Моника Левински – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Apr 2020 09:19:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Моника Левински – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина Американката која ја откри аферата на Клинтон со Моника Левински https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-amerikankata-koja-ja-otkri-aferata-na-klinton-so-monika-levinski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-amerikankata-koja-ja-otkri-aferata-na-klinton-so-monika-levinski/#respond Thu, 09 Apr 2020 09:19:08 +0000 https://kurir.mk/?p=329578

Американката Линда Трип, која тајно ги снимаше разговорите на поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата соработничка Моника Левински и ја откри нивната афера, почина на 70-годишна возраст, објави нејзиниот адвокат. Трип стана позната на јавноста во 1998 година, кога во процесот на отповикување на Клинтон приложи снимки од неговите разговори со Левински, кои станаа главен доказ за случајот. За време на скандалот таа беше државна службеничка, а од 1994 година работеше за Пентагон. Во јануари 2001 година ја загуби работата во Пентагон и речиси 100.000 американски долари годишна плата кога стапи на сила администрацијата на Џорџ Буш. Потоа, Трип го тужеше Министерството за одбрана, тврдејќи дека официјален претставник на Пентагон во 1998 година му дал на Њујоркер доверливи лични информации за неа и како дел од спогодбата постигната кон крајот на 2003 година, добила повеќе од 595.000 американски долари ретроактивно, унапредување и поголема плата за последните три години работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-amerikankata-koja-ja-otkri-aferata-na-klinton-so-monika-levinski/feed/ 0
22 години по секс-аферата која го шокираше светот: Бил Клинтон ја открива причината за врската со Моника Левински https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/22-godini-po-seks-aferata-koja-go-shokirashe-svetot-bil-klinton-ja-otkriva-prichinata-za-vrskata-so-monika-levinski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/22-godini-po-seks-aferata-koja-go-shokirashe-svetot-bil-klinton-ja-otkriva-prichinata-za-vrskata-so-monika-levinski/#respond Fri, 06 Mar 2020 14:11:42 +0000 https://kurir.mk/?p=313021

Некогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, вели дека неговата сексуална афера со Моника Левински претставувала начин да се избори со стресот и анксиозноста. Бил Клинтон во документарецот „Хилари“ изнесе нови детали за секс скандалот, кој во деведесеттите години од минатиот век ја тресеше Америка. Клинтон објасни дека аферата, која речиси ја уништи неговата кариера, претставувала начин да се избори со анксиозноста и притисокот, кој го чувствувал при водењето на државата. Како што вели самиот, Бил Клинтон се чувствувал како боксер кој одриграл 30 рунди, па, додава, романсата со тогаш 22-годишната Моника Левински за него во тој момент била начин да се опушти на кратко. Клинтон призна дека во прв момент ја лажел сопругата Хилари и ја негирал аферата со Левински, меѓутоа, вели и дека било доста логично оти тој лаже. -Седев на креветот и разговарав со неа. И кажав што точно се случи. Реков дека се чувствувам ужасно поради тоа – открива Клинтон. Од друга страна, Хилари Клинтон во документарецот ја раскажа својата страна на приказната, истакнувајќи дека се чувствувала поразено. -Не можев да верувам. Бев доста повредена и не можев да поверувам дека ме лаже – раскажа поранешната прва дама, која на последните претседателски избори во САД беше кандидат за оваа функција и ја застапуваше Демократската партија. Хилари и Бил Клинтон тогаш посетуваа брачна терапија, која Хилари ја опиша како „болна и мачна расправа“. Бил призна и дека се чувствува ужасно поради тоа што токму тој скандал го дефинираше животот на Моника Левински. Сепак, тој додава и дека е време Моника да продолжи понатаму. -Со текот на годините забележав дека таа се обидува одново да води нормален живот, но самиот мораш да дефинираш што значи тоа „нормално“, вели Бил во документарецот кој го режираше Ненет Берстин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/22-godini-po-seks-aferata-koja-go-shokirashe-svetot-bil-klinton-ja-otkriva-prichinata-za-vrskata-so-monika-levinski/feed/ 0
Расветлена аферата од Белата куќа: Клинтон прозборе за Моника Левински https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rasvetlena-aferata-od-belata-kukja-klinton-prozbore-za-monika-levinski/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rasvetlena-aferata-od-belata-kukja-klinton-prozbore-za-monika-levinski/#respond Fri, 06 Mar 2020 09:18:19 +0000 https://kurir.mk/?p=312850

