монсанто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 13 Apr 2019 09:24:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png монсанто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Француски суд: Монсанто одговорен за болеста на земјоделец https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-sud-monsanto-odgovoren-za-bolesta-na-zemjodelec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-sud-monsanto-odgovoren-za-bolesta-na-zemjodelec/#respond Sat, 13 Apr 2019 09:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=185836

Француски суд пресуди дека Монсанто е одговорен за болеста на земјоделецот Пол Франсуа, кој го вдишувал неговиот хербицид Ласо, задавајќи и уште еден правен удар на компанијата во сопственост на германскиот Баер, која се соочува со обвиненија дека го загрозува здравјето на луѓето. Во најновата фаза од десетгодишниот судски спор Апелациониот суд во Лион пресуди во корист на земјоделецот Пол Франсуа, кој тврди дека се разболел поради хербицидот на Монсанто, Ласо и дека тој производ не бил правилно обележан. Педесетипетгодишниот Франсуа вели дека страдал од невролошки проблеми, вклучувајќи губење на меморија, вртоглавици и главоболки, откако при работа на фарма во 2004 година случајно вдишил Ласо. – Г-дин Франсуа оправдано заклучува дека производот, поради несоодветна декларација, несогласно со прописите кои се во сила, не му го гарантирал нивото на безбедност, кое имал право да го очекува – заклучува судот. Во пресудата не е наведена висината на отштета, за која треба да одлучи друг суд во Лион. Франсуа бара околу еден милион евра отштета. Од германската хемиска група Баер, која го купи Монсанто за 63 милијарди долари минатата година, соопштија дека ги разгледуваат нивните правни опции, вклучувајќи и жалба пред највисокиот француски суд. Тие додаваат дека производите за заштита на растенија „не претставуваат опасност за здравјето на луѓето ако се користат во согласност со упатствата за употреба”. Франсуа ги доби судските спорови против Монсанто во 2012 и во 2015 година, но францускиот Врховен суд ги поништи тие одлуки и предметот го врати на повторно судење во Лион. – Сите сме среќни што победиме, но цената беше висока – изјави Франсуа во Париз. –Ова е големо олеснување. Минаа 12 години борба, 12 години, во текот на кои, морав да го ставам целиот мој живот на чекање – додаде тој. Во 2007 година, Франција го забрани Ласо, кој претходно беше повлечен од употреба во неколку земји. Монсанто, исто така, се соочува со бран тужби во САД поради наводната врска меѓу глифосатот, активната супстанца во неговиот хербицид Роундап и заболувањето на луѓето кои го користеле од рак. Компанијата беше прогласена за виновна во два спора во Калифорнија, а на болните луѓе мораше да им исплати десетици милиони долари отшетета. Баер поднесе жалби на тие пресуди. Поради законските проблеми со глифосатот, пазарната вредност на Баер од август минатата година беше намалена за околу 30 милијарди евра. Извршниот директор на групата во четвртокот рече дека се „многу тешко погодени” од судските постапки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-sud-monsanto-odgovoren-za-bolesta-na-zemjodelec/feed/ 0
Монсанто на овој човек ќе мора да му исплати милионска отштета: Откри дека овој производ предизвикува рак, а тоа ќе го плати со живот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monsanto-na-ovoj-chovek-kje-mora-da-mu-isplati-milionska-otshteta-otkri-deka-ovoj-proizvod-predizvikuva-rak-a-toa-kje-go-plati-so-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monsanto-na-ovoj-chovek-kje-mora-da-mu-isplati-milionska-otshteta-otkri-deka-ovoj-proizvod-predizvikuva-rak-a-toa-kje-go-plati-so-zivot/#respond Tue, 14 Aug 2018 14:02:52 +0000 https://kurir.mk/?p=87846

Монсанто на овој човек ќе мора да му исплати милионска отштета: Откри дека овој производ предизвикува рак, а тоа ќе го плати со живот Озогласената компанија Монсанто ќе мора да исплати 289 милиони долари на школски редар кој тврди дека нивното средство за хигиена предизвикувало терминален рак. Монсанто најави дека ќе се жали на одлуката на калифорнискиот суд, но оваа пресуда ќе охрабри многумина кои тврдат дека поради средствата на оваа компанија добиле Нон-Ходгиков лимфом. Дивејн Ли Џонсон со години како редар го одржувал училишниот двор користејќи ги средствата на Монсанто , „Roundup“ и „Ranger Pro“, поради кои се разболел. -Поротата заклучила дека Монсанто знаел што прави погрешно, но дека продолжиле да работат занемарувајќи ги човечките живот. Ова треба да прати силна порака до одборот на Монсанто, кажа Роберт Кенеди Јуниор, адвокат на болниот редар. Џонсон како редар со споменатото средство работел 20 до 30 пати годишно. Два пати дошол во директен контакт со производот поради незгода. Последниот пат се случило во 2012 година, а само две години подоцна му дијагностициран опасен вид на рак, на само 42 години. Уште повеќе, Џонсон дури еднаш ја контактирал компанијата кога му се појавил осип. Никогаш не му се јавиле назад. Џонсон сега е на смртна постела, а судење било забрзано баш поради тоа што докторите му предвидуваат краток животен век. Заменик претседателот на Монсанто, Скот Патриџ изјави дека компанијата „сочувствува“ со Џонсон и неговото семејство, но дека стотици истражувања покажале дека не предизвикува рак. Меѓутоа, Светската здравствена организација заклучила дека уште во 2015 година заклучила дека глифосат може да предизвика рак кај луѓето. Исто така, дури и самата состојка да не е опасна, во комбинација со други хемикалии во средството на Монсанто секако станува смртоносна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monsanto-na-ovoj-chovek-kje-mora-da-mu-isplati-milionska-otshteta-otkri-deka-ovoj-proizvod-predizvikuva-rak-a-toa-kje-go-plati-so-zivot/feed/ 0