Мотор Запорожје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Feb 2023 10:59:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мотор Запорожје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еурофарм Пелистер бара поддршка од навивачите на решавачкиот натпревар со Мотор https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-bara-poddrshka-od-navivachite-na-reshavachkiot-natprevar-so-motor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-bara-poddrshka-od-navivachite-na-reshavachkiot-natprevar-so-motor/#respond Mon, 27 Feb 2023 10:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=805565

Од таборот на Еурофарм Пелистер ги повикуваат навивачите во голем број да дојдат и да им помогнат на утрешниот натпревар со Мотор Запорожје, клучен за пласман во следната фаза на Европската ракометна лига. - Ако имаме поддршка како што нормално добиваме во нашата сала, тоа ќе ни биде од голема помош. Се надевам дека луѓето ќе дојдат во вторник и ќе ни дадат поддршка. По враќањето на некои повредени ракометари, добиваме на стабилност. Имаме многу натпревари во овој период, но мора да размислуваме позитивно. Го вративме ритамот, дури и во поразот во Берлин видов добри работи. Одигравме добро, посебно бевме добри при стрпливоста во нападот. Денес работевме некои детали кои ќе ни послужат за вторник, а и заштедив некои ракометари за дуелот против Мотор. Веќе го подготвуваме дуелот против Украинците, ќе биде тешко и сериозно ќе ги сфатиме. Играа добро во последните натпревари, но имам позитивни вибрации за вторник, изјави тренерот на битолчани, Ларс Валтер. Голманот Урбан Лесјак верува во позитивен исход и продолжување со настапите во Лига Европа. - Многу е важно што сами одлучуваме за нашата судбина. В раце имаме можност да стигнеме и до трето место во групата, што сега е наша цел. Екипата на Мотор е искусна, добар микс на зрели и млади ракометари. На гостувањето кај нив одигравме еден од подобрите натпревари и сакаме тоа да го повториме пред нашата публика. Мотор е во форма, направи чекор напред и можеше тоа да се забележи и со победата над Бидасоа. Нам ни преостанува добро да се спремиме, да го прегледаме видео материјалот, да направиме тактичка припрема и да играме на победа. Од денес до следната сабота играме четири натпревари и многу е важно да имаме голем ростер и играчите кои почнуваат од клупа, да внесат свежина. Тоа за секоја екипа е многу важно, смета Лесјак. Натпреварот Еурофарм Пелистер – Мотор Запорожје ќе се игра утревечер од 18 часот во „Боро Чурлевски“ во Битола.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-bara-poddrshka-od-navivachite-na-reshavachkiot-natprevar-so-motor/feed/ 0
Украински Мотор ќе игра во Бундес лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ukrainski-motor-kje-igra-vo-bundes-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ukrainski-motor-kje-igra-vo-bundes-ligata/#respond Fri, 10 Jun 2022 08:14:59 +0000 https://kurir.mk/?p=689166

Раководството на Бундес лигата даде зелено светло за прием на украинскиот шампион, Мотор Запорожје, за учество во втората Бундес лига. Како што е веќе познато, украинскиот национален шампионат беше прекинат поради воената ситуација во Украина, која сѐ уште трае. Во знак на солидарност, челниците на Бундес лигата одлучија да им помогнат на нивните пријатели од Запорожје и денеска официјално донесоа одлука за прием на украинскиот шампион во втората Бундес лига Сите натпревари на украинскиот тим во втората Бундес лига нема да имаат никакво резултатско значење бидејќи ќе се одиграат во форма на пријателски натпревари, односно нема да бидат вклучени во официјалната статистика. Домашен терен на Мотор ќе биде спортскиот центар „Кастело“ во Дизелдорф. Доколку украинскиот тим добие право на настап во Лигата на шампионите, тогаш меѓународните натпревари ќе ги игра во истиот центар, кој има капацитет за 3000 гледачи. Мотор во ракометната елита може да учествува преку една од шесте вајлд-карти што ги доделува ЕХФ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ukrainski-motor-kje-igra-vo-bundes-ligata/feed/ 0
Ракометниот натпревар помеѓу Мотор Запорожје и ПСЖ нема да се одигра https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rakometniot-natprevar-pomegju-motor-zaporozje-i-psz-nema-da-se-odigra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rakometniot-natprevar-pomegju-motor-zaporozje-i-psz-nema-da-se-odigra/#respond Tue, 15 Feb 2022 16:52:15 +0000 https://kurir.mk/?p=631804

