мозаик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Oct 2022 07:20:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мозаик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Сирија откриен римски мозаик од 4 век (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vo-sirija-otkrien-rimski-mozaik-od-4-vek-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vo-sirija-otkrien-rimski-mozaik-od-4-vek-video/#respond Sat, 15 Oct 2022 07:20:46 +0000 https://kurir.mk/?p=745573

Сириските власти објавија дека е пронајден мозаик од римско време, кој датира од 4 век и кој е „исклучително редок“ и „целосно зачуван“. Мозаикот бил направен пред 1.600 години, најден е во градот Растан, во покраината Хомс, во централна Сирија, поранешното упориште на бунтовниците против режимот. Мозаикот прикажува „јасно видливи детали и имиња на грчките кралеви кои учествувале во Тројанската војна“, кажа за Франс прес Хамам Саад, шеф на ископувања и археолошки истражувања во Општата управа за антиквитети и музеи. „Досега не сме имале ништо слично“, истакна Саад, додавајќи дека делото не е најстаро во Сирија, но е „најкомплетно и исклучително ретко“. На мозаикот се прикажани и амазонски воинки. „Делот кој досега е откриен е долг 20 и широк шест метри“, кажа тој, истакнувајќи дека има други делови за чистење. Ова е деветтиот мозаик откриен на тоа наоѓалиште. Сирија, земја на повеќевековни цивилизации е преполна со археолошки богатства. Некои наоѓалишта претрпеа оштетувања и разурнувања во војната која почна во 2011. Растан, кој беше место на тешки борби меѓу владините сили и опозициските бунтовници од избивањето на граѓанската војна, има многу древни археолошки наоѓалишта кои датираат од римско време. Во градот Хомс, црквата Ум ал-Зинар беше запалена, џамијата Халид Ибн ал Валид беше оштетена а мозаици во Растан беа украдени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vo-sirija-otkrien-rimski-mozaik-od-4-vek-video/feed/ 0
ФБИ вратил на Рим мозаик стар 2.000 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-vratil-na-rim-mozaik-star-2-000-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-vratil-na-rim-mozaik-star-2-000-godini/#respond Sun, 04 Sep 2022 13:28:11 +0000 https://kurir.mk/?p=728543

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и вратило на италијанската Влада римски мозаик стар 2.000 година, „клучен дел од историјата на Рим“, кој бил скриен со децении, соопштија денеска од ФБИ. ФБИ тимот за криминал со уметнички дела во 2020 година бил контактиран од претставник на клиент кој поседувал огромен „мозаик со приказ на митолошката фигура Медуза“. Мозаикот бил исечен на 16 парчиња, секое тешко од 30 до 90 килограми, ставени на палети и чуван во приватен магацин во Лос Анџелес од 1990 година, соопшти ФБИ. Клиентот немал документација, во светот на уметноста позната како доказ за потекло, па затоа не можеле да го продадат делото. Не е познато како анонимниот клиент дошол во посед на мозаикот или колку долго се наоѓал во САД. Од ФБИ укажаа дека тој можел да се води за изгубен и 100 години. Специјалните агенти на ФБИ, Елизабет Ривас и Ален Грув, биле ангажирани да истражат за потеклото на мозаикот, пред истиот да биде вратен на вистинските сопственици. Полицијата во Италија потврдила дека е италијански и „влезен во записи за културна сопственост од 1909 година“. – Единствен современ запис за постоењето на мозаикот е оглас во весник од 1959 година за негова продажба во околината на Лос Анџелес. Официјални лица од Италија допатувале во Лос Анџелес да го проверат мозаикот и да помогнат со негово враќање. Конечно, мозаикот бил вратен безбедно во Рим во април, откако анонимниот клиент ги платил трошоците за специјален транспорт во сандаци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-vratil-na-rim-mozaik-star-2-000-godini/feed/ 0
Храмот Свети Сава ги отвори вратите за посетителите со нов мозаик од 50 милиони парчиња https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hramot-sveti-sava-gi-otvori-vratite-za-posetitelite-so-nov-mozaik-od-50-milioni-parchinja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hramot-sveti-sava-gi-otvori-vratite-za-posetitelite-so-nov-mozaik-od-50-milioni-parchinja/#respond Tue, 27 Oct 2020 12:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=421208

Црквата Свети Сава нa Врачар во Белград денеска е отворена за посетителите на верскиот празник Света Петка, соопшти Српската православна црква. Како што јави дописникот на МИА од Белград, пред неколку дена, во Храмот Свети Сава беше завршен прекрасен мозаик тежок повеќе од 320 тони, кој содржи над 50 милиони парчиња. Вкупно 600 луѓе работеа на мозаикот, од кои дури 300 беа уметници мозаичари, а комплетниот мозаик завршен е за помалку од четири години. Мозаикот зафаќа површина од околу 15.000 квадратни метри, што го прави храмот единствен во православниот свет и изработен е според техниката што се користи во Русија во последните 15 години. Во главната купола се наоѓа огромен мозаик на Христос Пантократор, кој го претставува Исус Христос во моментот на вознесението, а е реализиран во студиото на рускиот академик и иконописец Николај Мухин. Куполата е украсена со мозаик тежок околу 40 тони, кој е целосно реализиран во ателјето на уметникот, а потоа е поделен на помали делови и транспортиран во Белград, каде што е монтиран во куполата. Мозаикот на куполата е еден од најголемите потфати на мозаичното украсување на кривилиниски простор во светот. Во Храмот е поставен и огромен лустер, за кој се верува дека е најголем во светот. Тежок е околу шест тони и 800 килограми. Должината на синџирите на лустерот е околу 500 метри, односно половина километар и има дијаметар од 21 метар. Работите на уредувањето на храмот Свети Сава продолжуваат, а во последната фаза на работите се три иконостаси, олтар во кој во моментов се прави под и во кој има икона на Исус Христос со распон на рацето од над 17 метри, што исто така го прави храмот посебен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hramot-sveti-sava-gi-otvori-vratite-za-posetitelite-so-nov-mozaik-od-50-milioni-parchinja/feed/ 0
ВИДЕО: Не ги фрлајте скршените плочки, еве како може да ги искористите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/video-ne-gi-frlajte-skrshenite-plochki-eve-kako-moze-da-gi-iskoristite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/video-ne-gi-frlajte-skrshenite-plochki-eve-kako-moze-da-gi-iskoristite/#respond Mon, 06 Aug 2018 16:21:05 +0000 https://kurir.mk/?p=85112

Сакате украсна вазна, саксија, рамка за слика, а немате идеја? Можеби баш оваа ви се допаѓа бидејќи за неа не ви е потребно многу материјал, а единствен услов кој треба да ви биде исполнет е да имате керамичка плочка која се крши. Употребете ја фантазијата и ќе бидете маѓепсани од резултатот. Во видеото во продолжение погледнете ги идеите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/video-ne-gi-frlajte-skrshenite-plochki-eve-kako-moze-da-gi-iskoristite/feed/ 0