Мон Блан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 17:01:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мон Блан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мон Блан се намали за повеќе од два метри https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mon-blan-se-namali-za-poveke-od-dva-metri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mon-blan-se-namali-za-poveke-od-dva-metri/#respond Thu, 05 Oct 2023 17:01:21 +0000 https://kurir.mk/?p=885704

Највисокиот врв во Западна Европа, Мон Блан, изгуби повеќе од два метри во височина во последните две години, објавија француските истражувачи. Тим експерти кои ги вршат мерењата на секои две години на прес-конференција во Шамони на француските Алпи изјавија дека планината сега е висока 4.805,59 метри, што е помалку од последното мерење од 4.807,81 метри во септември 2021 година. Експертите рекоа дека сега останува на климатолозите, глациолозите и другите научници да ги разгледаат собраните податоци и да дојдат до какви било теории што би го објасниле феноменот, пренесува Ројтерс. Додека светскиот аларм расте поради топењето на глечерите, официјалната висина на Мон Блан паѓа повеќе од една деценија. Мерењето во 2007 година беше 4.810,90 метри. Глечерите во Швајцарија ја претрпеа својата втора најлоша стапка на топење оваа година по рекордните загуби во 2022 година, намалувајќи го нивниот вкупен волумен за 10 отсто во изминатите две години, соопшти на почетокот на овој месец мониторинг телото GLAMOS.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mon-blan-se-namali-za-poveke-od-dva-metri/feed/ 0
Двајца загинати во несреќа на Мон Блан во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajtsa-zaginati-vo-nesreka-na-mon-blan-vo-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajtsa-zaginati-vo-nesreka-na-mon-blan-vo-frantsija/#respond Wed, 19 Apr 2023 18:00:58 +0000 https://kurir.mk/?p=825620

Две лица загинаа од паѓање на маси глечерски мраз во близина на Мон Блан на француските Алпи, пренесе ДПА. Според локалните власти, големи парчиња мраз се одвоиле од глечерот, при што полесно е повредено уште едно лице, а четворица преживеале неповредени. Двете жртви биле затрупани под мразот. Тие биле планинари кои сакале да се искачат на Мон Блан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajtsa-zaginati-vo-nesreka-na-mon-blan-vo-frantsija/feed/ 0
Мон Блан за четири години понизок за еден метар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mon-blan-za-chetiri-godini-ponizok-za-eden-metar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mon-blan-za-chetiri-godini-ponizok-za-eden-metar/#respond Thu, 30 Sep 2021 09:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=570570

Мон Блан, еден од највисоките врвови во Европа, за четири години се снижил за речиси еден метар и неговата висина сега е 4.807,81 метар. Тим од 30 луѓе ги направи мерењата во средината на септември. – Сега климатолозите, глациолозите и другите стручњаци треба да ги обработат сите собрани податоци и да предложат хипотези за објаснување на оваа појава, истакнуваат научниците од одделот Горна Савоја, кои вршат мерења на секои две години. Претходните податоци беа објавени 2017 година. Висината на Мон Блан варира бидејќи е покриен со траен снег, што се менува зависно од времето и врнежите. Карпестиот врв е висок 4.792 метри. Целта на редовните мерења е да се направи шема за ледената покривка и да се создаде база на податоци со точни и веродостојни податоци што ќе се користат во иднина. Според податоците од 2017 година, висината на врвот била 4.808,72 метри. Претходно, во 2007 година тој број изнесувал 4.810,9 метри. Мерењата од 2019 година, според западните медиуми, не биле објавени бидејќи се „екстремно ниски“ – 4806,03 метри, и мора внимателно да се земаат предвид. Затоа, било одлучено да се почекаат следните податоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mon-blan-za-chetiri-godini-ponizok-za-eden-metar/feed/ 0