момо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Feb 2019 08:40:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png момо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Родители ВНИМАВАЈТЕ: Ликот Момо сее страв кај дечињата и ги тера да прават ужасни работи (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/roditeli-vnimavajte-likot-momo-see-strav-kaj-dechinjata-i-gi-tera-da-pravat-uzasni-raboti-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/roditeli-vnimavajte-likot-momo-see-strav-kaj-dechinjata-i-gi-tera-da-pravat-uzasni-raboti-foto/#respond Thu, 28 Feb 2019 08:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=169252

Родители, бидете внимателни со видеата на YouTube кои ги гледаат вашите деца. Последниве денови многу мајки пријавуваат дека на многу детски видеа на YouTube и YouTube Kids се појавува ликот Момо. Видеата започнуваат нормално и не изгледаат сомнително, а ова се појавува по кратко време среде видео. Се појавува во Peppa Pig, Lol doll, видеа од Fortnite и други. Светот е во шок од ова, а децата се преплашени. Измислениот и грозно направен лик Момо им се заканува на децата дека мора да го додадат на Whats App или ќе ги убие додека спијат. Децата го додаваат и потоа Момо им дава опасни предизвици - да вклучат шпорет кога сите спијат, да ги украдат и испијат апчињата на родителите, да се самоповредуваат итн. Ликот е толку ужасно направен што и самото негово појавување е стресно за дечињата. Ако сретнете такво видео, веднаш пријавете го. Сепак, не постојат докази за ова, како и за случаи на самоубиство кои се поврзани со овој предизвик, а од YouTube демантираат и велат дека немаат никаков доказ за Momo Challenge на YouTube. Внимавајте на вашите деца и контролирајте што гледаат на интернет!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/roditeli-vnimavajte-likot-momo-see-strav-kaj-dechinjata-i-gi-tera-da-pravat-uzasni-raboti-foto/feed/ 0
Нова морничава игра, Момо се шири на социјалните мрежи https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-mornichava-igra-momo-se-shiri-na-socijalnite-mrezi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-mornichava-igra-momo-se-shiri-na-socijalnite-mrezi/#respond Wed, 15 Aug 2018 09:51:54 +0000 https://kurir.mk/?p=88109

По „Синиот кит", опасна игра поради која неколку стотици деца во светот извршија самоубиство, се појави уште една контроверзна онлајн игра - „Момо“, која се распространува преку апликацијата Ватсап. Играта е наменета за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство, укажуваат стручни лица. Имено, приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи, за која се смета дека е инспирирана од хорор куклата на јапанскиот уметник Мидори Хајаши, кој формално нема никаква врска со играта. Децата откако ќе контактираат со Момо, добиваат  серија предизвици, а доколку тие одбијат, следи казна и добиваат заканувачки и вознемирувачки телефонски пораки и фотографии. Бизарната онлајн игра е пријавена во Аргентина, во Мексико, во САД, во земјите на Јужна Америка, во Франција и во Германија, а се проширува и во другите европски држави. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-mornichava-igra-momo-se-shiri-na-socijalnite-mrezi/feed/ 0