монаси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Aug 2021 18:00:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png монаси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Големи пожари на островот Евија, монаси одбиваат евакуација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golemi-pozari-na-ostrovot-evija-monasi-odbivaat-evakuacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golemi-pozari-na-ostrovot-evija-monasi-odbivaat-evakuacija/#respond Wed, 04 Aug 2021 18:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=546288

Грчките власти наложија нова евакуација на жителите во селата во северниот дел на островот Евија, кои се опкружени со големи пожари, а од вчера се повредени тројца пожарникари. Според најновата наредба, жителите и туристите во Кулурос, Марулија, Ровиес и Палаиохори мора да ги напуштат своите домови како мерка на претпазливост на вториот по големина грчки остров, пренесува „Катимерини“. Пожарникари, авиони за гаснење пожари, општински екипи и волонтери се обидуваат да го локализираат огнот кој избувна вчера во шумата кај селото Лимни и се чинеше дека има подобрување во гаснењето на пожарот, се додека промената на правецот на ветрот повторно го запали огнот и се прошири во различни насоки. Ситуацијата е особено опасна во областа Дримонас, каде група монаси не сакаат да го напуштат манастирот „Свети Давид“, иако зградата е опкружена со оган. – Ситуацијата е многу тешка. Пламенот е висок 30 до 40 метри во борова шума, огнот го опколи манастирот. Се задушуваме од чадот, ова е кошмар, изјави манастирскиот старешина за државната новинска агенција АНА-МПА. Гувернерот на централна Грција, Димитрис Вурданос, кој беше во манастирот со регионалниот гувернер, Фанис Спанис, се обидува да ги убеди монасите да се евакуираат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golemi-pozari-na-ostrovot-evija-monasi-odbivaat-evakuacija/feed/ 0
Пиварница во манастир: Монаси во Белгија произведуваат и продаваат пиво на интернет https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pivarnica-vo-manastir-monasi-vo-belgija-proizveduvaat-i-prodavaat-pivo-na-internet/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pivarnica-vo-manastir-monasi-vo-belgija-proizveduvaat-i-prodavaat-pivo-na-internet/#respond Wed, 19 Jun 2019 10:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=210719

Белгиски монаси кои го произведуваат едно од најбараните пива на светот, отвораат своја интернет-страница каде што ќе го продаваат пивото, а и ќе се борат против препродавачите и нивната нелегална заработка. Опатијата Свети Сикст во Вествлетерен, Фландрија, е една од 14-те „Трапист“ пивари, каде што може да се набави ковчег од тоа пиво за околу 45 евра, односно 1,8 евра по шише. Препродажбата досега не беше строго забранета, но е секогаш препорачана и едно лице може да купи најмногу два ковчега. Така се појави и нелегалната препродажба и тоа во супермаркет, па тоа ги натера монасите – нарачките за производот да одат на интернет. – Сфативме дека проблемот е навистина сериозен, кога една компанија може да купи толкаво количество. Тоа многу нè вознемири, изјави еден од монасите, отец Годфри. Така, во Дубаи, на пример, шише од тоа пиво чини 300 долари. Новиот систем ќе бара од купувачите да ги внесат личните податоци, како адреса или број на регистерски таблички, а приоритет ќе бидат оние купувачи кои најдолго чекале од последното купување. – Продажбата на пивото од нашата опатија останува исклучиво за приватни купувачи, истакнува монахот Ман ван Хек. По правило, за да се произведува ова пиво, мора да се биде член на Интернационалната Трапист асоцијација (ИТА), која наложува пивото да го прават монаси во опатија под надзор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pivarnica-vo-manastir-monasi-vo-belgija-proizveduvaat-i-prodavaat-pivo-na-internet/feed/ 0
Десетина монаси повредени при грабеж во црква во Виена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-monasi-povredeni-pri-grabez-vo-crkva-vo-viena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-monasi-povredeni-pri-grabez-vo-crkva-vo-viena/#respond Thu, 27 Dec 2018 18:12:44 +0000 https://kurir.mk/?p=145876

