мон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 11:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во тек е аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои досега не го оствариле правото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-aplitsirane-za-subventsioniran-studentski-obrok-za-studentite-koi-dosega-ne-go-ostvarile-pravoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-aplitsirane-za-subventsioniran-studentski-obrok-za-studentite-koi-dosega-ne-go-ostvarile-pravoto/#respond Wed, 01 Nov 2023 11:15:04 +0000 https://kurir.mk/?p=895324

Министерството за образование и наука информира дека од денес отворена е можноста за аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои поради било каква причина не се пријавиле или не го оствариле правото преку претходните повици. Крајниот рок за пријавување преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ е 7ми ноември. По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде ја поднеле својата апликација. Потоа, потребно е да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка со која МОН склучи нефинансиски договор за реализација на мерката и да ги ажурираат своите податоци на https://netbanking.mk/studentPortal, по што ќе добијат информација преку СМС за точното време и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскaта студентскa Visa картичкa за субвенциониран оброк. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството. -Студентите кои ќе го остварат ова право, средствата во износ од 140 денари дневно можат да ги користат од понеделник до сабота, за купување храна во маркети, пекарници, ресторани и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Потсетуваме дека можноста за аплицирање ќе биде отворена и секој нареден месец, од 1ви до 7ми, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради било каква причина, велат од МОН.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-aplitsirane-za-subventsioniran-studentski-obrok-za-studentite-koi-dosega-ne-go-ostvarile-pravoto/feed/ 0
Јаневска: МОН го крши законот, нема учебници, родителите мора да копираат иако образованието е бесплатно по закон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-mon-go-krshi-zakonot-nema-uchebnitsi-roditelite-mora-da-kopiraat-iako-obrazovanieto-e-besplatno-po-zakon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-mon-go-krshi-zakonot-nema-uchebnitsi-roditelite-mora-da-kopiraat-iako-obrazovanieto-e-besplatno-po-zakon/#respond Fri, 27 Oct 2023 08:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=893692

Во моментов се случува хаос во образованието. Родителите кажуваат дека мора да копираат книги, а образованието е бесплатно по закон, значи државата го крши законот. Наставниците се принудени да подготвуваат материјали кои треба веќе да им се подготвени и направени и би предупредила дека ако изборите бидат во мај, тоа значи дека уште сега треба да ги подготвуваат учебниците за да има готови учебници за на 1 септември следната година, изјави претседателката на комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска во утринска емисија на Алфа телевизија. Таа истакна дека неверојатно е што министерот тие што треба да го брифираат не го брифираат, а второ ја слуша и јавноста и конечно треба да се запраша и провери дали има учебници. - Министерот дава изјави и не можам да поверувам дека нема точни информации за учебниците. А точните информации се дека нема учебници и тоа не само во Скопје, туку нема низ целата земја.. во различни училишта недостасуваат различни учебници, но недостасуваат од прво до деветто, но и во средно. Ние постојано предупредувавме дека ова ќе се случи. Начинот на кој се однесува министерот е просто изненадувачки, рече Јаневска. Во однос на бројните грешки, лошиот квалитет Јаневска вели дека тоа е затоа што се брзало и затоа што веројатно се потпишувало без учебниците да се рецензираат. - Моите сознанија велат дека се инсистираше одредени луѓе да бидат автори на учебниците, за да работат по новата концепција. Направија притисок на автори кои им беа подобни и брзаа да ги направат книгите. Не може да се направи учебник за еден месеци, брзаа, во тоа брзање и за да го скратат времето, мислам дека и одреден број рецензенти беа приморани да потпишат без да прочитаат. Потоа истото и во Националната комисија истото, изјави Јаневска. Таа нагласи дека свесно се прави ова за да настане се поголем хаос во општеството и да се намали одговорноста на најодговорните. - Виновни се и политиките кои оваа власт се обиде да ги спроведе. Мила Царовска укина учебници, свесно не сакаше да печати велејќи дека ќе направи дигитални, а не направија ни дигитални. Но ќе се смени власта и ќе се побара одговорност, ова е преголем крах. Да немате учебници за да учат децата е срамота и ќе има одговорност, потенцираше Јаневска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-mon-go-krshi-zakonot-nema-uchebnitsi-roditelite-mora-da-kopiraat-iako-obrazovanieto-e-besplatno-po-zakon/feed/ 0
