мот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Nov 2022 07:37:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Локомотива со четири перформанси во рамки на 47-то издание на МОТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lokomotiva-so-chetiri-performansi-vo-ramki-na-47-to-izdanie-na-mot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lokomotiva-so-chetiri-performansi-vo-ramki-na-47-to-izdanie-na-mot/#respond Wed, 16 Nov 2022 07:37:38 +0000 https://kurir.mk/?p=761398

Во рамки на 47-то издание на МОТ, Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата – Локомотива, ќе претстави четири перформанси како дел од заедничката соработка со МОТ и Младински Културен Центар Скопје. Во салата „25 Мај” во МКЦ, вечерва со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде изведен танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“. Концептот и кореографијата на „Ми треба ново тело“ се на Викторија Илиоска во разговор со Настја Ѕубан и Лаура Стелачи, а изведувачки се Викторија Илиоска и Настја Ѕубан. – Перформансот е копродукција помеѓу Локомотива, Life Long Burning (LLB), Номад Танц Академија Словенија и Викторија Илиоска. Проектот е поддржан од: Министерство за култура на Северна Македонија и Креативна Европа (во рамки на проектот Life Long Burning), информираат од ЦНИУК Локомотива. Додека во горното фоаје на Кино Фросина утре со почеток во 12 часот ќе има и разговор со уметницата Викторија Илиоска наречен „Дијалог кој недостасува“, кој ќе се реализара во соработка со фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско 10“, а во 19 часот во салата „25 Мај”, публиката ќе има можност да го проследи перформансот „Sad Sam Almost 6” на Матија Ферлин, хрватско-словенечка ко-продукција. На 18 ноември ќе бидат прикажани два перформанси: „Појавување на изведбата” на Номад танцовата академија од Хрватска, којa на програмата на МОТ е во 20.00 часот во салата „25 Мај”, а веднаш потоа, од 21.00 часот во Гaлеријата на МКЦ, Игор Коруга од Србија ќе го изведе својот соло перформанс „Блискоста на допирот”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lokomotiva-so-chetiri-performansi-vo-ramki-na-47-to-izdanie-na-mot/feed/ 0
ФОТО: Се запали имотот на Џеј Зи и Бијонсе во Њу Орлеанс https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-zapali-imotot-na-dzej-zi-i-bijonse-vo-nju-orleans/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-zapali-imotot-na-dzej-zi-i-bijonse-vo-nju-orleans/#respond Fri, 23 Jul 2021 06:46:16 +0000 https://kurir.mk/?p=540614

Пожар избувна во шпанско-барокната палата од 2,4 милиони долари во луксузната населба Гарденс во Њу Орлеанс, сопственост на познатата двојка Џеј Зи и Бијонсе. Сведоци велат дека биле потребни 22 пожарникари и повеќе од два часа за да се спречи пожарот. Обемот на штетата сѐ уште не е одреден, но според очевидци, работите можеле да бидат многу полоши ако не била брзата реакција на пожарникарната служба. Раперот Џеј Зи и ар-ен-би пејачката Бијонсе се еден од најпознатите парови на американската џет-сет сцена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-zapali-imotot-na-dzej-zi-i-bijonse-vo-nju-orleans/feed/ 0
Претставата „Ајхман во Ерусалим“ на денешната програма на 45. МОТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-ajhman-vo-erusalim-na-deneshnata-programa-na-45-mot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-ajhman-vo-erusalim-na-deneshnata-programa-na-45-mot/#respond Fri, 04 Dec 2020 09:54:39 +0000 https://kurir.mk/?p=438583

„Ајхман во Ерусалим“ е претстава на словенечкиот режисер Јернеј Лоренци, која онлајн ќе биде прикажана вечерва во 19 часот, на 45-тото издание на Младиот отворен театар. Претставата се занимава со контроверзна тема. Во вистински момент, кога цела Европа зборува за фашизмот… Фашизмот во нашето општество. Како што посочија од Младинскиот културен центар, режисерот Лоренци јасно ја разбира потребата за испитување на баналноста на злото и нејзиното присуство кај секој човек, доаѓа во момент кога практично цела Европа ги преиспитува своите антифашистички корени. -Кога Хана Арент известувала од судењето на воениот злосторник, Адолф Ајхман во Ерусалим во 1961, го набљудувала бирократскиот начин на размислување на Ајхман, Арент брзо ја напуштила