монт еверест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Aug 2023 14:31:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png монт еверест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Искачувањето на Монт Еверест може да поскапи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iskachuvaneto-na-mont-everest-mozhe-da-poskapi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iskachuvaneto-na-mont-everest-mozhe-da-poskapi/#respond Thu, 24 Aug 2023 14:31:26 +0000 https://kurir.mk/?p=870536

Искачувањето на Монт Еверест наскоро би можело да поскапи, бидејќи Министерството за туризам на Непал размислува да ги зголеми таксите што странските алпинисти треба да ги платат за авантурата на највисоката планина во светот. Според тоа, сегашната такса од 11.000 американски долари ќе се зголеми на 15.000 долари во „врвот“ на пролетна сезона на искачување. Зголемувањето на цената треба да биде одобрено од Советот на министри, а би стапило во сила во 2025 година. Монт Еверест се наоѓа на границата меѓу Непал и Кина, а планинарите можат да пристапат до него од двете земји. Но, дозволата за искачување е поскапа на кинеската страна. Откако Тензинг Норгеј и Едмунд Хилари првпат се искачија на Монт Еверест во 1953 година, досега се забележани речиси 11.500 искачувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iskachuvaneto-na-mont-everest-mozhe-da-poskapi/feed/ 0
На денешен ден во 1989 година, првиот Македонец, Димитар Илиевски Мурато го освои Монт Еверест https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-deneshen-den-vo-1989-godina-prviot-makedonets-dimitar-ilievski-murato-go-osvoi-mont-everest/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-deneshen-den-vo-1989-godina-prviot-makedonets-dimitar-ilievski-murato-go-osvoi-mont-everest/#respond Wed, 10 May 2023 05:57:37 +0000 https://kurir.mk/?p=832468

На денешен ден, пред 34 години, на 10 мај 1989 година, битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, како прв македонски алпинист се искачи и го освои највисокиот планински врв на светот Монт Еверест (8.848 метри). Македонската јавност никогаш нема да го заборави разговорот меѓу Димитар Илиевски-Мурато и членовите на македонската алпинистичка хималајска експедиција, што го водеа тој ден на Хималаите и легендарната фотографија на Димитар снимена на врвот на планетата, точно во 18 часот по локално време. – Диме како си? (прашуваат од македонската хималајска експедиција) – Ептен убо…, одговора Диме, по битолски... – Диме сите сме горди со тебе! Браво Диме! – И ние тука сме среќни, одговора Диме, придружуван од локалните шерпаси Сонам и Аџива и двата планинари од Хрватска и Словенија, Стипе Божиќ и Вики Грошељ, сведоци на историскиот настан. Македонија! Мацедонија! Е,ееее Македонија – пееја, тогаш македонските планинари и неколку Шерпаси. Како што е познато на 10 мај 1989 година Димитар Илиевски-Мурато, член на македонската алпинистичко-хималајска експедиција „Еверест 89“ се искачи на највисокиот врв на светот, развиори знаме, и дури 80 минути бил на највисоката точка на планетата Земја, но за жал не успеа да се врати до базниот логор, останувајќи вечно на Хималаите. Македонските планинари, организирани од планинарскиот спортски клуб-ПСК „Пелистер“ и годинава масовно ќе учествуваат на планинарски марш кој ќе се одржи в сабота на 13 мај на Пелистер. - Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ во чест и слава на нашиот Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец што се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест, викендов ќе го организира 34. традиционален планинарски марш на кој учество ќе земат неколку стотици планинари од земјава и странство. Планинарите до Димев Врв ќе стигнат преку две маршрути, првата ќе почне од Инфо центар и ќе планинарите ќе се движат до Палиснопје, Ловечка куќа, врв Пелистер и Димев Врв, додека втората маршрута ќе стартува од Нижо Поле, потоа преку Дебел Рид, Големо Езеро, Партизански Врв, Широко Стапало и врв Пелистер, ќе се стигне до Димев Врв. Пред сите учесници ќе потсетиме на ликот и делото на Димитар Илиевски-Мурато и ќе положиме цвеќе пред споменикот на Мурато што се наоѓа во дворот на планинарскиот дом „Копанки“, изјави за МИА, Диме Попов, претседател на ПСК „Пелистер“-Битола. Како што е познато, Општина Битола во чест на својот истакнат граѓанин во централното градско подрачје именува улица со името на Димитар Илиевски-Мурато, на родната куќа на Димитар, поставена е спомен плоча, а неговиот син Јонче Илиевски заедно со група повозрасни планинари, во 2010 година, во спомен на неговиот татко, го основаа планинарскиот спортски клуб Димитар Илиевски-Мурато. -Традиционалниот планинарски марш е голем предизвик и возбудување. Вљубени сме во планината, ја сакаме планината...Нашето семејство и пријателите планинари се горди што мојот татко беше првиот Македонец што го освои највискиот врв на светот Еверест, ни изјави Јонче Илиевски, син на Димитар Илиевски-Мурато. За подвигот од 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато посмртно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија, а од Македонскиот олимписки комитет е прогласен за „Великан на спортот“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-deneshen-den-vo-1989-godina-prviot-makedonets-dimitar-ilievski-murato-go-osvoi-mont-everest/feed/ 0
Жена по 10-ти пат се искачи на Монт Еверест https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zena-po-10-ti-pat-se-iskachi-na-mont-everest/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zena-po-10-ti-pat-se-iskachi-na-mont-everest/#respond Thu, 12 May 2022 07:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=675502