Касами го обвини Министерството за образование дека не ги исполнува обврските кон тетовската гимназија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-go-obvini-ministerstvoto-za-obrazovanie-deka-ne-gi-ispolnuva-obvrskite-kon-tetovskata-gimnazija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-go-obvini-ministerstvoto-za-obrazovanie-deka-ne-gi-ispolnuva-obvrskite-kon-tetovskata-gimnazija/#respond Thu, 26 Oct 2023 12:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=893412

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на прес-конференција упати критика и обвинување за незаконски постапки до Министерството за образование и наука околу одземањето на неговите ингеренции врз гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Тој го обвини Министерството за неправилно одземање на ингеренциите поради што се проблематизира нормалното функционирање на гимназијата. -Една ингеренција за една работа може да се одземе два пати, но не подолго од 12 месеци. Во Министерството нашле начин како да ги одземат ингеренциите уште 12 месеци со некоја правна дефиниција дека ми ги одземаат сите надлежности во гимназијата. Заборавиле дека Општината не е само градоначалникот, Општината е Советот и градоначалникот, со поделени надлежности. Советот го усвојува буџетот, кој го реализира градоначалникот. Со тоа што на градоначалникот му ги имаат одземено ингеренциите не можат со таа одлука да реализираат буџет, затоа што буџетот е надлежност на Советот. Во тој дел тие не можат да постапат затоа што донеле незаконско решение и сега доаѓа до оваа ситуација во која не можат да ги реализираат обврските кои доброволно против законски ги зеле, истакна Биљал Касами. Тетовскиот градоначалник смета дека поради потезите на Министерството за образование нема редовно дотации до гимназијата со што се јавуваат финансиски проблеми за установата. -Доцни плаќање на струја исто така предупредувам и за друг проблем. Доцнат плаќања до фирмите кои вршат превоз за ученици од гимназија, како што имам информации. Министерот за образование рече дека поради тоа што по вторпат се одземаат ингеренциите, обврска на Министерството е да најде решение за раздолжување на долговите за струја во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, па дури и призна дека не се способни да го направат ова наеднаш, ама го прават на рати, месец по месец, посочи Касами на прес-конференцијата. Тој рече дека со ова Министерството во последно време не ги исполнува своите задачи и обврски и не обезбеди соодветна поддршка за училиштата во Тетово. Потоа потенцираше дека да била вината кај општина Тетово, ова ќе се случело и во другите училишта, но тоа не е така и наставата продолжува непречено и ефикасно. -Значи ова е силен доказ дека ДУИ заедно со нејзиниот министер за образование и познатата директорка воопшто не се грижат за одвивање на наставниот процес, туку се занимаваат со дневна политика и клеветење на општината, но се чини дека тоа не го прават добро бидејќи се негираат сами себе си. Општина Тетово во овој период нема пуштено финансиски средства на Гимназијата, но добро е познато зошто. Бидејќи гимназијата ја води директорка која има кривична тужба за злоупотреба на средства, и истото е констатирано и од внатрешната ревизија, кои констатирале сериозни прекршувања на користењето на финансиските средствата. И поради оваа причина Општината не е заинтересирана да дава средства за да продолжат да се злоупотребуваат, рече Касами. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-go-obvini-ministerstvoto-za-obrazovanie-deka-ne-gi-ispolnuva-obvrskite-kon-tetovskata-gimnazija/feed/ 0
МОН: Во ноември ќе биде објавен конкурс за стипендии за учениците од здравствените струки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-vo-noemvri-ke-bide-objaven-konkurs-za-stipendii-za-uchenitsite-od-zdravstvenite-struki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-vo-noemvri-ke-bide-objaven-konkurs-za-stipendii-za-uchenitsite-od-zdravstvenite-struki/#respond Thu, 26 Oct 2023 12:48:34 +0000 https://kurir.mk/?p=893405

