мотори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 May 2023 09:15:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мотори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Готово е: И „Maserati“ им кажа збогум на „V8“ моторите (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gotovo-e-i-maserati-im-kazha-zbogum-na-v8-motorite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gotovo-e-i-maserati-im-kazha-zbogum-na-v8-motorite-foto/#respond Mon, 15 May 2023 09:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=834272

„Maserati“ во склад со наредбите од врвот се определи за електрична иднина. И додека „Ferrari“ ќе продолжи со дружењето со октанските ѕверови, во „Maserati“ наскоро нема да има место за љубителите на класични мотори на бензин. Последниот поздрав компанијата ќе го има наскоро во Гудвуд на фестивалот на брзината. По тој повод „Maserati“ ќе ги претстави „Ghibli 334 Ultima“ и „Levante V8 Ultima“ верзиите, додека „Trofeo“ од производство ќе излезе до крајот на годината. Со тоа „Масерати“ ќе се збогува од „V8“ моторот на „Ferrari“ и ќе продолжи уште некое време го нуди посебниот „Nettuno V6“. Збогувањето со „V8“ е навистина голема работа. Од 1959-та година „Maserati“ оживеал повеќе од 100.000 автомобили со „V8“ мотори. Актуелниот 3.8 V8 twin-turbo дава 580 коњски сили, а од понудата излегува откако „Ferrari“ ја сопре испораката за „Maserati“. Компанијата тажната вест за заминувањето на „V8“ моторот во историјата ја објави во текот „Motor Valley Festivalot“, кој овие денови се одржува во Модена. Прикажале посебни изведби вклучувајќи го уникатниот „GranTurismo Zèda“, но и електричната изведба „Folgore“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gotovo-e-i-maserati-im-kazha-zbogum-na-v8-motorite-foto/feed/ 0
МВР казни 213 возачи на мотоцикли https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-kazni-213-vozachi-na-motocikli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-kazni-213-vozachi-na-motocikli/#respond Mon, 12 Apr 2021 09:40:51 +0000 https://kurir.mk/?p=495922

Во текот на вчерашниот ден (11.04.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 213 возачи. Од нив, 56 возеле без возачка дозвола, 103 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-kazni-213-vozachi-na-motocikli/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: На аздисувањето на Филипче и Заев им нема крај, возењето мотори и отворање ресторани чини повеќе од 4000 починати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-na-azdisuvanjeto-na-filipche-i-zaev-im-nema-kraj-vozenjeto-motori-i-otvoranje-restorani-chini-povekje-od-4000-pochinati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-na-azdisuvanjeto-na-filipche-i-zaev-im-nema-kraj-vozenjeto-motori-i-otvoranje-restorani-chini-povekje-od-4000-pochinati/#respond Sun, 11 Apr 2021 12:55:24 +0000 https://kurir.mk/?p=495622

Венко Филипче и Зоран Заев продолжуваат со аздисувањето додека по неколку десеттина лица умираат дневно. Во Македонија водена од Заев и Филипче сликата е, од една страна по неколку десеттина погреби и семејства завиени во црно, од друга страна власта се забавува, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Да, за да се забавуваат Филипче и Заев се отвораат и хотели, ресторани, а еве денес веќе се повторно на патиштата со своите мотори. Однесувањето на Филипче и Заев чини животи. Тие се директно одговорни за повеќе од четири илјади починати лица, посочуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-na-azdisuvanjeto-na-filipche-i-zaev-im-nema-kraj-vozenjeto-motori-i-otvoranje-restorani-chini-povekje-od-4000-pochinati/feed/ 0
ВИДЕО: Викенд турнејата на Заев и Филипче продолжи и денеска, моторите брмчат низ Пештани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vikend-turnejata-na-zaev-i-filipche-prodolzi-i-deneska-motorite-brmchat-niz-peshtani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vikend-turnejata-na-zaev-i-filipche-prodolzi-i-deneska-motorite-brmchat-niz-peshtani/#respond Sun, 11 Apr 2021 12:32:17 +0000 https://kurir.mk/?p=495601

