морски мраз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Jun 2023 07:05:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png морски мраз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арктикот би можел да остане без морски мраз во лето до 2030-тите, еве какви се последиците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/arktikot-bi-mozhel-da-ostane-bez-morski-mraz-vo-leto-do-2030-tite-eve-kakvi-se-posleditsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/arktikot-bi-mozhel-da-ostane-bez-morski-mraz-vo-leto-do-2030-tite-eve-kakvi-se-posleditsite/#respond Wed, 07 Jun 2023 07:05:27 +0000 https://kurir.mk/?p=843038

Научниците предупредуваат дека Арктикот би можел да остане без морскиот мраз една деценија порано од предвиденото, што е уште еден јасен показател дека климатската криза се развива побрзо од очекуваното. Според најновото истражување објавено денес во списанието Nature Communications, арктичкиот морски мраз би можел целосно да исчезне веќе во 2030-тите во текот на септември. Дури и ако значително ги намалиме емисиите на стакленички гасови, експертите веруваат дека до 2050-тите Арктикот може да го изгуби мразот во текот на летните месеци. Научниците ги анализираа промените во нивото на мразот од 1979 до 2019 година, споредувајќи различни сателитски податоци и климатски модели. Тие открија дека намалувањето на морскиот мраз во голема мера е резултат на загадувањето кое ја загрева планетата и дека претходните модели ги потцениле трендовите на топење на ледените плочи на Арктикот. „Можеме да останеме без мраз десет години порано од предвиденото“ - Бевме изненадени кога сфативме дека Арктикот ќе остане без мраз во текот на летото, дури и ако направиме нешто за намалување на емисиите на стакленички гасови, изјави за Си-Ен-Ен климатологот Сеунг-Ки Мин од Универзитетот за наука и технологија Поханг во Јужна Кореја. Арктичкиот мраз се акумулира во текот на зимата, а потоа се топи во лето. Најниското ниво обично го достигнува во септември, а подоцна, со доаѓањето на постудено време, циклусот повторно започнува. Меѓутоа, ако нема повеќе мраз во текот на летото, тој ќе се акумулира побавно во зима. Во случај да се зголемат штетните емисии и дополнително да го забрзаат глобалното затоплување, Мин верува дека до 2080 година Арктикот би можел да остане без мраз до крајот на октомври. Наодите од ова истражување не се во согласност со извештајот од 2021 година на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени, во кој се наведува дека Арктикот ќе биде „практично без мраз близу до средината на векот под сценарија за средни и високи емисии на стакленички гасови“. „Нашата студија покажува дека тоа би можело да се случи 10 години порано, без оглед на сценаријата за емисии“, рече Мин. Кои се последиците? Во текот на изминатите неколку децении, Арктикот се загреал четири пати побрзо од остатокот од светот, според студија од 2022 година. Арктикот без летен морски мраз би предизвикал страшни последици ширум светот. Имено, белиот мраз ја рефлектира сончевата енергија. Кога се топи, се изложува потемниот океан кој апсорбира повеќе топлина, што пак предизвикува дополнително затоплување. - Намалувањето на нивото на морскиот мраз може да влијае и на глобалната клима. „Со оглед на претпоставката дека затоплувањето на Арктикот носи временски екстреми, како што се топлотни бранови, шумски пожари и поплави на северните географски широчини, порано целосно губење на мразот во текот на летото може да предизвика екстремни настани побрзо отколку што предвидовме, рече Мин. Арктикот без мраз би можел да доведе и до зголемување на комерцијалниот поморски превоз поради отворањето на нови рути, а според минатогодишниот извештај за Арктикот на американската Национална агенција за истражување океани и атмосфера, зголемениот бродски превоз би довел до повисоки емисии и загадување во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/arktikot-bi-mozhel-da-ostane-bez-morski-mraz-vo-leto-do-2030-tite-eve-kakvi-se-posleditsite/feed/ 0
Површината на арктичкиот морски мраз по втор пат падна под 4 милиони квадратни километри https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povrshinata-na-arktichkiot-morski-mraz-po-vtor-pat-padna-pod-4-milioni-kvadratni-kilometri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povrshinata-na-arktichkiot-morski-mraz-po-vtor-pat-padna-pod-4-milioni-kvadratni-kilometri/#respond Tue, 22 Sep 2020 06:57:56 +0000 https://kurir.mk/?p=406554

Површината на арктичкиот морски мраз падна под четири милиони квадратни километри по втор пат откако почна сателитското снимање во 1979 година, соопшти американскиот Национален центар за податоци за снег и мраз (НСИДЦ). Мразот на 15 септември ја достигна својата годишна минимална површина од 3,74 милиони квадратни километри и сега се очекува да почне повторно да се шири бидејќи температурите почнуваат да паѓаат и сонцето заоѓа порано со почетокот на есента. Арктичкиот морски мраз е во постојан тренд на намалување, а 14-те најниски годишни минимални површини се случуваат во последните 14 години. Еколозите предупредуваат дека забрзаното топење придонесува за затоплување на океаните и зголемени стапки на истребување на повеќе видови. – На северот ова беше луда година, со морски мраз на скоро рекордни ниски нивоа, топлотни бранови од 37 степени Целзиусови во Сибир и огромни шумски пожари, изјави директорот на НСИДЦ Марк Серезе. – 2020 година ќе стои како извичник за надолниот тренд на површината на арктичкиот морски мраз. Одиме кон сезонски Арктички океан без мраз, а оваа година е уште еден клинец во ковчегот, продолжи тој. Мерењата објавени вчера се само прелиминарен наод и може да се ревидираат бидејќи континуираното топење може уште повеќе да ја намали ледената прекривка, нагласува НСИДЦ и додава дека финална анализа ќе објави во октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povrshinata-na-arktichkiot-morski-mraz-po-vtor-pat-padna-pod-4-milioni-kvadratni-kilometri/feed/ 0