мост беласица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 11:50:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мост беласица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕСМ: Се поставуваат нови цевки под мостот „Беласица“, испораката на топлинска енергија е по алтернативен вод https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-se-postavuvaat-novi-tsevki-pod-mostot-belasitsa-isporakata-na-toplinska-energija-e-po-alternativen-vod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-se-postavuvaat-novi-tsevki-pod-mostot-belasitsa-isporakata-na-toplinska-energija-e-po-alternativen-vod/#respond Fri, 20 Oct 2023 11:50:07 +0000 https://kurir.mk/?p=891228

Под мостот „Беласица“ се поставуваат нови цевки за парното греење во Скопје. Електрани на Северна Македонија АД соопшти дека се вложуваат „максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок“ и дека се работи за „комплексна активност што бара сериозна посветеност и работа“. -Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО. Во текот на изминатиот период, АД ЕСМ активно работеше на решение за проблемот со цевководот кај мостот „Беласица“, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови и за нивно постаувавање веќе се започна со активности на терен, соопшти ЕСМ. Наведува дека испораката на топлинска енергија во грејна сезона е од 6 до 22 часот по строго утврдени правила и дијаграми и, според нив, во октомври и првата половина на ноември, кога надворешните временски услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија зависи од надворешните температури и од атмосферските услови во различни периоди од денот. -При одредени атмосферски услови во периодите на високи надворешни дневни температури, се прекинува испораката на топлинска енергија. Воедно, повторно апелираме до потрошувачите и управителите односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и тоа веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), информира АД ЕСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-se-postavuvaat-novi-tsevki-pod-mostot-belasitsa-isporakata-na-toplinska-energija-e-po-alternativen-vod/feed/ 0
Марковски: Во овој момент не може да се оцени дали мостот Беласица е безбеден за употреба https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/markovski-vo-ovoj-moment-ne-mozhe-da-se-otseni-dali-mostot-belasitsa-e-bezbeden-za-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/markovski-vo-ovoj-moment-ne-mozhe-da-se-otseni-dali-mostot-belasitsa-e-bezbeden-za-upotreba/#respond Thu, 28 Sep 2023 09:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=882655

Деканот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски вели дека во овој момент не може да се оцени дали мостот Беласица во Скопје е безбеден за употреба или не и останува на неговиот став дека се потребни продлабочени и пообемни испитувања за утврдување на состојбата на мостот кој пред неколку месеци беше зафатен од пожар. -Во однос на мостот Беласица и безбедноста за неговото користење досега имам повеќе пати излезено со изјави во јавноста. Мојот став дека има потреба од продлабочени и пообемни испитувања за утврдување на неговата состојба е јасен. Ниту јас, ниту, пак, Градежниот факултет имаме информации врз основа на што е донесена одлука за негово делумно пуштање во употреба. Имајќи го во предвид овој недостаток на информации не би можел да дадам подецидна и попрецизна изјава во овој момент дали мостот е безбеден за употреба или не, рече Марковски во одговор на новинарско прашање на денешниот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија насловен „Отпорни конструкции”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/markovski-vo-ovoj-moment-ne-mozhe-da-se-otseni-dali-mostot-belasitsa-e-bezbeden-za-upotreba/feed/ 0
Мостот на булеварот „Беласица“ од денес отворен за сообраќај, но не за сите возила – еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mostot-na-bulevarot-belasitsa-od-denes-otvoren-za-soobrakaj-no-ne-za-site-vozila-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mostot-na-bulevarot-belasitsa-od-denes-otvoren-za-soobrakaj-no-ne-za-site-vozila-eve-gi-detalite/#respond Sat, 02 Sep 2023 11:45:48 +0000 https://kurir.mk/?p=873709

Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на бул.„Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот. Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија. -Од денес, мостот на булеварот „Беласица“ ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ, информираат од Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mostot-na-bulevarot-belasitsa-od-denes-otvoren-za-soobrakaj-no-ne-za-site-vozila-eve-gi-detalite/feed/ 0
Судбината на мостот „Беласица“ сè уште непозната! Еве што порачува проф. д-р Марковски https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sudbinata-na-mostot-belasitsa-se-ushte-nepoznata-eve-shto-porachuva-prof-d-r-markovski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sudbinata-na-mostot-belasitsa-se-ushte-nepoznata-eve-shto-porachuva-prof-d-r-markovski/#respond Thu, 06 Jul 2023 12:04:01 +0000 https://kurir.mk/?p=853559

Пуштањето во употреба на опожарениот мост „Беласица“ и натаму е неизвесно и предмет на дебата во јавноста. -Да се испита присуството на микропукнатини во структурата на бетонот, да се види до каде тие се протегаат и до која длабочина, како и да се утврди температурата што пристигнала до каблите за претходно напрегање, па врз основа на тој податок да се види дали треба контрола на нивните сили или нешто друго. Да се направи еден прецизен математички модел на мостот „Беласица“, што ќе покаже, со вака утврдени карактеристики, како тој би се однесувал во иднина. Ова според професор доктор Горан Марковски е некој минимум, што треба да се направи за да може, како што рече на денешната презентација на потребната методологија за утврдување на состојбата на опожарениот мост „Беласица“, ризиците да се сведат на најмалку можна мерка. Безмалку два месеца изминаа од опожарувањето, а Марковски, инаку декан на Градежен факултет при УКИМ во Скопје, денеска имаше презентација на своето видување околу овој проблем. - Времето што ќе биде потребно за санација на мостот „Беласица" зависи од состојбата на материјалите и конструкцијата во моментов, после опожарувањето. Доколку со такви подетални истраги се утврди дека треба да се санира само она што е видливо во моментов како оштетување, во тој случај мислам дека за неколку месеци тоа може да се заврши, со добра организација и со елиминирање на оние долги административни постапки. Доколку се утврди дека се зафатени внатрешните кабли, ако кај нив има некакво оштетување, во тој случај санацијата би била значително подолга, времето потребно за санација би било значително подолго, додаде тој. Што подлабинско истражување, нагласи, толку ризикот е помал и толку наредните чекори можат полесно да бидат предвидливи. Целта на презентацијата, е, со цел, како што рече, да го искаже своето видување на работите, нагласувајќи дека не сака тоа да биде некаква споредба помеѓу тоа што е правено и она што тој смета дека треба да се направи. Според него, уривање на мостот не е опција и дури и при такво сценарио, работите би можеле да се средат со санација. Иако има забрана за движење на „Беласица“, истата не се почитува, иако мостот кај нова железничка станица е затворен за сообраќај и за пешаци по пожарот што го зафати на 12 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sudbinata-na-mostot-belasitsa-se-ushte-nepoznata-eve-shto-porachuva-prof-d-r-markovski/feed/ 0
Неизвесно отворањето на мостот „Беласица“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neizvesno-otvoraneto-na-mostot-belasitsa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neizvesno-otvoraneto-na-mostot-belasitsa/#respond Tue, 20 Jun 2023 06:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=847658