премисата на длабоката и радикална природа на злото, па го видела како банално, плитко, и затоа е едноставно за гледање, но тешко е да се разбере токму поради неговата едноставност, се наведува во соопштение. Во претставата, како што посочуваат од МКЦ, се појаснува дека секое зло и секое добро дело би било подеднакво банално и обично. Само кога сме подготвени да ги препознаеме стравовите на другите луѓе, може да се соочиме со најлошото – со нашите стравови. -Секој обид за реконструкција бара контекст што ќе го расветли предметното прашање. Гледајќи во парчињата на еден ваков разорен историски настан, оваа претстава ги истражува личните таги, стравови и вистини далеку од каква било претпоставена баналност, велат од МКЦ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-ajhman-vo-erusalim-na-deneshnata-programa-na-45-mot/feed/ 0
Претстава за Универзалната сала го отвора 45. МОТ, 12 театри на фестивалската програма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstava-za-univerzalnata-sala-go-otvora-45-mot-12-teatri-na-festivalskata-programa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstava-za-univerzalnata-sala-go-otvora-45-mot-12-teatri-na-festivalskata-programa/#respond Tue, 24 Nov 2020 06:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=433446

Со премиера на претставата „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“ – копродукција на МОТ и Факултет за работи што не се учат, вечер од 19 часот ќе почне 45. Млад отворен театар, кој поради пандемијата годинава ќе биде хибридно издание – онлајн-претстави и изведби во живо на сцената на Младинскиот културен центар и Универзалната сала. Претставата со која МОТ ќе биде отворен вечер во Универзалната сала е приказна за затворениот објект на познатата сала, еден од симболите на Скопје, која официјално не функционира веќе пет години. Претставата ќе има уште четири изведби во наредните четири дена, исто така со почеток во 19 часот. Според авторите Кристина Леловац и Филип Јовановски (кои се дел од тимот што победи на Прашкото квадринале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година), се работи за перформанс-есеј за Жан Кокто во прошетка низ скопските улици, за поетот што во пожарот го спасувал огнот, наместо предметите што гореле… – Додека општеството дебатира дали еден објект во центарот на градот треба да се урива или не, ние на тоа одговараме со уметност. Немаме историска дистанца од општествениот проблем, што е особен предизвик, туку сме еден спроти друг со него и си го поставуваме прашањето која е улогата на уметноста сега во општеството и кое е тоа општество кое нé доведе до овде,  велат  Леловац и Јовановски. Млад отворен театар ќе трае до 3 декември и, покрај оваа, ќе има уште две премиери – перформансот „Скрисејвер“ (Screensaver), кој на 26 ноември од 19.30 часот ќе биде прикажан онлајн, развиен во рамки на програмата „Современа кореографија и танц“ на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Втората премиера е „Херои 4:33“ во режија на Деан Дамјановски на театарот „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес, која на 28 и на 29 ноември од 18 часот ќе биде изведена во Младинскиот културен центар. На програмата годинава се претстави на 12 театри од нашата земја и од Словенија, Србија, Грција и Хрватска. Од претставите од странство во живо ќе гостува „Ателје 212“ од Србија со претставата „Лоунли планет“ во Младинскиот културен центар, на затворањето на МОТ (3 декември) со две изведби –  од 18 и од 20 часот. На фестивалската програма се и претставите: „Траги од Антигона“ на ОДЦ Ансамбл од Грција (онлајн на 25 ноември од 20 часот); „Полковникот птица“ на НУ Гостиварски театар (онлајн на 27 ноември од 18 часот); „Ајхман во Ерусалим“ на Загребачко казалиште младих од Хрватска (онлајн на 27 ноември од 20 часот); „Три сестри и Наташа П“ на Арт медија (онлајн на 29 ноември од 19.30 часот); „Илузии“ на Wonderland Theatre (онлајн на 29 ноември од 21 часот); „Иднината е приватна“ на „Пресврт“ (онлајн на 30 ноември од 19 часот); „Спроти нештата“ на Словенско младинско гледалишче од Словенија (онлајн на 1 декември од 21 часот); „Кожурец“ на театарот „Артопија“ (онлајн на 2 декември од 19.30 часот). МКЦ соопшти дека со годинашниот МОТ, кој се организира со поддршка од Град Скопје, се обидува да не го прекине континуитетот на еден од најстарите меѓународни театарски фестивали во регионот, а мотото е „Ќе има утре!