можеме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jan 2021 15:47:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png можеме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кажувајте си ги овие две зборчиња – имаат моќ да ви го променат животот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kazuvajte-si-gi-ovie-dve-zborchinja-imaat-mokj-da-vi-go-promenat-zivotot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kazuvajte-si-gi-ovie-dve-zborchinja-imaat-mokj-da-vi-go-promenat-zivotot/#respond Thu, 21 Jan 2021 15:47:23 +0000 https://kurir.mk/?p=458181

„Ти можеш!“ Науката тврди дека овие две зборчиња имаат магична моќ и дека ова е многу подобар начин да се поттикнете себеси отколку да кажете: „Јас можам!“ Доктор Сандра Долкос вели: „Луѓето се навикнати да даваат и примаат совети од други луѓе и изгледа дека токму од таа причина, човечката психа претпочита да користи второ лице како поттик за мотивација.“ Имено, самоохрабрувањето во второ лице еднина, ни овозможува да добиеме поширока перспектива, затоа што на тој начин го репродуцираме оној вид на охрабрување кое го добиваме од другите. Истражувањето покажало дека луѓето кои се се обраќаат на себеси со „ти“ наместо со „јас“, имаат многу попозитивен став кон целта која си ја имаат зададено, а најдобри резултати се постигнуваат ако советите упатени кон самите себе ги напишете на лист хартија. Пишувањето како начин за разговор со самите себе одамна се користи како терапевтски пристап, а во ситуациите во кои е потребна голема доза на самоконтрола, ова е навистина корисен метод! Обидете се и дознајте!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kazuvajte-si-gi-ovie-dve-zborchinja-imaat-mokj-da-vi-go-promenat-zivotot/feed/ 0
„Обнова“ ја победи „Можеме“ во Скопје со над 1.600 гласови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnova-ja-pobedi-mozeme-vo-skopje-so-nad-1-600-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnova-ja-pobedi-mozeme-vo-skopje-so-nad-1-600-glasovi/#respond Fri, 17 Jul 2020 11:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=377647

На ниво на територијата на Град Скопје, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 79.630 гласови, додека коалицијата „Можеме“ ја добила довербата на 77.970 гласачи. Како резултат на ова, произлегува дека ВМРО-ДПМНЕ успеа да добие 1.660 гласови повеќе на територијата на главниот град. Опозициската коалиција „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила повеќе гласови во општините Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Петров Во споредба со парламентарните избори што се одржаа во декември 2016 година, одѕивот во скопските општини е опаднат најмногу споредено со останатите делови од земјава. Во речиси сите скопски општини одѕивот е намален за 20 отсто на изборите одржани на 15 јули во споредба со изборите од 2016 година. Податоците на ДИК покажуваат најголемо намалување во општина Аеродром (-26,72 отсто), по што следуваат Карпош (-25,29 отсто), Центар (-24,51 отсто), Кисела Вода (-24,32 отсто), Ѓорче Петров (-24,18 отсто), Гази Баба (-22,74 отсто), Бутел (-22,24 отсто), Шуто Оризари (-15,67 отсто), Чаир (-15,05 отсто) и Сарај (-7,32 отсто). Од скопските приградски општини кои не влегуваат под територијата на Град Скопје, коалицијата „Можеме“ освоила повеќе гласови од „Обнова на Македонија“ во општините Чучер Сандево, Студеничани и Арачиново, додека опозициската коалиција победила во Сопиште, Зелениково, Илинден и Петровец. Мал одѕив на гласачите во главниот град на одржаните парламентарни избори на 15 јули, како и тесна изборна трка меѓу двата главни конкуренти – коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Незадоволство од работата на политичките партии или страв од можноста за ширење на ковид-19? Овие прашања се поставуваат по објавувањето на конечните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) за одржаното гласање на територијата на Градот Скопје, кои покажуваат најголемо изненадување кај бројот на гласачи што го искористиле своето право на глас.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnova-ja-pobedi-mozeme-vo-skopje-so-nad-1-600-glasovi/feed/ 0
Програмата на СДСМ претставена на знаковен јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/programata-na-sdsm-pretstavena-na-znakoven-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/programata-na-sdsm-pretstavena-na-znakoven-jazik/#respond Wed, 08 Jul 2020 13:50:55 +0000 https://kurir.mk/?p=371813

Програмата на #СДСМ и Коалицијата #Можеме објавена е на знаковен јазик, водејќи се од принципите на инклузивност и еднаквост. На овој начин, најважните, клучните ветувања и заложби сега се достапни и за лицата со оштетен слух и за лицата со оштетен вид. Градиме систем кој пружа и нуди еднакви можности за сите. #СеГрижиме ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/programata-na-sdsm-pretstavena-na-znakoven-jazik/feed/ 0
Костов: Проектите на ОБНОВАТА против бледилото и хаосот на “МОЖЕМЕ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostov-proektite-na-obnovata-protiv-blediloto-i-haosot-na-mozeme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostov-proektite-na-obnovata-protiv-blediloto-i-haosot-na-mozeme/#respond Wed, 01 Jul 2020 11:37:49 +0000 https://kurir.mk/?p=366628

