мостар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Sep 2021 21:09:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мостар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ во Мостар на регионална конференција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-mostar-na-regionalna-konferencija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-mostar-na-regionalna-konferencija/#respond Sun, 19 Sep 2021 21:09:00 +0000 https://kurir.mk/?p=565578

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски и портпаролот Марија Митева учествуваат на дводневната регионална конференција "Поврзување на ЕПП во регионот" - Политички дијалог на партиите од ЕПП од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Германија, Грција, Црна Гора, Македонија, Србија и Словенија. Заедно со партнерската организација, Фондацијата Конрад Аденауер од Германија, учесниците се осврнаа на теми од регионално и меѓународно значење, како што се миграцијата, бегалците, владеењето на правото, одливот на младите од регионот. Особено беше подвлечено значењето на продолжување со евроинтеграција на целиот регион. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повикаа на прекин на политиката на блокади и вета, и брзо отворање на преговорите за Република Македонија. Учесниците заклучија дека местото на Балканот е во Европската унија и дека дојдено е време за реализирање на овој европски сон на проширување од кој бенефит ќе имаат сите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-mostar-na-regionalna-konferencija/feed/ 0
Се тресеше тлото на БиХ: Земјотрес регистриран во близина на Мостар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-treseshe-tloto-na-bih-zemjotres-registriran-vo-blizina-na-mostar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-treseshe-tloto-na-bih-zemjotres-registriran-vo-blizina-na-mostar/#respond Tue, 01 Jun 2021 14:28:00 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517768

Земјотрес денеска ја погоди областа Мостар. Земјотресот бил со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, регистриран од Европскиот медитерански сеизмолошки центар и јавува Танјуг. Земјотресот се случил на 17 километри источно од Столац на длабочина од 10 километри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-treseshe-tloto-na-bih-zemjotres-registriran-vo-blizina-na-mostar/feed/ 0
Три дена не можат да се пребројат гласовите од изборите во Мостар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tri-dena-ne-mozat-da-se-prebrojat-glasovite-od-izborite-vo-mostar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tri-dena-ne-mozat-da-se-prebrojat-glasovite-od-izborite-vo-mostar/#respond Wed, 23 Dec 2020 09:04:18 +0000 https://kurir.mk/?p=447007

Во неделата Мостар за прв пат имаше избори после 12 години, но се уште нема резултати од истите. Според централната изборна комисија на БиХ на изборите гласале 55% од запишаните гласачи односно 52.865 гласачи. До утрово ХДЗ БиХ ја зголеми својата предност на околу 2.700 гласови во однос на про-бошњачката коалиција за Мостар по преброени 81,33 проценти од гласачките ливчиња, а лидерот на ХНС БиХ им напиша на европските официјални лица барајќи помош за елиминирање на, како што тврди, кражбата на изборите. Централната изборна комисија во вторникот објави дека ХДЗ БиХ има 14.878 гласа на градската листа, што е 36,27 проценти. Следува Коалицијата за Мостар, предводена од бошњачката СДА, за која гласале 12.188 гласачи или 29,71 процент, пренесува Хина. Блокот БХ, кој се состои од СДП БиХ и Наша странка, доби поддршка од 5.050 гласачи, а Хрватската републиканска партија 3.111 гласа. Списокот на српската коалиција Останете овде - Заедно за нашиот Мостар, кој има 1.836 гласа, сè уште го поминува изборниот праг. Во исто време, претседателот на Хрватското национално собрание (ХНС) на БиХ, Драган Човиќ, во писмото побара ангажман на голем број европски претставници, обвинувајќи за изборен инженеринг и масовни измами кои се случиле пред и за време на изборите во Мостар. Писмото, меѓу другите, е упатено до претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Доналд Туск, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел и комесарот за проширување, Оливер Вархеји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tri-dena-ne-mozat-da-se-prebrojat-glasovite-od-izborite-vo-mostar/feed/ 0
После 12 години, мостарците избираат локална власт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/posle-12-godini-mostarcite-izbiraat-lokalna-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/posle-12-godini-mostarcite-izbiraat-lokalna-vlast/#respond Sun, 20 Dec 2020 08:52:52 +0000 https://kurir.mk/?p=445774

