морски животни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 Aug 2022 11:34:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png морски животни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Во Кина и морските животни се тестираат за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-kina-i-morskite-zivotni-se-testiraat-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-kina-i-morskite-zivotni-se-testiraat-za-koronavirus/#respond Fri, 19 Aug 2022 11:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=721038

Рибите, раковите, па дури и ракчињата во кинескиот крајбрежен град Ксиамен се тестираат за коронавирус како дел од напорите за спречување на пандемијата. Ова предизвика потсмев и критики од оние кои сметаат дека е бесмислено. На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа како луѓе кои носат заштитни одела и земаат примероци од риби и ракови. За некои, ова е показател дека политиката на „нула заразени со коронавирусот“ се преувеличува. Во Кина од почетокот на пандемијата се спроведуваат масовни тестирања, се применува долг карантин. Сепак, високо заразниот микрон сој на коронавирусот стана голем предизвик, и покрај високо рестриктивните епидемиолошки мерки. Властите на Ксиамен побараа од рибарите да ги тестираат уловените морски животни за коронавирус. Тие ги обвинија рибарите дека од јуни годинава го шират овој вирус преку „незаконска трговија“ и „незаконски контакти“ во провинцијата Фуџијан и со тоа му нанесоа голема штета на општеството. Во споменатиот град, кој има речиси 4,3 милиони жители, денеска се регистрирани 10 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на позитивни се искачи на 65. Кон средината на оваа недела започна примената на масовно тестирање во три циклуси. Професорот на Универзитетот за биомедицински науки во Хонг Конг, Донгјан Џин, изјави за Си-Ен-Ен дека тестирањето на морски животни е губење ресурси. Тој рече дека фокусот треба да биде на луѓето, а не на рибите. Зборувајќи за тоа зошто мисли дека тоа е залудно, тој истакна дека е малку веројатно дека рибата ќе биде позитивна на вирусот и дека ќе го пренесе на луѓето. Според него, нема доказ дека коронавирусот може да се пренесе од риба на луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-kina-i-morskite-zivotni-se-testiraat-za-koronavirus/feed/ 0