупиравир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Србија прва во Европа ќе го набави лекот молнупиравир, а лекот сотровимаб веќе е во упутреба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-prva-vo-evropa-kje-go-nabavi-lekot-molnupiravir-a-lekot-sotrovimab-vekje-e-vo-uputreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-prva-vo-evropa-kje-go-nabavi-lekot-molnupiravir-a-lekot-sotrovimab-vekje-e-vo-uputreba/#respond Tue, 19 Oct 2021 13:01:40 +0000 https://kurir.mk/?p=582020

Директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурувањена Србија (РФЗО), Сања Радојевиќ Шкодриќ денеска изјави дека 50.000 лекови против Ковид-19 Молнупиравир, на компанијата МСД, ќе пристигнат во Србија во јануари и дека цената на новиот лек Сотровимаб, што  почна да се применува во Србија пред неколку дена изнесува 4.000 долари, јави дописникот на МИА од Белград. Како што изјави Шкодриќ за ТВ Прва, Србија е прва во Европа што потпишала договор за купување на лекот Молнупиравир и додаде дека се очекува тој да биде регистриран во декември од Американската агенција за лекови, по што се очекува одобрување во Европа и Србија. – Лекот е во форма на таблета и ќе се примени за сите пациенти кои се позитивни (на коронавирус), во првите пет дена од позитивноста и навистина се намалува, покажаа резултатите од клиничките студии, најмалку за 50 отсто хоспитализација. Завршени се сите клинички студии за овој лек, што е неопходно пред регистрацијата, а резултатите се одлични, истакна Радојевиќ Шкодриќ. Таа денеска на ТВ К1 посочи и дека цената на новиот лек кој започна да се користи во Србија пред неколку дена, Сотровимаб, изнесува 4.000 долари. – Цената на лековите што се користат во третманот на Ковид-19 се движи од неколку стотици до неколку илјади долари. Сотровимаб чини околу 4.000 долари. Тоа е лек од групата неутрализирачки антитела, кој се дава амбулантски во првите седум до десет дена од болеста, само еднаш, како инфузија. Овој лек е препорачан од Светската здравствена организација и е во американскиот протокол за лекување. Според податоците, лекот има ефикасност од 50 до 70 отсто во спречување на хоспитализација. Наменет е за лица постари од 65 години со хронични заболувања, кои се заразиле и се под висок ризик да развијат тешка клиничка слика. Тоа е еден од најефикасните лекови, наведе проф. д-р Радојевиќ Шкодриќ. Таа посочи дека во Србија веќе долго време се достапни Регенерон и Бамланивимаб, од иста група лекови, но дека не разбира зошто голем број луѓе чекаат да се разболат кога има ефикасни вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-prva-vo-evropa-kje-go-nabavi-lekot-molnupiravir-a-lekot-sotrovimab-vekje-e-vo-uputreba/feed/ 0
Во употреба за четири до пет месеци: Пронајден нов лек против Ковид-19, го запре размножувањето кај болните од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-upotreba-za-chetiri-do-pet-meseci-pronajden-nov-lek-protiv-kovid-19-go-zapre-razmnozuvanjeto-kaj-bolnite-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-upotreba-za-chetiri-do-pet-meseci-pronajden-nov-lek-protiv-kovid-19-go-zapre-razmnozuvanjeto-kaj-bolnite-od-koronavirus/#respond Tue, 09 Mar 2021 07:07:56 +0000 https://kurir.mk/?p=479296

Новиот антивирусен лек „Молнупиравир“ може да го смени текот на пидемијата на коронавирусот, бидејќи за време на експерименталното истражување е докажано дека ја запира репродукцијата на вирусот во организмот и спречува развој на потешка форма на болеста. -Тестирањето на експерименталните таблети против Ковид-19 наречени ‘молнупиравир’, спроведено од ‘Мерк и Риџбек биотерапевтика’, покажа ветувачки знаци на ефикасност во намалувањето на вирусот кај пациентите, објави во неделата лекарот Марк Сигал, кој учествуваше во ова истражување. -Штотуку беше проучен во испитувањата во втората фаза и буквално го запре размножувањето на вирусот кај пациентите кои беа во контролната група. Пациентите го користеле лекот пет дена, биле на домашно лекување… Значи, терапијата е речиси идентична со онаа кога се зема “тамифлу“ за вирусот на грип“, рече тој. Сигал рече дека овој лек може да се појави на пазарот за четири до пет месеци. Лекарот рече дека, иако досега биле проучени само 182 пациенти, апчињата сè уште можат да бидат многу ветувачки за илјадници луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-upotreba-za-chetiri-do-pet-meseci-pronajden-nov-lek-protiv-kovid-19-go-zapre-razmnozuvanjeto-kaj-bolnite-od-koronavirus/feed/ 0