монети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 18:13:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png монети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американец стана милионер преку ноќ: Под своето поле со пченка нашол 800 златници https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanets-stana-milioner-preku-nok-pod-svoeto-pole-so-pchenka-nashol-800-zlatnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanets-stana-milioner-preku-nok-pod-svoeto-pole-so-pchenka-nashol-800-zlatnitsi/#respond Mon, 14 Aug 2023 18:13:06 +0000 https://kurir.mk/?p=866601

Човек од американската сојузна држава Кентаки стана милионер преку ноќ, откако на своето поле со пченка пронашол ретки златни монети од времето на американската Граѓанска војна (1861 - 65), за коишто се проценува дека вредат милиони долари. Тој ископал повеќе од 800 кованици што датираат од 1840 до 1863 година. Видеоснимка од откритието објави „Говминт“ (GovMint), куќа специјализирана за продажба на монети. „Најневеројатното откритие околу ова закопано богатство е во 18-те златни парички од 20 долари од 1863 година. Ова е монета што честопати достигнува шест цифри на наддавањата“, се наведува во написот. Се претпоставува дека паричките можеби биле закопани како по декларацијата за неутралност на Кентаки во Граѓанската војна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanets-stana-milioner-preku-nok-pod-svoeto-pole-so-pchenka-nashol-800-zlatnitsi/feed/ 0
Стари монети со вредност од околу 2.350.000 денари најдени во багажот на македонски државјанин кој патувал за САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stari-moneti-so-vrednost-od-okolu-2-350-000-denari-najdeni-vo-bagazhot-na-makedonski-drzhavjanin-koj-patuval-za-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stari-moneti-so-vrednost-od-okolu-2-350-000-denari-najdeni-vo-bagazhot-na-makedonski-drzhavjanin-koj-patuval-za-sad/#respond Tue, 25 Jul 2023 09:10:07 +0000 https://kurir.mk/?p=859744

На 22.07.2023 година, околу 17:00 часот на Меѓународниот Аеродром во Скопје на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник - македонски државјанин кој патувал за САД. Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари. Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stari-moneti-so-vrednost-od-okolu-2-350-000-denari-najdeni-vo-bagazhot-na-makedonski-drzhavjanin-koj-patuval-za-sad/feed/ 0
ШВЕРЦУВАЛ НАД 1000 РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ МОНЕТИ: Скопјанец уапсен на ГП Табановце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shvertsuval-nad-1000-razlichni-vidovi-moneti-skopjanets-uapsen-na-gp-tabanovtse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shvertsuval-nad-1000-razlichni-vidovi-moneti-skopjanets-uapsen-na-gp-tabanovtse/#respond Sat, 01 Apr 2023 09:44:30 +0000 https://kurir.mk/?p=818773

На 31.03.2023 во 14.30 часот на ГП Табановце, при влез во државата, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Север – Полициска станица Табановце е лишен од слобода С.Ј.(51) од Скопје. При извршена дополнителна контрола на лицето, пронајдени се и одземени 1.120 парчиња различни видови монети. Со него бил извршен службен разговор во кој тој појаснил дека монетите му биле испратени по карго, по претходен договор со лица во Република Србија, од каде отишол да ги земе. Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shvertsuval-nad-1000-razlichni-vidovi-moneti-skopjanets-uapsen-na-gp-tabanovtse/feed/ 0
ФОТО: Прикажани првите монети со ликот на кралот Чарлс Трети https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-prikazani-prvite-moneti-so-likot-na-kralot-charls-treti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-prikazani-prvite-moneti-so-likot-na-kralot-charls-treti/#respond Fri, 30 Sep 2022 09:01:38 +0000 https://kurir.mk/?p=739405

