моника круемади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Nov 2020 11:22:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png моника круемади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот Мета и сопругата казнети за непочитување на мерката за забрана за групирање https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-meta-i-soprugata-kazneti-za-nepochituvanje-na-merkata-za-zabrana-za-grupiranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-meta-i-soprugata-kazneti-za-nepochituvanje-na-merkata-za-zabrana-za-grupiranje/#respond Mon, 23 Nov 2020 11:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=433155

Албанскиот претседател Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади, лидерка на опозициското Движење за социјалистичка интеграција, казнети се со парична казна поради непочитување на забраната за групирање на повеќе од 10 лица. Тие присуствувале на роденденската забава на познатиот албански актер Бес Калаку(35) организрана во угостителски објект во селото Лакна, општина Колоња. Казнет е и градоначалникот на Колоња, Ерион Исаи, кој присуствувал на забавата, како и останатите триесеттина лица, кои биле на забавата. Присутните се казнети со по 80 евра додека сопственикот на угостителскиот објект со милион леки или над 8.100 евра. Ова не е прв случај Круемади да добие казна за непочитување на мерките за спречување на ширење на пандемијата. Претходно на двапати беше казнета за неносење маска на отворен простор, со 25 односно 40 евра. Инаку, роденденот на актерот скапо ги чинело и шестмина полициски службеници кои се суспендирани поради тоа што не влегле во ресторанот за да контролираат. Сите казни се изречени врз основа на снимки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-meta-i-soprugata-kazneti-za-nepochituvanje-na-merkata-za-zabrana-za-grupiranje/feed/ 0
Круемади: 2020, година на отпор против криминалната Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kruemadi-2020-godina-na-otpor-protiv-kriminalnata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kruemadi-2020-godina-na-otpor-protiv-kriminalnata-vlada/#respond Sun, 05 Jan 2020 10:42:50 +0000 https://kurir.mk/?p=285781

Лидерката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, од партиската Конвенција за Тирана, порача дека 2020 година ќе биде година на отпор против Владата на премиерот Еди Рама. Според неа, земјата е во длабока економска и политичка криза. -Ние денес сме мала нација, на една мала земја,на една сиромашна земја, во моментов под власт на антиалбанска криминална група, но ние сме голема нација на богата земја која секогаш наоѓала сили да се крене против диктатурата,рече Круемади. Таа се задржа и на последиците од катасрофалнот земјотрес што земјата ја погоди на 26 ноември и обвини дека „владината корупција ги оставила граѓаните без домови“. -Виртуелната и лажна реалност што Рама смета дека Албанците ја консумираат секој ден не може да функционира,порача таа и ги повика младите да се приклучат кон ЛСИ „политичка сила која се бори за европска Албанија“. Круемади, која е сопруга на албанскиот претседател Илир Мета, премиерот Рама го обвини и за,како што рече, неговото „видливо анти – албанско однесување кон Косово“. – Не може да се нарече на друг начин една патерналистичка политика кон Косово, кога оваа нова држава се обидува да го зацврсти својот меѓународен углед, не може да се нарече на друг начин промовирањето на размената на териториите помеѓу Косово и Србија, кое што го поделува не само Косово, туку го запалува и целиот регион или неговиот демагошки огномет за Голема Албанија, кога Косово е на врвот од обидите за членство во регионалните и меѓународните организации како и обидите за нови признавања, обвини Круемади во обраќањетона партиската Конвенција за Тирана. Додаде дека не може да се наречат на друг начин овие однесувања освен анти-албански, како што е „таканаречениот мал Шенген, каде осуствува Косово, или јавните навредувања кон косовските политичари“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kruemadi-2020-godina-na-otpor-protiv-kriminalnata-vlada/feed/ 0
Сопругата на албанскиот претседател негира дека влијаела врз одлуката на Мета да ги одложи изборите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/soprugata-na-albanskiot-pretsedatel-negira-deka-vlijaela-vrz-odlukata-na-meta-da-gi-odlozi-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/soprugata-na-albanskiot-pretsedatel-negira-deka-vlijaela-vrz-odlukata-na-meta-da-gi-odlozi-izborite/#respond Sun, 09 Jun 2019 09:39:39 +0000 https://kurir.mk/?p=207211