Шерпаска од Непал го собори сопствениот рекорд како најуспешна жена планинарка која се искачила на Монт Еверест. Оваа 48-годишничка денеска по 10-ти пат се искачи на највисокиот врв на светот. Лакпа Шерпа и други неколку алпинисти го искористија поволното време и рано утринава се искачија на врвот од 8.849 метри надморска височина, како што изјави нејзиниот брат и организатор на експедицијата, Мингмпа Гелу, за тамошните медиуми. Иако по потекло од Непал, Лакпа живее со своите три деца во Западен Хартфорд, Конектикат, САД. Друг Непалец, Ками Рита во саботата по 26. пат се искачи на Монт Еверест, исто така соборувајќи го својот светски рекорд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zena-po-10-ti-pat-se-iskachi-na-mont-everest/feed/ 0
Мразот што се создаваше 2.000 години на Монт Еверест, се стопи за околу 25 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mrazot-shto-se-sozdavashe-2-000-godini-na-mont-everest-se-stopi-za-okolu-25-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mrazot-shto-se-sozdavashe-2-000-godini-na-mont-everest-se-stopi-za-okolu-25-godini/#respond Fri, 04 Feb 2022 12:24:51 +0000 https://kurir.mk/?p=627011

Највисокиот глечер на највисоката планина на светот, Монт Еверест, секоја година губи децениски мраз поради климатските промени предизвикани од човекот, покажа нова студија, јави Си-Ен-Ен. Откритијата служат како предупредување, дека брзото топење на глечерот на една од највисоките точки на Земјата, може да донесе уште полошо климатско влијание, вклучувајќи и почести лавини и сушење на изворите на вода, на кои, околу 1.6 милијарди луѓе во планинските масиви сметаат на нив за пиење, наводнување и хидроенергија. Мраз, на кој му требаше околу 2.000 години да се формира, се стопи за околу 25 години. Што значи дека се разредил околу 80 пати побрзо, отколку што се формирал. Додека топењето на глечери е нашироко проучувано, малку научно внимание се обрнува на глечери на највисоките точки на планетата, наведуваат истражувачи во студијата, објавена во Nature Portfolio Journal Climate и Atmospheric Science. Тим на научници и планинари, вклучувајќи шестмина од Универзитетот во Мејн, го посетија глечерот во 2019 година и земаа примероци од леденото јадро, долго десет метри. Тие, исто така, ги инсталираа двете највисоки автоматски метеоролошки станици во светот, со цел да соберат податоци и да одговорат на прашањето: Дали се погодени најнедостапните глечери на Земјата, од климатските промени предизвикани од човекот? – Одговорот е дефинитивно „ да“ и многу е значајно, уште од доцните 1990-ти, изјави Пол Мајевски, лидер на експедицијата, како и директор на Институтот за климатски промени на Универзитетот во Мејн. Според истражувачите, откритијата, не само што потврдуваат дека климатските промени, предизвикани од човекот, ги допреа највисоките точки на Земјата, ами, дека исто така, ја нарушува критичната рамнотежа, што ја обезбедуваат површините покриени со снег. – Станува збор за целосна промена од тоа што е доживеано во таа област, во текот, на веројатно целиот период, на окупација од страна на луѓето во планините. И се случи многу брзо, Мајевски изјави за Си-Ен-Ен. Истражувањето покажа дека кога мразот на глечерот бил изложен, изгубил околу 55 метри мраз во четвртина век. Истражувачите забележаа дека глечерот се трансформирал, од снежна обвивка во претежно мраз, а таа промена можела да настане најрано во 1950-тите години. Но, загубата