Пуштањето во употреба на опожарениот мост „Беласица“ и натаму е неизвесно и предмет на дебата во јавноста со различни укажувања за активностите што треба да се преземат, како и за нивното времетраење. По повикот од Регулаторната комисија за енергетика за што поскоро санирање на топловодот, што исто така беше зафатен од пожарот на 12. минатиот месец, вчера се огласија од ЕСМ дистрибуција од каде порачаа дека тоа ќе биде направено во најкраток можен рок. -Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок, соопштија вчера од ЕСМ Дистрибуција. Оттаму уверуваат дека и покрај опожарувањето на мостот, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023, ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа. Како што укажа претходно претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, мостот „Беласица“ и топловодот што минува таму е најважен проблем со кој се соочуваме во овој период. - Тој топловод е екстремно важен, бидејќи преку него, топлината од Те-То доаѓа до топланата „Запад“ во Тафталиџе и тоа е од голема помош, посочи Бислимовски, при телевизиско гостување минатата недела. Според Бислимовски, ако топловодот не биде ставен во функција, РКЕ во своите калкулации при правењето на цената ќе смета дека работи и ако има зголемени трошоци поради тоа што топловодот не е ставен во функција, тоа ќе биде на товар на компанијата, а не на товар на граѓаните. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска викендот најави дека мостот „Беласица“ ќе се санира многу бргу затоа што, како што рече, се однесува на козметичко рефреширање на она кое што е паднато во делот на бетонот и оти наскоро, неделава, мостот ќе биде пуштен повторно во употреба. -На некои од нив треба да се направи некоја козметичка санација меѓутоа, генерално се безбедни, сигурни за движење, рече градоначалничката Арсовска. Професорот Михаил Гаревски од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени, кој е ангажиран од Град Скопје да направи експертиза за мостот кој беше опожарен на 12 мај, пак, вели дека на мостот не му е потребно зајакнување бидејќи од визуелната слика што е добиена од снимката со дрон се гледа дека каблите за преднапрегање не се оштетени туку само бетонот. Гаревски не ги употребува истите зборови со градоначалничката Арсовска, односно дека на мостот му е потребно козметичко рефреширање и вели дека е потребна лесна санација. - На мостот „Беласица“ нема сериозни оштетувања и потребна ќе биде лесна санација која трае околу 20 дена. На мостот не му е потребно зајакнување бидејќи од визуелната слика што ја добивме од снимката за дрон се гледа дека каблите за преднапрегање не се оштетени, односно не се здобиле со висока температира. Оштетен е само бетонот и треба на долната плоча да се постави заштитен бетон, изјави вчера Гаревски. МИА претходно имаше и ексклузивно интервју со проектантот на мостот, Викан Нагуљ. Тој во интервјуто оцени дека обемот на оштетувања е многу поголем отколку што претпоставувал врз основа на достапните фотографии и дека трагите и оштетувањата од високата температура од пожарот не биле видливи на фотографиите онолку колку што навистина се. Иако мојот увид беше визуелен, тој ми ги отвори очите дека обемот на оштетувања е многу поголем отколку што претпоставував врз основа на достапните фотографии. Трагите и оштетувањата од висок - Мостот, според мене, не може да се третира како оштетувањето да е мало и безначајно, едноставно затоа што не се знае какво е. Мора да се направи многу детално испитување. Не само визуелно, туку да се отвори конструкцијата, да се испита, да се земат примероци и да се испитаат лабораториски, рече Нагуљ за МИА. Според него, не станува збор за обични оштетувања како што се корозија или пукнатини, туку за сосема друг тип на оштетување и затоа, како што посочи, потребни се прецизни претпоставки за квалитетот на материјалите на мостот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neizvesno-otvoraneto-na-mostot-belasitsa/feed/ 0
ЕСМ Дистрибуција: Ќе вложиме максимални напори за отстранување на опожарениот топловод на мостот Беласица во најкраток можен рок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-distributsija-ke-vlozhime-maksimalni-napori-za-otstranuvane-na-opozhareniot-toplovod-na-mostot-belasitsa-vo-najkratok-mozhen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-distributsija-ke-vlozhime-maksimalni-napori-za-otstranuvane-na-opozhareniot-toplovod-na-mostot-belasitsa-vo-najkratok-mozhen-rok/#respond Mon, 19 Jun 2023 14:48:40 +0000 https://kurir.mk/?p=847488

Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок, информираат од компанијата. Од ЕСМ потенцираат дека и покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-distributsija-ke-vlozhime-maksimalni-napori-za-otstranuvane-na-opozhareniot-toplovod-na-mostot-belasitsa-vo-najkratok-mozhen-rok/feed/ 0
Мостот „Беласица“ ќе биде отворен до крајот на јуни? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mostot-belasitsa-ke-bide-otvoren-do-krajot-na-juni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mostot-belasitsa-ke-bide-otvoren-do-krajot-na-juni/#respond Thu, 08 Jun 2023 13:16:49 +0000 https://kurir.mk/?p=843712

Првичните резултати од стручната анализа, покажуваат дека мостот Беласица е безбеден за сообраќај, но засега по една коловозна лента, објавува Канал 5. Скопјани ќе мора да бидат уште малку трпеливи, градоначалничката Арсовска нема да ја подигне рампата на мостот Беласица, додека не добие целосна анализа дека е безбеден. Првичните испитувања на експертите покажале дека мостот можат да го користат пешаци и велосипедисти, а и да се отвори по една коловозна лента. Сепак, експертите и посочиле дека за 20 дена ќе и достават целосен извештај со презицни и точни информации, па ако иститот гарантира безбедност, во најбрз можен рок мостот ќе почне повторно да се користи... „Верувам дека сите граѓани знаат дека нивната безбедност и сигурност е нешто што е на прво место и тоа значи, до оној момент, додека не сме убедени дека нивната безбедност и сигурност ќе бидат заштитени со пуштањето на сообраќајот ние нема да преземеме ништо посериозно со што би ги довеле овие безбедност и сигурност во прашање. На прашањето дали станува збор за саботажа на мостот, Арсовска посочи дека првичните информации кои ги добила од истражните органи укажувале дека пожарот е подметнат... Очекува ургентност од надлежните институции што побргу да го разрешат случајот, а сторителите да се изнесат пред лицето на правдата, бидејќи ја загрозуваат јавната безбедност... „Самите институции треба првенствено да постапат во насока на тоа да се најдат сторителите и истите да бидат санкционирани, повторно напоменувам, во рок од 7 дена имавме втор таков случај, каде што беше еден практично обид да се предизвика хаварија. Мостот „Беласица“ не се користи од средината на минатиот месец. Беше запалена електрична инсталација, имаше одрони од бетонот, а беше запалена и обвивката од цевководите за парно греење... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mostot-belasitsa-ke-bide-otvoren-do-krajot-na-juni/feed/ 0
Проектантот на мостот „Беласица”: Бев оптимист, но штетите се посериозни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proektantot-na-mostot-belasitsa-bev-optimist-no-shtetite-se-poseriozni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proektantot-na-mostot-belasitsa-bev-optimist-no-shtetite-se-poseriozni/#respond Fri, 26 May 2023 08:04:27 +0000 https://kurir.mk/?p=838937

Иако мојот увид беше визуелен, тој ми ги отвори очите дека обемот на оштетувања е многу поголем отколку што претпоставував врз основа на достапните фотографии. Трагите и оштетувањата од високата температура од пожарот не беа видливи на фотографиите онолку колку што навистина се, вели во ексклузивна изјава за МИА проектантот на мостот „Беласица” Вукан Њагуљ. Тој во организација на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени изминатите два дена престојуваше во Скопје со цел да изврши увид во состојбата на мостот. Во разговорот за МИА, инженерот Њагуљ порачува дека оштетувањата треба да се третираат многу сериозно и дека се потребни детални испитувања и пресметки. -Кога бев на мостот добив впечаток дека она што го видов бара многу посериозен пристап отколку што мислев. Тоа е мое мислење, мој впечаток. Мостот, според мене, не може да се третира како оштетувањето да е мало и безначајно, едноставно затоа што не се знае какво е. Мора да се направи многу детално испитување. Не само визуелно, туку да се отвори конструкцијата, да се испита, да се земат примероци и да се испитаат лабораториски. Го слушав интервјуто на професорот Марковски кој рече дека во Македонија не