Меѓу осум и 15 монаси се повредени попладнево при грабеж во католичка црква во австрискиот главен град Виена. Инцидентот се случил кога две лица упаднале во манастирската црква во населбата Флоридсдорф во северниот дел на Виена, каде ги ограбиле присутните монаси, нанесувајќи им повреди на дел од нив. Според изјави на монасите, грабежот „траел со часови“. Австриската полиција соопшти дека нејзини припадници пристигнале во црквата три часа по упадот на крадците, при што ги пронашле монасите „врзани и некои од нив и тешко повредени“. Полицијата ја исклучува можноста дека инцидентот е поврзан со тероризам. Во потрагата по насилниците учествуваат повеќемина полицајци со десетина возила и хеликоптер. Полициски извори информираа дека не е исклучено во грабежот да биле вмешани и други лица, како и дека е можно во манастирскиот комплекс да бидат пронајдени и други повредени лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-monasi-povredeni-pri-grabez-vo-crkva-vo-viena/feed/ 0
Грчките монаси од Света Гора не го прифаќаат Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-monasi-od-sveta-gora-ne-go-prifakjaat-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-monasi-od-sveta-gora-ne-go-prifakjaat-dogovorot-od-prespa/#respond Thu, 28 Jun 2018 14:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=70864

Света Гора смета дека признавањето на македонскиот јазик и македонската националност од страна на грчката држава е „непочитување на историјата и вистината и предавство на националната свест на хеленизмот“. По повод решавањето на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција, Светата заедница на Света Гора излезе со соопштение во кое вели дека за нив Договорот не е прифатлив. - Како монаси од Света Гора, пренесувачи и чувари на над илјадагодишната историска, духовна и културна традиција и наследство, не можеме да прифатиме отстапување на македонски идентитет за јазик и нација што немаат никаква врска со античкиот грчки македонски дијалект и грчката припадност на античките Македонци, соопштуваат од Светата заедница на Света Гора во однос на договорот од Преспа Како што јави дописничката на МИА од Атина, монасите велат дека не е можно грчката држава да усвои обрзувачки меѓународен договор што не е прифатен од огромното мнозинство на народот и ги повикуваат грчката Влада и грчкиот Парламент „да ги почитуваат волјата на грчкиот народ и историската вистина“. Велат дека не можат да сфатат, како е можно грчките политичари со универзитетски дипломи, меѓу нив и универзитетски професори „да го потпишат отстапувањето на македонскиот јазик и државјанство на народ кој докажано, во најголем дел има словенско јазично и национално потекло“. Во соопштението кое го објавија грчките медиуми, потпишаните претставници на 20 манастири од Света Гора велат дека секако како христијани, тие треба да се стремат кон „обединетост на целото православие, решавање на расколот и избегнување на јадра за религиозни и етнички фанатизам и омраза“ и дека е потребно и пожелно решавање на спорот со името. Како пример ги споменуваат верниците од нашата држава кои во голем број секоја година ја посетуваат Света Гора во потрага по духовен мир. Сепак, додаваат дека не е можно во има на овие придобивки решавањето на проблемот да биде преку „брза, нетранспарентна и кратка процедура со прифаќање позиции спротивни на научната вистина, историската реалност и историското сеќавање, на начин кој ја навредува националната свест на грчкиот народ“. - Нека Пресвета Богородица, заштитникот на Света Гора, ја осветли власта за да ја сфати нејзината грешка, да ја исправи и да постигне договор, кој ќе ја почитува вистината и ќе биде основа за единство и мирен соживот на двата народа со иста вера, во рамките на нашата православна црква, пишуваат на крајот од соопштението, претставниците на 20-те манастири од Света Гора, пренесува МИА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-monasi-od-sveta-gora-ne-go-prifakjaat-dogovorot-od-prespa/feed/ 0