на мраз стана поинтензивна од крајот на 1990-тите. Оваа трансформација во мраз, укажува дека глечерот не може повеќе да рефлектира зрачење од сонцето, па така, се топи побрзо. Симулации покажаа дека, поради екстремна изложеност на сончево зрачење, топење или испарување во овој регион, може да се забрза за повеќе од 20, штом снежната покривка се трансформира во мраз. Падот на нивоата на релативна влажност и посилен ветер, исто така се фактори. Покрај сите влијанија врз тие кои зависат од водата од глечери, моменталната стапка на топење, исто така ќе ги направи експедициите на Монт Еверест многу попредизвикувачки, додека снегот и покривката со мраз ќе се намалуваат во наредните децении, пренесува Си-Ен-Ен. – Поларните мечки беа иконски симбол за затоплување на Арктикот и губењето на морскиот мраз. Ние се надеваме дека тоа што се случи високо на Еверест, ќе биде уште еден иконски повик и демонстрација, додаде Мајевски. Експедицијата во 2019 година постави три светски гинисови рекорди: земен примерок од ледено јадро на највисока морска височина на 8.020 метри, микропластика пронајдена на највисока надморска височина на земјата – која најверојатно е од облека или шатори, пронајдена на 8.440 метри, како и метеоролошка станица на земјата на највисоко, инсталирана на „балконот“, гребен кој се наоѓа на 8.430 метри надморска височина. Станицата е првата инсталирана во, како што е позната, „смртната зона“, поради опасните услови за планинарење – зона над 8.000 метри, каде нема доволно кислород за да се одржи во живот, надвор од кратки временски периоди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mrazot-shto-se-sozdavashe-2-000-godini-na-mont-everest-se-stopi-za-okolu-25-godini/feed/ 0
Соборени два рекорди на Монт Еверест https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/soboreni-dva-rekordi-na-mont-everest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/soboreni-dva-rekordi-na-mont-everest/#respond Sun, 30 May 2021 09:07:33 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516742

Пензиониран адвокат од Чикаго стана најстриот Американец кој успешно се искачил на Монт Еверетс, а жена од Хонг Конг е најбрзата планинарка на светот, откако денеска двајцата се вратиле од успешна мисија и покрај лошите временски услови. Артур Мјуир (75) тргнал во освојување на највисокиот врв во светот минатиот месец и го соборил рекордот кој досега го држел Бил Брк (67) Чанг Јин-хунг (45) успеала од базниот камп да се искачи на Монт Еверест за само 25 часа и 50 минути и со тоа да стана најбрата искачувачка на светот. Рекордот во брзо освојување на Монт Еверест го држеше Шерпасот, Лакпа Гел кој се искачил за 10 часа и 56 минути. Во меѓувреме, Ројтерс јавува дека на Монт Еверест од непалска страна се искачил и 46 годишниот Кинез, Жанг Хонг кој е слеп и кој е првиот Азијат и трет во светот кој со таков хендикеп успеал во овој подвиг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/soboreni-dva-rekordi-na-mont-everest/feed/ 0
ВИДЕО: Документарец ќе ја разреши мистеријата – Кој прв го достигнал врвот на Монт Еверест? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-dokumentarec-kje-ja-razreshi-misterijata-koj-prv-go-dostignal-vrvot-na-mont-everest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-dokumentarec-kje-ja-razreshi-misterijata-koj-prv-go-dostignal-vrvot-na-mont-everest/#respond Wed, 01 Jul 2020 08:22:06 +0000 https://kurir.mk/?p=366391

