мозочен удар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Jul 2023 19:20:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мозочен удар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дознајте кои се најчестите причини за мозочен удар и бидете внимателни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doznajte-koi-se-najchestite-prichini-za-mozochen-udar-i-bidete-vnimatelni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doznajte-koi-se-najchestite-prichini-za-mozochen-udar-i-bidete-vnimatelni/#respond Fri, 07 Jul 2023 19:20:10 +0000 https://kurir.mk/?p=854167

Постојат различни причини зошто некои личности се повеќе склони кон ризикот од мозочен удар. Постојат големи артерии кои транспортираат чиста крв и хранливи материи во мозокот. Најголемата од нив е всушност средната мозочна артерија. Таа обезбедува крв во бочните делови на темпоралниот, фронтален и паријетален дел од мозокот. Овие делови од нашиот мозок ги регулираат функциите на лицето, рацете, грлото и дланките. Местото каде оваа голема артерија се раздвојува од внатрешните каротидни артерии најчесто се јавува како место на блокадата, што може да доведе до мозочен удар. Притоа, мозочниот удар се случува кога самата артерија или една од нејзините гранки е блокирана и крвта не може правилно да тече низ неа. Кога таквите патишта се блокирани, сусптанците кои не одржуваат во живот, како што се крвта, хранливите состојки и кислородот, не можат да дојдат до мозокот. Ако ваквата блокада не се отстрани веднаш, може да настане трајна штета. Постојат повеќе причини зошто една личност би можела да доживее мозочен удар на овој начин, но најчестите од нив ги вклучуваат пушењето, дијабетесот, високиот притисок и аритмијата на преткоморите. Ударите најчесто се јавуваат кога крвното згрутчување притисок патува од артеријата или срцето и се сместува во средната мозочна артерија. Понекогаш, иако тоа е ретко, крвното згрутчување се развива директно во артеријата. Во било кој од овие случаи, крајниот резултат е мозочен удар преку средната мозочна артерија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doznajte-koi-se-najchestite-prichini-za-mozochen-udar-i-bidete-vnimatelni/feed/ 0
Алкохолот ја зголемува опасноста од мозочен удар и кај помладите лица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/alkoholot-ja-zgolemuva-opasnosta-od-mozochen-udar-i-kaj-pomladite-lica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/alkoholot-ja-zgolemuva-opasnosta-od-mozochen-udar-i-kaj-pomladite-lica/#respond Fri, 04 Nov 2022 09:36:01 +0000 https://kurir.mk/?p=755618

Пиењето алкохол на возраст меѓу 20 и 40 години претставува ризик од мозочен удар. Луѓето кои пијат умерени до големи количини алкохол се повеќе изложени на опасност од оние кои пијат помалку или воопшто не. Научниот труд е објавен во списанието „Неуролоџи“ (Neurology). Намалувањето на алкохолот кај возрасната група од 20-40 години може значително да ја намали опасноста од мозочен удар кај младите. Истражувачи од Националната универзитетска болница во Сеул работеле со доброволци кои биле подложени на четири медицински прегледи и дале информации за своите навики за пиење. Сите пациенти биле следени шест години. Според податоците потоа, луѓето кои пијат најмалку 105 грама алкохол седмично може да се дефинираат како умерени или тешки алкохоличари. Нискиот внес е еднаков на помалку од 105 грама алкохол во седмица. Стандарден пијалак во САД содржи 14 грама алкохол. Тоа е еднакво на 340 милилитри пиво или 140 милилитри вино. Младите луѓе на возраст меѓу 20 и 40 години кои пиеле најмалку 105 грама – две или повеќе години потоа имале 20 отсто поголема веројатност да добијат мозочен удар отколку оние кои воопшто не пијат или кои пијат по малку. Ризикот се зголемува со текот на годините и потрошувачката. По четири години умерено или повеќе од умерено пиење, ризикот веќе достигнува 23 отсто.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/alkoholot-ja-zgolemuva-opasnosta-od-mozochen-udar-i-kaj-pomladite-lica/feed/ 0
