мпц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 20:51:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мпц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-140/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-140/#respond Thu, 02 Nov 2023 20:20:50 +0000 https://kurir.mk/?p=895948

Преподобен Иларион Велики Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што како надарено момче брзо ја прими и светската ученост и духовната мудрост. Штом Го позна Христа и се крсти, посака целосно да Му се предаде на служба на Господа. Со таа желба во срцето Иларион појде и го посети Св. Антониј во пустината и стана негов ученик. Потоа се врати во својата татковина и се подвизуваше близу Мајум, кај Газа. Демоните го плашеа со разни застрашувања, но со молитва кон Бога и со знакот на крстот постојано ги победуваше и ги изгонуваше. Околу него се собраа мноштво љубители на духовниот живот и за Палестина Св. Иларион стана она што за Египет беше Св. Антониј. Како Божествен учител, нерасслаблив подвижник, прекрасен чудотворец, Иларион беше уважуван не само од христијаните туку и од незнабожците. Но плашејќи се од човечките пофалби и говорејќи си со плач: „Тешко мене, ја примив на земјата својата плата!“, тој бегаше од место во место само за да се скрие од луѓето и да остане сам со својата душа и со Бога. Така се населуваше и извесно време живееше во Мисир, во Сицилија, во Далмација и најпосле на Кипар, каде што го заврши својот земен живот околу 372 година, кога имаше осумдесет години . Неговиот ученик Исихиј чудотворните мошти на Св. Иларион ги пренесе во Палестина и ги положи во манастирот што го основаше тој. Тропар Горостасу на Божјата благодат, чие име е запишано на Небесата, жив саду кој милост Христова источуваш, преку тебе злонавидникот во прашина преминува, оче Иларионе преподобен. Жителу пустински, моли се срцето наше – градина Негова да постане, тебе величајќи те и од Спасителот прошка добивајќи, по твоите свети молитви. Свети Иларион Мегленски Роден е од угледни и побожни родители. Неговата бездетна мајка долго Му се молеше на Бога да ? даде едно дете и по нејзините молитви ? се јави Пресвета Богородица и ја утеши со зборовите: „Не тагувај, ќе родиш син и тој многумина ќе обрати кон светлоста на вистината.“ Кога Иларион имаше три години, од неговите усни непрестајно се слушаше песната: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот!“ Добро школуван, тој се замонаши во својата осумнаесетта година и основа манастир со типикот на Св. Пахомиј. Трновскиот архиепископ Евстатиј во 1134 година го ракоположи за епископ Мегленски. Св. Иларион речиси сиот живот водеше голема борба против богомилите и против ерменските еретици. Но со својата духовна ученост и со својата светост неспоредливо ги посрами сите и мнозина од нив ги приведе кон Православието. Се упокои мирно во Господ во 1164 година. Тропар Откако се јави како чудо на уверувањето, си засветлил со делата на Божјите добродетели; си ги водел монашките заедници, си ги исчистил архиерејските седишта; откако не се поколеба од еретичките напади, си ја воздигнал Црквата Христова, преподобен Иларионе. Откако умре спиејќи, твоето тело остана сочувано цело и нераспадливо, и дава исцеленија на болни од разни болести, и прогонува демони. Поради ова те молиме: Моли се, да се спасат душите наши. Кондак Како светлоносен се покажа твојот спомен, архиереју, го растера мракот на очајанието, и блесна светлината на небесните дарови, сите на радост повикувајќи ги, зашто си примил благодат од Бога, Иларионе, и си бил скала на монасите. Преподобен Филотеј Роден е во Хрисопол во Македонија. Турците го грабнаа од мајка му којашто беше вдовица и заедно со уште еден негов брат ги фрлија во затвор. Од затворот чудесно ги спаси Пресвета Богородица и ги пренесе во еден манастир во Неаполис Малоазиски. Подоцна неговата мајка ги најде своите синови како монаси, па и самата се замонаши. Филотеј премина