Да драги мои, имаме изборна трка, сведена на двајца натпреварувачи: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија“, со “Исправи се Македонијо! – Одбери обнова“, против СДСМ и коалицијата “Можеме“, со истоимениот проект. Изминаа седум дена од кампањата и веќе можеме да ги сумираме првите впечатоци, вели колумнистот и политички аналитичар Сотир Костов во својот став за Курир. „ВМРО-ДПМНЕ понуди “Проект обнова и се обврзуваме“ на 337 страни. Тоа е целосен проект кој има стратегиски определби, за чие остварување се понудени безброј реформи, политики, мерки и проекти. За мене тоа е нешто повеќе од проект: тоа е добро осмислен концепт, заснован на четири столба: Првиот, ефикасна држава и силни институции; Вториот, конкурентен приватен сектор; третиот, интегрирана, стабилна и безбедна земја; и Четвртиот, Подобри услови за живот на сите. СДСМ, сега за сега понуди слоган “Можеме“, со додавки “Уште повеќе. Уште подобро“. Програма изборна не видов. Има некои флаерчиња на кои се пропагира: “Грижа за сите“, “Нова македонска економија“, “Ред, дисциплина и правда“, “Сите за еко држава“ и толку. Многу малку. Навистина многу малку. Разочарувачки. Очајно. И депримирачки. А такви, плус бледи и невпечатливи се и настапите на Зоран Заев и носителите на листи од СДСМ и коалицијата. Тоа е добро, ама не чини што од тоа ама ништо не видовме, не почувствувавме во изминативе три години. И сега, јуриш со нереални изборни ветувања. И тоа сме го виделе. Ама срамното и бедно однесување на напред наведените челници од СДСМ, во кампањата достигна неславен врв. Заев срамно, безобзирно и злонамерно го напаѓа Игор Дурловски, за кого вели дека влегол во Собранието, него и неговите да ги убива. А замислете “Кацарски судството“ го ослободи од сите обвиненија. Љупчо Николовски бега од дуел со Игор Јанушев, бидејќи се исплаши од неговите проекти, стратегија и концепт за Македонија. За таквото однесување на Николовски има само еден збор – кукавица. Исплашен човек. Политичар кој бега од јавен дуел со противникот. Пред него од дуел со Владо Мисајловски - Кендо, побегна и Оливер Спасовски и ја прати Лукаревска. Сиромашката не знаеше кои се проектите со кои СДСМ се фали, не ги знаеше кои се автопатите и патиштата изградени од нив – ништо не знаеше, и противникот ја замолчи и ја патосираше. УЧК  девојката – Шеќеринска, го напаѓа Дурловски, нешто за Хунзите, а сиромашката не знае и не е умна да ги прочита неговите пораки, што ги носи на градите: едната – Кандило, другата – Божилак. Игор е зафатен со кампањата, и еве во рок од 24 часа, јас, мојата маленкост, се ќе ви објаснам, во следното мое јавување. Ама вреди нешто повеќе да се каже и треба нешто поконкретно да се напише за тие што обновуваат, менуваат, прават промени и притоа се водат од принципи. Луѓето што ја промовираат Обновата пред се имаат принципиелни ставови. Се раководат со вистински вредности. Употребуваат знаење, умеење, способности и искуство. Тоа се Христијан Мицковски, Игор Јанушев - Јануш, Александар Николовски, Сашко Кедев, Трајко Славевски, Владо Мисајловски – Кендо. Поседуваат енергија, позитивни се и непоправливи оптимисти. Упорни, решителни и одлучни борци за правда, праведност. Тоа се Гордана Силјановска –Дафкова, Тимчо Муцунски, Благица Ласовска, Ана Лашкоска, Фуркан Чако, Иванка Василевска. Водени од идеалите на предците. Тоа се Рашела Мизрахи, Игор Дурловски, Жаклина Пешевска, Дафина Стојановска. Со визија во борба за вистината и подобро утре. Ги кршат илузиите за лажната нестварна реалност. Се залагаат за обнова на системот. Имаат срце, храброст и мотивација за Борба за Македонија. Тоа е младата нова гарда на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски,  Иван Јорданов, Зоран Јованчев, Игор Здравковски, Миле Лефков и многу други. Сите до еден водат достоинствена Борба за вистината. Водат достоинствена борба за Македонија. Да поентирам: политики, проекти, мерки и обнова, против хаос, безаконие, блеф и блам“, пишува Сотир Костов во својот став за Курир.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostov-proektite-na-obnovata-protiv-blediloto-i-haosot-na-mozeme/feed/ 0
МОЖЕВТЕ… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/mozevte/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/mozevte/#respond Wed, 24 Jun 2020 19:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=361883

