мониторинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 09:03:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мониторинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украдени камери за мониторинг во Споменикот на природата Вевчански извори https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ukradeni-kameri-za-monitoring-vo-spomenikot-na-prirodata-vevchanski-izvori/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ukradeni-kameri-za-monitoring-vo-spomenikot-na-prirodata-vevchanski-izvori/#respond Fri, 13 Oct 2023 09:03:51 +0000 https://kurir.mk/?p=888420

Непознати сторители украле две фото замки (камери) за мониторинг на дивиот свет во заштитеното подрачје Споменикот на природа Вевчански извори, соопшти Еко-свест Вевчани. Центар за истражување и информирање за животната средина информира дека се известени надлежните институции, на кои им ги доставиле доказите и видео снимките. Системот на контиуниран мониторинг на природните вредности во заштитеното подрачје е научно-истражувачка обврска на Општина Вевчани, како управител на Споменикoт на природа „Вевчански извори“. Преку мониторингот, како што посочува Еко-свест, ја утврдуваат состојбата на популациите и ги идентификуваат заканите за опстанок, промените и нивниот интензитет. Локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани со поддршка на ПОНТ, а во соработка со Општина Вевчани го спроведува проектот „Поддршка на одржливо управување на Заштитеното подрачје „Вевчански извори“. Преку проектот, како што е наведено, се поддржува Општина Вевчани да воспостави систем на контиуниран мониторинг на видови кои се под закана и се значајни, како на локално, така и на национално и светско ниво. Целта на мониторингот во заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански извори е добивање статистички факти за статусот на постоење на животинските и растителните видови, вклучително и за типовите на живеалишта, утврдување на појавност на клучни видови на животни и растенија, миграторните рути и репродуктивните локалитети кај видовите. Динамиката на растителните заедници и типовите живеалишта, идентификување и следење на еколошките параметри што влијаат врз опстанокот, заканите и притисоците врз популациите, како и обука на лица за спроведување мониторинг. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ukradeni-kameri-za-monitoring-vo-spomenikot-na-prirodata-vevchanski-izvori/feed/ 0
СКЛУЧЕНИ НАД 18.000 ДОГОВОРИ: Намалени транспарентноста и конкурентноста на тендерите во јавното здравство, се создава можност за корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sklucheni-nad-18-000-dogovori-namaleni-transparentnosta-i-konkurentnosta-na-tenderite-vo-javnoto-zdravstvo-se-sozdava-moznost-za-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sklucheni-nad-18-000-dogovori-namaleni-transparentnosta-i-konkurentnosta-na-tenderite-vo-javnoto-zdravstvo-se-sozdava-moznost-za-korupcija/#respond Tue, 01 Dec 2020 10:35:12 +0000 https://kurir.mk/?p=436797

Нивото на транспарентност во објавувањето информации за спроведените постапки за јавни набавки во здравствени институции бележи тренд на намалување. Ова го покажува мониторингот на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), кое во периодот од 2016 до 2019 година континуирано го следеше процесот на јавни набавки во 62 здравствени институции. Институциите за овие четири години, соопштија од ЕСЕ, склучиле повеќе од 18.000 договори за набавка на стоки и услуги и за извршување работи, за кои потрошиле над 300 милиони евра. Во 2019 година најголемо намалување според обемот на објавени информации за спроведените постапки за јавни набавки се регистрирани кај Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, општите и клиничките болници, центрите за јавно здравје и Институтот за јавно здравје. Дополнително, анализата нотира дека од година во година се намалува конкурентноста односно сè помал број компании учествуваат на тендерите и го добиваат бизнисот што само по себе создава поголеми можности за корупција и злоупотреби, посочуваат од ЕСЕ. – Народните пари што се трошат за јавни набавки се зголемуваат, но не и квалитетот на здравствените услуги кои ги добиваат пациентите. Недостигаат лекови и медицинска опрема, постојат долги листи на чекање кои се всушност и болно секојдневие за пациентите, вели Дарко Антиќ од Здружението ЕСЕ. Според Здружението ЕСЕ, неопходно е да се воведе систем за избор на компаниите кој ќе се базира на критериуми за максимизирање на резултатите и ефектите од јавните набавки при што ќе се замени најниската цена како единствен критериум. – Дури и да нема очигледна корупција, граѓаните треба да знаат дека нивните пари се трошат правилно и во корист на оние на кои им се најпотребни. Потребите на пациентите треба да бидат приоритет за здравствените центри, клиниките и болниците, вели Деби Будлендер, меѓународен експерт за родово одговорно буџетирање. Истражувањето покажува дека најголем дел од договорите за јавни набавки се случуваат во првиот и четвртиот квартал од годината, што говори дека јавните здравствени институции немаат годишен план за набавки или пак не се придржуваат до него, стои во соопштението од ЕСЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sklucheni-nad-18-000-dogovori-namaleni-transparentnosta-i-konkurentnosta-na-tenderite-vo-javnoto-zdravstvo-se-sozdava-moznost-za-korupcija/feed/ 0
Судство на колена: ЕУ ќе врши мониторинг на судските процеси за висока корупција? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudstvo-na-kolena-eu-kje-vrshi-monitoring-na-sudskite-procesi-za-visoka-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudstvo-na-kolena-eu-kje-vrshi-monitoring-na-sudskite-procesi-za-visoka-korupcija/#respond Tue, 21 Jan 2020 08:19:17 +0000 https://kurir.mk/?p=292560

