Моноиграфија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Nov 2019 13:53:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Моноиграфија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Прилеп промовирана Моноиграфијата за Методија Андонов Ченто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-prilep-promovirana-monoigrafijata-za-metodija-andonov-chento/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-prilep-promovirana-monoigrafijata-za-metodija-andonov-chento/#respond Sun, 03 Nov 2019 13:53:13 +0000 https://kurir.mk/?p=259589

Во рамки на одбележувањето на 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, денеска во фоајето во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше промовирана фото-монографијата „Ченто – биографија низ фотографија“ од прилепскиот историчар од Заводот и музеј, Рубинчо Белчески. Според Белчески, Монографијата е заокружување на неговото повеќегодишно истражување за првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. На издавањето на Монографијата и претходеа изложби низ повеќе градови во земјава за материјалите кои ги истражувал и ги собирал Белчески за Методија Андонов Ченто. -Монографијата содржи 250 фотографии, 150 хронолошки настани, текстови, голем број мисли, говори на Ченто, како и неговата позната статија која ја пишува пред одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. Монографијата ги содржи и фактите од 90-ите години кога со осамостојувањето на Македонија, голем број уметници и творци на различен начин го овековечуваа делото на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дел од оваа фотомонографија се голем број споменици, спомен-обележја, ликовни и други дела за Ченто. Значи, во фото-монографијата е ставено сѐ што е создадено од творци, новинари, историчари за Ченто, како и сите дела кои се создавани по неговата смрт, особено кога во 1990 година беше и судски рехабилитиран, објаснува Белчески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-prilep-promovirana-monoigrafijata-za-metodija-andonov-chento/feed/ 0