на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во манастирот Дионисијат, а потоа во пустина. Беше чудесен подвижник и победник над демонската сила. Се упокои мирно во осумдесет и четвртата година од својот живот. Нареди да не го погребуваат, но да го фрлат неговото тело на шумските ѕверови и птици. Подоцна ноќе еден рибар виде некоја голема светлина во шумата и бидејќи беше премрзнат појде за да се огрее, зашто мислеше дека е оган. Но светлината доаѓаше од чудотворните мошти на Св. Филотеј. Тропар Чествување денес воздаваме на светиот подвижнички живот твој, о Филотее, оче преподобен, и Господа Бога Го прославуваме, Кој ни го откри смиреното твое живеење, кое Небеса достигна во слава Негова. Закрилен од Богомајката и денес моли се мир да најдеме за душите наши во Христа Господа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-140/feed/ 0
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-139/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-139/#respond Wed, 01 Nov 2023 22:00:07 +0000 https://kurir.mk/?p=895542

Светиот великомаченик Артемиј Овој славен светител беше родум Мисирец и прв војвода на царот Константин Велики. Кога на царот Константин му се јави победоносниот крст, поверува во Господ Исус Христос и се крсти. Подоцна, во времето на царот Констанциј овој цар го испрати Артемиј во Елада за да ги пренесе моштите на Св. Андреј од Патрас и на Св. Лука од Тива во Цариград, а ова војводата Артемиј го изврши со радост. Потоа беше поставен за августалиј и царски намесник во Мисир и во овој чин остана и во времето на Конастанциј, Константиновиот син, а извесно време и при Јулијан Отстапник. Кога овој богоотстапен цар тргна во војна со Персијанците, запре во Антиохија и му нареди и на Артемиј да дојде со својата војска во Антиохија. Артемиј дојде. Во тоа време царот удри на маки двајца христијански свештеници, Евгениј и Макариј. Кога го виде тоа Артемиј се возмути со сето срце и излезе пред царот и му рече: „Зошто цару толку нечовечно ги мачиш невините и на Бога посветени мажи и зошто ги присилуваш да се откажат од верата православна?“ И уште Артемиј му прорече на царот: „Твојата погибел е близу.“ Разјарен царот ги испрати оние двајца чесни свештеници на прогонство во Арабија, каде што набрзо се упокоија, а војводата Атемиј го расчини и нареди да го растргнуваат и бијат. Сиот ранет и раскрвавен Артемиј го фрлија во затвор, каде што му се јави Самиот Господ Исус Христос, Кој го исцели и го утеши. Потоа царот нареди, та го спростреа на еден камен, а со друг тежок камен го притиснаа така што телото на Артемиј го здробија и го сплескаа како штица. Најпосле му ја отсекоа главата во 362 година. А царот Јулијан отиде на бој против Персијанците и срамно загина, како што му прорече Св. Артемиј. Тропар О, величенствено смирение, о, послушание свето пред Бога принесено, на твоите трудови се восхитуваме, свети Артемие великомачениче, а преку тебе името Христово го величаме, кој има таков воин во свитата Своја. Душата твоја од Духот Свети запалена и прочистена, телото го предаде да сведочи за бесмртноста, а таа остана да лекува немоќи наши до века, сведочејќи дека Љубовта на Галилеецот победува. Моли се, великомачениче, телесниот човек да го соблечеме, а духовниот да порасне по мерката Христова. Светиот праведен Артемиј Роден е во 1532 година. Син на руски селани, Козма и Аполинарија, од селото Веркол, во Дивинскиот округ. Уште од петтата година се разликуваше од другите деца со својата необична побожност и кротост. Кога имаше тринаесет години како момченце одеше по својот татко низ некоја голема шума. Од силна бура и невреме Артемиј умре во шумата и неговиот нажален татко не можејќи да копа гроб го покри телото со гранки и замина. По дваесет и осум години некој човек виде во таа шума необична светлина, ? пријде и го најде нераспаднато и нетлено телото Артемиево. Многумина болни се исцелуваа докоснувајќи се до телото на Свети Артемиј. Неговите свети мошти