Екипата од Национална географија сними документарец околу Монт Еверест, наречен „Изгубен на Еверест“ (Lost Everest). Тим на планинари, кој за снимање користеле дрон се обидоа да докажат кој уствари го освоил највисокиот врв на светот. Дали вистина Едмунд Хилари и Тензинг Норгај биле првите лица кои поставиле знаме на врвот. Тимот на Национална географија одел по стапките на неславната експедиција на Џорџ Ли Малрој и Ендру Ирвин во 1924 година. Водачот на тимот Марк Синот и планинарот Ренан Озтурк на Еверест појдоа за да ги пронајдат посмртните остатоци на Ирвин. Посмртните остатоци на Малрој беа пронајдени во 1999 година, а се уште не е познато дали тие двајца го стигнале врвот или не пред да го загубат животот. Ако тие успеале, тогаш тие се првите кои го освоиле врвот пред Едмунд Хилари и Тензинг. Национална географија објави клип кој покажува како тимот користи дрон за да ја истражи поопасната зона на Монт Еверест. Документарецот „Изгубени на Еверест“ беше премиерно прикажан на 30 јуни 2020 година на каналот на Национална географија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-dokumentarec-kje-ja-razreshi-misterijata-koj-prv-go-dostignal-vrvot-na-mont-everest/feed/ 0
Британец „го искачи“ Монт Еверест во својата зграда https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/britanec-go-iskachi-mont-everest-vo-svojata-zgrada/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/britanec-go-iskachi-mont-everest-vo-svojata-zgrada/#respond Fri, 10 Apr 2020 09:00:21 +0000 https://kurir.mk/?p=330091

Британскиот авантурист Џон Грифин (53) ја искористи насобраната енергија и слободното време за да „го достигне“ Монт Еверест во својата зграда. – Внесувањето јаглени хидрати е апсолутно клучно. Трошев, веројатно 6.500 калории на ден, изјави тој по подвигот. Имено, тој во четири дена направил 41.000 чекори на скалите во трикатното здание во западен Сасекс што, според него, е еднакво на искачувањето на највисокиот врв на светот од 8.850 метри. Преку неговиот потфат, Грифин собра околу 3.500 фунти за добротворната организација Трасел траст која поддржува околу 1.200 банки за храна во Велика Британија. – Следниот потфат е да го препливам Ла Манш во кадата, се пошегува планинарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/britanec-go-iskachi-mont-everest-vo-svojata-zgrada/feed/ 0
Земјотрес може да го снижил Монт Еверест: Непал и Кина заеднички ќе го премеруваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-moze-da-go-snizil-mont-everest-nepal-i-kina-zaednichki-kje-go-premeruvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-moze-da-go-snizil-mont-everest-nepal-i-kina-zaednichki-kje-go-premeruvaat/#respond Tue, 15 Oct 2019 10:43:25 +0000 https://kurir.mk/?p=251889

Непал и Кина постигнаа договор да спроведат заедничко точно мерење на највисоката планина на планетата Земја – Монт Еверест, што се наоѓа на границата меѓу тие две држави. Причината за новото мерење на највисокиот врв, чија официјална височина е 8.848 метри, се претпоставките на геолозите дека, поради силниот земјотрес во Непал од 2015 година, врвот може и „да се снижил”. Договорот за заедничко мерење е постигнат при посетата на претседателот на Кина, Си Џинпинг на Непал, одржана на 12 и 13 октомври. „Поаѓајќи од фактот што планината Жумулангма претставува вечен симбол на пријателството меѓу Непал и Кина, двете земји ќе развиваат соработка во разни области, меѓу кои и решавањето на проблемите поврзани со климатските промени и зачувувањето на животната средина. Заеднички ќе биде објавена и височината на врвот, откако на него ќе бидат спроведени научни испитувања“, се нагласува во официјалното известување, потпишано од двете страни. Жумулангма е кинескиот ендоним на планината, што пак, на тибетски се нарекува Чомолунгма, а на непалски – Сагармата. Претходно и Индија изрази подготвеност да им понуди помош на непалските власти при точното мерење на височината на планината Монт Еверест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-moze-da-go-snizil-mont-everest-nepal-i-kina-zaednichki-kje-go-premeruvaat/feed/ 0
Заострени правилата за на Монт Еверест- еве што треба да почитувате ако сакате да се качите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaostreni-pravilata-za-na-mont-everest-eve-shto-treba-da-pochituvate-ako-sakate-da-se-kachite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaostreni-pravilata-za-na-mont-everest-eve-shto-treba-da-pochituvate-ako-sakate-da-se-kachite/#respond Thu, 15 Aug 2019 12:45:01 +0000 https://kurir.mk/?p=229956