Новиот документарец за Хилари Клинтон дава светло на најпознатио секс-скандал во Белата куќа. Поранешниот претседател на САД, во документарниот филм „Хилари“ истакнал дека кога ја запознал Моника Левински бил под голем стрес поради работата и дека аферата со неа му помогнала да се носи со проблемите и да ги оттргне мислите од истите. Воедно, Бил Клинтон првпат јавно и се извини на Левински и додал дека жалли што таа станала позната во светот по нивната врска. За потсетување, Клинтон последен пат зборуваше за скандалот во 2018 година и предизвика згрозување кај јавноста кога истакна дека на Левински не и должи јавно извинување. Во документарецот раскажува како во 1998 година морал се’ да и раскаже на својата сопруга Хилари, по што следувале долго и мачно брачно советување. -Седев на креветот и разговарав со неа. И кажав се’ што се случило и како се случило. И реков дека се чувствувам грозно, поминавме многу работи последните неколку години. Немав објаснување, а тоа што го направив не е за простување, истакна Бил. Хилари исто така пред камерите го искоментирала скандалот. -Бев скршена. Не можев да верувам. Бев толку повредена што не можев да верувам. Не можев да поверувам дека ме лажеше, истакнала таа и додала дека во тој момент му кажала на Бил дека ова треба да и го каже и на нивната ќерка, што му паднало уште потешко. На прашањето зошто го ризикувал својот брак, семејството и кариерата Бил истакнал дека во тој момент воопшто не размислувал на тие работи. Притисокот кој му го носела должноста која ја извршувал во Белата куќа бил преголем. -Тоа не е мое извинување, само објаснување. Се чувствувам ужасно, открива Бил. Двајцата се согласуваат дека брачното советување било тешко и болно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rasvetlena-aferata-od-belata-kukja-klinton-prozbore-za-monika-levinski/feed/ 0
Бини Фелдстин како Моника Левински во третата „Американска криминална приказна“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/bini-feldstin-kako-monika-levinski-vo-tretata-amerikanska-kriminalna-prikazna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/bini-feldstin-kako-monika-levinski-vo-tretata-amerikanska-kriminalna-prikazna/#respond Thu, 08 Aug 2019 07:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=227539

Третата сезона од ТВ-серијата „Американска криминална приказна“ е официјално најавена. Проектот обработува некои од најпознатите криминални случаи и скандали во поновата американска историја, а овојпат во фокусот е аферата на Бил Клинтон со Моника Левински. Во улогата на Моника Левински ќе ја видиме Бини Фелдстин, позната по улогите во филмовите „Booksmart“ и „The Female Brain”. Проектот е во претпродукција, па засега не се знае кој ќе го глуми тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон. Приказната се заснова на книгата „A Vast Conspiracy: The Real Story of the Sex Scandal That Nearly Brought Down a President” од Џефри Тубин. Во серијата ќе глумат и Сара Полсон и Анали Ешфорд. Сценариото е на Сара Бурџис, а правата за продукција ги има компанијата Еф-екс продакшнс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/bini-feldstin-kako-monika-levinski-vo-tretata-amerikanska-kriminalna-prikazna/feed/ 0
Левински со сочни детали: Клинтон ми ги виде гаќичките, па имавме секс во бањата https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/levinski-so-sochni-detali-klinton-mi-gi-vide-gakjichkite-pa-imavme-seks-vo-banjata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/levinski-so-sochni-detali-klinton-mi-gi-vide-gakjichkite-pa-imavme-seks-vo-banjata/#respond Wed, 14 Nov 2018 10:10:18 +0000 https://kurir.mk/?p=127627