Избирачките места се отворени утрово во Мостар, каде после 12 години се одржуваат избори за 35 одборници на Градскиот совет. Избирачките места беа отворени во 7.00 часот, а како што претходно објави Централната изборна комисија на БиХ, изборите ќе се одржат во согласност со сите епидемиолошки мерки. Гласањето ќе трае до 19 часот. Според Кликс.ба, многу мажи и жени од Мостар пристигнале на гласачките места пред 7.00 часот за да бидат меѓу првите што го дочекаат отворањето на избирачките места и да ги остварат своите граѓански права гласајќи за кандидатите што ги сметаат за најдобри за новите претставници на власта во својот град. Граѓаните на Мостар ќе можат да гласаат на 150 редовни избирачки места, на 16 избирачки места во отсуство, на едно избирачко место за гласање на непотврдени гласачки ливчиња и формирани се 20 редовни мобилни тимови. На денешните избори, граѓаните избираат 35 одборници во Градскиот совет на Мостар, меѓу 370 кандидати. На гласачките ливчиња има 31 политички субјект, од кои 22 се политички партии, четири коалиции, една листа на независни кандидати и четворица независни кандидати. Во градската изборна единица што ја опфаќа целата област на градот се избираат 13 одборници, а во шесте изборни единици од градското подрачје се избираат преостанатите 22 одборници. Ова значи дека секој гласач ќе добие по две гласачки ливчиња. Според изборните правила за Мостар, градоначалникот се избира со двотретинско мнозинство од 35 одборници во Градскиот совет. Во случај да нема потребно мнозинство, ќе се одржи втор круг на гласање, а доколку повторно нема, тогаш ќе одлучи мнозинството меѓу присутните одборници на гласањето. Во избирачкиот список се запишани 100.864 гласачи. Вкупно 1.717 набудувачи ќе ги следат изборите во Мостар. Изборниот молк започна во саботата наутро и ќе трае до затворање на избирачките места во 19 часот. Комесарот на ЕУ за проширување, Оливер Вархеји, ги повика жителите на Мостар да излезат на гласање, додавајќи дека денот на изборите е важен за Градот. „Првпат после 12 години, граѓаните ќе можат да гласаат и да ги избираат своите локални претставници. Важно е тие да го искористат ова право во оваа историска пригода. Одржувањето избори во Мостар е исто така меѓу 14-те клучни приоритети”, напиша Вархеји на својот профил на Твитер. Во својот блог, американскиот амбасадор во Сараево, Ерик Нелсон, исто така, ги покани граѓаните да излезат на гласачките места. Американскиот дипломат апелираше до секој граѓанин на Мостар да излезе на претстојните избори, со порака дека предолго ја чекале таа можност. „Граѓани, секој од вас заслужува лидери кои се подготвени да работат за ваша корист, а не за лична корист или тесни партиски интереси. Затоа е толку важно активно да учествувате во изборот на оние што ќе ве претставуваат. Локалните прашања се во залог, кои се однесуваат директно на вас и вашите семејства“, истакна меѓу другото Нелсон. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/posle-12-godini-mostarcite-izbiraat-lokalna-vlast/feed/ 0
ФОТО: Голем пожар во индустриската зона во Мостар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-golem-pozar-vo-industriskata-zona-vo-mostar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-golem-pozar-vo-industriskata-zona-vo-mostar/#respond Fri, 18 Sep 2020 05:38:54 +0000 https://kurir.mk/?p=404870

Голем пожар синоќа изби во индустрискката зона во Мостар, при што огнот зафати простор од неколку километри. Во гаснењето на огнот, што загрози приватни и деловни објекти, покрај пожарникарите се вклучија и граѓаните. Работата на пожарникарите беше отежната од силниот ветер. Во гаснењето на огнот учествуваа пет противпожарни возила. Нема информации за евентуални жртви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-golem-pozar-vo-industriskata-zona-vo-mostar/feed/ 0
Во Мостар по 12 години ќе се одржат избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-mostar-po-12-godini-kje-se-odrzat-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-mostar-po-12-godini-kje-se-odrzat-izbori/#respond Wed, 08 Jul 2020 13:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=371762

Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина усвои предлог-закон за измени на Изборниот закон на БиХ, што се однесува на Мостар. Измените се усвоени по итна постапка, предлогот доби 14 гласови „за“ и еден „против“. Со измените се овозможува одржување на избори во поделениот град во јужниот дел на БиХ, првпат по 12 години. Барањето за измени на Изборниот закон беше поднесено од пратениците на Партијата за демократска акција (СДА) и Хрватска демократска заедница БиХ (ХДЗ), откако лидерите на двете партии Бакир Изетбеговиќ и Драган Човиќ потпишаа два политички договори за изборите во Мостар и за измени на Изборниот закон. Критики за Законот имаа претставниците на мостарските Срби, кои беа исклучени од договорот, но прашањето е решено по нивниот состанок со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. Договорот е постигнат по предуда од Судот за човекови права во Стразбур. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-mostar-po-12-godini-kje-se-odrzat-izbori/feed/ 0
Балканот не престанува да се тресе: Во БиХ работници во фабрика панично бегаат додека кровот започнува да се руши по земјотресот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/balkanot-ne-prestanuva-da-se-trese-vo-bih-rabotnici-vo-fabrika-panichno-begaat-dodeka-krovot-zapochnuva-da-se-rushi-po-zemjotresot-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/balkanot-ne-prestanuva-da-se-trese-vo-bih-rabotnici-vo-fabrika-panichno-begaat-dodeka-krovot-zapochnuva-da-se-rushi-po-zemjotresot-video/#respond Wed, 27 Nov 2019 10:09:12 +0000 https://kurir.mk/?p=269893

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер вчера ја погоди БиХ, а истиот беше почувствуван и во Македонија во 10 часот и 19 минути. Голема паника меѓу граѓаните на БиХ имаше вчера кога земјотрес ја погоди земјата неколку часа по страотниот потрес во Албанија рано утрото во 4 часот. Според ова видео се гледа како вработени работници во една фабрика за мебел во Мостар бегаат откако тлото започнало да се тресе, погледнете. Инаку според локалните медиуми во Мостар вчера по потресот имало распукани ѕидови во многу домови и згради, а училиштата ја прекинале наставата и родителите панично доаѓале по своите деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/balkanot-ne-prestanuva-da-se-trese-vo-bih-rabotnici-vo-fabrika-panichno-begaat-dodeka-krovot-zapochnuva-da-se-rushi-po-zemjotresot-video/feed/ 0
Преживеала три војни: Баба од Мостар има 111 години и по 104 пат пости за Рамазан (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preziveala-tri-vojni-baba-od-mostar-ima-111-godini-i-po-104-pat-posti-za-ramazan-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preziveala-tri-vojni-baba-od-mostar-ima-111-godini-i-po-104-pat-posti-za-ramazan-foto/#respond Mon, 13 May 2019 06:48:55 +0000 https://kurir.mk/?p=197190