Министерството за образование и наука следниот месец ќе објави конкурс за доделување на 600 стипендии за ученици кои се запишани во јавните средни училишта во државава и тоа во дуални паралелки во здравствените струки, каде се реализира практично образование со зголемен број на часови. -Учениците запишани во здравствените струки годинава не можат да аплицираат на конкурсот за доделување 1500 стипендии за ученици запишани во дуални паралелки. МОН одлучи да ги одвои, односно за нив да објави посебен конкурс за стипендии, а целта е на сите ученици кои се дел од дуалните паралелки, да им се излезе во пресрет и да се поддржат со финансиска стимулација поради тоа што одбрале дефицитарни струки. Започната е постапката за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2023 година. По објавата на конкурсот, аплицирањето ќе се спроведува електронски, преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk. Оние кои ќе ја добијат, стипендијата ќе им се исплаќа за целата учебна 2023-2024 година, велат од МОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-vo-noemvri-ke-bide-objaven-konkurs-za-stipendii-za-uchenitsite-od-zdravstvenite-struki/feed/ 0
МОН: Состојбата со учебниците е значително подобрена, идната недела дистрибуција на дел од учебниците за шесто одделение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-sostojbata-so-uchebnitsite-e-znachitelno-podobrena-idnata-nedela-distributsija-na-del-od-uchebnitsite-za-shesto-oddelenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-sostojbata-so-uchebnitsite-e-znachitelno-podobrena-idnata-nedela-distributsija-na-del-od-uchebnitsite-za-shesto-oddelenie/#respond Fri, 06 Oct 2023 13:29:37 +0000 https://kurir.mk/?p=886128

Министерството за образование и наука информира дека учебниците за шесто одделение кои се веќе одобрени од Националната комисија за учебници и имаат добиено ЦИП запис, веќе се печатат и испорачуваат до училиштата. Задолжените за испорака се максимално одговорни и ангажирани, во договорот со училишните раководства ќе испорачуваат учебници и во текот на овој викенд. -Учебниците по албански јазик и природни науки на македонски јазик за шесто одделение за кои по одобрувањето од Националната комисија за учебници, добиен е ЦИП запис на 27ми, односно 29ти септември, додека договорите со авторите се потпишани на 2 октомври, се влезени во процес на печатење и испорака. Учебниците пак по македонски јазик и природни науки на албански јазик добија ЦИП запис на 4 октомври, додека договори со авторите се склучени денес и веднаш се предадени на одбраниот економски оператор за графичко уредување, печатење, по што дистрибуцијата ќе се спроведе во текот на следната недела. За учебникот по математика, денеска е потпишан договор со авторите, с вели во соопштението на МОН. Министерството за образование и наука потсетува дека согласно планот за реформирање на основното образование, во новата учебна година нови наставни програми се изработени за трето и шесто одделение и врз основа на истите, учениците добиваат и нови учебници. Учебниците за трето одделение се целосно испорачани минатиот месец. Од МОН велат дека состојбата со учебниците годинава е значително подобрена, МОН испорача тираж од речиси 1,4 милиони учебници во основните, но исто така и во средните училишта, за кои, за прв пат по 15 години се изработија нови 150тина наслови на учебници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-sostojbata-so-uchebnitsite-e-znachitelno-podobrena-idnata-nedela-distributsija-na-del-od-uchebnitsite-za-shesto-oddelenie/feed/ 0
МОН: Годинава се обезбедени и дистрибуирани 1,4 милиони учебници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-godinava-se-obezbedeni-i-distribuirani-1-4-milioni-uchebnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-godinava-se-obezbedeni-i-distribuirani-1-4-milioni-uchebnitsi/#respond Wed, 27 Sep 2023 12:16:16 +0000 https://kurir.mk/?p=882274