“. Ова издание е хибридно – онлајн и со изведби во МКЦ и Универзалната сала, како и линк со видеоизјави и тизери. Поради ситуацијата со КОВИД-19, МКЦ соопшти дека тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите. Цената на билетите за претставите во живо e 300 денари. Онлајн-претставите се бесплатни, но неопходен е билет бидејќи бројот на гледачи на стримот е ограничен. Сите билети се достапни на: bileti.mkc.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstava-za-univerzalnata-sala-go-otvora-45-mot-12-teatri-na-festivalskata-programa/feed/ 0
Во услови на Ковид забележани повреди на работничките права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-uslovi-na-kovid-zabelezani-povredi-na-rabotnichkite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-uslovi-na-kovid-zabelezani-povredi-na-rabotnichkite-prava/#respond Wed, 07 Oct 2020 09:32:45 +0000 https://kurir.mk/?p=413347

Меѓународната организација на трудот (МОТ) по повод Светскиот ден на достоинствената работа најавува кампања за подигнување на свеста и почитувањето на работничките права. Кампањата е поддржана од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“ што го финансира Европската унија. Во соопштението испратено до јавноста се наведува дека кампањата доаѓа во вистинско време за да се едуцираат работниците за своите права бидејќи во услови на криза предизвикана од Ковид -19 забележани се повреди на работничките права на различни начини. – Пандемијата на Ковид-19 го промени светот на работата, на начини кои претходно беа тешко замисливи. Работниците се соочија со бројни предизвици и повреди на правата од работен однос, вклучително т.н. „бланко“ отказни решенија и „спогодбено“ раскинување на договорот за вработување, доведувајќи ги работниците во ситуација на невработеност и неквалификуваност за парични надоместоци. Речиси секој работник и секој бизнис се погодени од Ковид-19 на еден или друг начин. Се проценува дека намалувањето на економската активност во земјава како последица на кризата, во претходните квартали,предизвика загуба на работни часови еквивалентни на околу 250.000 работни места, се вели во соопштението. Анализите на МОТ покажуваат дека најпогодени се малите и средните претпријатија, младите и жените. Секој четврти млад човек е вработен во еден од најтешко погодените сектори и заедно со влијанието што кризата го има врз образованието и обуката, ова претставува ризик тие да станат генерација која ќе ги сноси последиците уште долго. Процените на МОТ се дека социјалниот дијалог може успешно да се искористи во првичните одговори на кризата и дека познавањето на сопствените работнички права е првиот чекор кон нивно успешно практикување и обезбедување достоинство на работниците. Под достоинствена работа се подразбира работа која е продуктивна и овозможува фер приход, безбедност на работното место и социјална заштита за семејствата, подобри услови за личен развој и општествена вклученост, можност луѓето слободно да ги искажат своите проблеми, да се организираат и да учествуваат во носењето на одлуките кои влијаат на нивниот живот, како и еднакви можности и третман на жените и мажите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-uslovi-na-kovid-zabelezani-povredi-na-rabotnichkite-prava/feed/ 0
Повеќе од едно на секои шест млади лица останало без работа поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/povekje-od-edno-na-sekoi-shest-mladi-lica-ostanalo-bez-rabota-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/povekje-od-edno-na-sekoi-shest-mladi-lica-ostanalo-bez-rabota-poradi-kovid-19/#respond Mon, 01 Jun 2020 09:05:32 +0000 https://kurir.mk/?p=352197

