морски плодови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Sep 2022 20:50:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png морски плодови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски ќе забрани во Влада да се јадат морски плодови, бифтеци и апетисани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-kje-zabrani-vo-vlada-da-se-jadat-morski-plodovi-bifteci-i-apetisani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-kje-zabrani-vo-vlada-da-se-jadat-morski-plodovi-bifteci-i-apetisani/#respond Wed, 28 Sep 2022 20:50:41 +0000 https://kurir.mk/?p=738779

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва соопшти дека одлучил да се забрани набавката и користењето на морска храна, бадеми и лешници во рестораните и бифеата на СОЗР. Тие финансиски средства ќе бидат насочени за финансиска поддршка на најранливите категории граѓани со ниски примања. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со објавите во некои медиуми дека Владата набавува морски плодови за 20.000 евра, а ќе плати и 270.000 евра за одржување на зеленилото, премиерот рече дека имало соопштение од СОЗР според кое, се работи за рамковен договор кој не се однесува само на Владата, туку се однесува на сите ресторани на СОЗР, дополнително и на претседателот на Собранието и на претседателот на државата -Сите се снабдуваат преку СОЗР и тоа е рамковен тендер, односно рамковен договор каде што доколку некој нарача од сите овие што се корисници, тогаш нормално ќе треба тоа и да го плати. Меѓутоа, со оглед на тоа што и тоа што ќе се нарача треба да биде платено од средствата на граѓаните доколку се работи за службени ручеци или од сметка на оној што сам плаќа доколку отиде во некои од бифеата без разлика при подготовката на мерките за ранливите категории на граѓани, јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење во бифеата на морска храна, исто така и на бадеми, лешници,… Ќе има забрана за таква набавка и сите тие финансиски средства ќе бидат насочени за финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани со ниски примања, истакна Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-kje-zabrani-vo-vlada-da-se-jadat-morski-plodovi-bifteci-i-apetisani/feed/ 0
Рижото со морски плодови https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/rizoto-so-morski-plodovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/rizoto-so-morski-plodovi/#respond Fri, 11 Jan 2019 10:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=150921

За љубителите на морската храна ова е одличен рецепт за подготовка на ориз со школки … Потребно е: 400 г ориз 1 кг црни неотворени морски школки 1 главица кромид, ситно сецкан 1 лажица доматно пире 200 мл бело вино 60 г путер 2 лажици маслиново масло 1 лажица сецкан магдонос сол, бибер Подготовка: – Ставете го виното да се вари. Кога ќе проврие, смалете ја температурата и оставете да врие 5 минути да му се намали количината на половина. – Школките измијте ги убаво и додадете ги во виното што се вари. Варете ги 4-5 минути за да се отворат. Мешајте ги од време на време. – Со лажица решетка извадете ги школките од виното, а виното прецедете го. Потоа во виното додадете вода за да добиете 1 литар течност. – Неотворените школки фрлете ги. – Загрејте во тава на рингла 30 гр путер со масло. Додадете го кромидот и пропржете го малку. Потоа додадете го оризот и малку зголемете ја температурата. Пржете го оризот со постојано мешање да стане стаклест – околу 2 минути. – Ставете сол, бибер и доматно пире. Убаво измешајте. – Во оризот додадете ја течноста со виното во која ги варевте школките. Но немојте да ја ставите одеднаш целата течност, туку прво сипете половина, па откако оризот ќе ја впие течноста досипете го остатокот. Целото варење на оризот треба да трае околу 35 минути. – Додека се подготвува оризот, извадете поголем дел од школките од обвивката и ставете ги во оризот. Измешајте убаво. – На крај додадете го преостанатиот путер, исецкан на листови и исецканиот власец. – На крај јадењето украсете го со преостанатите школки во обвивка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/rizoto-so-morski-plodovi/feed/ 0