монодрама – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Jul 2023 14:24:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png монодрама – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Монодрамата „Бикот на Фаларис“ изведена на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/monodramata-bikot-na-falaris-izvedena-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/monodramata-bikot-na-falaris-izvedena-na-ohridsko-leto/#respond Sat, 15 Jul 2023 14:38:40 +0000 https://kurir.mk/?p=856946

Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во Предворјето на црквата „Света Софија“ беше изведена монодрамата „ Бикот на Фаларис-Решавање на загатката на прекрасниот голем свет“ напишана и изведена од Стивен Фридман. Како што информираат од НУ Охридско лето, овој настан се одржа во рамки на Американската вечер која беше поддржана од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. -Живееме во прекрасен и претежок голем свет во кој болката станува убавина. Се надевам дека секој од нас ќе се пронајде во оваа монодрама. Голема благодарност до Ерик Мејер, заменик-шеф на мисијата на Американската амбасада којашто го поддржа овој проект и до Стејтдепартментот во Вашингтон, рече во своето обраќање, директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ. Заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во земјава, Ерик Мејер најавувајќи го големиот американски уметник рече дека е голема чест да се биде дел од фестивалот. -Честитки за овој прекрасен фестивал кој се одржува на извонредно место во преубавиот град. Бев почестен да присуствувам на отворањето на фестивалот пред неколку дена и среќен сум заради нашата соработка. Голема е честа и да се најави Стивен Фридман, голем филозоф и уметник кој беше признаен и од Њујорк Тајмс како генијален филозоф, истакна Мејер. Американскиот уметник и филозоф, Стивен Фридман во речиси два часа, ја подели монодрамата, на автобиографија и проблеми, а во вториот дел се фокусира кон решавањето на проблемите. -Не грижете се ако не сфатите некои зборови, реченици, па дури и концепти на драмата. Кога ќе се сретнеме со нешто првпат, никогаш не можеме да го разбереме перфектно. Драмата е поделена на два чина, првиот е автобиографија и проблеми, а вториот е фокусиран на решавање на проблемите. И најважно што сакам да нагласам е дека целта на драмата не е да се фокусираме на мене, туку да се доловат околностите кои ги овозможија резултатите, кажа авторот и изведувач на монодрамата „Бикот на Фаларис“, Стивен Фридман. „Бикот на Фаларис“ или таканаречениот бронзен бик е справа за мачење и направа за извршување на погубувања осмислена во Стара Грција. Според записите на Диодор Сицилиски, Перил од Атина го осмислил и го предложил бронзениот бик како справа која тиранинот Фаларис од Сицилија би ја користел за погубување на криминалците. Бикот целосно бил направен од бронза, шуплив одвнатре со вратичка отстрана. Бикот бил со облик и големина на жив бик и имал вграден звучен апарат кој вресоците ги претворал во бревтање. Oсудените биле заклучувани во бикот и се палел оган под справата, кој го загревал металот а личноста – жива, во внатрешноста се печела до смрт.Фаларис заповедал да се осмисли бик на таков начин што чадот кој излегувал од него да мириса на парфем. Главата на бикот била осмислена со сложен систем на цевки и прегради кои обезбедувале вресоците да бидат претворени во звуци кои наликувале на збеснат бик. Според легендата, кога бикот ќе се отворел, изгорените коски на погубениот „светеле како накит и од нив биле правени алки“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/monodramata-bikot-na-falaris-izvedena-na-ohridsko-leto/feed/ 0
Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ на фестивалот РУТА во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/#respond Fri, 12 Aug 2022 06:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=717330

Со монодрамата „Кармен“, Драмскиот театар Скопје денеска ќе учествува на фестивалот РУТА. Членките од Регионалната унија на театри со своите претстави ќе гостуваат на отворената фестивалска сцена на Бриони во Хрватска, а домаќин на летново издание на фестивалот е театарот Улисис. Фестивалската програма на Бриони е во рамки на театарско-музички проект на тимот на познатиот актер Раде Шербеџија, уметничката директорка Ленка Удовички и директорот Душко Љуштина. На фестивалот настапуваат познати театарски куќи и музичари од десетина земји. Како што соопштија од Драмскиот театар Скопје, учеството на Биљана Драгичевиќ Пројковска со монодрамата „Кармен“ е нивен трет меѓународен настап со оваа претстава, по гостувањата на фестивалот РУТА во Сараево и Македонското културно лето во Албанија. Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, а својата премиера ја имаше во мај минатата година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. Есенското издание на фестивалот РУТА ќе се одржи во Скопје во организација на Драмски театар од 14 до 20 октомври. Македонската публика ќе има можност во ревијалната фестивалска недела да проследи шест претстави од водечките театри на регионот, членки на регионалната унија на театри – РУТА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/feed/ 0
ФОТО: Во чест на 115 години од смртта на Гоце Делчев се одржа монодрамата Султана во чест во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vo-chest-na-115-godini-od-smrtta-na-goce-delchev-se-odrza-monodramata-sultana-vo-chest-vo-organizacija-na-ums-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vo-chest-na-115-godini-od-smrtta-na-goce-delchev-se-odrza-monodramata-sultana-vo-chest-vo-organizacija-na-ums-na-vmro-dpmne/#respond Fri, 04 May 2018 17:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=50012