Новите монети со слика од кралот на Велика Британија, Чарлс Трети беа покажани првпат денеска. Паричките од 50 пени ќе влезе во оптек за неколку недели. Освен тоа, ликот на кралот е претставен и на специјалните монети од пет фунти. Портретот е дело британскиот скулптор Мартин Џенингс. Монетите ја следат вековната традиција на монархот свртен влево – спротивно од неговиот претходник. Како и со претходните британски кралеви и за разлика од кралицата, тој на сликата не носи круна. Кралот Чарлс Трети лично ја одобрил сликата и, според наводите, тој е задоволен од сличноста. Ен Џесап, извршна директорка на Кралската ковачница, истакна дека монетите обично траат 20 години, така што и парите со ликот на кралицата Елизабета Втора и новите ќе бидат заедно во оптек уште неколку години. – Луѓето не треба да се грижат ако имаат монети со кралицата. Ќе ги задржиме и овие монети во оптек… Луѓето користат различни начини на плаќање, но навистина сакаат да користат и монети, од многу различни причини, изјави Џесап. Новата монета ќе биде во оптек заедно со оние со ликот на покојната кралица, така што тие 27 милијарди парички и натаму ќе бидат прифаќани в продавница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-prikazani-prvite-moneti-so-likot-na-kralot-charls-treti/feed/ 0
ФОТО: Штипјанецот Пане Кукушев три децении е колекционер на монети и банкноти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-shtipjanecot-pane-kukushev-tri-decenii-e-kolekcioner-na-moneti-i-banknoti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-shtipjanecot-pane-kukushev-tri-decenii-e-kolekcioner-na-moneti-i-banknoti/#respond Sat, 24 Sep 2022 15:31:17 +0000 https://kurir.mk/?p=736954

