монета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Nov 2022 21:21:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png монета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Канада пронајдена англиска монета искована 70 години пред откривањето на Америка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-kanada-pronajdena-angliska-moneta-iskovana-70-godini-pred-otkrivanjeto-na-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-kanada-pronajdena-angliska-moneta-iskovana-70-godini-pred-otkrivanjeto-na-amerika/#respond Wed, 16 Nov 2022 21:37:25 +0000 https://kurir.mk/?p=762034

Откривањето на златната паричка на јужниот брег на Њуфаундленд во Канада би можело да го доведе во прашање историскиот наратив за прв европски контакт во регионот, бидејќи првото доаѓање од Европа на тој остров се случило најмалку 70 години откако била искована паричката. Во соопштението за јавност објавено минатата недела, владата на Њуфаундленд и Лабрадор информираше дека англиската монета била пронајдена летоска од страна на Едвард Хајс, локален историчар, кој согласно законот за историско наследство пронајдокот го пријавил кај локалните власти. Монетата стара 600 години му претходи на првиот документиран контакт на Европа со Северна Америка. По консултација со Пол Бери, поранешен кустос на Музејот за пари на Канадската банка, било востановено дека паричката е од периодот на Хенри VI и дека била искована во Лондон помеѓу 1422 и 1427 година. Паричката денес би имала вредност од 61 американски долар. Пред ова откритие, паричката искована во 1490-тите години која беше пронајдена во 2021 година на локалитетот Кјупидс Ков Плантејшн се сметаше за најстара англиска монета пронајдена во Канада. Со оглед на тоа што Бери смета дека паричката веројатно била вон оптек кога била изгубена, постојат многу претпоставки за тоа како точно паричката стигнала до Њуфаундленд и Лабрадор. Точната локација каде е откриена се држи во тајност за да не се охрабруваат ловците на богатство. Во интервју за CBC, археологот Џејми Брејк вели дека по завршување на испитувањата паричката ќе биде јавно изложена во музејот The Rooms во главниот град на провинцијата Сент Џон. Приказните за доаѓањето на Викинзите се содржани во исландските саги, вклучувајќи ги посетите на Леиф Ериксон пред повеќе од 1.000 години и археолошки докази за нордиска населба пронајдена во Л'Анс о Медоус, која беше прогласена за светско наследство на УНЕСКО во 1978 година. Други непотврдени извештаи за европски контакт вклучуваат приказни од англиските Каналски Острови за брод кој кон крајот на XV век скршнал од курсот во чудна земја „полна со риби“. Во 1583 година, Њуфаундленд станал првиот посед на Англија во Северна Америка, а воспоставувањето рибарство на надворешниот брег на островот му оневозможило на домородното население пристап до изворите со храна. „Некое време има одредени сознанија за присуството на Европа пред XVI век, исклучувајќи ги Викинзите. Можноста за окупација пред XVI век би била неверојатно откритие“, рече археологот Брејк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-kanada-pronajdena-angliska-moneta-iskovana-70-godini-pred-otkrivanjeto-na-amerika/feed/ 0
Ликот на Никола Тесла се најде на хрватска монета од 20 центи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/likot-na-nikola-tesla-se-najde-na-hrvatska-moneta-od-20-centi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/likot-na-nikola-tesla-se-najde-na-hrvatska-moneta-od-20-centi/#respond Fri, 04 Feb 2022 11:55:04 +0000 https://kurir.mk/?p=626988

На денешната седница на хрватскиот Националнен совет за еврото беа претставени избраните дизајни од националната страна на хрватските монети на еврото и цент. - Кога Хрватска ќе ги усвои евро-монетите, тие ќе имаат дизајн на мотиви што ќе ја претставуваат Хрватска, рече Пленковиќ на почетокот на седницата. - Најмногу гласови доби ликот на Никола Тесла. Избраните мотиви се шаховница, географска карта, куна, Никола Тесла и глаголица, рече тој. На монетата од две евра ќе има географска карта, на едно евро куна, за 50, 20 центи Никола Тесла, а на помали апоени ќе биде глаголицата. Прворангираните предлози беа прифатени и од Советот на Унијата, рече премиерот и им честиташе на авторите Иван Шивак, Стјепан Прањковиќ, Иван Домагој Рачиќ и Маја Шкрипељ, пренесува Дневник.хр. Гувернерот на Хрватската народна банка (ЦНБ), Борис Вујчиќ, ќе им додели награди на авторите на најуспешните решенија за дизајн на хрватските евро-монети. За разлика од евро банкнотите, кои се исти кај сите членки на еврозоната, монетите во евра и центи носат информации од земјата што ги издала и на задната страна ги покажуваат националните симболи на таа земја]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/likot-na-nikola-tesla-se-najde-na-hrvatska-moneta-od-20-centi/feed/ 0
ФОТО: Монета во чест на сер Елтон Џон https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-moneta-vo-chest-na-ser-elton-dzon/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-moneta-vo-chest-na-ser-elton-dzon/#respond Mon, 06 Jul 2020 09:26:51 +0000 https://kurir.mk/?p=369750

