мосад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 09:03:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мосад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешен шеф на Мосад: Безбедносните тактики на Израел целосно пропаднаа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshen-shef-na-mosad-bezbednosnite-taktiki-na-izrael-tselosno-propadnaa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshen-shef-na-mosad-bezbednosnite-taktiki-na-izrael-tselosno-propadnaa/#respond Mon, 09 Oct 2023 09:03:30 +0000 https://kurir.mk/?p=886813

Безбедносните тактики на Израел „целосно пропаднаа“ во саботата, според поранешниот шеф на една од нивните разузнавачки служби. Дени Јатом, поранешен шеф на разузнавачката агенција Мосад и политичар од израелската опозициска Лабуристичка партија, вели дека „се тргна наопаку“ и дека „никој немаше поим“ што се случува кога Хамас го нападна Израел од Газа во саботата рано наутро. Тој за Би-би-си изјави дека вториот слој на одбрана на Израел е недоволен за да ги запре нападите, потсетувајќи како Израел бил фатен без стража речиси „50 години и еден ден“ од јомкипурската војна, кога коалицијата на арапски држави изврши инвазија. „Количината на сила беше премала – и тоа главно се должи на неуспехот на разузнавачките служби да кажат дека иако бевме сведоци на многу вежби на Хамас, тие немаат намера да го нападнат Израел“, рече Јатом.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshen-shef-na-mosad-bezbednosnite-taktiki-na-izrael-tselosno-propadnaa/feed/ 0
Иран тврди дека уапсил тројца осомничени шпиони за Мосад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-tvrdi-deka-uapsil-trojca-osomnicheni-shpioni-za-mosad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-tvrdi-deka-uapsil-trojca-osomnicheni-shpioni-za-mosad/#respond Thu, 21 Apr 2022 06:25:09 +0000 https://kurir.mk/?p=666331

Иран уапси тројца осомничени шпиони за израелската разузнавачка служба Мосад, јави денеска иранската новинска агенција Фарс, пренесе ДПА. Тројцата се уапсени во Захедан во југоисточен Иран. Наводно, тие препратиле тајни документи до израелската тајна служба. Нивната националност не е спомната во објавениот текст. Израел се смета за голем непријател на Иран од исламската револуција пред 43 години. Низ годините има многу извештаи за притворени, уапсени или егзекутирани Иранци, кои, наводно, работеле за Мосад или за ЦИА, пишува германската новинска агенција. Не може да се провери дали иранските тврдења се точни, со оглед на тоа што и апсењата и судењата се чуваат во тајност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-tvrdi-deka-uapsil-trojca-osomnicheni-shpioni-za-mosad/feed/ 0
Во Турција уапсени 15 оперативци на Мосад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-turcija-uapseni-15-operativci-na-mosad-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-turcija-uapseni-15-operativci-na-mosad-2/#respond Thu, 21 Oct 2021 11:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=583128

Турција уапси 15 лица осомничени дека работеле за израелската разузнавачка служба Мосад на турска територија, објави денеска весникот Сабах. Весникот наведува дека осомничените се уапсени пред две недели, и тие на Мосад и давале информации за турски државјани и странски студенти, кои евентуално би работеле во воената индустрија. Израелските медиуми објавија дека сите приведени се Арапи, а апсењето го спровела турската Национална разузнавачка организација (МИТ) по една година контраразузнавачка работа. Сабах наведе дека осомничените биле следени една година и се покажало дека за тоа време биле ангажирани во шпионажа фокусирана на Палестинците во Турција. Шпионската мрежа ги споделила информациите до кои дошла со Мосад за десетици илјади долари и евра. Се очекува обвинение против осомничените, кои наводно биле поделени во пет групи од по три члена, и дејствувале во четири турски провинции, и сите биле уапсени на 7 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-turcija-uapseni-15-operativci-na-mosad-2/feed/ 0
Мосад ќе има нов шеф https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mosad-kje-ima-nov-shef/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mosad-kje-ima-nov-shef/#respond Wed, 16 Dec 2020 07:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=443768

Израелските специјални служби „Мосад“ ќе имаат нов началник – на местото на Јоси Коен доаѓа Д.Д. чие целосно име не се соопштува, јавија локални медиуми повикувајќи се на извор од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху. Се наведува дека Д.Д. е искусен ветеран на Мосад, но не се соопштуваат детали. Обично, Мосад го открива името на својот шеф откако ќе биде потврден на функцијата. Името на Јоси Коен често се споменуваше на меѓународната политичка сцена. Тој често патуваше во муслиманските земји со кои Израел успеа да ги затопли односите со посредство на САД во последните месеци. Кон крајот на ноември, еден од водачите на иранската ракетна програма и припадник на Револуционерната гарда, Мохсен Фахризаде, беше застрелан во Иран. Иран ги обвини разузнавачките служби на САД и Мосад. Израел не ги коментираше обвинувањата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mosad-kje-ima-nov-shef/feed/ 0
Мосад тврди дека Иран повеќе не е непосредна закана за Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mosad-tvrdi-deka-iran-povekje-ne-e-neposredna-zakana-za-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mosad-tvrdi-deka-iran-povekje-ne-e-neposredna-zakana-za-izrael/#respond Tue, 14 Apr 2020 11:58:46 +0000 https://kurir.mk/?p=332024