почиваат во еден манастир близу Пинега во Архангелската губернија. Тропар По милоста Твоја Господи, чудеса пројави во човека, покажувајќи дека љубовта Твоја е над смртта и вечноста над телесната минливост, во праведното дете Артемиј, кое доаѓајќи при Тебе, со нас остана преку нетлените мошти негови. Во твоја слава, Христе Боже, а преку неговото застапништво, спаси ги нашите души. Преподобен Герасим Нови Од Трикали во Пелопонез, од славната фамилија Нотарас. Роден е во 1509 година. Се подвизуваше на Атон, потоа во Палестина, каде што постеше четириесет дена. Потоа се насели на островот Кефалонија, каде што основа еден женски манастир. Со молитва низведуваше дожд, исцелуваше болни и проѕираше во иднината. Се упокои во Господ на 15 август 1579 година. Чудотворец за време на животот и после смртта. Тропар Да го пофалиме, верни, божествениот Герасим, новојавениот наш богоносен чудотворец, ангел во тело, на православните заштитник, кој достојно прими од Бога дар на исцеление, ги лечи раслабените, од демонот поробените. Затоа сите кои него го почитуваат наоѓаат исцеление. Преподобниот маченик Игнатиј Од Ески-Загора во Бугарија, од онаа славна Загора којашто на Црквата Божја ? даде многубројни свети подвижници и маченици. Се подвизуваше во Скитот на Свети Јован Предвесник на Атон. Драговолно им се предаде на Турците на мачење заради Христа . Го обесија во Цариград на 8 октомври 1814 година. Моштите му се чудтворни. Неговата глава се чува чесно во манастирот на Св. Пантелејмон. Тропар Блажен си ти, Игнатие, на кого Христос беше поткрепа, а Богомајката Атонска закрила. На пат кој кон живот води беше упатен, благодатно од горостаси искусни поучен, пример од браќа во срце пламен разгоре, и ти поита да го прославиш маченички Неговото име. Затоа за нас моли се пред Оној Кој те ободри и венец страдалнички ти подари. Преподобен Гаврил Ургебадзе На 22 февруари 2014 година, во женскиот манастир Самтавро (Мцхет, Грузија) беше извршено ексхумирање на моштите на преподобниот Старец, исповедник и чудотворец Гаврил (Ургебадзе). Седумнаесет години по неговото упокојување, на 20 декември 2012 година Старец Гаврил е вброен во светителите на Грузиската Црква. Светител кој околу вратот носел табла на која пишувало: „Човек без љубов е како стомна без дно“. Желбата за монаштво кај него се јавила уште во раната младост. Монашкиот завет го дал на свои 26 години. Покажувајќи го својот револт кон безбожничкиот режим, запалил огромен портрет на Ленин. По ова бил затворен, а му се случувале и полоши работи: епископите не му давале да служи и немал можност да се причестува. Подоцна го прогласиле и за луд. Ова смирено го прифатил и оттогаш станал јуродив. Со тоа се прикривал секогаш кога ќе направел добро дело, понекогаш преправајќи се дека е пијан. Спиел во јама, а некое време живеел и во кокошарник. Кога завршило времето на прогон на христијаните и кога во луѓето почнала да се раѓа желбата за духовното, многумина почнале да доаѓаат кај јеромонахот Гаврил за духовен совет. Тој станал Старец и духовник на многу луѓе, вклучувајќи ги и монахињите од еден женски манастир. Манастирот во кој живеел е посветен на Господовото Преображение, каде воедно се наоѓаат и моштите на света рамноапостолна Нина. Првпат дошол во Самтаврискиот манастир на 12-годишна возраст. Монасите го примиле, но не му дозволиле да остане. На манастирските порти цела ноќ ? се молел на Мајката Божја да го прими во манастирот. По многу години неговата молитва била услишена. Погребан е на местото каде се молела света Нина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-139/feed/ 0
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-138/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-138/#respond Tue, 31 Oct 2023 18:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=895038