Штипјанецот Пане Кукушев речиси 30 години е во светот на нумизматиката. Собирањето стари пари како уметнички предмети го наследил од неговиот татко. Во 1993 година од својот татко добива околу 500 монети и банкноти, сега во неговата колекција има околу 2.500 примероци од 100 држави, кои и сега постојат, а има и примероци стари седум века. По вокација е економист, а пасијата да собира стари монети и банкноти му е наследена. Но, како што вели, токму ова го предизвикало и подлабоко да ја истражува монетарната историја низ историските периоди. – Нумизматичарите никогаш не размислуваат за паричната вредност на монетите и банкнотите. Јас размислувам на еден друг момент што кај мене се јавува, а тоа е љубопитноста да откријам и да имам примерок кој во свои раце ќе го држам. Имам многу дупли примероци и никогаш немам продадено примерок, секогаш подарувам. Не знам колку примероци имам досега подарено и никогаш тој момент на парична вредност не бил во прашање, туку љубопитноста да го имам, да комплетирам одреден период од одредена држава, од одреден владетел, и низ сето тоа да истражува за неа, вели Кукушев. Кога ги собира монетите и банкнотите го интересираат нумизматичките аспекти, но истражува и своето внимание го насочува и кон владетелите, кога биле ковани монетите или печатени банкнотите. Опфаќајќи го историскиот период пред и по владетелот кој му е предмет на истражување. – Третиот момент, кој мене посебно ме интересира како економист по образование, е монетарниот систем во моментот кога е кована монетата. Така што за секоја држава имам дадено опис на монетарниот систем во моментот кога е кована или издадена парата, истакна Кукушев. Овие негови истражувања, знаење, веќе се преточени во книгата „Каталог на светски монети, колекција Кукушев“, а е објавена 2013 година. По објавувањето на оваа книга реди уште неколку книги, во кои открива и ја истражува нумизматиката од сите аспекти. Штипјанецот Кукушев забележа дека нумизматиката е анонимна, поголем дел колекционери не откриваат дека се занимаваат со собирање стари пари, како уметнички предмети. – Сепак, имаме и неразвиеност и невмрежување на колекционерите во земјава и сметам дека е на многу ниско ниво. Еден од мотивите кој ме натера да предложам нешто во македонското колекционерство или нумизматиката е тоа што ние немавме скала за оценување на зачуваноста на монетите или банкнотите. Во светки рамки, скоро секоја држава си има своја скала и меѓу нив има разлики. Тоа зависи од развиеноста на нумизматиката, достапност до одредени примероци и слично. Така што во 2015 година предложив моја скала, како би изгледал македонски терк на скала за оценување банкноти и монети. Врз основа на искуството од повеќе светски држави и врз основа на тоа да речам мое негативно искуство за развиеноста на нумизматиката и колекционерството во Македонија, истакна Кукушев. За неговиот предлог има две рецензии, од кои едната е од Институт за национална историја и втората е од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. – Скалата има некоја верификација, меѓутоа нема заживеаност во тие кругови, вели Кукушев. Во разговорот за МИА, Кукушев открива дека во историјата е познато дека над 500 држави постоеле или постојат за време на оваа цивилизација што ние ја знаеме. – На територијата на Македонија, античка Македонија, сегашна Македонија најстариот примерок што е најден е некаде седми, осми век пред новата ера и е откупен од Народна банка на Македонија за нивната збирка. Тој континуитет на нашата територија постои и секогаш велам актуелната држава од 1991 година до денеска и ако зборувам од тој колекционерски аспект има еден примерок, кој е колекционерска реткост, за мене и ние дадовме придонес на разновидноста на монетите. Тоа е еден денар во 2000 година, кој е хибрид, бидејќи при ковањето на следната серија по излегувањето на јубилејното 2000 години христијанство, нашата ковница има заборавено да го смени грбот, вели Кукушев. Забележува дека кога го открил хибридот веднаш се јавил во Народна банка, од каде што добил информација дека се исковани над 7.000 примероци, од кои повеќе од половината се откриени, кога е завршен процесот на ковање, но неколку илјади се останати во оптек. – Од тие примероци имам едно 30 – 40, бидејќи сакам да ги имам и да ги оставам во наследство на внуци, правнуци, да си имаат примерок, бидејќи тоа е нумизматичка реткост, рече Кукушев. Кралицата Елизабета Втора ја има на пет монети, банкноти Кукушев за МИА говореше и за монетите и банкнотите на кои ја има кралицата Елизабета Втора. Забележува дека има промероци и од Обединетото Кралство, но и од земјите кои се дел од Коменвелтот. Посочи дека за време на 70-годишното владеење на кралицата се појавува на пет монети, банкноти. – Првиот примерок не е во оптек и тоа е пред децималниот систем на парите во Англија, кога биле шилинзи, гвинеи. По 1970 година преминуваат на децималниот и тој првиот протрет не е во оптек и тие се веќе колекционерски примероци, а во оптек се четирите, вели Кукушев. Посочи дека секој монарх кој е на монета или банкнота со погледот е свртен на спротивна страна од неговиот претходник. – Кралицата Елизабета на сега постоечките гледа надесно, што значи дека новите монети на кои ќе биде прикажан Чарлс Трети ќе биде свртен налево, ќе треба малку време да се заменат монетите и банкнотите и ако се земе предвид од податоците на кралската ковница и банката на Англија во оптек се наоѓаат 4,7 милијарди банкноти и се наоѓаат околу 29 милијарди монети. Замената ќе трае подолго, вели Кукушев. На колекционерите им препорача доколку дојдат во допир со примероците од банкноти и монети од кралицата Елизабета Втора да си ги задржат, бидејќи тие ќе станат колекционерски примероци. Неговото знаење од областа на нумизматиката го има преточено во книги, кои ги користат и студентите на Факултетот за економски науки, но и на Катедрата за историја и археологија во рамките на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-shtipjanecot-pane-kukushev-tri-decenii-e-kolekcioner-na-moneti-i-banknoti/feed/ 0
Претрес во Пехчево, пронајдена дрога и стари монети, приведено едно лице https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-pehchevo-pronajdena-droga-i-stari-moneti-privedeno-edno-lice/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-pehchevo-pronajdena-droga-i-stari-moneti-privedeno-edno-lice/#respond Thu, 21 Apr 2022 13:38:47 +0000 https://kurir.mk/?p=666588