Моника Левински се отвори и одлучи јавно да ги раскаже пикантериите што со години ја скокоткаат фантазијата на јавноста, од тоа како ја завел Бил Клинтон, до дамката на нејзиниот легендарен фустан. Левински во нов документарен серијал признава дека за време на нејзините први денови во Белата куќа „паднала“ на претседателот на САД, честопати и флертувала со него, а во една прилика и намерно се облекла така да и се гледа долната облека за да му го привлече вниманието. -На роденденска забава на вработен во Белата куќа, ми се гледаа гаќичките. Тоа никој друг не го забележа, но Клинтон го забележа, раскажала Левински. Документарец Левински објаснила дека одлучила да учествува во документарецот „Аферата Клинтон“, затоа што не сака никогаш нешто слично да и се случи на друга девојка. Во епизода што ја гледале од „Њујорк пост“, Моника рекла дека воопшто не знаела дека има дамка на фустанот. Таа објаснила дека дамката останала после сексот со Бил Клинтон во бањата во Овалната соба, откако тој и подарил украсна игла за шешир и книгата „Лисја од трева“ од Волт Витман и ја опсипал со комплименти. Секс во Овална соба Моника се потсетила дека влегла во Овална соба со Клинтон и неговата секретарка, која за кратко ги оставила сами. Клинтон и ги дал подароците и и рекол: „Слатка си со тие свои шешири“. -Се упативме кон бањата, каде што станавме уште поинтимни. Ми делеше комплименти, јас возвраќав. Дојдовме до точка кога тој во претходните средби секогаш би запрел. Застанав и прашав дали сака да продолжи. Тој конечно рече „ОК“ – раскажала Левински и додала дека тогаш имале секс, после кој таа го прегрнала и тој неа, по што си заминала. Истиот ден излегла на вечера, но никој од луѓето што ги сретнала не и рекол дека има дамка по цел фустан. ДНК Кога се појавија информации за аферата, Клинтон негирал. Но, подоцна фустанот послужил како доказ, бидејќи на него останала ДНК на Клинтон, па тогашниот претседател на САД немал избор, освен јавно да ја признае дека бил со младата приправничка. Скандалот наскоро стана глобален. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/levinski-so-sochni-detali-klinton-mi-gi-vide-gakjichkite-pa-imavme-seks-vo-banjata/feed/ 0
Хилари проговори за аферата на Бил со Моника: Слушнете што вели за љубовницата на својот сопруг (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-progovori-za-aferata-na-bil-so-monika-slushnete-shto-veli-za-ljubovnicata-na-svojot-soprug-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-progovori-za-aferata-na-bil-so-monika-slushnete-shto-veli-za-ljubovnicata-na-svojot-soprug-video/#respond Tue, 16 Oct 2018 18:31:48 +0000 https://kurir.mk/?p=115862