Светиот пророк Јоил Втор по ред од малите Пророци, Св. Јоил беше син Ватуилов, од коленото Рувимово. Живееше 800 години пред Христа. Му ја пророкуваше бедата на Израилскиот народ и го предвозвести Вавилонското ропство за гревовите што ги направи Израилот пред Господа. Го повикуваше народот на пост и свештениците на покајни плачни молитви за да се смилостиви Бог. „Заповедајте пост, повикувајте кон Господа. Меѓу тремот и олтарот нека плачат свештениците.“ Пророкот Јоил го прорече и слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и излевањето на благодатта на Духот Божји врз сите христијани. Го прорече и го опиша Страшниот Суд Божји. Ја прорече и славата на светата Божја Црква. Тропар Слуго Божји, пророче свети, на кого Севишниот почетокот на мудроста му го откри, глас давајќи кој на покајание повикува. Нам кои денес чест и прослава ти воздаваме, о Јоиле, измоли ни страв Божји во срцата да имаме, а во денот кој с? ќе разобличи, милост пред Бога да најдеме. Светиот маченик Вар Беше римски офицер во Мисир и притоа потаен христијанин. Кога седуммина хрситијански учители беа фрлени во затвор, Вар ги посетуваше во затворот, ги снабдуваше со потребното, им служеше усрдно. Им се восхитуваше на мачениците и жалеше што и тој од страв не може да стане маченик за Христа. Оние Божји луѓе го охрабрија и Вар реши и самиот да појде со нив на маки. Еден од тие Божји луѓе се упокои во затворот. Кога нечестивиот кнез ги изведе мачениците пред себе и виде дека се шест, запраша каде е седмиот. Вар извика дека самиот е седмиот. Тогаш разјарениот кнез прво го зеде и го мачеше Вар. Нареди и го биеја гол со суви стапови; потоа го приврзаа за едно дрво и со ножеви му сечеа парче по парче од месото, додека не ја предаде светата душа на Господ. Неговот тело го фрлија на ѓубриште. Некоја жена, Клеопатра, родум од Палестина и вдовица на некој офицер, се најде тука со нејзиниот син Јован. Тајно ги зеде моштите на Св. Вар од ѓубриштето и ги погреба во својот стан. Потоа измоли од кнезот дозвола да може да го пренесе од Мисир во Палестина телото на својот упокоен маж. Како на офицерска жена кнезот тоа веднаш ? го дозволи. Но блажената христијанка Клеопатра не го пренесе телото на својот маж, туку моштите на Св. маченик Вар. Таа ги однесе овие Свети мошти во своето родно село Едра близу Тавор и таму чесно ги погреба. Потоа на Св. Вар му подигна и храм. Светиот маченик често ? се јавуваше од оној свет, светол како ангел Божји. Тропар Љубовта и честа покажани спрема страдалниците, Варе свети, награда добија во очи затворени и срце спремно за Господа. Венецот маченички се умножи над главите ваши, кои се поклонија пред Животот вечен, учители наши, по чии молитви благодат од Христа се излива и спасение измолува. Преподобен Прохор Пчински Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања. Свети Прохор се упокои и се пресели во Царството Небесно во 9 век. Тропар Достоен стана о, Ти преподобен оче Прохоре, Христов ученик да се наречеш, затоа што светот и неговата прелага ги остави, и душата своја за Бога ја оневести. А Он Младенецот со милост те закити, и со чудотворство те надари, за да вавек измолуваш спасение, за оние кои го повикуваат твоето свето име, а Христа го прославуваат припаѓајќи при твоите свети мошти. Кондак Храбро си извојувал голема победа; затоа, разгорен со љубов божествена, си го презрел распадливиот цар и секоја убавина, кога се насели во Козјак планина. Од неа, пак, се вознесе на небесата при Царот над царевите, Прохоре. За сите нас моли се непрестајно. Пренос на моштите на свети Јован Рилски Овој голем подвижник и светилник на Православната Црква се родил близу Софија, во местото Скрина, во времето на царот Борис. Се родил од бедни и благочестиви родители. По смртта на родителите се замонашил и се оддалечил во една дива гора, и таму во една пештера почнал да се подвизува. Овде претрпел многу напади од демоните и од луѓето, од разбојници и од своите роднини. Потоа се преселил на Рилската планина и се населил во едно шуливо дрво. Се хранел само со трева и со грав, кој по Божја Промисла почнал