Мозочен удар: Причина, симптоми и како точно изгледа третманот ако ве погоди? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mozochen-udar-prichina-simptomi-i-kako-tochno-izgleda-tretmanot-ako-ve-pogodi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mozochen-udar-prichina-simptomi-i-kako-tochno-izgleda-tretmanot-ako-ve-pogodi/#respond Mon, 12 Sep 2022 18:55:50 +0000 https://kurir.mk/?p=731876

Мозочен удар: Причина, симптоми и како точно изгледа третманот ако ве погоди? Денес ќе се осврнеме повеќе на мозочниот удар. Тој се случува кога дотокот на крв богата со хранливи материи и кислород до мозочното ткиво одеднаш запира, мозочните ќелии почнуваат да изумираат, па можни се трајни оштетувања на овој орган. Имајќи ја превид ,,координирачката” улога на мозокот, евентуалниот мозочен удар може да има импликации врз речиси секојдел од телото. Постојат два типа на мозочен удар: исхемичен, кога некакво згрутчување на крвта ќе го блокира протокот на оксигенираната крв до мозокот и хеморагичен, кога слаб крвен сад ќе ,,прсне” и ќе предизвика крварење во мозокот. Зошто е важно да реагираме брзо? Брзата реакција е од особена важност и може да направи голема разлика во однос на исходот од мозочниот удар. Релевантните институции велат дека добивањето на итна помош во првиот час по мозочниот удар може да превенира од долгорочни последици ( на пример од парализа) и смртен исход. Според статистиките, луѓето кои примаат соодветна терапија за исхемичниот мозочен удар во првите неколку часа по ударот, имаат најголеми шанси за избегнување на некакви тешки последици. Во одредени ситуации на мозочен удар, може да биде неопходен и оперативен зафат. Соодветната едуцираност, односно способноста да се препознаат знаците и специфичните симптоми на мозочниот удар можат да направат разлика голема колку разликата помеѓу животот и смртта. Кои се тие специфични знаци и симптоми? Нагло чувство на слабост Наглото чувство на слабост во нозете, рацете или лицето се типичен знак на мозочен удар, особено ако таа се јавува само на едната страна од телото. Збунетост Мозочниот удар може да создаде акутно чувство на збунетост. На пример, ако работите на компјутер или имате разговор, може да почувствувате тешкотии во зборувањето, мислењето и разбирањето на говорот на другите. Нагли промени во видот Наглото губење на видот или гледањето само со едното око, може да биде исто така симптом на мозочен удар. Можни се и дупло гледање, заматување или целосно губење на видот. Нагло губење на балансот При мозочниот удар, можно е нагло губење на балансот при одење и целосно губење на чувството за позиционираност во просторот. Нагло чувство на главоболка Ако одеднаш се развие остра болка во главата, без никаква очигледна причина, тоа може да е уште еден знак за мозочен удар. Оваа болка при мозочен удар најчесто е пропратена и со зуење и потреба за повраќање. Истите симптоми се можни ако страдате од мигрена (како и оние со видот), па неретко е тешко е да се издвојат како симптоми на мозочниот удар. Ако се сомневате дека се работи удар, веднаш побарајте помош, бидејќи секоја секунда може да биде бесценета. Брза акција по споменатите симптоми Ако имате мозочен удар, можно е да почувствувате еден или повеќе од претходно наведените симптоми. Иако специфичните симптоми можат лесно да се препознаат, многу често луѓето не сфаќаат дека имаат сериозен проблем, сè додека не е веќе предоцна. Симптомите на мозочниот удар можат да се развиваат доста долго, па некогаш и со денови. Ако имате т.