Повеќе од едно на секои шест млади лица престанало да работи по започнувањето на пандемијата на КОВИД-19, додека, пак, работното време на оние што останале вработени било намалено за 23 проценти, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот (МОТ). Младите луѓе се несразмерно погодени од пандемијата, а значителното и брзото зголемување на невработеноста кај младите луѓе од февруари досега повеќе ги погодува младите жени отколку младите мажи. Пандемијата им нанесува троен шок на младите луѓе. Таа не само што го уништува нивното вработување, велат од МОТ, туку ги попречува и образованието и обуката и предизвикува поголеми препреки на патот на оние што сакаат да влезат на пазарот на труд или да го сменат работното место. -Со 13,6 проценти, стапката на невработеност на младите луѓе во 2019 година веќе беше повисока во споредба со која било друга група. Во светски рамки имаше околу 267 милиони млади луѓе што не се вработени и не се вклучени во образование или обука (NEET). Оние лица на возраст од 15-24 години што беа вработени исто така со поголема веројатност беа вработени во форми на работа што ги ставаат во ранлива положба, како што се ниско платените занимања, работата во неформалниот сектор или како работници мигранти, се вели во соопштението од Канцеларијата на МОТ во Скопје. МОТ, повикува на итни, обемни и насочени мерки од политиките за поддршка на младите луѓе, вклучувајќи општи програми на гаранции за вработување/обука во развиените земји, како и програми и гаранции што вклучуваат отворање голем број работни места во земјите со ниски и средни приходи. Четвртото издание на Мониторот на МОТ, исто така, ги разгледува мерките за создавање безбедно окружување за враќање на работа. Мониторот наведува дека ригорозното тестирање и следење (ТС) на заразите со КОВИД-19 „е тесно поврзано со помалото нарушување на пазарот на труд и со значително помали општествени нарушувања од мерките за изолација и вонредните состојби.“ Во земјите каде што се врши засилено тестирање и следење, просечниот пад на работните часови е намален дури до 50 проценти. Постојат три причини за ова: ТС го намалува потпирањето врз строги мерки за изолација; ја подобрува довербата на јавноста и на тој начин ја поттикнува потрошувачката и ја поддржува вработеноста; и помага за сведување на најмала мера на нарушувањето на работењето на работните места. Дополнително, тестирањето и следењето може сами по себе да креираат нови работни места, иако само привремено, што може да бидат насочени кон младите луѓе и другите приоритетни групи. Мониторот, исто така, ги ажурира процените за намалувањето на работните часови во првото и второто тримесечје на 2020 година, во споредба со четвртото тримесечје на 2019 година. Проценети 4,8 проценти од работните часови биле изгубени во текот на Т1 во 2020 година (што е еднакво на приближно 135 милиони работни места со полно работно време, ако се претпостави 48-часовна работна недела). Ова претставува мала нагорна корекција од околу 7 милиони работни места во периодот по третото издание на Мониторот. Проценетиот број на загубени работни места во Т2 останува непроменет и изнесува 305 милиони. Од регионална перспектива, Северна и Јужна Америка (13,1 проценти) и Европа и Централна Азија (12,9 проценти) ги претставуваат најголемите загуби во работни часови во Т2. Мониторот повторно го нагласува својот повик за непосредни и итни мерки за поддршка на работниците и претпријатијата во согласност со стратегијата на МОТ што се темели на четири столбови: стимулирање на економијата и вработеноста; поддршка на претпријатијата, работните места и приходите; заштита на работниците на работното место; потпирање врз социјалниот дијалог за изнаоѓање решенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/povekje-od-edno-na-sekoi-shest-mladi-lica-ostanalo-bez-rabota-poradi-kovid-19/feed/ 0
МОТ завршува со „Црнила ремикс“ – хип-хоп изведба на драмата од Коле Чашуле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mot-zavrshuva-so-crnila-remiks-hip-hop-izvedba-na-dramata-od-kole-chashule/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mot-zavrshuva-so-crnila-remiks-hip-hop-izvedba-na-dramata-od-kole-chashule/#respond Fri, 28 Sep 2018 06:05:17 +0000 https://kurir.mk/?p=107207