Неизвесната ситуација во Украина започна да создава проблеми во одигрувањто на меѓународните натпревари. Натпреварот помеѓу Мотор Запорожје и ПСЖ нема да се одигра. Мотор и ПСЖ требаше да играат меч ов 11. коло од Лигата на шампионите, а тимот од Франција беше многу загрижен за ситуацијата во Украина и веднаш побара одложување. Доколку тимот предводен од Раул Гонзалес прифатеше натпреварот да го игра во Запорожје, ризикуваше да остане заробен во Украина. Можни се логистички проблеми, односно неизвесно е дали авио-компаниите ќе летаат или пак ќе ги откажат летовите за Украина. Затоа доцна синоќа Европската ракометна федерација донесе одлука натпреварот да биде одложен и да се одигра во нареден слободен термин, или во Запорожје или на неутрален терен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rakometniot-natprevar-pomegju-motor-zaporozje-i-psz-nema-da-se-odigra/feed/ 0
Мотор го надигра Татран во првото СЕХА-четвртфинале https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/motor-go-nadigra-tatran-vo-prvoto-seha-chetvrtfinale/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/motor-go-nadigra-tatran-vo-prvoto-seha-chetvrtfinale/#respond Sun, 29 Aug 2021 06:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=556112

По Веспрем, кој со две победи се пласира во полуфиналето на СЕХА лигата, скоро познати се уште два патника уште по првите натпревари. По Мешков Брест кој во Битола го совлада Еурофарм Пелистер украинскиот Мотор Запорожје треба само да ја верификува денешната победа и на вториот дуел со Татран Прешов. Мотор го совлада најдобриот словачки клуб со 22-27 (10-12), а со оглед на тоа што и вториот дуел ќе се одигра во Запорожје, не би требало да има проблеми за влез во полуфиналето. Пуховски и Козакевич со по четири гола и голманот Мароз со десет интервенции беа најзаслужни за победата на Украинците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/motor-go-nadigra-tatran-vo-prvoto-seha-chetvrtfinale/feed/ 0
Кокшаров против Мотор шанса ќе им даде на помладите https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/koksharov-protiv-motor-shansa-kje-im-dade-na-pomladite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/koksharov-protiv-motor-shansa-kje-im-dade-na-pomladite/#respond Mon, 11 Nov 2019 11:48:50 +0000 https://kurir.mk/?p=262609

Тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров во пресрет на задутрешниот меч од регионалната ракометна СЕХА лига против Мотор Запорожје, најави дека повеќе минутажа ќе добијат помладите. – Колку што знаеме екипата на Мотор кај нас не доаѓа во најсилен состав. Ние имаме свои планови за овој меч. Сакам да им дадам повеќе минутажа на некои играчи, а некои да ги одморам. Тоа не значи дека се откажуваме од бодовите. Ние одиме на победа и три бода кои ни се многу важни во СЕХА лигата, рече Кокшаров на денешната прес-конференција. На замор по напорните мечеви во Лигата на шампионите се пожали и капитенот Стојанче Стоилов. – Не очекува дуел со Мотор по тешкиот меч во саботата со Кјелце. Играчите се изморени. Посебно оние што играат цела сезона и го носат главниот товар. Мислам дека може малку да се калкулира и да се одморат некои од нив. Во секој случај, играме дома и одиме на победа, потенцира Стоилов. Токму Вардар и Мотор Запорожје се на водечките две позиции во А-групата од СЕХА лигата со по 15 бода од шест натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/koksharov-protiv-motor-shansa-kje-im-dade-na-pomladite/feed/ 0