Непалските власти планираат да ги заострат правилата за лицата кои се качуваат на врвот Монт Еверест поради високата смртност меѓу алпинистите во последната сезона, јави „Хималајан Тајмс“. Врвот Монт Еверест се наоѓа на Хималаите и е највисокиот врв на Земјата. Неговата височина изнесува 8.848 метри. Според официјални податоци, од почетокот на годинашната алпинистичка сезона во обиди за освојување на врвот загинало 21 лице. Експертска комисија денеска на непалскиот министер за култура, туризам и цивилна авијација му достави извештај, со кој на владата и се препорачува заострување на правилата за безбедност во планинскиот туризам. Во него се забележува дека една од главните препораки е утврдување на политиката – еден алпинист – еден врв – една сезона. Според извештајот на комисијата, освојувачите на Монт Еверест и на други планински врвови над 8. 000 метри треба да бидат обучени за искачување големи височини. Според новите правила се претпоставува дека одобренија за искачување на Монт Еверест ќе им се издаваат само на оние кои во Непал освоиле врв не помал од 6. 500 метри. „Алпинистите треба да имаат знаење, искуство и обученост во искачувањето. Алпинистите треба да достават соодветни документи до Министерството за туризам, пред да добијат одобрение за искачување на планината”, се наведува во извештајот на експертската комисија. Освен тоа, доколку овие правила бидат одобрени, алпинистите во иднина на властите ќе треба да им достават и сертификат за својата здравствена состојба и својата физичка подготвеност. Само граѓани на Непал можат да бидат нивни водачи. Експедициските компании треба да располагаат со квалификувани спасувачки екипи и лекар со познавања на планинскиот туризам. Министерот за туризам Јогеш Бахтараи изјави дека министерството ќе ги прифати препораките на комисијата. Според него, врз основа на извештајот ќе бидат променети соодветните законски акти и правила во областа на планинскиот туризам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaostreni-pravilata-za-na-mont-everest-eve-shto-treba-da-pochituvate-ako-sakate-da-se-kachite/feed/ 0
Трагедија на Монт Еверест: Тројца планинари загинаа поради исцрпеност (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-na-mont-everest-trojca-planinari-zaginaa-poradi-iscrpenost-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-na-mont-everest-trojca-planinari-zaginaa-poradi-iscrpenost-video/#respond Sat, 25 May 2019 10:09:58 +0000 https://kurir.mk/?p=201811

Тројца планинари загинаа завчера на врвот Монт Еверест, а во текот само на оваа недела седуммина ги загубија животите, што е повеќе од бројот на загинати во текот на целата мината година. Тројца планинари завчера загинаа од исцрпеност при спуштање од врвот Монт Еверест. Освен тоа, во последните денови е забележан вистински метеж на врвот и покрај молбите на локалните организации да се ограничи бројот на издадени дозволи. Непал издаде 381 дозволи за пролетната сезона за искачување на највисокиот врв на светот, а секоја од дозволите чини 10.000 долари. Двајца планинари од Индија, Калпан Дас (57) и Нихал Багван (27) загинаа при спуштањето од Монт Еверест. Според локалните организатори, овие планинари заглавиле на врвот цели 12 часа поради метежот на врвот и не можеле да почнат со спуштањето. 65- годишен планинар од Австрија, пак, починал на северната, тибетанска страна на планината. Сите тие биле исцрпени поради чекањето да се расчисти метежот за да можат да се симнат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-na-mont-everest-trojca-planinari-zaginaa-poradi-iscrpenost-video/feed/ 0