Преку откуп на учебници за кои Министерството за образование и наука не ги поседува авторските права и преку печатење на оние кои се во сопственост на МОН, досега во 2023 година обезбеден е тираж од 1.374.324 учебници. Над 98 проценти од нив, се веќе дистрибуирани, соопшти денеска МОН. Под координација на МОН, се наведува во соопштението, обезбедувањето на учебници за учениците од основните и средните училишта како процес под надлежност на повеќе институции и тела, годинава е значително унапреден. - За споредба пред 5 години, односно во 2018 година беа набавени 823.604 учебници. Во 2019 се набави тираж од 655.934 учебници, во 2020 вкупно 732.634 учебници. Во учебната 2021/2022 година се набавија вкупно 748.421 учебници. Податоците покажуваат дека учебникот како едно од основните полагала за совладување на наставната материја по сите предмети е значително подостапен, за разлика од минатите години, појаснуваат од МОН. Информираат дека учебниците од прво до петто одделение, за кои МОН ги поседува авторските права годинава се целосно набавени и испорачани до училиштата, исто како и учебниците од седмо до деветто одделение, кои пак, се во сопственост на издавачки куќи. За шесто одделение, одобрени се учебниците по природни науки, македонски и албански јазик, чија дистрибуција ќе заврши во текот на следната недела. Одобрен е и учебникот по математика и по завршување сите постапки, ќе може да се печати и испорача. - Важно е да се истакне дека по 15 - тина години, за прв пат се обезбедени нови учебници по 150 предмети во средното стручно образование, но и во гимназиското. И тие исто така, етапно се печатат и испорачуваат до училиштата, согласно искажаните потреби преку електронска апликација на министерството, пред почетокот на учебната година, се посочува во соопштението. Учебникот, стои во соопштението, е едно од наставните средства што се користи за постигнување на целите на воспитно-образовниот процес и треба да овозможи постигнување на националните стандарди на знаење, учење со разбирање и подигнување на креативноста, иновативноста и критичкото размислување кај учениците. - Изработката на квалитетен учебник е комплексен процес што зависи од повеќе фактори, независни од системско влијание. Но, МОН ќе продолжи и во иднина навремено да ги спроведува своите надлежности, согласно правната регулатива и да се заложува за обезбедување на квалитетни учебници за сите ученици, соопштија од МОН. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-godinava-se-obezbedeni-i-distribuirani-1-4-milioni-uchebnitsi/feed/ 0
МОН: Студентите да ги подигнат наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-studentite-da-gi-podignat-namenskite-platezhni-kartichki-za-subventsioniran-studentski-obrok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-studentite-da-gi-podignat-namenskite-platezhni-kartichki-za-subventsioniran-studentski-obrok/#respond Fri, 15 Sep 2023 07:31:07 +0000 https://kurir.mk/?p=878272

Студентите од втора и повисоките години на студии кои аплицирале и ги исполниле условите за субвенциониран студентски оброк, за што добиле потврда од Министерството за образование и наука, заради остварување на правото, како следен чекор имаат обврска задолжително да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка и да ги ажурираат своите податоци на https://netbanking.mk/studentPortal. - Потоа, ќе добијат информација преку СМС за точното време (најрано 24 часа од моментот на ажурирањето на податоците) и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменска студентска Visa картичка за субвенциониран оброк, преку која единствено ќе можат да ги користат средствата, објаснуваат од МОН. Министерството потсетува дека аплицирањето за ова право за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. -Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството, известуваат од МОН. Оттаму, посочуваат дека финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. - Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври, нагласуваат од Министерството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-studentite-da-gi-podignat-namenskite-platezhni-kartichki-za-subventsioniran-studentski-obrok/feed/ 0
Шаќири: До крајот на септември ќе бидат доставени сите учебници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-do-krajot-na-septemvri-ke-bidat-dostaveni-site-uchebnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-do-krajot-na-septemvri-ke-bidat-dostaveni-site-uchebnitsi/#respond Mon, 11 Sep 2023 14:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=876980

