морска сол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Dec 2022 11:09:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png морска сол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Батерии од морска сол можна корисна замена за литиумот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/baterii-od-morska-sol-mozna-korisna-zamena-za-litiumot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/baterii-od-morska-sol-mozna-korisna-zamena-za-litiumot/#respond Tue, 20 Dec 2022 11:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=778067

Батериите од морска сол, според научните сознанија, имаат четири пати поголем капацитет од литиумот, објави „Јуроњуз“ (Euronews). Истражувачите веќе развија батерија направена од натриум-сулфур. Тоа е хемиско соединение што се добива од морска вода. Таквата батерија не само што е поевтина, туку е и поеколошка од постојните литиум-јонски батерии. Одговорниот истражувач Шенглонг Жао од австралиискиот Универзитет на Сиднеј, верува дека оваа батерија може да биде пресвртница во поглед на обновливите извори на енергија. Сепак, според него, има и неколку финансиски препреки за развој на батерии со морска сол. Со оглед на климатско-еколошките услови, на планетава се зголемува потребата од префрлање на обновливи извори на енергија, како што се ветерот и Сонцето. Сепак, имајќи предвид дека обновливите извори не се толку конзистентни, тука е и потребата од складирање енергија, за што се користат батериите. Многу батерии кои моментално се достапни се направени од ретки материјали, како што се литиум, јаглен и кобалт. За да може Европската Унија да постигне климатска неутралност, до 2030 година ќе треба да троши 18 пати повеќе литиум, а до 2050 година речиси 60 пати повеќе. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во септември оваа година најави дека ретките метали наскоро ќе бидат исто толку важни како нафтата и гасот. Сепак, и тие имаат своја цена. Ископувањето литиум може да резултира со недостиг на вода, уништување на биолошката разновидност и загадување на почвата. Покрај тоа, пронаоѓањето и обработката се многу скапи. Имајќи предвид дека морската сол е сеприсутна, батеријата од морска сол би можела да биде далеку поисплатлива алтернатива за литиум-јонските батерии. Што се батерии од морска сол? Тие не се новина „од вчера“, велат научниците. Како концепт постојат 50 години, но не се сметаа за доволно корисни поради кусиот период на употребливост. Сепак, батериите со морска сол што сега се развиваат се различни од своите претходници. Научниците ги модифицирале електродите за да ја подобрат реактивноста на сулфурот, клучен елемент за капацитетот на складирање енергија. Резултатот е – батерија со „супер-висок капацитет и ултра-долг животен век на собна температура“, објаснуваат истражувачите од Универзитетот во Синдеј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/baterii-od-morska-sol-mozna-korisna-zamena-za-litiumot/feed/ 0
Една чаша солена вода треба да конзумирате секој ден: Дознајте ги нејзините бенефиции https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-chasha-solena-voda-treba-da-konzumirate-sekoj-den-doznajte-gi-nejzinite-beneficii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-chasha-solena-voda-treba-da-konzumirate-sekoj-den-doznajte-gi-nejzinite-beneficii/#respond Tue, 12 Feb 2019 09:49:17 +0000 https://kurir.mk/?p=162919

Комбинацијата од чиста морска сол и вода како дел од редовната прехрамбена рутина може да го регенерира нашиот организам на следните начини. Бенефициите на вода со лимон или со јаболков оцет се на широко познати. Наместо овие два пијалоци, се поголем број на луѓе во последно време почнуваат да пијат – солена вода. Често слушаме за тоа колку солта во прекумерни количини е лоша за нашето здравје, но ретко се зборува за нејзините бенефиции и позитивните ефекти врз организмот. Поточно, комбинацијата на чиста морска сол и вода како дел од редовната прехрамбена рутина, може да го регенерира нашиот организам благодарение на минералите во овој пијалок со голема хранлива вредност. Подготовка: Измешајте 3 децилитри вода со прстофат сол и испијте ја при појадокот или во текот на денот, а во продолжение прочитајте кои се бенефициите од солената вода. 1. Правилна хидратација Познато е дека може да се испие и премногу вода, а во тој случај во организмот доаѓа до недостаток на натриум, кој води до хипонатремија. Солта истовремено му помага на телото да ја апсорбира водата и да одржува баланс на натриумот во организмот. 2. Детоксикација Солената вода содржи минерали кои помагаат во природната детоксикација на телото и исфрлување на штетните токсини, а исто така има и антибактериски својства, па ги исфрла бактериите од организмот. 3. Варење на храната Солта ги активира жлездите во устата кои потоа испуштаат протеин кој помага во правилното разградување на храната и на тој начин значително го олеснуваат процесот на варење на храната. Со овој пијалок, подуеноста ќе остане само спомен. 4. Сон За оние кои страдаат од несоница, солената вода би можела да стане решение за овој непријатен проблем. Природните минерали во солта го смируваат телото и нервниот систем и го намалуваат нивото на кортизол во телото т.н. хормон на стрес, кој често не ни дозволува да спиеме. 5. Кожа Сите сакаме да имаме здрава и убава кожа, а во тоа исто така ни помагаат минералите кои се наоѓаат во солта. Тие ги намалуваат акните, осипот, егземата и ја одржуваат кожата мазна и чиста. Повеќето луѓе од прва рака можат да потврдат дека морската вода одлично делува на кожата, а чаша солена вода може одвнатре да ви помогне во регенерацијата на кожата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-chasha-solena-voda-treba-da-konzumirate-sekoj-den-doznajte-gi-nejzinite-beneficii/feed/ 0