Британскиот музичар сер Елтон Џон денеска стана вториот уметник за оваа година, со ликот на комеморативна монета на британската Кралска ковница. Паричката ја дизајнираше Бредли Морган Џонсон, а на неа се прикажани ноти, како и сламен шешир и очила, по коишто Елтон Џон е познат. Познатиот пејач изјави дека е почестен од ова признание. Сер Елтон Џон ја има добиено и титулата витез, која 1998 година му ја доделила британска кралица Елизабета Втора. Претходно годинава, своја монета од британската Кралска ковница доби и рок-групата „Квин“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-moneta-vo-chest-na-ser-elton-dzon/feed/ 0
ФОТО: Ова е најмалата паричка на светот- досега се направени само 999 https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ova-e-najmalata-parichka-na-svetot-dosega-se-napraveni-samo-999/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ova-e-najmalata-parichka-na-svetot-dosega-se-napraveni-samo-999/#respond Thu, 23 Jan 2020 10:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=293553

Швајцарија ја издаде најмалата монета на светот. Има вредност од четвртина швајцарски франк, а на сликата е познатата поза на Алберт Ајнштајн каде што тој се плази. Според државната ковачница за пари Свисминт, паричката од 2,96 милиметри и тешка 0,063 грама, е најмала на светот. Во соопштението се наведува дека се направени само 999 парички и ќе се продаваат за 199 франци со посебна лупа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ova-e-najmalata-parichka-na-svetot-dosega-se-napraveni-samo-999/feed/ 0
Велика Британија го одбележува заминувањето од ЕУ со издавање на специјална монета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-go-odbelezuva-zaminuvanjeto-od-eu-so-izdavanje-na-specijalna-moneta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-go-odbelezuva-zaminuvanjeto-od-eu-so-izdavanje-na-specijalna-moneta/#respond Mon, 29 Oct 2018 15:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=120948

Велика Британија ќе го одбележи истапувањето од ЕУ наредната година со издавање на специјална монета. Британскиот министер за финансии Филип Хемонд го промовира издавањето на специјалната монета со аопен од 50 пени. На монетата ќе пишува „Пријателство со сите нации“ и ќе биде издадена на 29 март, кога Велика Британија треба да го напушти европскиот блок по 45 години членство. Противниците на Брегзит не се импресионирани од овој гест и на социјалните мрежи се шегуваа за негативните аспекти од напуштањето на ЕУ на британската економија. Пратеникот на опозициската Лабуристичкат партија, Вес Стиринг на Твитер напиша дека Владата претставува нова монета вредна од 50 пени по Брегзит, со слика над банкнота од една фунта, која во моментов вреди двојно повеќе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-go-odbelezuva-zaminuvanjeto-od-eu-so-izdavanje-na-specijalna-moneta/feed/ 0
Белата куќа изработи монета за средбата Трамп – Ким https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-izraboti-moneta-za-sredbata-tramp-kim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-izraboti-moneta-za-sredbata-tramp-kim/#respond Tue, 22 May 2018 08:05:30 +0000 https://kurir.mk/?p=56886

Белата куќа изработи комеморативна монета за претстојната историска средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун. Монетата е украсена со профилите на Трамп и Ким кои се означени како „врховни лидери“ а на задната страна се знамињата на двете земји. На врвот на медалот се наоѓа натпис „мировни преговори, а на дното годината 2018 “. Трамп и Ким треба да се сретнат на 12 јуни во Сингапур, иако Пјонгјанг неодамна се закани со можност за откажување на средбата. Белата куќа редовно изработува комеморативни монети кои се подаруваат на високи функционери или се даваат како сувенири на посетителите. Поради неизвесноста за одржување на средбата голем број твитераши бурно реагираа на таа социјална мрежа, коментирајќи дека е избрзана изработката на ваква паричка, пишува „ Гардијен“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-izraboti-moneta-za-sredbata-tramp-kim/feed/ 0
Откако ќе го прочитате ова веќе никогаш нема да земете монета која ќе ја најдете на улица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkako-kje-go-prochitate-ova-vekje-nikogash-nema-da-zemete-moneta-koja-kje-ja-najdete-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkako-kje-go-prochitate-ova-vekje-nikogash-nema-da-zemete-moneta-koja-kje-ja-najdete-na-ulica/#respond Mon, 01 Jan 2018 20:15:03 +0000 http://kurir.mk/?p=5160

Кога ќе видите монета на улица сигурно си викате „среќа“ и ја земате и складирате во паричникот, мислејќи дека ќе ви донесе уште пари. Според источните суеверија тоа не е така. Според нив штом монетата е изгубена, тоа значи дека и претходниот сопственик имал лоша среќа со парите. Доколку ја земеме монетата, со нејзе ќе ја земеме и лошата карма. Само ако милионер ја загубил можеме да ја земеме, но тоа нема како да го знаеме. Има уште многу суеверија и знаци за монетите. Ако не сакаме само да даваме пари, тогаш кога тоа ќе го правиме не треба да го гледаме човекот во очи. Лоша карма претставувало и раситнувањето на пари. Доколку ви требаат ситни пари едноставно купете си нешто со парата, со што ќе ја раситните. За да не се нарушува енергијата на размена на парите, секогаш треба да земаме со левата и да даваме со десната рака. Лесни и брзо пари не треба да држиме дома. Колку и да не ви се верува, нивната енергија лошо ќе влијае на вас финансиски. Овие брзи и лесни пари треба да ги потрошите што побрзо. Нешто интересно – никогаш не седете на масата за вечерање ако таа не е сервирана! Седењето на празна маса по зајдисонце значи празен паричник. Не треба да чуваме на масата ништо празно, како чаши, чинии, шишиња и сл. Со други зборови – не треба да има ништо празно покрај вас за да ви е полна банкарска сметка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkako-kje-go-prochitate-ova-vekje-nikogash-nema-da-zemete-moneta-koja-kje-ja-najdete-na-ulica/feed/ 0