  „Можеме“?! Со овој слоган бизнис компанијата на СДССС и БЕСА ќе собира гласови. Го погодија ли? Хмммм... Jок. За малку. Пак статива. Утнаа само една буква, ја вметнувате и се’ е во ред. Да, требаше да одите со „МОЖЕВМЕ“, многу подобро ќе ви прилегаше. Одличен опис на целиот ви тригодишен мандат. Ееее, тоа ќе беше тоа, МОЖЕВМЕ... Чуму МОЖЕВТЕ? Епа, еве зошто:   -МОЖЕВТЕ да победите на избори за да владеете... - МОЖЕВТЕ да нe ја потпишете Преспанската капитулација... - МОЖЕВТЕ да го почитувате Референдумот и ставот на народот и да не го смените името на државата... - МОЖЕВТЕ да не го смените Уставот и Преамбулата... - МОЖЕВТЕ да ја почитувате Венецијанска и да не донесете Закон за двојазичност... - МОЖЕВТЕ да не го исфингирате 27. април и да не испратите во апс еден куп патриоти... - МОЖЕВТЕ да не ја потпишете бугарската лакрдија од договор, за сега со искомплексираните комшии да не се расправаме за јазикот, нацијата, историјата, Гоце, Илинденско... - МОЖЕВТЕ да не ги пуштите дома убијците на децата од Смиљковско езеро... - МОЖЕВТЕ да не го осудите дедото на драконски 4 години за кубење на Пелинска, а убиецот на Кољо на бедни 3 лета... - МОЖЕВТЕ да ги врзете малу Лошила, Вилма и Љубо и да не му давата на Зоки толку ТРАС-ТРАС да им чини... - МОЖЕВТЕ да не ви лепат толку рачињата и толку РЕКЕТ да земате преку Боки, Кате, Фросина, Кики и компанија... - МОЖЕВТЕ на Заевци да им ускратите од тоа Луј Витон ташните... - МОЖЕВТЕ да олабавите во тендерите, не мораше сите ваши партијци да ги ќарат ... - МОЖЕВТЕ да го олабавите малу Фондот за иновации, кој толку неинвентивно го испразнивте... - МОЖЕВТЕ преку НОЌ да го решите муртинецот ДЕН и да го искарате толку пари да не дипли... - МОЖЕВТЕ да научите некое знаме на држава, да не не брукате со Австрија, Црна Гора и Аризона... - МОЖЕВТЕ да научите КАДЕ Е ДОМА, дека не е во Германија и Франција, оти ДОМА СИ  Е ДОМА... - МОЖЕВТЕ да не му дозволувате на црпнатото чедо да си игра со таблети и телефони и да врти по Порошенковци и Столтенберзи... - МОЖЕВТЕ да подработите малку и да не ја доутепате економијата... - МОЖЕВТЕ да не го обновите Диво насеље и да не им учините на терористите кои убија ОСУМ БРАНИТЕЛИ... - МОЖЕВТЕ да направите барем нешто за да илјадници млади не си заминат во јабана... - МОЖЕВТЕ да не изигравате машино-бравари, и да не вежбате со брусалиците по сонцето од Кутлеш... - МОЖЕВТЕ и УЧК да не ви биде иконографија на секоја фотка на врхушката... -МОЖЕВТЕ да се извините за злоупотребата на малата Тамара, Нешковски, Младенов и убиените во Монструм... - МОЖЕВТЕ да го спречите Барон Муртинхаузен кога се сликаше со лажниот црногорски принц, светот да не ни се потсмева И ДА МУ ЗАБРАНИТЕ ДА ОТВОРА УСТА ЗА ДА НЕ НЕ БРУКА... - МОЖЕВТЕ да не го менувате името на АРМ и да не ја извадите придавката МАКЕДОНСКИ од сите институции за да им учините на Грците... - МОЖЕВТЕ да оставевте да тече проектот за Клиничкиот центар, кој досега ќе го имавме... -МОЖЕВТЕ да донесете некоја инвестиција и да изградите бар 100 метри нов пат, а не само фејќерски да ставате нов асфалт и да лажете дека нешто работите... - МОЖЕВТЕ да не лажете дека ја победивте короната, да не укинувате мерки и да реагирате малу подобро за да немаме над 5.300 заболени и 251 починат... - МОЖЕВТЕ да не бидете толкави дилајли и да мрднете со прст за да економската криза која следува не биде толку голема... -МОЖЕВТЕ среде корона да не двоите пари за СЈО и вашите НВО, а истите да им ги дадете на хероите од полицијата, здравството, војската, касиерите, возачите итн. итд. и др... - МОЖЕВТЕ да не бидете толку неспособни и ТРАНСПАРЕНТНО настрвени т.е. ПРОЅИРНИ во своите недела кон Македонија, националните светии и кон македонската нација... -МОЖЕВТЕ...   Да, МОЖЕВТЕ многу работи, ама не ги направивте затоа што сте лукративна бизнис компанија возљубена во несветото тројство ВЛАСТ, ПАРИ И МОЌ... А за она „МОЖЕМЕ“, многу добро знаеме што се’ можете. Видовме за што се’ сте способни. Арно ама, рокот на употреба на корисните идиоти е краток, завршивте се’ што требаше, ви помина траењето. Упс, а дојдоа избори. Затоа, НЕМА ДА МОЖЕТЕ...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/mozevte/feed/ 0