монако – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 12 Aug 2023 06:09:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png монако – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мајк Џејмс заминува од Монако https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majk-dhejms-zaminuva-od-monako/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majk-dhejms-zaminuva-od-monako/#respond Sat, 12 Aug 2023 06:09:08 +0000 https://kurir.mk/?p=865991

Американскиот плејмејкер Мајк Џејмс е на излезните врати на францускиот тим Монако. Клубот од кнежевството веќе ја започна процедурата за да се прекине договорот со Џејмс, кој ќе стане слободен агент пред Мундобаскетот. За него постои интерес од Балканот. Прв и најсериозен кандидат за потпис со Џејмс е Олимпијакос, но грчкиот тим сака добро да ги разгледа можностите на пазарот. Заинтересирани за услугите на Американецот се и од Партизан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majk-dhejms-zaminuva-od-monako/feed/ 0
Мајкџ Џејмс сепак заминува од Монако https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majkdh-dhejms-sepak-zaminuva-od-monako/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majkdh-dhejms-sepak-zaminuva-od-monako/#respond Mon, 07 Aug 2023 03:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=864006

Американскиот кошаркар Мајк Џејмс, би можел да добие отказ во Монако. Џејмс е исклучително квалитетен играч, проблем претставува неговото однесување, минатата сезона неколку пати влезе во расправија со тренерот Саша Обрадовиќ. Грчките медиуми пишуваат дека откако во Мако дојде Кемба Вокер, во клубот сериозно размислуваат да се разделат со Џејмс. Според овие извори, сериозен интерес за Џејмс покажал Олимпијакос. Црвено-белите бараат плејмејкер кој ќе го надомести заминувањето на Костас Слукас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majkdh-dhejms-sepak-zaminuva-od-monako/feed/ 0
КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ОВА КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО – го отпушти пола раководство, а најмногу стравува светот да не го дознае ОВА! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koruptsiski-skandal-go-trese-ova-kralsko-semejstvo-go-otpushti-pola-rakovodstvo-a-najmnogu-stravuva-svetot-da-ne-go-doznae-ova/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koruptsiski-skandal-go-trese-ova-kralsko-semejstvo-go-otpushti-pola-rakovodstvo-a-najmnogu-stravuva-svetot-da-ne-go-doznae-ova/#respond Mon, 31 Jul 2023 11:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=861973

Принцот Алберт од Монако е замешан во поголема афера и му претстои правна битка поради наводите за неетички и коруптивни постапки, откако отпушти советник кој долго време бил „сива еминенција“ во неговата администрација. Клод Палмер (67), управителот на имотот на Алберт, доби наредба да се повлече, откако објави на мистериозна, анонимна интернет-страница, го обвинија за широко распространета корупција во кнежевството Монако. Оваа држава, инаку, има само 37.000 жители, но сразмерно најголем број милионери во светот. Случајот предизвика серија граѓански тужби и кривична истрага за наводите за корупција, пишува „Тајмс“. Постои можност оваа афера да открие и државни тајни на Монако. Принцот Алберт, го отпушти и Лоран Анселми (61), неговиот шеф на кабинет, па јавно се огради од Тјери Лакост (63), неговиот адвокат и пријател од детството, како и од Дидије Лино (75), претседател на Врховниот суд на Монако. Аферата претставува опасност од откривање на тајните и на самиот принц Алберт, на пр., за неговиот љубовен живот или бракот со принцезата Шарлин што постојано е под лупа на јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koruptsiski-skandal-go-trese-ova-kralsko-semejstvo-go-otpushti-pola-rakovodstvo-a-najmnogu-stravuva-svetot-da-ne-go-doznae-ova/feed/ 0
Челси пак се засилува од Монако https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/chelsi-pak-se-zasiluva-od-monako/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/chelsi-pak-se-zasiluva-od-monako/#respond Mon, 31 Jul 2023 03:54:08 +0000 https://kurir.mk/?p=861828

