монголија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 May 2022 11:28:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png монголија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваните амбасадори на Монголија и на Република Гана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-gi-primi-akreditivite-na-novoimenuvanite-ambasadori-na-mongolija-i-na-republika-gana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-gi-primi-akreditivite-na-novoimenuvanite-ambasadori-na-mongolija-i-na-republika-gana/#respond Fri, 27 May 2022 11:28:46 +0000 https://kurir.mk/?p=682424

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Монголија и на Република Гана во Република Македонија. На церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на новата амбасадорка на Монголија, со седиште во Софија, Сајана Лхагвасурен, претседателот Пендаровски истакна дека постојат можности за посеопфатна развојна динамика на односите меѓу двете држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план особено за продлабочување на економските односи, како и за збогатување на соработката во доменот на културата, науката и образованието. Амбасадорката Лхагвасурен ја истакна целосната посветеност и давањето на највисок приоритет за промовирање на нови можности во билатералната соработка и унапредување на постоечките пријателски односи меѓу двете земји. На церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Република Гана, со седиште во Прага, Џејмс Комла Ниасемби, претседателот Пендаровски изрази уверување дека со заеднички напори ќе се придонесе кон продлабочување и збогатување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите сфери од заемен интерес на двете земји и нивните граѓани. Амбасадорот Ниасемби изрази уверување дека ќе се работи на зајакнување на срдечните односи и соработка меѓу двете земји во контекст на подобрување на трговските, инвестициските и туристичките односи, како и соработката на билатерално и мултилатерално ниво за постигнување на глобален мир и начелата на одржливите развојни цели. Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори на Монголија, Сајана Лхагвасурен и на Република Гана, Џејмс Комла Ниасемби, им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-gi-primi-akreditivite-na-novoimenuvanite-ambasadori-na-mongolija-i-na-republika-gana/feed/ 0
Дабар заразил момче со бубонска чума во Монголија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dabar-zarazil-momche-so-bubonska-chuma-vo-mongolija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dabar-zarazil-momche-so-bubonska-chuma-vo-mongolija/#respond Wed, 15 Jul 2020 09:38:09 +0000 https://kurir.mk/?p=376036

Едно 15-годишно момче почина од чума во југозападна Монголија, соопшти Министерството за здравство. Министерството соопшти дека лабораториските тестови потврдуваат дека тој ја добил чумата од заразен дабар. Момчето, кое живеело во рурална средина, се заразило со ретката бактериска болест откако уловил и изел мрмот. Поради овој случај, владата воведе шестдневен карантин во дел од провинцијата Гоби-Алтај. Монголските медиуми известуваат дека 15 лица кои биле во контакт со момчето се во изолација. Претходно овој месец беа регистрирани уште два случаи на бубонска чума во покраината Ковд. Тестирани беа повеќе од 140 лица, но не се пронајдени други случаи. Чумата е потенцијално смртоносна заразна болест која е предизвикана од бактерија наречена Yersinia pestis, која живее во некои животни, главно глодари и нивните болви. Бубонската чума е најчеста од болестите што може да се пренесат на луѓето. Името доаѓа од симптомите што ги предизвикува – болни, отечени лимфни јазли, или бубони, на слабините или под пазувите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dabar-zarazil-momche-so-bubonska-chuma-vo-mongolija/feed/ 0
(ФОТО) Оваа жена има нозе долги 130 сантиметри https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ovaa-zena-ima-noze-dolgi-130-santimetri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ovaa-zena-ima-noze-dolgi-130-santimetri/#respond Tue, 07 Jul 2020 14:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=370964

Оваа жена со убави и долги нозе стана модел и работи за производи за девојки со голема висина. Рентсенкхлоро Буд (29) е висока 210 сантиметри и е горда рекордерка на најдолгите нозе на светот. Иако таа има проблеми да си пронајде правилна и точна облека, сепак има среќа бидејќи станала манекенка со импресивната должина на нозете од 1,3 метри, од колковите од петите. Рентсенкхлоро, со потекло од Монголија сега живее во САД  и потекнува од семејство каде сите се доста високи. Татко и е висок 210 сантиметри а мајка и 185 сантиметри. Иако поради висината била исмејувања од врсниците, сега е горда за својата необична висина и ги смета високите девојки за прекрасни. Иако е модел, на Буд висината и претставува голем проблем. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ovaa-zena-ima-noze-dolgi-130-santimetri/feed/ 0
Прв случај на коронавирус во Монголија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-na-koronavirus-vo-mongolija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-na-koronavirus-vo-mongolija/#respond Tue, 10 Mar 2020 07:29:34 +0000 https://kurir.mk/?p=314332

Во Монголија е потврден првиот случај на новиот коронавирус кај француски државјанин кој работи во земјата, соопшти Националната комисија за вонредни ситуации. Во соопштението се вели дека се работи за 57-годишен маж, кој патувал од Монголија во Франција, со преседнување во Москва. Монголските валти идентификувале 42 лица со кои пациентот се сретнал и уште 120 со кои имал близок контакт. Монголија ги прекина сите локални патувања во провинцијата Дорногови каде што работи пациентот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-na-koronavirus-vo-mongolija/feed/ 0
Монголија до 30 март ги затвори училиштата поради опасноста од коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mongolija-do-30-mart-gi-zatvori-uchilishtata-poradi-opasnosta-od-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mongolija-do-30-mart-gi-zatvori-uchilishtata-poradi-opasnosta-od-koronavirusot/#respond Wed, 19 Feb 2020 08:55:37 +0000 https://kurir.mk/?p=305829

Монголија до 30 март ги затвори сите свои училишта со цел да го спречи ширењето на коронавирусот во земјата, соопшти денеска владата, јавија британските медиуми. Вирусот, што е  сличен на грипот, кај нивниот јужен сосед – Кина, веќе ја предизвика смртта на повеќе од 2.000 лица, додаваат британските меидуми. Иако во Монголија засега нема пријавено ниту еден случај на коронавирус, земјата ја затвори границата и одбива влез на секој што патува од Кина. Во земјата  сè уште има 336 Кинези кои сакаат да се вратат дома, наведоа вчера монголиските власти. Поради појавата на епидемијата во соседството, која не го намалува темпото,  образовните институти во Монголија, од градинките до универзитетите, ќе останат затворени до крајот на следниот месец, соопшти владата, додаваат британските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mongolija-do-30-mart-gi-zatvori-uchilishtata-poradi-opasnosta-od-koronavirusot/feed/ 0
Монголија ја затвори границата со Кина поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mongolija-ja-zatvori-granicata-so-kina-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mongolija-ja-zatvori-granicata-so-kina-poradi-koronavirusot/#respond Mon, 27 Jan 2020 08:53:47 +0000 https://kurir.mk/?p=295008

Монголија ја затвори границата со Кина за автомобили и пешаци во обид да го спречи ширењето на смртоносниот коронавирус од кој починаа најмалку 80 лица. – Забрането е преминување на пешаци и автомобили преку границата со Кина, изјави вицепремиерот Енхтувишин Улзисајхан. Тој истакна дека и училиштата и универзитетите ќе бидат затворени до 2 февруари, како и други јавни места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mongolija-ja-zatvori-granicata-so-kina-poradi-koronavirusot/feed/ 0