н. ,,миниудар”, симптомите можат да бидат само привремени и вообичаено се повлекуваат за некој час. Во овој случај, луѓето можат да ги ,,препишат” укажувачките знаци на ударот на стресот, мигрената или некакви проблеми со нервниот систем. Било какви симптоми кои можеби укажуваат на мозочен удар, имаат итна потреба од консултирање со соодветно медицинско лице. Ако реагирате навремено, односно добиете соодветен третман неколку часа по ударот (медикаменти за растворање на создаденото згрутчување од крв), ќе овозможите (брзо) повторно хранливата и оксигенирана крв повторно да стигне до мозокот. Брзата реакција значително ги зголемува шансите за целосно опоравување. Дополнително, го намалува степенот на инвалидитет кој често знае да се јави како резултат на ударот. Со ова не само што го спасувате животот, туку ги зголемувате и шансите за подобар квалитет на живот по евентуалниот удар. Едноставен тест во 4 чекори кој може да ви помогне да идентификувате мозочен удар кај вас или кај некој друг Овој едноставен тест може да помогне да спасите живот! Обрнете внимание на: Лицето – Побарајте од човекот за кој се сомневате дека доживеал удар да се насмее. Ако едната страна од лицето ,,паѓа”, веројатно се работи за мозочен удар. Рацете – Побарајте од лицето за кое се сомневате дека доживеало удар да ги крене рацете. Обрнете внимание дали рацете се еднакво кренати и дали едната можеби опаѓа. Говорот – Внимавајте дали лицето говори правилно и побарајте да повтори неколку пати една иста фраза. Времето – На крајот, секогаш во предвид имајте го времето, односно гледајте во сите претходни постапки да не трошите премногу време. Ако имате и најмал сомнеж дека се работи за удар, веднаш повикајте итна помош. Кои се ризик-фактори за мозочен удар? Секој поединец може да добие мозочен удар, но некои луѓе се во значително поголем ризик. Знаењето дека сте во одредена ризична група, може многу да ви помогне за да бидете повнимателни. Ризик-факторите се делат во 3 групи Одредени заболувања или состојби (висок холестерол, крвен притисок, одредени срцеви заболувања, дијабет, одредени нарушувања на еритроцитите итн.) Лош животен стил (нездрава исхрана, гојазност, пушење, физичка неактивност, прекумерна употреба на алкохол) Останати ризик фактори (генетска склоност, возраст над 55 години, женски пол, одредна националност) Некои од споменатите фактор се надвор од наша контрола, како што се годините и генетиката, но на поголемиот дел можеме да влијаеме преку применувањето на она што значи здрав начин на живот – Здрава исхрана, редовна физичка активност, соодветно менаџирање со стресот, добра хигиена на сон, непушење, избегнување алкохол итн. Ако знаете дека сте во одредена ризик група, правете почести превентивни прегледи на параметрите за срцевото здравје – липиден профил, крвен притисок итн.   извор: popara.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mozochen-udar-prichina-simptomi-i-kako-tochno-izgleda-tretmanot-ako-ve-pogodi/feed/ 0
Вашата крвна група може да одреди дали сте изложени на ризик за ран мозочен удар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vashata-krvna-grupa-moze-da-odredi-dali-ste-izlozeni-na-rizik-za-ran-mozochen-udar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vashata-krvna-grupa-moze-da-odredi-dali-ste-izlozeni-na-rizik-za-ran-mozochen-udar/#respond Fri, 02 Sep 2022 12:39:23 +0000 https://kurir.mk/?p=727797

Научниците открија дека крвната група може да го предвиди ризикот од развој на смртоносна состојба. Истражувачите од САД открија дека луѓето со крвна група А имаат поголем ризик од мозочен удар. Исхемичен мозочен удар - најчеста форма на состојбата - се случува кога ќе се прекине снабдувањето со крв во дел од мозокот, при што се убиваат мозочните клетки. Истражувачите велат дека ризикот се зголемува ако имате крвна група А и имате над 60 години. Луѓето со оваа крвна група имале 16 отсто поголем ризик од мозочен удар во споредба со оние со друга крвна група - АБ, Б или О. Од друга страна, луѓето со најчеста крвна група, нула, имале 12 отсто помали шанси да доживеат мозочен удар од оние со други крвни групи. И покрај тврдењата, истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд велат дека луѓето со крвна група А не треба да се грижат за мозочен удар. - Сè