располагате со опрема за сето она што треба да се испита. Но како и да е, тоа мора да се направи и дури тогаш може да се даде проценка за моменталната состојба на мостот, истакнува Њагуљ. Нагласува дека не станува збор за обични оштетувања како што се корозија или пукнатини, туку за сосема друг тип на оштетување и затоа се потребни прецизни претпоставки за квалитетот на материјалите на мостот. -Секоја проценка сега, без тие податоци е просто невозможна. И не само тоа, туку мора да се направат и пресметки врз основа на кои ќе се види состојбата на конструкцијата. Секако, во тие пресметки треба да се влезе со што е можно попрецизни претпоставки за квалитетот на материјалите кои треба да произлезат од испитувањата што мора претходно да се направат. Дури потоа може да се каже – сега треба да се продолжи со ова или со она, вели инженерот. Оценува дека постои можност за оштетување на продолжените кабли во главните носачи. -Не оштетени како челик, туку оштетени во однос на нивната носивост. Ако челикот се прегрее, ги губи карактеристиките што ги има, вклучувајќи ја и силата во него, со што се намалува сигурноста на мостот до некоја мера и се менува напрегањето во конструкцијата, појаснува Њагуљ. Во однос на проблемот со сообраќајот кој настана по затворањето на мостот, тој посочува дека има решение, но додава дека е тешко изводливо. -Мое лично мислење е дека некој вид на контролиран пешачки сообраќај можеби може да се дозволи. Но, врз основа на моето искуство при вакви слични случаи, сметам дека дозволувањето на некаков редуциран патнички сообраќај со себе носи одреден ризик. На крај да заклучам. Според мене мора да се направат сите потребни истражувања и пресметки пред да се донесе било каква одлука. Мостот може да има и доволна сигурност според некои критериуми, но тоа може да биде тема за дискусија дури откако ќе се направат испитувањата, порачува инженерот Њагуљ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proektantot-na-mostot-belasitsa-bev-optimist-no-shtetite-se-poseriozni/feed/ 0
„Беласица“ ќе остане затворен со месеци, прв ќе падне мостот во Визбегово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belasitsa-ke-ostane-zatvoren-so-mesetsi-prv-ke-padne-mostot-vo-vizbegovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belasitsa-ke-ostane-zatvoren-so-mesetsi-prv-ke-padne-mostot-vo-vizbegovo/#respond Thu, 25 May 2023 17:37:26 +0000 https://kurir.mk/?p=838729

Голем дел од институциите во државата работат со слаб капацитет и понекогаш не ги сфаќаат сериозно предупредувањата на Центарот за управување со кризи, вели Стојанче Ангелов, директорот на оваа институција во интервју за „Макфакс“. „Дали треба да чекаме некој да загине, или да изгубиме значаен имот, како што е мостот ‘Беласица’ каде што штетата ќе биде милионска, или е подобро навреме да реагираме“, прашува Ангелов. Директорот на ЦУК предупредува дека мостот кај Визбегово е можеби и најкритичната точка во Скопје, за кој, како што вели, ќе биде прв мост што ќе падне. „Од мостот Визбегово излегуваат коцки кои се тешки по неколку килограми и тие паѓаат долу на патот под подвозникот на исклучително фреквентна улица. И замислете таква коцка да падне некому на ветробранското стакло. За жал, овој мост се уште е отворен и прогнозирам дека ќе биде прв мост кој што ќе падне“, појаснува Ангелов. Штетите за опожарениот мост „Беласица“, според Ангелов, ќе бидат милионски. Апелира, да биде забранет за сите, освен за оние што работат. „Разговарав со Гаревски и го замолив во моменот кога ќе утврдат дека мостот е безбеден за граѓаните да се отвори барем за движење за пешаците. За возила најверојатно ќе мора да се почека неколку месеци а можеби и повеќе“, истакнува Ангелов. Првиот човек на ЦУК забележува и за големиот број на вработени во државната администрација, за кои, како што вели, ниту се мотивирани, ниту се доволно образовани, ниту сакаат да работат. „Во ЦУК има голем број на луѓе кои земаат плата а воопшто не работат. Погледнете ги директорите пред мене. Сите биле извонредни луѓе, но колку имале искуство од областа на безбедноста или кризниот менаџмент. За жал така е во многу други