Денеска се одбележуваат 115 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Во чест на тој ден, во организација на Градскиот Комитет Скопје на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, се одржа монодрамата Султана. Ѓорги Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, а починал на 4 мај 1903 година во Баница. Тој е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија. Тој бил идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 век и почетокот на 20-от. Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село. Тука се сретнал со Даме Груев и се вклучил во раководењето на Mакедонска револуционерна организација. Тој ја проширил мрежата на Организацијата (пролетта 1895 г.) и преку Виница организирал тајни канали. Во Солун учествувал на советувањето со водечките личности на Организацијата: Даме Груев, Пере Тошев и др. за заземање став кон Македонскиот комитет основан во Софија. Во септември бил назначен за директор на училиштето во Штип. Пред крајот на декември 1895 г. Делчев ополномоштен од ЦК на МРО, отпатувал во Софија на разговори со Македонскиот комитет и неговиот придонес кон македонското дело, меѓутоа разговорите биле неуспешни. Организирал пунктови на МРО во Ќустендил и во Дупница (во почетокот на 1896), а во февруари во Штип организирал протестна демонстрација против власта. Учествувал на Солунскиот конгрес на кој била усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето. Со Ѓорче Петров ги изработиле новиот Устав и Правилник на Организацијата. Во текот на Доневата афера поради недостаток на докази бил ослободен, меѓутоа во мај повторно бил уапсен и спроведен во Скопје каде што бил затворен во Куршумли-ан, но повторно бил ослободен. Сепак аферата го свртела вниманието на турските власти кон Делчев. Во септември бил назначен за главен учител (директор) во Банско од каде што ја продолжил дејноста за ширење на мрежата на Револуционерната организација. Се откажал од учителската должност и целосно се посветил на македонското ослободително дело. Ја презел должноста на задграничен претставник на МРО во Софија. Со писмо до католичкиот надбискуп во Пловдив, Менини на Ватикан му ја претставил целта на македонската борба: да се исправи неправедното решение на Берлинскиот договор за Македонија и за добивање полна политичка автономија. По Солунската афера, Делчев и Ѓорче Петров, како задгранични претставници, ги презеле надлежностите на Централниот комитет. По добиеното известување за апсењето на членовите на ЦК во Солун, со Ѓорче Петров во средината на март издале инструктивно писмо до окружните, до околиските и до селските комитети, како и до војводите на четите, за продолжување на дејствувањето според постојната програма. Делчев бил посветен на функционирањето на тајните канали, курирската служба, тајната пошта, обезбедувањето материјални средства и снабдувањето на Организацијата со оружје, со муниција, со револуционерна литература и со весници. Организирал производство на бомби и експлозиви во с. Саблер (Ќустендилско), Бургас, Пловдив, а потоа и на Св. Гора (меѓу Зографскиот манастир и Хиландар). Тој е основач на Четничкиот институт и творец и воспитувач на првите организациско-агитациони чети и војводи. Заедно со Ѓорче Петров изработиле Правилник за четите. Со формирањето на селската милиција била доградена четничката организација, која непосредно ја раководел Делчев, со статус на главен ревизор. Револуционерната организација ја презела на дело судската и извршната власт. Дејствувала тајна македонска држава во Османлиската Империја. За зацврстување на редовите во Организацијата Делчев извршил неколку инструктивни обиколки. Во зимата на 1900 година тој ги обиколил комитетите во Одринско, со цел подобра координација меѓу македонските и тракиските револуционери. Од август 1901 до март 1902 година Делчев ги обиколил и комитетите во централниот и во западниот дел од Македонија. Тој исто така го предводел конгресот на Одринскиот револуционерен округ одржан во Пловдив, во април 1902 година, а потоа Делчев презел обиколка и во централните Родопи. На крајот од септември жестоко го осудил Горноџумајското востание. Делчев го отфрлил решението на Солунскиот конгрес од 1903 година за кревање востание и со чета заминал во внатрешноста на Македонија со раководните кадри да издејствува повлекување на решението за масовно востание. Во април, во Солун се сретнал со Даме Груев, кој штотуку се вратил од заточение, двајцата се договориле востанието да се води со засилени четнички дејствија и терористички акции. Од Солун се упатил за Серско на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ. Пристигнал во селото Баница, Серско на 3 мај. Војската го опколила селото и во борбата утрото загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vo-chest-na-115-godini-od-smrtta-na-goce-delchev-se-odrza-monodramata-sultana-vo-chest-vo-organizacija-na-ums-na-vmro-dpmne/feed/ 0