мораториум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Apr 2021 08:09:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мораториум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Власта која ветуваше мораториум за градби сега брани бетонски џунгли – Жестоки реакции од архитекти, граѓани и здруженија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-koja-vetuvashe-moratorium-za-gradbi-sega-brani-betonski-dzungli-zestoki-reakcii-od-arhitekti-gragjani-i-zdruzenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-koja-vetuvashe-moratorium-za-gradbi-sega-brani-betonski-dzungli-zestoki-reakcii-od-arhitekti-gragjani-i-zdruzenija/#respond Thu, 15 Apr 2021 08:07:36 +0000 https://kurir.mk/?p=497505

Вкупно околу 400 станови со околу 1.200 жители, или повеќе од предвидените 850 на хектар е планирано да има во зградите на паркингот кај Холидеј Ин. Бетонската џунгла која се планира да се изгради ќе го задуши и онака загаденото централно подрачје од Скопје. Иако во јавноста има голем број негативни реакции по однос на изградбата на овој проект наречен „Гранд“, власта дава поддршка иако во минатото ветуваше мораториум за градби. Со јавен повик до премиерот Зоран Заев, 29 здруженија и архитекти бараат тој да покаже суштинска волја за борба против урбанистичкото дивеење и распродавањето на јавниот интерес. -Јавниот интерес и правото на живот во здрава и чиста животна средина мора да е врвно начело на управување со државата. Обврска на Владата е да го одржува и штити јавниот интерес и да интервенира кога е тој загрозен, а по потреба и да санкционира. Со молчењето на Владата и покрај бројните реакции на јавноста, се создава впечаток дека не се почитува интересот на граѓаните, ниту пак стручното мислење зошто овој ДУП не смее да се извршува. Државната комисија за спречување на корупцијата отвори постапка за утврдување на ризици за склучување на коруптивни договори при јавни набавки за изработка и ревизија на ДУП-овите во Општина Центар. Владеењето на правото во една држава се гледа и во пристапот кон решавањето на просторот кој е необновлив ресурс во урбаните средини. Во сите претходни плански документации (почнувајќи од планот на Кензо Танге) оваа локација се именува како „Републички центар со републички плоштад“ и е препознаена како локалитет од државно значење, стои во дел од јавниот повик до Заев. Тие бараат од него да покаже дека не го поддржува, како што велат, финалното уништување на главниот град со реализација на лоши планови. Очекуваат институциите на системот да ги стават граѓаните на прво место и да преземат конкретни чекори, во спротивно ќе побараат политичка и кривична одговорност за сите соучесници во урбанистичкото дивеење врз градот. Голем број реакции има и на социјалните мрежи. Граѓаните бараат воздух, наместо бетонски зданија. Изградба и реконструкција на објекти од кои корист ќе имаат сите граѓани, а не станбени објекти. Покрената е и онлајн петиција „Не за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред хотел Холидеј Ин“, на која се потпишани речиси 10.000 граѓани. Компанијата „МГ Фешн“ вчера соопшти дека во проектот „Гранд“ ќе инвестира 60 милиони евра. На овој простор се предвидува на бруто развиена површина од 200 илјади квадратни метри со намена А2 и Б2 – домување во станбени згради и деловни содржини катност од П+60+потпокрив. Паркирањето ќе биде обезбедено во градежната парцела 1.1 во три подземни нивоа со 969 паркинг места. Објектот, како што посочија, ќе се состои од три кули со различна намена од кои две се за домување, кои би гледале кон Кеј „13 Ноември“, а деловната зграда е со помала катност П+16 и би гледала кон деловната зграда на Соравија. Трите кули во приземјето и на катот ги врзуваат деловни содржини, локали и канцеларии. Влезот за возила е предвиден да биде преку улицата „Мирче Ацев“, која треба да прерасне во булевар и улицата „Два“. Предвидени се два влеза, еден е под деловната зграда и еден од спротива, каде што би биле локалите, како и излез, додека на Кеј „13 Ноември“ би имало само еден излез. Во првата фаза се предвидува изградба на станбено деловен простор со катност П+20+потпокрив, во втората П+22 и во третата фаза деловната зграда со П+16 и локалите кои се наоѓаат во приземје со катност П+. На горните катови е сместено домувањето и канцелариите, а на приземјето и дел од катот се резервирани за локали кои гравитираат кон улиците. Во проектот никаде не е планирано да има градинка за огромниот број жители, а од компанијата посочија дека секогаш може во деловниот простор некој да отвори приватна градинка. На ова реагираа граѓаните кои истакнуваат дека тоа не е решение, бидејќи цените за приватните градинки се големи и не може секој да си дозволи. Инаку, инвеститорите веќеуплатиле комуналии во висина од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра и тоа 60 отсто на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40 отсто на Општина Центар (1 милиони евра). Претходно, Општина Центар им го одобри идејниот проект за објектите. Инвеститорите сега треба да поднесат барање за добивање градежна дозвола и потоа слободно можат да градат на овој последен слободен простор во центарот на Скопје. Инвесторите најверојатно ќе немаат никакви пречки да добијат градежна дозвола бидејќи веќе на сила не е мораториумот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-koja-vetuvashe-moratorium-za-gradbi-sega-brani-betonski-dzungli-zestoki-reakcii-od-arhitekti-gragjani-i-zdruzenija/feed/ 0
По уривањето на потпорниот ѕид, ВМРО-ДПМНЕ бара мораториум за градба во Црниче и Пржино https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-urivanjeto-na-potporniot-dzid-vmro-dpmne-bara-moratorium-za-gradba-vo-crniche-i-przino/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-urivanjeto-na-potporniot-dzid-vmro-dpmne-bara-moratorium-za-gradba-vo-crniche-i-przino/#respond Thu, 19 Nov 2020 06:52:01 +0000 https://kurir.mk/?p=431483

Потпорен ѕид на куќа во Пржино во чие непосредно соседство се градат дури четири повеќекатници се урна вчера попладнето. „Падна ѕидот во Пржино! Ова е втор ѕид што падна во Пржино! Браво градоначалник!“ се првите коментари за урнатиот ѕид во Пржино на социјалните мрежи. Граѓаните бараат одговорност за загрозување на безбедноста на граѓаните и нивниот имот во Пржино и бараат премиерот Зоран Заев да ги повика на одговорност оние кој издале одобрение за градба на големи згради на толку мал и пренаселен простор. На повик на граѓаните, вчера на лице место излезе и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кисела Вода. -Урбаната мафија продолжува со поддршка на локалната власт да го практицира нивното самоволие, од кое за среќа вечерва по паѓањето на потпорниот ѕид нема жртви. Како советничка група бараме вонредна седница на која ќе биде донесен мораториум за градба во Црниче и Пржино, но и ќе запрат и ќе се ревидираат сите сомнителни градби веќе отпочнати изминатиов период, истакна советникот Орце Ѓорѓиевски. Минатата недела граѓаните кои живеат во непосредна близина на градилиштето го блокираа приодот кон парцелата на која, според нив се градат премногу големи објекти кои според својот габарит не одговараат на локацијата, каде доминираат индивидуални куќи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-urivanjeto-na-potporniot-dzid-vmro-dpmne-bara-moratorium-za-gradba-vo-crniche-i-przino/feed/ 0