морнарица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 07:17:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png морнарица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лиза Франчети стана првата жена на чело на американската морнарица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liza-francheti-stana-prvata-zhena-na-chelo-na-amerikanskata-mornaritsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liza-francheti-stana-prvata-zhena-na-chelo-na-amerikanskata-mornaritsa/#respond Fri, 03 Nov 2023 07:17:39 +0000 https://kurir.mk/?p=896023

Американскиот Сенат гласаше за одобрување на адмирал Лиза Франчети (59) да ја води американската морнарица. Како началник за поморски операции, таа стана првата жена што се приклучи на елитната група високи воени офицери кои го сочинуваат Здружениот Генералштаб на американската војска, јавува Би-Би-Си. Нејзината номинација беше одобрена со 95 гласа „за“ и еден против, откако Сенатот се обиде да ги пополни критичните позиции во военото раководство. Франчети е ветеран на морнарицата и поранешна началничка на американската Шеста флота и американските поморски сили во Јужна Кореја, а исто така служела и како командант на носач на авиони. Таа беше номинирана од американскиот претседател Џо Бајден. Американската крајбрежна стража е предводена од жена, адмирал Линда Фаган, но таа гранка спаѓа под Министерството за домашна безбедност, а не под Министерството за одбрана. Генерал Дејвид Олвин е назначен за началник на Генералштабот на американските воздухопловни сили, а генерал-полковник Крис Махони е именуван за помошник командант на маринскиот корпус, откако неговиот претходник во неделата доживеа срцев удар, јавуваат американските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liza-francheti-stana-prvata-zhena-na-chelo-na-amerikanskata-mornaritsa/feed/ 0
Во Авганистан ослободен ветеран на морнарицата на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avganistan-osloboden-veteran-na-mornaricata-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avganistan-osloboden-veteran-na-mornaricata-na-sad/#respond Mon, 19 Sep 2022 15:54:50 +0000 https://kurir.mk/?p=734893

Американецот Марк Фрерикс, држен во заложништво во Авганистан две години, денеска е ослободен во акција за размена на затвореници помеѓу талибанците и САД. – Враќањето на Марк дома беше главен приоритет за претседателот Бајден и неговиот национален тим, соопшти Белата куќа. Фрерикс е ветеран на морнарицата на САД, кој беше киднапиран во јануари 2020 година додека работел како градежен работник во Авганистан. – После над две години заточеништво, ветеранот на морнарицата на САД, Марк Фрерикс е на безбедно и се враќа дома од Авганистан. Благодарност до нашиот тим од Стејт департментот, до нашите професионалци од националната безбедност, како и до нашите партнери во Катар. Враќањето на Марк кај своите најблиски е резултат на интензивен ангажман со талибанците, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен. Фрерикс е ветеран на морнарицата на САД кој беше киднапиран во јануари 2020 година додека работел како градежник во Авганистан. – После над две години заточеништво, ветеранот на морнарицата на САД, Марк Фрерикс е на безбедно и се враќа дома од Авганистан. Благодарност до нашиот тим од Стејт департментот, до нашите професионалци од националната безбедност, како и до нашите партнери во Катар. Враќањето на Марк кај своите најблиски е резултат на интензивен ангажман со Талибан, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен. Фрерикс е разменет за талибанецот Хаџи Башир Нурзаи, кој во САД е осуден на 17 години затвор за трговија со дрога. Неговата казна е суспендирана како дел од договорот за размена на заробеници помеѓу Вашингтон и Кабул. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avganistan-osloboden-veteran-na-mornaricata-na-sad/feed/ 0
Грчката војска отвори оган во Егејското Море, повреден турски државјанин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vojska-otvori-ogan-vo-egejskoto-more-povreden-turski-drzavjanin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vojska-otvori-ogan-vo-egejskoto-more-povreden-turski-drzavjanin/#respond Tue, 11 Aug 2020 13:57:25 +0000 https://kurir.mk/?p=389331

Грција отворила оган кон чамец што превезувал цивили покрај островот Родос во Егејското Море, изјави Командата на турската крајбрежна стража за „Анадолија“. Во соопштението командата соопшти дека двајца турски и еден сириски државјанин се повредени, а чамецот потонал поради нападот. Во него се наведува дека нападот се случил во грчките води, 7,2 наутички милји од турската провинција Мугла. Во извештајот се наведува дека по нападот била испратена екипа за итни случаи од четири брода и тим за нуркање. Повредените биле однесени во државната болница во Мармарис. Тензиите во регионот се во пораст како резултат на истражувањето и дупчењето на изворите на природни ресурси во Средоземното Море. Анкара ја обвинува Грција за спроведување максималистичка политика во источен Медитеран и потенцира дека нејзините поморски побарувања ги кршат суверените права на Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vojska-otvori-ogan-vo-egejskoto-more-povreden-turski-drzavjanin/feed/ 0