да расте во близина. Долги години немал видено човечко лице, додека, повторно по Божја Промисла, не го откриле овчари кои трагале по своите изгубени овци. Така светителот се прочул меѓу луѓето и тие почнале да доаѓаат кај него, барајќи помош во болестите и маките. Го посетувал и самиот цар бугарски Петар и барал совети од него. Мнозина ревнители во духовниот живот се населиле близу свети Јован и таму наскоро биле основани црква и манастир. Свети Јован се упокоил во Господ на 18 август 946 година, во седумдесеттата година од својот живот. По смртта им се јавил на своите ученици. Неговите мошти се пренесени најнапредпрво во Софија, па во Унгарија, потоа во Трново и најпосле во Рилскиот манастир, каде што и денес почиваат. Рилскиот манастир со векови бил светилник и место на чудотворна сила и духовна утеха за христијанскиот народ, особено во тешките времиња на турското ропство. Тропар Твојот рамноангелен живот, преподобни, стана темел на покајанието, пропис на умилението, пример за утеха, за духовно усовршување. Пребивајќи во молитви и постења, и во солзи, оче Јоване, моли Го Христа Бога, за душите наши. Кондак Земајќи го за пример ангелскиот живот, преподобни, ти остави с? што е земно, и кон Христа прибегна. Оградувајќи се со Неговите заповеди, се покажа како столб непоколеблив од непријателските напади. Затоа ти повикуваме: Радувај се, оче Јоване, светило пресветло!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-138/feed/ 0
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-137/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-137/#respond Mon, 30 Oct 2023 17:46:40 +0000 https://kurir.mk/?p=894600

Светиот апостол и евангелист Лука Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на Светиот Дух на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на Св. апостол Павле со когошто патуваше во Рим, обраќајќи ги во Христовата вера Евреите и незнабожците. „Ве поздравува Лука, лекарот љубезен“, им пишува на колосјаните Св. апостол Павле (Колосјани 4, 14). На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После мачениката смрт на Св. апостол Павле Свети Лука го проповедаше Евангелието по Италија, Далмација, Македонија и на други места. Ја иконописаше Пресвета Богородица - и тоа не една туку три икони - а исто така Светите апостоли Петар и Павле. Оттука Свети Лука се смета за основач на христијанскиот иконопис. На старост го посети и Горен Мисир. Од Мисир се врати во Грција, каде што со голема ревност продолжи да проповеда и да ги обраќа луѓето кон Христа, не обѕирајќи се на својата длабока старост. Свети Лука ги напиша Евангелието и Делата Апостолски, обете посветувајќи му ги на Теофил, кнезот на Ахаја. Имаше осумдесет и четири години кога злобните идолопоклоници го подложија на маки заради Христа и го обесија на една маслина во градот Тива (Теба) Беотиска. Чудотворните мошти на овој прекрасен светител во времето на Константиновиот син, царот Констанциј, беа пренесени во Цариград. Тропар Со песни свештени да го прославиме светиот апостол, превоспеаниот Лука, раскажувачот на апостолските дела, и светол писател на Христовото Евангелие, кој е неопислив за Црквата Христова, како лекар на човечките немоќи и болести на природата, кој ги лекува и раните на душите, и се моли непрестајно за душите наши. Кондак Да го прославиме божествениот Лука – проповедникот на вистинското благочестие, и говорникот на неискажливите тајни, црковната ѕвезда, зашто Словото, Кој единствено ги знае тајните на срцата, го избра него, заедно со мудриот Павле, за учител на народите. Свети Петар Цетињски, митрополит Црногорски Роден е на 1 април 1749 година во селото Његуш. Во монашки чин стапи во својата дванаесетта година. По смртта на митрополитот Сава 1782 година Петар стана митрополит и господар на Црна Гора. Сиот свој живот, витешки и свет, овој славен маж му го посвети на својот народ. Внатре работеше со сите сили да ги измири раскараните племиња, а однадвор