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера биле на приватна мото- турнеја низ Македонија, која продолжува и денеска. Сред ек на пандемијата со коронавирусот, додека дневниот црн биланс покажува по околу 50 починати лица дневно, а граѓани протестираат пред министерството за здравство, двоецот Заев- Филипче наместо да се ангажираат да обезбедат вакцини, си се возат со мотори низ Крушево. Нивната турнеја продолжи и денеска низ Пештани каде од граѓани се снимени додека поминуваат. Од почетокот на овој месец до сега има над 300 починати лица, болниците се полни со пациенти, а Заев и Филипче уживаат во возењето со скапи мотори и си летаат со хеликоптери. Само вчера во Македонија починаа 32 лица. Пред министерство за здравство вчера се одржа и протест под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“, но ниту ресорниот министер, ниту премиерот ги слушнаа нивните пораки, бидејќи тие викендов си го искористија за нивното луксузно хоби. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vikend-turnejata-na-zaev-i-filipche-prodolzi-i-deneska-motorite-brmchat-niz-peshtani/feed/ 0
Заев и Филипче вчера возеа мотори, додека 32 лица починаа од коронавирус- опозицијата бара одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-vchera-vozea-motori-dodeka-32-lica-pochinaa-od-koronavirus-opozicijata-bara-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-vchera-vozea-motori-dodeka-32-lica-pochinaa-od-koronavirus-opozicijata-bara-odgovornost/#respond Sun, 11 Apr 2021 07:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=495439

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера биле на приватна мото- турнеја низ Македонија. Сред ек на пандемијата со коронавирусот, додека дневниот црн биланс покажува по околу 50 починати лица дневно, а граѓани протестираат пред министерството за здравство, двоецот Заев- Филипче наместо да се ангажираат да обезбедат вакцини, си се возат со мотори низ Крушево. Од почетокот на овој месец до сега има над 300 починати лица, болниците се полни со пациенти, а Заев и Филипче уживаат во возењето со скапи мотори и си летаат со хеликоптери. Само вчера во Македонија починаа 32 лица. Пред министерство за здравство вчера се одржа и протест под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“, но ниту ресорниот министер, ниту премиерот ги слушнаа нивните пораки, бидејќи тие денешниот ден си го искористија за нивното луксузно хоби. Денеска реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Нови 1.092 случаи на корона и 32 починати лица, 32 семејства завиени во црно. Филипче и Заев рушат црни биланси. Македонија со Филипче и Заев, се искачи високо на листите на починати лица, и тоа на листите на „Блумберг“, „Фајненшл Тајмс“. И наместо да поработи, Филипче заедно со Заев организираат возење со мотори кое им стана традиција. Дополнително, Филипче, Заев и нивните служби се занимаваат со снимање на протестите на опозицијата. Филипче и Заев прават се, само не се грижат за здравјето на народот, имаат време за забава, имаат време да најдат провизии, за возењето мотори веќе сите знаат, стои во партиското соопштение и се додава: „Поради негрижата има 4.128 починати од корона, и Заев и Филипче ќе одговараат за секој згаснат живот. Филипче и Заев одете си! И не само што треба да си одат, Филипче и Заев, ќе одговараат за секој згаснат живот! Заев и Филипче се дел од мафијата која хара по државава. Заев и Филипче имаат крвави раце и  нивната неспособност убива“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-vchera-vozea-motori-dodeka-32-lica-pochinaa-od-koronavirus-opozicijata-bara-odgovornost/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се борат за живот, Заев и Филипче возат мотори, го распаднаа здравството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gragjanite-se-borat-za-zivot-zaev-i-filipche-vozat-motori-go-raspadnaa-zdravstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gragjanite-se-borat-za-zivot-zaev-i-filipche-vozat-motori-go-raspadnaa-zdravstvoto/#respond Mon, 29 Mar 2021 06:11:40 +0000 https://kurir.mk/?p=488999

Здравствениот систем во катастрофална сосотојба, по неколку десеттина умираат секој ден од корона, лекови нема, болнички кревети нема, лекари и воопшто медицински персонал нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека нема ниту вакцини, ниту е вакциниран медицинскиот персонал, ниту е доволна оваа количина од Ковакс механизмот, која и доцни. -Граѓаните ја преплавија Србија за да се вакцинираат. Филипче и Заев за ова не се интересираат. Зошто би се интерсирале?! Филипче и Заев си возат мотори, се релаксираат. Власта се релаксира, граѓаните се борат за живот. Ова е Македонија водена од Заев. На ваквото однесување мора да му се стави крај! За сета оваа негрижа за граѓаните и катастрофата во која е здравствениот систем, Заев и Филипче ќе одговараат, се наведува во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gragjanite-se-borat-za-zivot-zaev-i-filipche-vozat-motori-go-raspadnaa-zdravstvoto/feed/ 0
Двајца малолетници повредени во сообраќајка, возеле мотори и се судриле со автомобил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-maloletnici-povredeni-vo-soobrakjajka-vozele-motori-i-se-sudrile-so-avtomobil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-maloletnici-povredeni-vo-soobrakjajka-vozele-motori-i-se-sudrile-so-avtomobil/#respond Sun, 14 Mar 2021 11:04:45 +0000 https://kurir.mk/?p=482107