Полициски службеници од ОВР Берово, денеска во 8:30 часот во Пехчево, го лишиле од слобода С.А.(38) од Пехчево. -При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе исушени листови од растението канабис, дробилка, повеќе семки од растението канабис и повеќе стари монети со различна форма и големина, информираат од МВР. С.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-pehchevo-pronajdena-droga-i-stari-moneti-privedeno-edno-lice/feed/ 0
Мета се подготвува да создаде виртуелни монети за корисниците на Фејсбук и Инстаграм https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/meta-se-podgotvuva-da-sozdade-virtuelni-moneti-za-korisnicite-na-fejsbuk-i-instagram/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/meta-se-podgotvuva-da-sozdade-virtuelni-moneti-za-korisnicite-na-fejsbuk-i-instagram/#respond Fri, 08 Apr 2022 08:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=660145

Марк Закерберг сака да развие виртуелни монети, со прекар „Zuck bucks“, за корисниците на Фејсбук и Инстаграм како дел од пакетот производи дизајнирани да ја намалат зависноста на неговите платформи од рекламирање во идниот метаверзум. Матичната компанија на Фејсбук, Мета, бара да развие низа виртуелни производи – вклучувајќи дигитални токени и „монети за создавачи“ – за да го диверзифицира приходот и да ја ревитализира својата корисничка база, која сè повеќе се свртува кон поновите ривали како што е „ТикТок“, пишува Гардијан. Додека Мета останува доминантен провајдер на социјалните мрежи – неговите приходи се зголемија за 37% на 118 милијарди долари во 2021 година, откако стигнаа до 4,9 милијарди месечни активни корисници на Фејсбук и Инстаграм – ТикТок исто така изгради огромен бизнис без никакви реклами. Мета, која се покажа како „крадец“ за успешни производи претставени од ривалите како што е „Снепчет“, сега истражува начини за дополнително да ја заработи својата корисничка база, пишува Фајненшл тајмс, кој прв ја објави приказната. Производите што се разгледуваат вклучуваат „социјални токени“ или „токени за репутација“, кои може да се користат како награди за корисниците. Исто така, се разгледуваат „монетите на создавачите“, кои би можеле да ги користат инфлуенсерите на Инстаграм. Иницијативите, предводени од финансискиот огранок на Фејсбук, Meta Financial Technologies, го следат несреќниот напад на компанијата во обидот да создаде глобална криптовалута, проект првично наречен Либра, подоцна преименуван во Дием, беше напуштен претходно оваа година по проблемите со американските регулатори. Тоа не беше прв пат Фејсбук да се обиде да се пресели во светот на виртуелните финансии. Во 2009 година го лансираше Facebook Credits за да ги олесни купувањата во апликација во тогаш многу популарни игри како што беше „Zynga’s FarmVille“. Иако беше успешен, беше затворен четири години подоцна, откако меѓународниот раст на Фејсбук предизвика скапи конверзии во странските валути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/meta-se-podgotvuva-da-sozdade-virtuelni-moneti-za-korisnicite-na-fejsbuk-i-instagram/feed/ 0
Хрватите одлучија: Никола Тесла дефинитивно ќе се најде на евро-монетите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatite-odluchija-nikola-tesla-definitivno-kje-se-najde-na-evro-monetite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatite-odluchija-nikola-tesla-definitivno-kje-se-najde-na-evro-monetite/#respond Wed, 28 Jul 2021 16:15:50 +0000 https://kurir.mk/?p=543177

