монетарни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 May 2020 11:28:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png монетарни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Прво те игнорираат, потоа ќе те исмејуваат, па те напаѓаат, следно те копираат, и на крај – победуваш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/mickoski-prvo-te-ignoriraat-potoa-kje-te-ismejuvaat-pa-te-napagjaat-sledno-te-kopiraat-i-na-kraj-pobeduvash/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/mickoski-prvo-te-ignoriraat-potoa-kje-te-ismejuvaat-pa-te-napagjaat-sledno-te-kopiraat-i-na-kraj-pobeduvash/#respond Wed, 13 May 2020 11:28:03 +0000 https://kurir.mk/?p=345336

Прво те игнорираат, потоа ќе те исмејуваат, па те напаѓаат, следно те копираат, и на крај - победуваш, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешниот донесен пакет монетарни мерки од страна на Народната Банка. Бо продолжение ви ја пренесуваме целата реакција на лидерот на партијата Христијан Мицкоски: Во месец март кога јасно се гледаше дека стопанството ќе претрпи сериозен удар, на прес конференција предложив ослободување на стерилизирани средства во Народна банка преку благајничките записи и намалување на каматната стапка. Основна цел на овој потег е двонасочна, банките вишокот ликвидност да ја пласираат во поддршка на буџетот преку купување на државни хартии од вредност и државни записи и втората насока, директно кредитирање на стопанството. Овој предлог го дадов затоа што тие пари се потребни за санирање на последиците од здравствената и економска криза предизвикана од корона вирусот. На прва веднаш бев одбиен и примитивно исмеван. Тогаш Заев, Спасовски и останатите го исмеваа овој предлог и велеа дека тоа било “инженерска економија”, сакајќи да потценат, навредат. Но, денес се докажува дека таа “инженерска економска политика” е поуспешна и поефикасна во однос неговата политика насловена “евро за батето” во справувањето со последиците предизвикани од пандемијата. Ја користам оваа прилика на одговорните од Народната банка да им честитам што веќе втор месец, практично го спроведуваат предлогот и на тој начин, најпрвин во април ослободија 8 милијарди денари, а сега во мај ослободуваат дополнителни 7 милијарди денари или вкупно на располагање се 15 милијарди денари или 250 милиони евра свеж капитал кој банките и владата може да го користат за помош на стопанството и редовно сервисирање на обврските од буџетот кон граѓаните. На крај би сакал да го потенцирам следното, иако тие го негираа, критикуваа и исмејуваа мојот предлог, добро е што истиот со задоцнување го применуваат, затоа што граѓаните треба да имаат корист од сето ова, и затоа што уште еднаш се покажа дека сме различни со СДСМ и Зоран Заев во секој поглед. Во минатото како опозиција, во услови на криза, СДСМ ја кодошеше државата, пишуваше писма и правеше опструкции преку техничките министри во владата, а денес ВМРО-ДПМНЕ со квалитетни и добро осмислени предлози, во услови на тотално неспособна влада, на прво место ги става интересите на граѓаните и државата. Секогаш и во секоја прилика додека ја водам партијата, довербата од граѓаните нема да ја разочарам. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/mickoski-prvo-te-ignoriraat-potoa-kje-te-ismejuvaat-pa-te-napagjaat-sledno-te-kopiraat-i-na-kraj-pobeduvash/feed/ 0
Нов пакет монетарни мерки на Народна банка, основната каматна стапка намалена на 1,5 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nov-paket-monetarni-merki-na-narodna-banka-osnovnata-kamatna-stapka-namalena-na-1-5-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nov-paket-monetarni-merki-na-narodna-banka-osnovnata-kamatna-stapka-namalena-na-1-5-otsto/#respond Wed, 13 May 2020 09:55:26 +0000 https://kurir.mk/?p=345302

Народната банка донесе нов пакет монетарни мерки со кои ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни проени со што таа ќе изнесува 1,5 проценти. Проширен е и опфатот на инструменти за обезбедување денарска ликвидност во банкарскиот систем. Со релаксирањето на монетарната политика треба да се обезбеди поддршка од банките на домашната економија преку зголемување на кредитната активност и ублажување на ефектите од негативниот шок врз економијата. Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП) на вчерашната седница ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. – По намалувањето на основната каматна стапка во јануари и март, на оваа седница на Комитетот се донесе одлука за нејзино повторно намалување за 0,25 процентни поени, со што таа ќе изнесува 1,5 проценти. Истовремено, по намалувањето на износот на благајнички записи којшто беше понуден на априлската аукција, на седницата беше одлучено понудата на благајнички записи на аукцијата што ќе се одржи денеска да се намали за нови седум милијарди денари. Заедно со средствата коишто беа ослободени со намалената понуда на благајнички записи на аукцијата во април се ослободуваат вкупно 15 милијарди денари, коишто се очекува да овозможат натамошна поддршка на македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем, соопшти Народната банка. Оттаму објаснуваат дека одлуката за натамошно монетарно релаксирање се темели на стабилизирањето на очекувањата и довербата на економските субјекти во последниот период, видливо преку подобрените движења на девизниот пазар и кај депозитите во банкарскиот систем. Тие околности, при истовремено комфорно ниво на девизните резерви и умерена инфлација, а при оцена за неповолни ефекти од здравствената криза врз економската активност на краток рок, отвораат простор за натамошна поддршка преку монетарната политика. -Ова релаксирање на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките, како и за обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем, којшто соодветно ќе може банките да ја искористат за поддршка на домашната економија преку зголемување на кредитната активност и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија, информира централната банка. На седницата е одлучено да се направат и дополнителни промени преку коишто од централната банка ќе им се овозможи на банките поголем пристап до ликвидност, доколку во следниот период се појави таква потреба, што индиректно отвора и дополнителен простор за зголемена кредитна поддршка на економијата. Поконкретно, известуваат од банката, со овие промени се прошири опфатот на хартиите од вредност коишто Народната банка може да ги прифати од домашните банки како инструменти за обезбедување денарска ликвидност во банкарскиот систем. Така, при спроведување на монетарните операции за откуп на хартии од вредност на привремена или дефинитивна основа, Народната банка ќе може да ги прифаќа и домашните државни обврзници со најдолга рочност (15 и 30 години), како и еврообврзниците издадени од страна на државата на меѓународните финансиски пазари, коишто се во сопственост на домашните деловни банки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nov-paket-monetarni-merki-na-narodna-banka-osnovnata-kamatna-stapka-namalena-na-1-5-otsto/feed/ 0