мошти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 06:10:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мошти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На денешен ден моштите на Гоце Делчев беа положени во црквата „Св. Спас“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-moshtite-na-gotse-delchev-bea-polozheni-vo-tsrkvata-sv-spas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-moshtite-na-gotse-delchev-bea-polozheni-vo-tsrkvata-sv-spas/#respond Tue, 10 Oct 2023 06:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=887220

На денешен ден во 1946 година во Скопје, во црквата „Свети Спас“ биле положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев. Моштите, кои два дена претходно македонската делегација ги донела од Софија, биле положени со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија кон Скопје. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-moshtite-na-gotse-delchev-bea-polozheni-vo-tsrkvata-sv-spas/feed/ 0
Ретко видео од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/retko-video-od-prenesuvanjeto-na-moshtite-na-goce-delchev-od-sofija-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/retko-video-od-prenesuvanjeto-na-moshtite-na-goce-delchev-od-sofija-vo-skopje/#respond Fri, 04 Feb 2022 09:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=626884

Македонија денеска слави 150-годишнина од раѓањето на македонскиот револционер Гоце Делчев. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава. Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 година бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер. По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе. Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Делчев таму да биде погребан. Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија. Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката „Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија“, ги презела Илинденската организација. Тогаш саркофагот бил изложен во црквата “Света Недела” во Софија. Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година. Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија кон Скопје. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. извор: Е-магазин]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/retko-video-od-prenesuvanjeto-na-moshtite-na-goce-delchev-od-sofija-vo-skopje/feed/ 0
Без традиционалните торжества Струга ќе биде осветена со моштите на Свети Георгиј https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-tradicionalnite-torzestva-struga-kje-bide-osvetena-so-moshtite-na-sveti-georgij/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-tradicionalnite-torzestva-struga-kje-bide-osvetena-so-moshtite-na-sveti-georgij/#respond Fri, 07 May 2021 05:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=506814

На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски и манастирот во Рајчица, без традиционалните торжества, денеска во Струга ќе се одржи Струшката Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. Поради пандемијата со Ковид – 19, годинава од поворката ќе изостане масата верници, кои доколку сакаат да им оддадат почит на моштите, тоа може да го направат од балконите на своите куќи или тротоарите, на кејот на реката Црн Дрим или во чаршијата, со почитување на здравствените протоколи за заштита од коронавирусот. Организаторите во изјава за МИА упатија апел до верниците, да се придржуваат кон здравствените протоколи, да држат соодветно растојание и да носат заштитни маски. – Поради актуелната состојба со пандемијата од Ковид – 19 годинашната Литија ќе се одржи под строги здравствени протоколи. Низ улиците ќе поминат моштите од „Свети Георгиј Победоносец“ и чудотворната икона од светецот, како и Крнинската икона на Богородица, дел од монаштвото и свештеникиот клир, како и носачите на крстови, рипиди, бајраци, икони и мошти, без оркестарот и традиционалните торжества, посочи организаторот. За придржување кон мерките, ќе се грижат и полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Струга, кои, како што информираше СВР Охрид, имале состаноци со претставници на црквата „Свети Георгиј“ во Струга. – ОВР Струга изготви оперативен план и физички ќе го покрива поширокиот дел од црквата „Свети Георгиј“, како и целокупната траса, по која ќе се движи црковната процесија и нема да дозволи групно движење позади поворката. ОВР Струга апелира до верниците, настанот да го следат од страна без придружување кон поворката и целосно придржување до препорачаните хигиенско-безбедносни мерки со цел, заштита на јавното здравје на населението од Ковид – 19, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Покрај полицијата, за одржување на редот, ќе се грижат и црковни лица и претставници од проватна агенција за обезбедување. Традиционално на 7 мај, во Струга се одржува Литија со моштите од Свети Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица. Годинава, во услови на пандемија, моштите од светецот ќе пристигнат во црквата „Свети Георгиј“ во Струга од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф и по отслужување на вечерната богослужба, која ќе се одржи во дворот од храмот, поворката ќе почне да се движи низ Струшките улици околу 17 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-tradicionalnite-torzestva-struga-kje-bide-osvetena-so-moshtite-na-sveti-georgij/feed/ 0
Денес го славиме Пренесувањето на моштите на Свети Вартоломеј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-go-slavime-prenesuvanjeto-na-moshtite-na-sveti-vartolomej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-go-slavime-prenesuvanjeto-na-moshtite-na-sveti-vartolomej/#respond Mon, 07 Sep 2020 16:55:39 +0000 https://kurir.mk/?p=400287

На овој ден, го славиме Пренесувањето на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 24 јуни. Тој беше многу почитуван и славен за време на неговиот живот. Кога умрел, пред неговите мошти се случиле разни чуда и исцелувања на неизлечиви болести. Љубоморни пагани кои ги гледаа овие чуда, во својот бес и лудило, го украдоа ковчегот и го фрлија во морските длабочини. Наместо потонувањето на оловниот ковчег, тој за чудо стана лесен и продолжи да плови како Божјиот ковчег и беше сведок на неговите чуда. Така, ковчегот пловел добар дел од Медитеранот, додека луѓето се собрале на бреговите и му оддавале почит на големиот светец. Тој доплива на брегот на Сицилија и остана таму. Чудата продолжија да се случуваат до денес. Постои популарно верување дека денес е „лесно“ да се страда. Значи, децата се спречуваат да се искачуваат на дрва, за да не им се скршат вратот, забрането е пливање во реки, за да не се предизвикаат поплави. Додека некаде се верува дека ако работите на Вратолом, постои опасност од град и невреме. Господ го прослави Својот апостол со чуда и за време на животот и после смртта. Светиот апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте големи апостоли. Неговото име беше прво Јосиф, но апостолите го викаа Варнава, Синот на утехата, затоа што тој беше во можност неверојатно да ги утеши човечките души.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-go-slavime-prenesuvanjeto-na-moshtite-na-sveti-vartolomej/feed/ 0