На сите монети во хрватските евра, основата ќе биде „шаховска табла“, мапата на Хрватска ќе биде на монета од две евра, куна на паричка од една евро, Никола Тесла на 50, 20 и 10 центи и мотивот глаголица ќе биде на монети со пет, две монети и еден цент. Ова е одлучено на состанокот на Националниот совет за воведување на еврото во Хрватска, пренесува Индекс.хр. Коментирајќи за влијанието што ќе го има воведувањето на еврото врз цените и платите, гувернерот на Хрватската народна банка (ЦНБ), Борис Вујчиќ, рече дека досега е покажано дека во сите земји по воведувањето на еврото, "стандардот се зголеми." " - Нема причина да не очекуваме, беше случај кај сите членки, нема зошшто да не биде исто во Хрватска, додаде тој. Како што наведе, просечната плата ќе се зголеми во зависност од продуктивноста и успехот на економиите, а со цел да се даде проценка на растот на платите, потребно е, според него, пет години од воведувањето на еврото. Тој очекува дека со воведувањето на еврото ќе дојде до пораст на цените, а за да се контролира тоа ќе се воспостават одредени механизми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatite-odluchija-nikola-tesla-definitivno-kje-se-najde-na-evro-monetite/feed/ 0
Ќе кажете “среќа“, но не сте во право: Ако сте суеверни, не земајте паричка од улица – еве зошто https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-kazete-srekja-no-ne-ste-vo-pravo-ako-ste-sueverni-ne-zemajte-parichka-od-ulica-eve-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-kazete-srekja-no-ne-ste-vo-pravo-ako-ste-sueverni-ne-zemajte-parichka-od-ulica-eve-zoshto/#respond Mon, 24 May 2021 17:35:42 +0000 https://kurir.mk/?p=514466

Кога ќе видите монета на улица сигурно си викате „среќа“ и ја земате и складирате во паричникот, мислејќи дека ќе ви донесе уште пари. Според источните суеверија тоа не е така. Според нив штом монетата е изгубена, тоа значи дека и претходниот сопственик имал лоша среќа со парите. Доколку ја земеме монетата, со нејзе ќе ја земеме и лошата карма. Само ако милионер ја загубил можеме да ја земеме, но тоа нема како да го знаеме. Има уште многу суеверија и знаци за монетите. Ако не сакаме само да даваме пари, тогаш кога тоа ќе го правиме не треба да го гледаме човекот во очи. Лоша карма претставувало и раситнувањето на пари. Доколку ви требаат ситни пари едноставно купете си нешто со парата, со што ќе ја раситните. За да не се нарушува енергијата на размена на парите, секогаш треба да земаме со левата и да даваме со десната рака. Лесни и брзо пари не треба да држиме дома. Колку и да не ви се верува, нивната енергија лошо ќе влијае на вас финансиски. Овие брзи и лесни пари треба да ги потрошите што побрзо. Нешто интересно – никогаш не седете на масата за вечерање ако таа не е сервирана! Седењето на празна маса по зајдисонце значи празен паричник. Не треба да чуваме на масата ништо празно, како чаши, чинии, шишиња и сл.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-kazete-srekja-no-ne-ste-vo-pravo-ako-ste-sueverni-ne-zemajte-parichka-od-ulica-eve-zoshto/feed/ 0
ЕК планира да ги укине монетите од еден и два евро-цента https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-planira-da-gi-ukine-monetite-od-eden-i-dva-evro-centa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-planira-da-gi-ukine-monetite-od-eden-i-dva-evro-centa/#respond Tue, 28 Jan 2020 11:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=295698

Европската комисија планира укинување на монетите од еден и два евро-цента, објави германскиот весник „Зидојче цајтунг“. Весникот истакнува дека ЕК утре ќе ја претстави програмата за работа што го содржи предлогот „единствено правило на заокружување“ со цел да се укинат најмалите монети. Во извештајот на ЕК од 2018 година се наведува дека поголем број земји-членки од еврозоната преминале на заокружување на цените на пет центи. Според извештајот со укинувањето на еден и два цента би се заштедило на трошоците на производство, но и на нивното броење и транспорт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-planira-da-gi-ukine-monetite-od-eden-i-dva-evro-centa/feed/ 0