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири уверува дека до крајот на септември ќе бидат доставени учебниците за сите одделенија во основното образование односно за трето и за шесто каде што поради новите наставни програми доцни распределбата на учебниците. Очекува дека по уште еден состанок на Националната комисија за учебници кој ќе се одржи утре ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто и дека веднаш, како што рече, ќе се пристапи кон нивна техничко-графичка обработка, превод и достава во училиштата. - Сите учебници, според податоците што ги имаме добиено во Педагошката служба, се доставени. За трето одделение, како што ветивме, доставата завршува овие денови. За шесто најавив дека во четвртокот имаше состанок Националната комисија за учебници, а утре пак ќе има уште еден состанок и имам позитивни информации дека ќе бидат одобрени и последните учебници. Доставата за се што е за оваа година ќе се заврши до крајот на септември, изјави Шаќири во Охрид, по отворањето на меѓународната научна конференција во чии рамки се спроведува работилница за обука за Европскиот облак за отворена наука (EOSC). Министерот и овојпат на новинарски прашања одговори дека доцнењето се должи на тоа што првпат по подолг период има нови наставни програми согласно кои се изработува учебник. Бирото за развој на образованието, како што рече, за програмите за трето постапило побрзо отколку за шесто одделение за кое доцнело со доставувањето на програмите. - Барам разбирање бидејќи знаеме дека имаме одобрени учебници за прво одделение, исто како и за второ, четврто и петто и тие, во најголем дел се доставени на 1 септември, исто како и за седмо, осмо и деветто одделение. Оваа година ситуацијата се појави оттаму што имавме постапки на одобрување и постапки на печатење, додаде Шаќири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-do-krajot-na-septemvri-ke-bidat-dostaveni-site-uchebnitsi/feed/ 0
МОН: Изработката на учебници е комплексен процес што зависи од повеќе фактори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-izrabotkata-na-uchebnitsi-e-kompleksen-protses-shto-zavisi-od-poveke-faktori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-izrabotkata-na-uchebnitsi-e-kompleksen-protses-shto-zavisi-od-poveke-faktori/#respond Tue, 05 Sep 2023 12:19:16 +0000 https://kurir.mk/?p=874798

Министерството за образование и наука, укажува дека согласно законските и подзаконските акти навремено се започнати и извршувани активностите за изработка на учебниците, усогласени со важечката наставна програма. -Министерството нема законски механизми да влијае на пријавувањето на повиците за авторски тимови и повиците за рецензенти за нов учебник по одреден предмет. А, секој неуспешен повик, повлекува негово повторување, нови рокови и одолговлекување на постапката. Во меѓувреме, се случува да се неопходни корекции во текстовите на предложените учебници, што, исто така води до пролонгирање на процесот. По рецензентската проверка, текстот на учебникот до конечното одобрување, треба да го помине и филтерот на 17-члената Национална комисија за учебници, соопштуваат од МОН Посочуваат дека учебникот, како едно од наставните средства што се користи за постигнување на целите на воспитно-образовниот процес, треба да овозможи постигнување на националните стандарди на знаење, учење со разбирање и подигнување на креативноста, иновативноста и критичкото размислување кај учениците. -Нагласуваме дека во тек е темелна реформа на образованието која наметнува одредени неусогласености да се надминуваат во од. За да можеме да ја финализираме реформата, издигнувајќи го квалитетот на образованието, очекуваме од сите засегнати чинители да дадат поддршка, затоа што нашата цел, а веруваме и на сите останати – родителите, институциите, граѓаните, е учениците да стекнуваат знаења и вештини кои ќе ги направат рамноправни со нивните врсници од развиените земји, додаваат од МОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-izrabotkata-na-uchebnitsi-e-kompleksen-protses-shto-zavisi-od-poveke-faktori/feed/ 0
Ќе доцнат учебниците за шесто одделение, во фаза се на одобрување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-dotsnat-uchebnitsite-za-shesto-oddelenie-vo-faza-se-na-odobruvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-dotsnat-uchebnitsite-za-shesto-oddelenie-vo-faza-se-na-odobruvane/#respond Thu, 31 Aug 2023 11:33:57 +0000 https://kurir.mk/?p=873009