Со премиера на „Црнила ремикс“ - хип-хоп претстава според мотиви на класичното драмско дело од Коле Чашуле, по идеја и режија на Јордан Симонов и во продукција на Младинскиот културен центар, вечер ќе заврши 43. „Млад отворен театар“. Како што соопшти МКЦ, претставата е ставена во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналните препев и музика на хип-хоп групата „Зад аголот“ не носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп супкултурата. Јордан Симонов вчера на прес-конференција рече дека во кариерата учествувал неколку пати во постановки на „Црнила” од Чашуле, а  идејата за ваков проект постоела одамна. Се конкретизирала по средбата со членовите од скопската хип-хоп група „Зад аголот” пред две години. - Сакав да ја вратам радоста на играњето и оние моменти кога се случува нешто друго од она што досега сум го работел. На овој начин најдовме форма како да им ја пласираме на младите македонската класика за која малку знаат, рече Симонов за претставата која е спој на театар, рап и хип-хоп. Претпремиерно „Црнила ремикс“ беше изведена овој месец на фестивалот „Здраво млади”. Музиката и препевот се на Дарко Димитриески и Павле Димковски од „Зад аголот“, сценограф и костимограф е Илина Ангеловска, а улогите ќе ги играат: Стефан Вујисиќ (Луков), Александар Михајловски (Фезлиев), Владимир Петровиќ (Иван), Горан Ников (Методи), Ненад Анѓелковиќ (Младичот), Сања Арсовска (Неда) и Павле Димковски (Христов). Во придружната програма на МОТ денеска напладне во Џебното кино на МКЦ ќе бидат одбележани 70 години од Македонскиот центар на ИТИ (Интернационален театарски институт) на УНЕСКО (1948-2018), а вечер од 22 часот во МКЦ за затворање на фестивалот концерт ќе има шведската група „Fire“. Во деветте фестивалски дена на 43. „Млад отворен театар“ на осум сцени низ Скопје беа изведени 18 претстави. Фестивалот почна на 20 септември со белгиската „Блокбастер“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mot-zavrshuva-so-crnila-remiks-hip-hop-izvedba-na-dramata-od-kole-chashule/feed/ 0
На МОТ вечер претстави од Норвешка и Турција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-mot-vecher-pretstavi-od-norveshka-i-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-mot-vecher-pretstavi-od-norveshka-i-turcija/#respond Wed, 26 Sep 2018 05:42:44 +0000 https://kurir.mk/?p=106010

Фестивалот „Млад отворен театар“ денеска на програмата ќе има две гостински претстави - „Болницата“ од Норвешка и „Над земја под облаци“ од Турција. Во „Болницата“ на режисерот Јо Стромгрен од Осло три медицински сестри се обидуваат да го издржат недостигот од пациенти со тоа што се повредуваат и се закануваат една кон друга, изведувајќи ги своите должности врз себе како замена за вистинската работа. - Ова е првата претстава на „Јо Стромгрен компани“  со целосен женски кастинг, што наиде на изненадување кај повеќето, поради навидум мажествениот имиџ на компанијата. Ваквиот избор донесе свежина и нова инспирација за театарот. Претставата стана силна потврда на филозофијата на компанијата за употребата на бесмислен јазик во претставите и локална естетика на секоја продукција, соопшти МКЦ за првата од двете денешни претстави на МОТ, која ќе почне во 20 часот во кино „Фросина“. МОТ од Турција Од 22 часот во Универзална сала е 45-минутната претстава „Над земја под облаци“ во продукција на „Ентропи студио“ од Истанбул. Режисерката Ирем Ајдин ќе претстави перформанс за ефектите на тековните настани врз нашите секојдневни животи и како ја примаме трагедијата преку технологијата. Тројца млади луѓе заробени во недефинирано место се борат со стравот од излегување надвор, наспроти нивната желба да го живеат животот целосно, додека нивното тело и свест се распаѓаат под сенката на неизбежните информации кои доаѓаат од дигиталните платформи. - Не е само апстракција на состојбата на младата генерација во Турција сега, туку и на општата состојба на несигурност што сите млади луѓе ја споделуваат, наведува МКЦ за перформансот на Ајдин, која на 43. МОТ учествуваше и со претставата „Д Шииит“ во изведба на домашниот театар „Артопија“.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-mot-vecher-pretstavi-od-norveshka-i-turcija/feed/ 0
Гостување на Битолски театар и две соло-претстави вечер на МОТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gostuvanje-na-bitolski-teatar-i-dve-solo-pretstavi-vecher-na-mot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gostuvanje-na-bitolski-teatar-i-dve-solo-pretstavi-vecher-na-mot/#respond Tue, 25 Sep 2018 05:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=105442