уште не знаеме зошто крвната група А би претставувала поголем ризик, но веројатно има врска со факторот на згрутчување на крвта - рече Стивен Китнер, професор по неврологија и автор на студијата. Претходните истражувања покажаа дека луѓето со крвна група А имаат малку поголем ризик да развијат згрутчување на крвта во нозете. Професорот Китнер вели дека се потребни повеќе последователни студии за да се разјаснат механизмите зад зголемениот ризик од мозочен удар. Друга студија покажа дека луѓето со крвна група АБ имаат поголема веројатност да се заразат со корона вирусот и да имаат фатален исход.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vashata-krvna-grupa-moze-da-odredi-dali-ste-izlozeni-na-rizik-za-ran-mozochen-udar/feed/ 0
Дремката ја зголемува можноста за мозочен удар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dremkata-ja-zgolemuva-moznosta-za-mozochen-udar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dremkata-ja-zgolemuva-moznosta-za-mozochen-udar/#respond Tue, 26 Jul 2022 11:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=710356

Луѓето кои често придремуваат дење, имаат поголема веројатност да развијат висок крвен притисок и да доживеат мозочен удар, според ново обемно истражување објавено во списанието „Хајпертенжн“ (Hypertension). Учесниците во испитувањата кои вообичаено дремат во текот на денот, имале 12 отсто поголеми шанси да развијат висок крвен притисок – долгорочно и 24 отсто поголема опасност да доживеат мозочен удар, во споредба со луѓето кои немаат навика да дремат… Кај лицата помлади од 60 години, дневното дремење ја зголемува можноста од развој на висок крвен притисок за 20 отсто во споредба со луѓето кои никогаш или ретко задремуваат преку ден, според научниот труд на Американското здружение за срце (АХА). При трудот се користени податоци од 360.000 лица кои дале податоци за нивните „навики за дремење“ до „Ју-кеј биобанк“ (UK Biobank) – голема биомедицинска база на податоци којашто ги следела жителите на Обединетото Кралство од 2006 до 2010 година. Здружението АХА неодамна го додаде времетраењето на спиењето како една од осумте основни индикатори за оптималното здравје на срцето и мозокот. – Резултатите покажуваат дека дремењето ја зголемува инциденцата на висок притисок и мозочен удар, откако ќе се прилагодат или разгледаат многу варијабли за коишто се знае дека се поврзани со кардиоваскуларните болести и опасноста од мозочен удар, изјави д-р Филис Зи, директорка на Центарот за деноноќна медицина и спиење на Медицинскиот факултет „Фајнберг“ при Нортвестерн универзитет во Чикаго. Повеќе од луѓето во студијата кои редовно дремеле, исто така пушеле цигари, пиеле секојдневно, ‘рчеле и имале несоница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dremkata-ja-zgolemuva-moznosta-za-mozochen-udar/feed/ 0
Напиток кој го намалува ризикот од мозочен удар за 56 проценти https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/napitok-koj-go-namaluva-rizikot-od-mozochen-udar-za-56-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/napitok-koj-go-namaluva-rizikot-od-mozochen-udar-za-56-procenti/#respond Thu, 03 Mar 2022 09:02:30 +0000 https://kurir.mk/?p=639955

Секојдневното консумација на било кој вид на чај, а особено зелениот, може да помогне во здравјето на срцето и да го намали ризикот од мозочен удар и кардиоваскуларни болести за 56 проценти. Ова се резултатите добиени од истражување кое е објавено во магазинот European Journal of Preventive Cardiology. Најдобриот вид чај е зелениот чај, утврдиле научниците од кинеската академија за медицински науки, но секако секоја шолја топол чај ќе ви помогне. -Вообичаената консумација на чај е поврзана со помал ризик од кардиоваскуларни болести и смрт од сите причини, истакна првиот автор на студиите доктор Синуан Ванг. Тој појаснува дека поволните ефекти за здравјето се најсилни од зелениот чај за оние кои долгорочно го консумираат. Во истражувањето биле вклучени 100.902 лица без анамнеза на срцев удар, мозочен удар или карцином. Поделени биле во две групи - луѓе кои пијат чај трипати или повеќе неделно и оние кои пијат помалку од тоа. Групите биле проучувани околу 7 години. Утврдено е дека 50-годишните луѓе кои редовно пијат чај ќе развијат коронарна болест или мозочен удар 1,41 година подоцна и ќе живеат 1,26 години подолго од оние кои никогаш ии ретко пијат чај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/napitok-koj-go-namaluva-rizikot-od-mozochen-udar-za-56-procenti/feed/ 0
ЛЕКАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Ако ги земете овие 2 ВИТАМИНИ ЗАЕДНО, може да доживеете мозочен удар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lekarite-predupreduvaat-ako-gi-zemete-ovie-2-vitamini-zaedno-moze-da-doziveete-mozochen-udar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lekarite-predupreduvaat-ako-gi-zemete-ovie-2-vitamini-zaedno-moze-da-doziveete-mozochen-udar/#respond Thu, 24 Feb 2022 13:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=636049

Откријте на време Витамините во форма на таблети се дел од фармацевтската индустрија која заработува милијарди долари годишно, а најголем дел од нив ги консумираат средовечни и постари луѓе. Сепак, одредени комбинации на витамини кои милиони луѓе ги пијат може да го зголемат ризикот од мозочен удар и срцеви заболувања, се резултатите од новото американско истражување. Опасноста пред се е поврзана со комбинацијата на калциум и витамин Д, што ја зголемува можноста за атеросклероза, односно кога има акумулација на масни материи, холестерол, делови од мртви клетки и калциум во внатрешниот ѕид на артеријата. Американските истражувачи предводени од професорот Сафи Кан од Медицинскиот факултет во Западна Вирџинија го објавија ова истражување во научно списание, а во него учествуваа над 277 луѓе кои страдаат од атеросклероза, а исто така ја земаle оваа комбинација на витамини. Се покажало дека консумирањето комбинација на витамин Д и калциум ја зголемува можноста за мозочен удар за дури 17 отсто. Истражувањата покажаа дека не постои врска помеѓу срцевите заболувања и витамините А, Б, Ц и Д, бета-каротен, калциум, железо, антиоксиданти и мултивитамини. Само фолната киселина и омега-3 масните киселини едвај имале ефект врз работата на срцето. Она што е уште поинтересно е што лекарите од споменатиот факултет советувале да не се купуваат витамини во вид на додатоци во исхраната. „Луѓето кои купуваат вакви витамини за да си го подобрат срцевиот ритам само ги трошат парите“, заклучил д-р Хан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lekarite-predupreduvaat-ako-gi-zemete-ovie-2-vitamini-zaedno-moze-da-doziveete-mozochen-udar/feed/ 0
Асанж доживеал мозочен удар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanz-doziveal-mozochen-udar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanz-doziveal-mozochen-udar/#respond Sun, 12 Dec 2021 11:44:55 +0000 https://kurir.mk/?p=607287

Вереницата на Џулијан Асанж, Стела Морис, денеска откри дека основачот на Викиликс на 27 октомври доживеал мозочен удар во затворот. „Дејли Мејл“ пишува дека на Асанж му бил дијагностициран транзиторен исхемичен напад по едно негово појавување пред Високиот суд во октомври. -На Џулијан му е тешко и јас се плашам дека овој инцидент може да биде претходник на поголем напад. Тоа само ги зголемува нашите стравови за тоа дали тој ќе може да ја преживее оваа долга правна битка, што се уште трае, рече Морис, кој има две деца со Асанж. Мозочниот удар се случил во октомври, месецот во кој Асанж беше испрашуван од Високиот суд преку видео врска од затворот Белмарша. „Тоа ги зголемува нашите стравувања дека тој нема да ја преживее оваа долга правна битка. Се треба да се реши под итно. Погледнете ги животните заробени во кафези во зоолошката градина. Тоа им го скратува животот. Тоа е она што се случува со Џулијан. Постојаните тужби се психолошки исклучително