да ги одбрани земјата и народот од грабливите напаѓачи. И во едното и во другото успеа. Особено се прослави со победата над војската на Наполеон во Бока и Далмација. Кон себе беше суров, а кон секој друг праведен и снисходлив. Живееше во една тегобна келија како прост монах, иако беше кнез на еден народ. Се упокои на 18 октомври 1830 година. Неговите чудотворни мошти почиваат нетлени во Цетињскиот манастир. Господ го прослави и на небото и на земјата како Свој верен и трпелив слуга. Светите Јулијан и Дидим Слепецот Св. Јулијан наречен Пустиник беше Персијанец и селанец без школо, но заради чистотата на своето срце беше сад исполнет со благодатта на Светиот Дух. Се подвизуваше покрај Еуфрат во Месопотамија. Имаше дар на проѕорливост. Во мигот кога загина Јулијан Отстапник, Свети Јулијан тоа го проѕре со духот и им го објави на учениците. Неговиот современик, Св. Дидим Слепец во Александрија, исто така ја проѕре со духот погибелта на Јулијан: беше на молитва ноќе кога му дојде глас од небото: „Денес загина царот Јулијан; извести го за тоа патријархот Атанасиј.“ Свети Антониј Велики многу го уважуваше овој чудесен слепец Дидим, којшто имаше проѕорлив дух и навраќаше кај него кога од пустината одеше за Александрија; и заедно Му се молеа на Бога. Овие двајца прекрасни слуги Господови, Св. Јулијан и Св. Дидим, се упокоија по 362 година. Тропар Ревноста твоја по Бога те подигна над с? минливо и трулежно, душа хранеше со Господа разговарајќи, а срце исполни со псалми Давидови, о Јулијане, градино на Духот Свети, змијата лек носи во раце искусни лекареви, а молитвите твои нека бидат знаменија победнички со кои Христос ги прима нашите души покајни. Свети Константин Кавасила Свети Константин Кавасила се родил и живеел во бурна епоха на постојани војни и борби за превласт меѓу христијанските владетели на распарченото Источно Царство. За неговиот живот и дело се знае многу малку. Се родил во Драч, во познатото семејство Кавасила. Како припадник на благороднички род, свети Константин уште од младоста се стекнал со солидно високо образование, како во областа на световните науки така и во сферата на духовните знаења. Околу 1220 година бил хиротонисан за Струмички епископ. На струмичката катедра напишал два молебни канона за светите Петнаесет Тивериополски маченици, кои се негови први химнографски творби. Благодарение на неговата посветеност во служењето на народот Божји во Струмичката епархија, бил забележан духовен процут на епархијата, за што епископот Константин бил пофален од самиот архиепископ Охридски Димитриј Хоматијан. Како ревносен пастир, свети Константин набргу бил поставен со митрополитско достоинство во градот Драч. На митрополитската катедра во својот роден град останал сe до неговиот избор за Охридски архиепископ, малку пред 1250 година. Трудољубиво служејќи, свети Константин целосно се посветил на Охридската Архиепископија. Како архиепископ, составил еден молебен канон за свети Климент Охридски и два во чест на свети Наум Охридски. Поради бурните политички премрежја кои следеле по Четвртата крстоносна војна и падот на Константинопол под власта на Латините, во 1257 година архиепископот Константин Кавасила бил заробен и заточен во Никејскиот затвор. Сепак, по периодот на заточеништво, бил вратен на Охридскиот престол и продолжил бескомпромисно со грижата за црковниот живот на Јужните Словени. Свети Константин Кавасила се упокоил во Охрид на 18 октомври/31 октомври, предавајќи ја својата душа во рацете Христови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-137/feed/ 0
Денеска се празнува Св. маченик Лонгин https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-se-praznuva-sv-machenik-longin/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-se-praznuva-sv-machenik-longin/#respond Sun, 29 Oct 2023 11:20:45 +0000 https://kurir.mk/?p=894171