Битолскиот театар вечер пред скопската публика од 20 часот во Македонската опера и балет ќе ја изведе својата најнова претстава - „Но(е)ва Македонија“ која на матичната сцена премиерно ја изведе во јули во режија на гостинот од Србија Кокан Младеновиќ. Авторскиот проект „Но(е)ва Македонија“ е  ангажирана општествена сатира чија цел е да ги истражи механизамите на политичката грандоманија, манипулација, злоупотребата на историските документи и фалсификување на историските факти, што се во интерес на одредена група луѓе. Српскиот режисер Младеновиќ по повод премиерата пред два месеца изјави дека заедно со актерската екипа се обиделе во претставата да бидат комични, а во вториот дел - сериозни и да понудат драма. - Се навикнавме на политичките елити кои наместо народот се претставуваат самите себе и својот капитал, сервираат идеи од кои страдаат невини луѓе, а ним им е се подобро и подобро. Со оваа претстава сакаме да испратиме потсмев и да спречиме некои нови изопачувачања на историјата, рече Младеновиќ. Алтруистична На МОТ вечер се и „Прва алтруистична претстава“ - соло-проект на Марко Булц од Љубљана (МКЦ, сала „25 Мај“ од 21 часот) и британската „Пасија по Биби“ во режија и изведба на Петар Милошевски (Кино Култура од 22.30 часот). „Првата алтруистична претстава“ произлегла од фрустрацијата на Булц и незадоволството со повеќе авторски проекти (вклучувајќи ги и своите), што се некажани, неправедни и од слични ситуации каде што другите се експлоатираат за себепромоција и си го јакнат уметничкото его. „Пасија по Биби“, пак, е претстава за секс-робот. - Луѓето ја изгубија идејата за несебично да го понудат своето тело. Затоа ја измисливме иднината на сексот... Без разлика на вашата сексуалност или пол, со Биби покрај вас, никогаш повеќе нема да се чувствувате неисполнети, пишува во највата за соло-проектот на Милошевски. Биби на МОТ На премиерата на годинашниот „Camden Fringe Festival“ во Лондон „Пасија по Биби“ беше селектирана во топ 10 претстави според Time Out London и London’s Evening Standard. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gostuvanje-na-bitolski-teatar-i-dve-solo-pretstavi-vecher-na-mot/feed/ 0
Две домашни и претстава од Унгарија денеска на МОТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dve-domashni-i-pretstava-od-ungarija-deneska-na-mot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dve-domashni-i-pretstava-od-ungarija-deneska-na-mot/#respond Mon, 24 Sep 2018 07:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=104862

Независната театарска група „Артопија“ во рамки на 43. Млад отворен театар, вечер од 22 часот во кино „Фросина“ премиерно ќе ја изведе претставата „Д шииит“ (The Shee(i)t“ во режија на Ирем Ајдим. Во претставата играат: Симона Спировска Костовска, Наташа Петровиќ, Бојан Кирковски и Ненад Митевски. Во перформансот базиран на концептот на „граници“ тие ја конструираат и ја деконструираат поделбата на време и место и нивните сценски идентитети, преку постојана трансформација на нивните тела меѓу субјект и објект, каде што линијата меѓу лични и универзални граници станува сè подвосмислена. Покрај премиерата на „Артопија“, уште една македонска претстава на денешната програма на МОТ - од 18 часот на малата сцена во Македонската филхармонија е современиот танцов перформанс „Чудна шума“ на кореографката Искра Шукарова. Публиката ќе има можност да го види работниот процес на студентите од Факултетот за музичка уметност и соработката со кореографката Урсула Еагли од Њујорк, која во април оваа година работеше со студентите и настапи заедно со нив во овој проект. - Идејата на „Чудна шума“ е да ја воспостави нишката на структурираното општествено живеење пренесувајќи ја публиката низ суспендираните магични базени од сластни танци, наведува МКЦ. Во Дансинг салата на МКЦ од 20 часот на МОТ ќе гостува унгарската „Форте компани“ со претставата „Бележник“ од Агота Кристов во режија на Чаба Хорват. Разурнувачката војна во Европа наведува една мајка да ги остави своите деца кај баба им, која наликува на вештерка од народните приказни. Осамените, гладни и премрзнати деца учат како да се снајдат сами и пишуваат дневник во еден бележник. Во склоп на придружната програма по претставите ќе следува диџејски настап на Чудо. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dve-domashni-i-pretstava-od-ungarija-deneska-na-mot/feed/ 0