стресни“, додаде таа. Таа истакнува дека на Асанж му недостасува свеж воздух, сончева светлина и соодветна исхрана. Морис кажа дека на 27 октомври Асанж бил премногу болен за да присуствува на рочиштето, но дека судијата не му дозволил да го одложи рочиштето. -Сигурно беше ужасно да се слушне жалбата на Високиот суд, во која не можете да учествувате, што зборува за вашето ментално здравје и ризик од самоубиство. Беше во навистина ужасна состојба. Неговиот поглед беше неконзистентен, десниот очен капак не сакаше да се затвори, ја губеше меморијата, изјави Морис. Асанж потоа бил прегледан од лекар, кој открил потенцијално оштетување на нервите. Да потсетиме, основачот на Викиликс Џулијан Асанж е се поблиску до екстрадиција од Велика Британија во САД, откако американската Влада минатата недела го доби случајот за екстрадиција во Лондон. Високиот суд на Обединетото Кралство ја одобри жалбата на американската Влада на одбивањето да го екстрадира Асанж, отворајќи ја вратата за неговото евентуално судење на американска територија под обвинение за шпионажа. Тој се бара во САД поради објавување на илјадници доверливи документи преку Викиликс во 2010 и 2011 година. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 175 години. с]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asanz-doziveal-mozochen-udar/feed/ 0
Почина принцезата Мари, кралското семејство ја откри причината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-princezata-mari-kralskoto-semejstvo-ja-otkri-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-princezata-mari-kralskoto-semejstvo-ja-otkri-prichinata/#respond Sun, 22 Aug 2021 15:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=553681

Принцезата Мари од Лихтенштајн почина вчера на 81 година, јавува агенцијата АФП повикувајќи се на соопштение на кралското семејство. Принцезата починала во болница. Во средата таа имала мозочен удар, а починала во болница во саботата, додава Франс пресс. Во соопштението од семејството е наведено дека бараат разбирање, но и дека натамошни информации нема да бидат споделени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-princezata-mari-kralskoto-semejstvo-ja-otkri-prichinata/feed/ 0
Добил мозочен удар додека пеел на концертот на Лепа Брена, а учел тежок факултет – животот на легендарниот пејач е како книга https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dobil-mozochen-udar-dodeka-peel-na-koncertot-na-lepa-brena-a-uchel-tezok-fakultet-zivotot-na-legendarniot-pejach-e-kako-kniga/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dobil-mozochen-udar-dodeka-peel-na-koncertot-na-lepa-brena-a-uchel-tezok-fakultet-zivotot-na-legendarniot-pejach-e-kako-kniga/#respond Sat, 15 May 2021 16:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=510783

Кога се зборува за легендарниот пејач Ѓорѓе Марјановиќ не може, а да не се споменат сите хитови, но и животните искуства кои стојат зад тие песни. Иако многумина не знаат пејачот бил апсолвент на фармацевтскиот факултет во Белград, а таму дошол од родното Кучева. На концертот на Лепа Брена во Мелбурн во Австралија далечниот 14 април 1990-та година доживеал мозочен удар на сцената додека ја пеел песната „мене нема кој да ме жали“. -На концертот во Мелбурн пред повеќе од две децении на кој и бил гостин на лепа Брена татко ми го имаше својот прв мозочен удар. Мама отиде за Австралија, а јас безпомошно дома ги чекав да се вратат. Новинарите не се тргаа од пред нашата врата, некои дури и на сила влегуваа во дворот. Се породив две недели подоцна и едвај чекав татко ми да дојде дома да го види своето прво внуче. Мајка ми и сестра ми го вратија татко ми во живот, а долго по ударот не сакаше да излегува од дома, раскажа неговата ќерка Невена во една своја прилика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dobil-mozochen-udar-dodeka-peel-na-koncertot-na-lepa-brena-a-uchel-tezok-fakultet-zivotot-na-legendarniot-pejach-e-kako-kniga/feed/ 0