Лидерка на опозициското Социјалистичко движење за интеграција и сопруга на албанскиот претседател Илир Мета, Моника Круемади негира дека влијаела врз одлуката тој да ги одложи локалните избори. – Јас немам никакво влијаније врз тоа, бидејќи откако пред две недели отидов на операција во Италија воопшто не сме се сретнале. Дури не ме има прашано ни како сум,изјави Круемади. Таа оценува дека не е важно дали изборите ќе се одржат или не и оти премиерот Еди Рама мора да замине, бидејќи е избран од организираниот криминал.Најавува дека протестите ќе продолжат и оти нема дијалог се додека тој е премиер. -Мнозинството Албанци се против неговите дискриминаторски политики. Повеќе не може да ги заплашува Албанците ниту со политика, ниту со визи, ни со затвори, со ништо. Му кажувам на Рама дека е и татко, родителот за своите деца го жртвува и својот живот. Албанците немаат проблем за ништо. На Албанците треба да им се даде нова алтернатива,рече Круемади. Сепак констатира дека кризата на крај ќе се реши. Инаку, претседателот Мета синоќа кусо пред почетокот на протестот на обединетата опозиција соопшти дека го поништува указот со кој изборите ги закажа за 30 јуни. Оваа одлука на Мета ја поздрави лидерот на Демократската партија Љуљизим Баша,но рече дека таа е само еден чекор напред во започната битка,која нема да престане се додека не си оди Рама не се формра предона влада. Рама пак категоричен во својот став дека избори ќе има на 30 јуни,бидејќи „изборите не се ниту на претседателот,ниту пак на партиите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/soprugata-na-albanskiot-pretsedatel-negira-deka-vlijaela-vrz-odlukata-na-meta-da-gi-odlozi-izborite/feed/ 0
Круемади со досега најтешки обвинувања до премиерот Рама https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kruemadi-so-dosega-najteshki-obvinuvanja-do-premierot-rama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kruemadi-so-dosega-najteshki-obvinuvanja-do-premierot-rama/#respond Fri, 31 Aug 2018 13:36:51 +0000 https://kurir.mk/?p=94758

Лидерката на опозициското Движење за социјалистичка интеграција, Моника Круемади изјави дека криминалците не се плашат од државата,зашто „таа е во нивни раце“. На средба на Извршниот комитет на партијата,која е трета по големина во Албанија, Круемати,упати до сега најтешко обвинување на адреса на  актуелниот премиер Еди Рама,нарекувајќи го „ главен криминалец кој е на чело на Владата“. - Велат дека криминалците се плашат од државата и од реформите во правосудството, но пукаат со калашњиков во домовите на новинарите. Тоа не е страв. Тие не се плашат бидејќи главниот криминалец е на чело на Владата, обвини таа. Круемади, која е сопруга на актуелниот шеф на албанската држава,Илир Мета, Владата ја обивни и за растот на сиромаштијата. Според неа, албанските плати се намалуваат и сиромаштијата се зголемува, што ќе доведе до „епидемиска желба граѓаните да ја напуштат Албанија“. - Во септември, почнуваат жешки летни денови за политиката. Ќе има тешка парламентарна сесија која започнува со грабежот на Националниот театар,што е грабеж на  културата и историјата,  рече Круемади. Кога станува збор за објектот на Националниот театар,за што парламентот, со мнозинство гласови донесе закон за негово уривање, треба да се напомене дека законот не го потпиша претседателот Мета, туку го врати на повторно разгледување во парламентот. Националниот театар се смета за еден од најубавите и најзначајните објекти по кој е препознатлива албанската метропола, изграден 1938/39 година од страна на кралското семејство Зогу. Владата тука планира изградба на неколку повеќекатници(кули) а нов театар најави дека  гради на друга локација. Против негово уривање, се актери,граѓанскиот сектор,политичари, граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kruemadi-so-dosega-najteshki-obvinuvanja-do-premierot-rama/feed/ 0
Партијата на Мета не сака да ја спасува Владата на Рама https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/partijata-na-meta-ne-saka-da-ja-spasuva-vladata-na-rama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/partijata-na-meta-ne-saka-da-ja-spasuva-vladata-na-rama/#respond Thu, 12 Jul 2018 11:58:45 +0000 https://kurir.mk/?p=75993

Албанското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), чиј основач е актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета денеска порача никогаш нема да биде дел од некакви пазарења за спас на Владата на премиерот Еди Рама.- Нема и нема да има никаков договор или разговори за да продолжи агонијата на оваа Влада, која е потоната во криминал, илегална трговија и корупција и се обидува да се спаси преку манипулации. Нашата партија била и ќе биде дел од секоја средба на која тема е подобрувањето на животот на Албанците и заминувањето на кликата на Еди Рама, напиша лидерката на ЛСИ, Моника Круемади на нејзиниот профил на Фејсбук, по апелите на меѓунардоните претставици за соработка меѓу власта и опозицијата. Круемади, кој е и сопруга на Мета, посочува дека сите напори за вклучување на ЛСИ во разговорите едноставно сe „дел од болната фантазија на Еди Рама“, кој според неа, „денес е повеќе од кога било подготвен да купи и продаде се во име на власта“. Таа нагласи дека на Рама треба да му биде повеќе од јасно дека за да ја спаси премиерската фотелја никогаш нема да има помош од ЛСИ. - Ќе продолжиме да бидеме дел од обединетата опозиција, со јасна и прецизна цел, отстранување на бандитската власт на Еди Рама. Да го спасиш денес Еди Рама би значело уништување на иднината на Албанците, а овој грев опозицијата не може да го превземе на свој грб, наведува Круемади. Идентичен став претходно, гостувајќи на тиранската телевиизја Ора њуз, изнесе и потпретседателот на ЛСИ, Петрит Васили, додека нивниот сопартиец и пратеник Шезаи Рокај смета дека на Албанија и е потребна стабилна влада на широка основа, бидејќи сегашната потрфлила во секој аспект. (Миа)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/partijata-na-meta-ne-saka-da-ja-spasuva-vladata-na-rama/feed/ 0