молотови коктели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 May 2023 10:49:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png молотови коктели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трагедијата можела да биде уште поголема: Во ранецот на ученикот убиец имало молотови коктели https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedijata-mozhela-da-bide-ushte-pogolema-vo-ranetsot-na-uchenikot-ubiets-imalo-molotovi-kokteli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedijata-mozhela-da-bide-ushte-pogolema-vo-ranetsot-na-uchenikot-ubiets-imalo-molotovi-kokteli/#respond Wed, 03 May 2023 10:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=830094

При претрес во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар каде утрово ученикот К.К уби десет лица, пронајден е ранец во кој имало три молотови коктели. К.К го оставил ранецот во кабинетот за историја. -Ученикот кој го изврши масакрот, пукал од два пиштоли, од кои едниот CZ 99. По масакрот К.К се сокрил во училишниот двор, каде бил пронајден и уапсен. Се сомнева дека момчето испукало неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште. Лекувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedijata-mozhela-da-bide-ushte-pogolema-vo-ranetsot-na-uchenikot-ubiets-imalo-molotovi-kokteli/feed/ 0
Кривична против лицето кое фрлаше „молотови коктели“ на протестите пред Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-protiv-liceto-koe-frlashe-molotovi-kokteli-na-protestite-pred-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-protiv-liceto-koe-frlashe-molotovi-kokteli-na-protestite-pred-sobranieto/#respond Thu, 07 Jul 2022 16:31:10 +0000 https://kurir.mk/?p=701881

Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава по брза постапка против Ј.С.(18), поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 од Кривичниот законик. Како што соопштија од МВР, завчера околу 21.00 часот за време на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Ј.С. започнал да подготвува молотови коктели и да фрла со нив кон полициските службеници и објектот на Собранието. -По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, Ј.С. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него во координација со ОЈО Скопје и лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка, се наведува во соопштението на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-protiv-liceto-koe-frlashe-molotovi-kokteli-na-protestite-pred-sobranieto/feed/ 0
Убиен Палестинец кој фрлал „молотови коктели“ врз автомобили во израелска населба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-palestinec-koj-frlal-molotovi-kokteli-vrz-avtomobili-vo-izraelska-naselba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-palestinec-koj-frlal-molotovi-kokteli-vrz-avtomobili-vo-izraelska-naselba/#respond Fri, 15 Oct 2021 07:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=579391

Израелски војници застрелаа и убија Палестинец кој вчера фрлал „молотови коктели“ врз автомобили во близина на еврејска населба на Западниот брег. Палестинската канцеларија за врски потврди дека еден маж е убиен, а војниците уапсиле уште еден Палестинец, без да соопштат повеќе детали. Армијата објави на Твитер дека двајцата осомничени фрлиле „молотов коктел“ на патот што води кон израелска населба во близина на палестинскиот град Витлеем, загрозувајќи ги возачите. – Војниците кои се наоѓале во близина дејствуваа за да ја спречат заканата, соопшти израелската армија, додавајќи дека отвориле оган врз двајца мажи. Еден од двајцата бил повреден и му била укажана лекарска помош на местото на инцидентот, но им подлегнал на повредите, додека другиот маж бил уапсен, соопшти израелската војска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-palestinec-koj-frlal-molotovi-kokteli-vrz-avtomobili-vo-izraelska-naselba/feed/ 0