Фата Хусиќ, која има 111 години и живее во градот Мостар, Босна и Херцеговина, многу е среќна и возбудена бидејќи оваа година по 104 пат по ред пости за време на Рамазан. Во разговорот за агенцијата Анадолија (AA), Хусиќ рече дека за првпат почнала да пости во својата седма година, а сега и покрај напреднатата возраст, продолжува да пости, и вели дека сè додека здравјето ѝ дозволува, ќе продолжи со постот. – Никогаш не сум ниту гладна ниту жедна. Тоа Алах ми го дава секоја година. Ако даде Алах, и овој Рамазан, ќе постам. Научив и петпати на ден да клањам, тоа не го пропуштам. Ми годи тоа, бидејќи навикнав и целиот мој род и пород живее со тоа. Штом ќе почнам со постот, ниту сум гладна ниту сум жедна. По цел ден нема никој, сите некаде одат, а јас со ова (покажува бројаница) разговарам, појаснува Фата. Раскажува дека поради напреднатата возраст во текот на денот често заспива и не може да стигне да ја заврши секоја работа како порано, додавајќи дека ифтарот веќе го подготвуваат нејзините снаи и внуци. И покрај тоа што тие го избрале модерниот стил на живот, таа одвреме-навреме се потсетува на старите традиции. Поради тоа често им раскажува за обичаите за да не се изгубат. Особено ѝ е важно да напомене дека алвата во текот на Рамазан има посебно значење за муслиманите. Радоста да се споделува со соседите Во семејството Хусиќ се чува и традицијата на подготвување баклава, која, како што вели, ја подготвува невестата по рецепт на својата почината мајка која била извонредна домаќинка. Но нејзе ѝ е важна традицијата на подготвување супа и јапрак или долма, бидејќи нејзините години не ја дозволуваат силната храна. Трпезата е секогаш богата, но она што нејзе ѝ е најважно за Бајрам, е доаѓањето на многу гости и искрената радост на Бајрам, која во нивното семејство и соседството се споделува. – Има соседи… За Бајрам доаѓаат многумина… И јас додека можев, не ги заборавав, кој и да се женел или мажел и родил, секому му дарував подароци, раскажува Фата за екипата на агенцијата Анадолија (AA). Сега не може, но вели дека на младите генерации секогаш им говори дека треба да се внимава на соседите и да се споделува радоста со нив. Постот е многу повеќе од одрекување од храната Старицата раскажува дека и денес има луѓе кои веруваат и додава дека е жално да се видат многу од оние кои не се свесни дека гревовите и добрите дела се мерат и дека ќе дојде денот кога сите за нив ќе одговараат. Таа потсетува на смислата на верата и учењето на Куранот. Нагласува дека е важно секој верник на почетокот на Рамазан да знае дека постот не е само одрекување од храна, туку многу повеќе од тоа. Тоа вклучува трпение и разбирање за другите и истакнува дека за постот е потребно знаење. – Кој има живот, ако има месо и силна храна, може да јаде, може малку подобро и да пости, а кој има слаба храна, огладнува, вели Фата, раскажувајќи дека е добро и да се дели милостина на оние кои имаат потреба. Преживеала три војни Хусиќ ги советува верниците муслимани, со „Бисмиле“ (Во името на Господ) да влегуваат и да излегуваат од куќите и автомобилите, бидејќи смета дека без тоа и вистинската вера нема живот. Тоа го осознала како дете во Првата светска војна, кога уште не знаела зошто плачат мајка ѝ, тетка ѝ и баба ѝ, испраќајќи го нејзиниот татко во војна, бидејќи верува дека молитвите, постот и милостината го спасиле. – Кога татко ми појде во војна, плачеа баба ми, тетка ми и мајка ми, а јас не знаев зошто тие плачат. Кога дојдоа од војна, татко ми и уште седум други луѓе со него, сите беа ранети, само тој не. Се сеќавам добро, вели Фата, напоменувајќи дека преживеала две светски војни, како и војната во БиХ, но никогаш не престанала да ја практикува верата. Поради тоа им порачува на сите, особено на младите, дека молитвата, постот и милостината се она што на Господ му е драго, а на секој човек му е потребно. Исто така порачува дека радоста на Бајрам треба да се споделува со секого. Посака за сите верници во радост да го поминат Рамазан, со полно срце да го дочекаат најголемиот муслимански празник и да ја споделат радоста со целиот свет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preziveala-tri-vojni-baba-od-mostar-ima-111-godini-i-po-104-pat-posti-za-ramazan-foto/feed/ 0
Најмалку 15 повредени при невреме во Мостар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najmalku-15-povredeni-pri-nevreme-vo-mostar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najmalku-15-povredeni-pri-nevreme-vo-mostar/#respond Sun, 24 Feb 2019 13:52:43 +0000 https://kurir.mk/?p=167712

Најмалку 15 лица побарале медицинска помош во босанскиот град Мостар, откако се здобиле со повреди за време на невремето проследно со силен ветер, што дувал со брзина од 80 до 100 километри на час. Како што соопшти Федералната управа за цивилна заптита, силниот ветер носел покриви, оштетувал фасади на станбени објекти, кршел и корнел дрва и превртил неколку камиони, блокирајќи повеќе улици и околни патишта во Мостар и предизвикувајќи значитечна материјлана штета. Силниот ветер туркал и столбови на електричната мрежа, поради што неколку делови на Мостар повеќе часови останале без струја. Мостарската Противпожарна служба информираше дека на повик на граѓаните имала 16 интервенции, при кои нејзините припадници помагале во остранување на последиците од невремето. Федералниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина соопшти дека и во текот на денешниот и утрешниот ден се очекуваат силни веторови во Херцеговина и во југозападна Босна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najmalku-15-povredeni-pri-nevreme-vo-mostar/feed/ 0
Земјотрес го стресе Мостар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-go-strese-mostar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-go-strese-mostar/#respond Fri, 29 Dec 2017 14:12:57 +0000 http://kurir.mk/?p=4032

Евро-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) регистрира земјотрес со интензитет од 4,4 степени по Рихтеровата скала во близина на Мостар. Земјотресот е регистриран во 14 часот, шест километри југоисточно од Благај, на длабочина од два километри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-go-strese-mostar/feed/ 0