Учебната година ќе почне утре и ќе трае до 17 јуни 2024. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири им посака успеси на учениците и наставниците и ги соопшти новините пред утрешниот почеток на 2023/2024 година. Како што известуваше во претходните денови, ќе доцнат само учебниците за шесто одделение и тие ќе се распределуваат во училиштата штом бидат одобрени и се очекува да стигнат до крајот на септември. Учебниците за трето одделение, за кои како и за шесто годинава се прават нови учебници согласно новите наставни програми, се одобрени и се печатат така што во првата недела од септември учениците ќе ги добијат. -Учебниците за трето одделение се одобрени и во тек е постапката за печатење и доставување. За сите предмети се одобрени и се во фаза на техничко-графичко регулирање и во печатење. Така што денеска, утре, на почетокот на неделата, тековно ќе се доставуваат. Истото ќе се случи и со учебниците за шесто, кои се во напредна фаза на одобрување од Националната комисија за учебници. Потоа може да има жалбена постапка од одредени автори, но до крајот на септември тие ќе бидат доставени до сите ученици, рече Шаќири на прес-конференција по повод новата учебна година. Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали кои ги изработи Бирото за развој за образование (БРО) за трето и шесто одделение наменети и за учениците и за наставниците и достапни во електронска форма на веб-страницата на Бирото. На новинарско прашање дали чувствува одговорност за доцнењето на учебниците, Шаќири одговори дека тој како министер ја има завршено целата постапка на крајот на јули, кога е донесена одлуката за економски оператор за печатење, и дека не учествувал во постапките на Националната комисија за учебници, Педагошката служба и во мислењето на рецензентите. -Не можам да има одговорност за постапките кои не зависат од министерот за образование и наука. МОН веднаш кога добива одлука за печатење на учебник, тоа се завршува максимум како што е во законските рокови, додаде Шаќири. Во однос на спојувањето предмети, тој е дециден дека нема да биде загрозен фондот на часови на наставниците. -Во шесто одделение, и од старата програма и од претходните учебни години, предметот Природни науки беше спојуван и тука немавме дискусија. Дискусијата, со новата концепција, се отвори по предметот Општествени науки, каде имаме спојување на предметите Историја, Географија, Граѓанско образование. Тоа се однесува само за шесто одделение. Поради реакциите јас побарав од Бирото за развој на образование да се подготви техничко решение за годишен фонд на часови на наставниците по Географија, затоа што во годишниот фонд не се само часовите во шесто, туку и седмо, осмо, деветто одделение каде што имаат Географија. Тој е ист како и претходната учебна година што значи дека ќе нема проблем со фондот на часови, одговори Шаќири. Додаде дека БРО има упатство како треба да се организираат распоредите и дека некои училишта тоа го завршиле, некои се уште не. Повика да се разгледаат наставните програми и предвидените изборни предмети и раководствата да не одлучуваат според потребите на наставниот кадар, туку според анкетите на учениците и родителите. -Отворен сум ако има проблеми за седмо, осмо, каде дискусијата е попроблематична од шесто одделение, да се достави до МОН предлог за можни решенија - дали да се вратиме по старата Кембриџ-концепција или да продолжиме со решенијата од новата концепција, додаде Шаќири. Во однос на средното образование, информираше дека само во една година се одобрени 150 учебници, најголем дел во стручното образование и тие етапно ќе се печатат и доставуваат до учениците во тираж којшто ќе го пријавуваат самите училишта. Овие учебници се доставени во електронска форма односно на страницата на Педагошката служба се прикачени во порталот eucebnici.mon.gov.mk. Основците и средношколците првпат во оваа учебна година ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 5 мај. Шаќири на прес-конференцијата ја спомна и новината за примена на нов е-дневник изготвен со поддршка на ЕУ преку ИПА-фондови. Тој е во фаза на тестирање и паралелно се прават и обуки на администрација во 40 училишта во кои ќе се примени како пилот-проект додека се потврди неговата функционалност. Шаќири соопшти и дека МОН е фокусирано на инфраструктурата, така што во летниот период е завршена изградба или реконструкција на 56 училишни објекти. -Тоа значи дека од утре учениците ги очекуваат подобри услови за настава во неколку училишта. Ја подобруваме енергетската ефикасност, пристапноста на училишните простории за учениците со попреченост, хигиенско-санитарски услови итн. за што вложуваме 4,5 милиони евра, додаде министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-dotsnat-uchebnitsite-za-shesto-oddelenie-vo-faza-se-na-odobruvane/feed/ 0