Челси реши уште еднаш, исто како и минатата зима, да потроши огромни пари на новајлии и извесно е дека ќе плати 45.000.000 евра за да има опција повеќе во одбраната. По Кристофер Енкунку и Николас Џексон, кои ќе го прошират офанзивниот корпус, на Стемфорд Бриџ ќе пристигне и Аксел Дисаси. И тоа по цена од споменатите 45.000.000 евра, кои англискиот тим се согласи да му ги плати на Монако. Информацијата ја објави Дејвид Оренштајн, новинар на Атлетик, неодамна позициониран како еден од најдобрите разузнавачи на Островот кога се во прашање клубовите од Премиер лигата. По неговите сознанија, останува само Дисаси да пристигне во Лондон и да ги направи лекарските прегледи пред да го потпише договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/chelsi-pak-se-zasiluva-od-monako/feed/ 0
Мајк Џејмс и следната сезона останува во Монако https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majk-dhejms-i-slednata-sezona-ostanuva-vo-monako/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majk-dhejms-i-slednata-sezona-ostanuva-vo-monako/#respond Thu, 27 Jul 2023 04:26:08 +0000 https://kurir.mk/?p=860474

Американскиот кошаркар Мајк Џејмс ги разреши сите дилеми околу својата иднина откако реши да остане во Монако и во наредната сезона. Одличниот бек имаше клаузула во договорот што му овозможуваше да се пресели во НБА, доби и неколку понуди од најсилната лига во светот, но на крајот реши да остане во таборот на „кнезовите“ и со овој тим да се обиде да стигне до трофејот во Евролигата. За потсетување, Монако летово го ангажираше повеќекратниот олстар-играч Кемба Вокер, кој заедно со Мајк Џејмс ќе формира извонреден бековски тандем што дефинитивно ќе биде кошмар за противниците, како во француското првенство, така и во елитното европско натпреварување. Мајк Џејмс минатата сезона постигнуваше во просек од 15,9 поени, 4,4 асистенции и 3,7 скокови по натпревар. Монако во меѓувреме ги прекина преговорите со Никола Миротиќ, откажувајќи се од намерата да го доведе екс-кошаркарот на Барселона во своите редови]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majk-dhejms-i-slednata-sezona-ostanuva-vo-monako/feed/ 0
Монако го продолжи договорот со литванскиот кошаркар Монтејунас https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/monako-go-prodolzhi-dogovorot-so-litvanskiot-kosharkar-montejunas/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/monako-go-prodolzhi-dogovorot-so-litvanskiot-kosharkar-montejunas/#respond Mon, 24 Jul 2023 04:03:12 +0000 https://kurir.mk/?p=859270

Литванскиот кошаркар Донатас Монтејунас и следната сезона ќе го носи дресот на францускиот евролигаш, Монако. Оваа информација ја потврди и клубот на својата официјална страница. 32-годишниот Монтејунас потпиша едногодишен договор и ќе се задржи во тимот предводен од српскиот тренер Саша Обрадовиќ. Монако вчера го објави и бомбастичниот трансфер на Кемба Вокер од Далас Маверикс, па овие денови веројатно се навистина убави за навивачите на францускиот тим. Минатата сезона Монтејунас просечно играше по 19,2 минути во Евролигата и забележа солиден учинок од 9,2 поени и 4,5 скокови. За високиот Литванец ова ќе биде трета сезона во Монако. Францускиот тим минатата сезона за првпат се пласираше на завршниот турнир во Евролигата, а се чини дека амбициите за следната кампања се уште повисоки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/monako-go-prodolzhi-dogovorot-so-litvanskiot-kosharkar-montejunas/feed/ 0
Кемба Вокер потпиша за тим од Евролигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kemba-voker-potpisha-za-tim-od-evroligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kemba-voker-potpisha-za-tim-od-evroligata/#respond Sat, 22 Jul 2023 06:08:04 +0000 https://kurir.mk/?p=858856

Некогашната ѕвезда на Шарлот Бобкетс (Хорнетс) и екс член на Бостон Селтикс, Њујорк Никс и Далас Маверикс, Кемба Вокер за прв пат во својата кариера ќе се испроба надвор од САД, Канада и НБА лигата, односно доаѓа во Европа каде ќе настапува за една од најдобрите екипи во Евролигата. Четиркратниот НБА Ол стар се договори со француски Монако, тим кој ланската сезона ја заврши на третата позиција во Евролигата. Се работи за едногодишен договор кој дефинитивно е голема работа за Монако и воедно европската кошарка затоа што плејмејкерот е еден од играчите кој имаше значајна улога во НБА во изминатава деценија со тоа што мора да се потенција дека во последниве сезони не беше на посакуваното, очекуваното ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kemba-voker-potpisha-za-tim-od-evroligata/feed/ 0
Капитенот на Монако обвинет за силување https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kapitenot-na-monako-obvinet-za-siluvane/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kapitenot-na-monako-obvinet-za-siluvane/#respond Fri, 14 Jul 2023 08:58:51 +0000 https://kurir.mk/?p=856596