Европската унија потврди дека се подготвува за мониторинг на судските процеси кои ја опфаќаат високата корупција и организираниот криминал во Македонија. Ова требало да помогне во подготовката за спроведување на најавуваниот ветинг во правосудството, подобрувањето на правдата и враќањето на довербата кај граѓаните, објави „360 Степени“. „Се надеваме дека овој проект прво ќе му помогне на судството самото да се подобри и да го подобри испорачувањето на правдата, се надеваме дека ќе ја зголеми довербата на граѓаните во судството и нам ќе ни помогне во подобро проценување како да му помогнеме на судството подобро од тоа што го правеле надлежните или ние самите“, додава Жбогар, кој вели дека сепак ќе се внимава да не се наруши принципот на немешање во независноста на судството. Познавачите на состојбите, сепак, ценат дека соочени со партизацијата на судството извршена од владата на СДСМ, ЕУ на овој начин директно ќе изврши и засилена контрола на случувањата во судската власт, која очигледно е се само не и непристрасна и објективна. Проектот ќе почнел годинава без да се прецизира датумот на почетокот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudstvo-na-kolena-eu-kje-vrshi-monitoring-na-sudskite-procesi-za-visoka-korupcija/feed/ 0
Започнува мониторингот на изборното медиумското известување на радиодифузерите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnuva-monitoringot-na-izbornoto-mediumskoto-izvestuvanje-na-radiodifuzerite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnuva-monitoringot-na-izbornoto-mediumskoto-izvestuvanje-na-radiodifuzerite/#respond Sat, 09 Feb 2019 08:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=161871

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите. Мониторингот ќе се спроведува согласно Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси од 7.02.2019 година. Сите телевизии и радија кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања, се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите да ги утврдат и достават ценовниците, во кои цената по секунда за платено политичко рекламирање нема да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните 3 месеци, пред денот на распишување на изборите. Ценовниците треба да се достават до Агенцијата, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата. Според Изборниот законик, радиодифузерите се должни до започнување на изборната кампања најмалку двапати да ги објават ценовниците за платено политичко рекламирање на своите програми. За време на изборниот процес не е дозволена промена на ценовниците. На веб страницата на Агенцијата, поставен е посебен банер посветен на Изборите 2019 година, во кој можат да се погледнат Изборниот законик, Методологијата за мониторинг и линкот до формуларот за претставки за сите граѓани и правни субјекти кои имаат забелешки на известувањето на медиумите. Овде Агенцијата ќе ги објавува и извештаите од сите констатирани прекршувања на Изборниот законик врз основа на кои ќе бидат поведени прекршочни постапки пред надлежните судови. Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албански и на англиски јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnuva-monitoringot-na-izbornoto-mediumskoto-izvestuvanje-na-radiodifuzerite/feed/ 0