На 13.03.2021 во 16:45 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Радишанска“ и ул.„Боро Кралевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.К.(28) од Скопје, моторцикл „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од Скопје и моторцикл „јонвеј“ со скопски регистарски ознаки управуван од 17 годишник од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата моторциклисти, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8-ми Септември“. Со телесни повреди се здобил возачот Н.К. и уште една сопатничка од  истото возило констатирани во Градската општа болница „Св Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-maloletnici-povredeni-vo-soobrakjajka-vozele-motori-i-se-sudrile-so-avtomobil/feed/ 0
Санкционирани „диви тркачи“ на скопските улици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sankcionirani-divi-trkachi-na-skopskite-ulici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sankcionirani-divi-trkachi-na-skopskite-ulici/#respond Sun, 02 Aug 2020 08:17:43 +0000 https://kurir.mk/?p=385032

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 01/02.08.2020 во времето од 19,00 до 02,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во “диви трки“ на подрачјето на Скопје, информираат од МВР. Притоа санкционирани се 24 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци, а бил одземен еден мотоцикл.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sankcionirani-divi-trkachi-na-skopskite-ulici/feed/ 0
Приведени „диви тркачи“ со мотори од скопските улици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-divi-trkachi-so-motori-od-skopskite-ulici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-divi-trkachi-so-motori-od-skopskite-ulici/#respond Sat, 11 Jul 2020 10:21:46 +0000 https://kurir.mk/?p=373906

Приведени четворица од осум санкционирани моторциклисти, од страна на Секторот за сообраќајни работи при БЈБ и СВР Скопје кои во времето од 19 часот вчера до 3 часот утрово спровеле акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје. Од приведените, тројца моторциклисти биле однесени во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Кисела Вода поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-divi-trkachi-so-motori-od-skopskite-ulici/feed/ 0
Заев “плукна“ по мерките на Филипче и Спасовски: Дали екс-премиерот е над законот или ќе биде соодветно санкциониран? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-plukna-po-merkite-na-filipche-i-spasovski-dali-eks-premierot-e-nad-zakonot-ili-kje-bide-soodvetno-sankcioniran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-plukna-po-merkite-na-filipche-i-spasovski-dali-eks-premierot-e-nad-zakonot-ili-kje-bide-soodvetno-sankcioniran/#respond Sat, 18 Apr 2020 11:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=333944

Дали лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе биде соодветно санкциониран поради непочитување на препораките на здравствените власти за избегнување на групирање и престој во шумски области? Ова прашање се поставува откако екс-премиерот вчера со своите пријатели направија излет до беровско. Возеа мотори, а беа придружувани од државно обезбедување, Дали Заев не ги почитува мерките на Филипче бидејќи мисли дека тој е над сите останати и него никој-ништо не му може? Лидерот на СДСМ не е над законите и затоа  треба тој да биде казнет исто како што би се казнил било кој друг граѓанин ако го направеше истото. Заев покажа дека не го почитува Филипче и мерките на Владата која сега ја води Оливер Спасовски. Додека сите граѓани се затворени во своите домови дури и за велигденските празници, бидејќи ги почитуваат законите Заев си вози мотори. Само еден ден откако му престана периодот за самоизолација по контакт со лице инфицирано со коринавирусот, веднаш ги прекрши препораките на министерот за здравство Венко Филипче, именуван токму од неговата СДСМ. Заев изјави дека ќе остане дома, но излажа. Од петокот беше воведена забраната за движење во шуми и шумско земјиште, со забрана на излети и посети на парк шуми. Забраната важи од 06 до 20 часот. Оние кои нема да ја почитуваат забраната и ќе бидат затекнати, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвреднос, според уредбите на Владата. Меѓутоа Заев и неговите пријатели и покрај оваа забрана, со своите мотоцикли со голема брзина се движеа од струмичко кон беровско токму низ шумски предел. Од друга страна, пак, Спасовски и министрите од СДСМ во техничката влада наложија полицајци  да ги „бранат“ црквите од верниците во текот на најголемиот христијански празник Велигден. Надлежните се на потег! Нека докажат дали законите важат за сите или Заев е над законот и над граѓаните!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-plukna-po-merkite-na-filipche-i-spasovski-dali-eks-premierot-e-nad-zakonot-ili-kje-bide-soodvetno-sankcioniran/feed/ 0