Повикувајќи се на извори од Мосад, американскиот весник Њујорк Тајмс наведува дека Иран повеќе не е никаква моментална и директна закана за Израел поради епидемијата на болеста Ковид-19 затоа што Исламската Република го пренасочила вниманието кон борбата против смртоносната болест. И покрај тврдењата во написот, канцеларијата на весникот во Бејрут соопшти дека израелското Министерство за одбрана и понатаму се фокусира на движењето на Хезболах во Либан и Сирија. Весникот цитира добро информирани извори, кои велат дека избувнувањето на заразата со коронавирусот во Израел го натерал Мосад да се соочи со епидемијата внатре во земјата преку набавка на медицинска опрема и технологија од странство. Во извештајот Мосад е опишан како „израелското не толку тајно оружје во борбата против коронавирусот“. Исто така се наведува дека разузнавачката агенција, откако дошла до заклучокот дека Иран не е моментална закана, станала една од најважните институции на кои се потпира Израел во набавката на медицинска опрема и производна технологија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mosad-tvrdi-deka-iran-povekje-ne-e-neposredna-zakana-za-izrael/feed/ 0
„Нетанјаху планираше напад на Иран уште во 2011.“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-planirashe-napad-na-iran-ushte-vo-2011/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-planirashe-napad-na-iran-ushte-vo-2011/#respond Thu, 31 May 2018 09:57:47 +0000 https://kurir.mk/?p=60475

Поранешниот шеф на израелската разузнавачка агенција Мосад, Тамир Пардо изјави дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во 2011. година издал наредба на војската да подготви напад на Иран во рок од 15 дена. Пардо во емисијата „Увда“ на телевизијата Кешет рече дека наредбата сепак не била дадена. Кабинетот на Нетанјаху засега не ги коментираше овие тврдења. Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак кој беше министер за одбрана во 2011. година претходно тврдеше дека Нетанјаху имал намера го бомбардира Иран во 2010. и 2011. година, но оти бил предупреден од страна на високи израелски функционери. Пардо, пак, изјави дека се консултирал со правни советници во Мосад по наредбата, но не објасни што се случувало потоа. Израелскиот лидер е остар критичар на Иран и ја обвинува таа земја за обид да развие нуклеарно оружје. -Коа ќе ти каже дека почнува одбројувањето, знаеш дека не си игра со тебе. Такви работи имаат огромно значење, рече Пардо. Нетанјаху во средата изјави дека Израел нема да дозволи Иран да се вооружа со нуклеарно оружје. -Ќе продолжиме да делуваме против намерата (Иран) воено да се зацврсти во Сирија, покрај нас, не само кон Голанската висорамнина, туку на секое место во Сирија, рече израелскиот лидер. Пардо обелодени план за напад во време кога Израел и Иран водат војна во сенка во Сирија која накратко се закани да прерасне во отворена војна, кога израелската војска месецов нападна ирански позиции во Сирија, убивајќи ирански војници. Ова се случи по наводните ирански ракети кои беа испалени кон стратешниот Голан кој е под израелска контрола. Во февруари Израел собори ирански дрон, кој влегол во израелскиот воздушен простор, а потоа беше соопштено оти бил вооружен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-planirashe-napad-na-iran-ushte-vo-2011/feed/ 0
„Иран 100 % прави атомска бомба“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-100-pravi-atomska-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-100-pravi-atomska-bomba/#respond Thu, 05 Apr 2018 06:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=36599

Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Јоси Коен изјави дека  е „стопроцентно сигурен“ дека Иран и понатаму е посветен на развивање атомска бомба. – Како шеф на Мосад јас сум 100 отсто убеден дека Иран никогаш не се откажа од својата нуклеарна визија, ниту за момент. Тој договор овозможува Иран да ја оствари таа визија. Затоа верувам дека договорот мора во целост да се промени или да се отфрли. Во спротивно, тоа би била страшна закана за безбедноста на Израел, изјави тој. Коен за тоа прашање одржа разговори со високи претставници на државата, јавија локални медиуми, повикувајќи се на неименуван извор близок до разговорите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-100-pravi-atomska-bomba/feed/ 0