Против капитенот на францускиот фудбалски прволигаш Монако, Висам Бен Једер, е поведено обвинение за сексуален напад што наводно се случил на почетокот на оваа недела на Азурниот брег, јавија синоќа локалните медиуми. Јавниот обвинител во градот Ница рече дека „постојат две пријави за силување и две жртви“. „Не го знаеме идентитетот на вториот осомничен“, изјави судијата, а француските медиуми пренесуваат дека тоа би можел да биде помладиот брат на Бен Једер. Според Франс инфо, две девојки на возраст од 19 и 20 години ги пријавиле во полиција Бен Једер и неговиот помлад брат дека „им наметнале сексуални активности“, откако заедно вечерале во ресторан. Бен Једер, кој за француската репрезентација има 19 настапи, во април оваа година беше осуден на шестмесечна условна затворска казна од судот во шпанскиот град Севиља поради затајување данок. Му беше изречена и парична казна од 133.798 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kapitenot-na-monako-obvinet-za-siluvane/feed/ 0
НАЈТАЖНАТА ПРИНЦЕЗА НА СВЕТОТ ПОВЕЌЕ НЕ ЛИЧИ НА СЕБЕ – шокираше со изгледот појавувајќи се на трка на Формула 1 (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/najtazhnata-printseza-na-svetot-poveke-ne-lichi-na-sebe-shokirashe-so-izgledot-pojavuvajki-se-na-trka-na-formula-1-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/najtazhnata-printseza-na-svetot-poveke-ne-lichi-na-sebe-shokirashe-so-izgledot-pojavuvajki-se-na-trka-na-formula-1-foto/#respond Wed, 31 May 2023 15:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=840930

Принцезата Шарлин од Монако се појавила на трка на Формула и ги шокирала сите со своето ново издание Принцезата која изгледала многу замислено додека ја фотографирале како стои покрај својот сопруг принцот Алберт, се појавила во долг интересен фустан со линии, но и со нова боја на косата. Имала незабележлива шминка и убави, едноставни обетки, а многумина коментирале дека никогаш не изгледала поубаво. Ова кралско семејно појавување се случило неколку недели откако одредени француски медиуми пишувале дека принцезата Шарлин и принцот Алберт се во процес на развод – нешто што палатата одлучно го негирала. Исто така, се зборува дека екипата од ТВ-серијата „Круна“, по завршувањето на британската верзија, ќе почне да работи на монегашка, па ако тоа е вистина, нè очекуваат многу интересни детали од животот на Грејс Кели и принцот Рени, но и на други членови на кралското семејство кое веќе со децении ја интригира јавноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/najtazhnata-printseza-na-svetot-poveke-ne-lichi-na-sebe-shokirashe-so-izgledot-pojavuvajki-se-na-trka-na-formula-1-foto/feed/ 0
Монако дојде до третото место на Ф4 во кошаркарската Евролига https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/monako-dojde-do-tretoto-mesto-na-f4-vo-kosharkarskata-evroliga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/monako-dojde-do-tretoto-mesto-na-f4-vo-kosharkarskata-evroliga/#respond Sun, 21 May 2023 16:28:26 +0000 https://kurir.mk/?p=837050

Кошаркарите на Монако стигнаа до најголемиот успех во клупската кариера откако на Ф4 турнирот во Евролигата го освоија третото место. Французите во малото финале на завршниот турнир во Каунас ја совладаа фаворизираната Барселона со убедливи 78-66. Избраниците на Саша Обрадовиќ фуриозно го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност (24-13). До крајот на мечот успеаја да го исконтролираат натпреварот и да стигнат до конечен триумф од 78-66. Стразел со 14 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 15 поени на Миротиќ. Финалето во кое ќе се сретнат Олимпијакос и Реал Мадрид на програмата е од 19 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/monako-dojde-do-tretoto-mesto-na-f4-vo-kosharkarskata-evroliga/feed/ 0