Хилари Клинтон во интервју за „Си-би-ес сандеј“ зборувајќи за аферата на нејзиниот сопруг со Моника Левински во Белата куќа рече дека тој не ја злоупотребил моќта бидејќи Моника тогаш имала 22 години и била возрасна жена. Хилари вели дека Бил Клинтон постапил правилно со тоа што не се откажа од функцијата претседател поради скандалот, кога беше утврдено дека лажел за аферата. -Да ве прашам нешто. Каде е истрагата за сегашниот претседател против кого се наведени бројни обвиненија, а тој ги негира, отфрла и исмева? Имаше истрага против Бил и верувам дека сè беше утврдено исправно, изјави Хилари Клинтон. Нејзината изјава следи по објавувањето на наводите за сексуалните престапи против Трамп и претседателот на Врховниот суд, Брет Кавано. Брачниот пар Клинтон наскоро ќе тргнат на турнеја, на која ќе зборуваат за сето она низ коешто поминале во текот на претходните години, за обвинувањата против Бил во 1998 година и наводите за сексуалните вознемирувања. Претставничкиот дом на САД тогаш бараше негова оставка и покрена истрага, но Сенатот ја одби. Иако од овој случај поминаа две децении, за него и денеска се зборува. Сенаторката од Њујорк, Кирстен Гилибранд, минатата година во текот на движењето #MeToo изјави дека поранешниот претседател требало да отстапи од функцијата по аферата. Бил Клинтон изјави дека не се согласува со нејзините коментари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-progovori-za-aferata-na-bil-so-monika-slushnete-shto-veli-za-ljubovnicata-na-svojot-soprug-video/feed/ 0
За нивната секс афера зборуваше цел свет: Објавена снимката на Бил Клинтон и Моника Левински од Белата куќа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-nivnata-seks-afera-zboruvashe-cel-svet-objavena-snimkata-na-bil-klinton-i-monika-levinski-od-belata-kukja-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-nivnata-seks-afera-zboruvashe-cel-svet-objavena-snimkata-na-bil-klinton-i-monika-levinski-od-belata-kukja-video/#respond Sun, 07 Oct 2018 09:20:33 +0000 https://kurir.mk/?p=111832

На снимката која е стара 20 години се наоѓаат главните актери на тогашната афера, поранешниот претседател Бил Клинтон и Моника Левински како емотивно комуницираат во Белата куќа. Видеото датира од 1997 година кога и се случи аферата во Белата куќа, а го објави претседателската библиотека или архива, каде се гледа како Бил Клинтон го дава својот неделен радио извештај, а потоа се поздравува со колегите во Овалната соба меѓу кои беше и тогашната практикантка Моника Левински. Се гледа како Клинтон и Левински разговараат, а потоа прегрнати се сликаат. Оваа фотографија е позната уште од тоа време, но за првпат се појави видео запис. Библиотеката на Клинтон не даде никаков коментар, а на ЈуТјуб беше објавен по барање и според законот за слобода на медиумите. Покасно се објави во медиумите дека имале секс афера во Белата куќа и дека биле заедно тој ден кога било направено видеото. Бил Клинтон беше обвинет дека дал лажна изјава за својата врска со Левински, а американскиот сенат никогаш не го осуди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-nivnata-seks-afera-zboruvashe-cel-svet-objavena-snimkata-na-bil-klinton-i-monika-levinski-od-belata-kukja-video/feed/ 0
Левински по 20 години прозборе за аферата со Клинтон https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/levinski-po-20-godini-prozbore-za-aferata-so-klinton/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/levinski-po-20-godini-prozbore-za-aferata-so-klinton/#respond Wed, 28 Feb 2018 14:56:36 +0000 http://kurir.mk/?p=25799

Поранешната приправничка на Белата куќа, Моника Левински, по 20 години се огласи за аферата со претседателот Бил Клинтон, изјавувајќи дека се работело за „очигледна злоупотреба на моќта“, а не за сексуален напад. Во интервју за магазинот „Венити фер“, Левински раскажа дека имала посттрауматски стрес и дека долго време ѝ било тешко да излезе надвор. Левински открива дека една од водечките жени на движењето #MeToo ја охрабрила да ја раскаже својата приказна. „Сега кога имам 44 години сфаќам која е разликата во моќта на една стажантка и на претседател на држава во Белата куќа. Тогаш бев во моите рани 20-ти и си дозволив да минам некоја граница на интимна и емоционална поврзаност со Клинтон“, вели Левински и додава дека Клинтон тогаш бил во цветот на кариерата, а таа на првата работна позиција по колеџ. Левински открива дека за време на истрагата не смеела да говори за себе и да се брани. Вели дека настаните од 1998 година биле траума за нацијата и во тие моменти се чувствувала осамено. Клинтон, против кого беше покрената постапка за отповикување, во август во 1998 година, призна дека имал несоодветен однос со младата приправничка во Белата куќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/levinski-po-20-godini-prozbore-za-aferata-so-klinton/feed/ 0