институции. Тие се политички именувани. Пред некое време се вртеше едно видео со временска прогноза. Да не зборувам, да не ми се налути директорот. Но во врска со ова треба да се води малку ред“, прецизира Ангелов. Кочницата за обештетување на бранителите од 2001 година, според Ангелов, е во ДУИ. За лидерот на оваа партија, Ангелов ќе каже дека Ахмети не е само претседател туку и командант на ДУИ. Каква политичка иднина им предвидува на „огнените“ и на Изет Меџити, дали останува во владината коалиција, за односите на Достоинство со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и слично, во интервју за „Макфакс“ со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК и лидер на Достоинство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belasitsa-ke-ostane-zatvoren-so-mesetsi-prv-ke-padne-mostot-vo-vizbegovo/feed/ 0
Андоновска: Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска поднесе иницијатива до Градот Скопје за свикување на седница или поставување на точка на Дневен ред за мостот „Беласица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovska-sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-deneska-podnese-initsijativa-do-gradot-skopje-za-svikuvane-na-sednitsa-ili-postavuvane-na-tochka-na-dneven-red-za-mostot-belasitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovska-sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-deneska-podnese-initsijativa-do-gradot-skopje-za-svikuvane-na-sednitsa-ili-postavuvane-na-tochka-na-dneven-red-za-mostot-belasitsa/#respond Thu, 18 May 2023 18:32:52 +0000 https://kurir.mk/?p=836016

„Она со пречистителната станица го дава одговорот. Зошто го велам тоа? Од причина што знаете како помина сето тоа, како беше бурно, колку беше нападнато ВМРО-ДПМНЕ од страна на градоначалничката, нели со онаа формулација - рачињата во медот итн. Но, веројатно идејата била некоја друга. Зошто? Заради тоа што истата таа градоначалничка го потпиша истиот договор со истата фирма, комплетно непроменет. Значи до запирка непроменет“, истакна Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Андоновска рече дека се знае целта која е на градоначалничката. „Сето она што го кажува градоначалничката е далеку од вистината и е една лага. Ќе кажам лага бидејќи буквално кога ќе побарате од нејзе нешто да направи како што треба, таа веднаш ви се скарува и уште вечерва има приказна за вас. А, следниот ден излегува и без срам ја презентира на јавноста. И тоа им се случува на сите кои што не сакаат да исполнат она што таа го бара од нив“, појасни таа. Советничката додаде дека деновиве граѓаните се сведоци на едно префрлање на топката во врска со мостот „Беласица“. А, работата е премногу сериозна бидејќи граѓаните чекаат со часови за да стигнат од Центар до Аеродром или до други дестинации кои што ги поврзува мостот. „Го слушнавме директорот на Центарот за управување со кризи и прстот го вперува во Град Скопје. Од друга страна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели – ние имаме ограничена одговорност, ние до тука можеме, другото е повторно на Град Скопје. А, Град Скопје не ни дава одговор, па вели се разгледува работата, ќе видиме што ќе биде и прстот го вперува кон овие двајца што претходно ги споменав“, рече Андоновска. Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги нема потребните информации ниту од владините институции, ниту пак од Град Скопје. „Затоа ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска поднесовме барање т.е. иницијатива до Градот Скопје за свикување на седница или поставување на точка на Дневен ред во најбрзо можно време да се разгледа и да ја добиеме информацијата за брза санација на мостот. Или пак да ни се даде информација од која што би произлегле идните решенија, идните можни решенија како би можеле да придонесеме сето тоа да се среди“, укажа Андоновска. Таа додаде дека не знае дали ќе ги добијат одговорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovska-sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-deneska-podnese-initsijativa-do-gradot-skopje-za-svikuvane-na-sednitsa-ili-postavuvane-na-tochka-na-dneven-red-za-mostot-belasitsa/feed/ 0