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 октомври. Денеска е Св. маченик Лонгин. Во Христово време, Лонгин беше капетан во римската војска. Поверува во Христовата божественост, наоѓајќи се како старешина на стражата под Господовиот крст. Кога евреите сакаа да го убијат заради неговата вера во Христа, тој тајно го напушти Ерусалим и се пресели во Кападокија, па на имотот на својот татко. Но, евреите го наклеветија пред Пилат и овој испрати војници да го погубат. Кога војниците наближија, тој им излезе во пресрет, ги прими во домот и ги нагости, а утрото им кажа дека е оној кого го бараат. Војниците се збунија и се засрамија и не сакаа да го погубат, но Лонгин настојуваше да ја извршат наредбата на својот старешина. Тогаш војниците му ја отсекоа главата. Така пострада овој сведок на Христовиот живот и воскресението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-se-praznuva-sv-machenik-longin/feed/ 0
Календар на МПЦ: Денес се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-denes-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-12/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-denes-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-12/#respond Sat, 28 Oct 2023 07:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=893791

Преподобниот маченик Лукијан, презвитер антиохиски Роден е од благородни родители во Самосат во Сирија. Во младоста стекна мошне широко светско и духовно образование. Овој маж беше познат по ученоста и по подвижничката строгост на животот. Откога го раздаде својот имот на сиромашните, се издржуваше од своите поучни дела и од тоа се хранеше како од некое ракоделие. ? направи на Црквата мошне голема услуга со тоа што според еврејскиот текст поправи многу места од Светото Писмо коишто еретиците сходно на своето изопачено учење ги беа расипале. Заради ученоста и духовноста беше ракоположен за презвитер во Антиохија. Во времето на гонењето на Максимијан, кога беа измачени Св. Антим Никомидиски и Св. Петар Александриски и Лукијан беше на списокот на оние коишто царот сакаше да ги погуби. Тој побегна од градот и се скри, но го поткажа некој завидлив еретички свештеник Панкратиј. Во тоа време гонењето беше ужасно. Не беа поштедени ниту малите деца. Две момченца кои не сакаа да јадат од идолските жртви беа фрлени во врела бања, каде што во маки ги предадоа светите души на Бога. Една ученичка на Лукијан, по име Пелагија, за да ја зачува својата девственост се качи на покривот на куќата, а оттаму падна и се разби (под 8 октомври). Лукијан го одведоа во Никомидија пред царот. Патем со своите совети успеа да обрати во верата четириесетмина војници. И сите завршија маченички. После испитување и биење го фрлија во затвор и го мореа со глад. Св. Јован Златоуст за него пишува: „Тој го презре гладот, да го презреме и ние раскошот и да ја уништиме власта на цревата, за кога ќе дојде време да се бара од нас таква мажевност, однапред подготвени преку помалите подвизи, да се јавиме славни во времето на борба.“ На Богојавление се причести во затворот, а утредента Му го предаде својот дух на Бога. Пострада на 7 јануари 311 година. Тропар Благоразумна душо на Царот Небесен, ревносен подвижниче кој срцето бвлагодатно со солзи го миеше, Лукијане пастиру Христов, Лукијане мачениче свет, кој име христијанско оправда, денес и во веки моли се и застапи се пред Господа, како и некогаш за сите кои во верата омлитавеа. Преподобен Ефтимиј Новиот Роден е во Анкира, во 824 година од праведни родители, Епифаниј и Ана. Служеше војска, се ожени и имаше една ќерка, Анастасија. Се подвизуваше остро и долго во Олимписките манастири, а потоа на Света Гора. Извесно време живееше како столпник во близина на Солун. Овде, во околината на Солун, основа еден машки и еден женски манастир. Се упокои на Свештениот остров близу Света Гора, кон крајот на 9 век. Неговите свети и чудотворни мошти почиваат во Солун. Тропар Животот твој во Христа Господа, светол образ за сите кои по вечност трагаат. Љубители на слободата во Бога, благодатта те крепеше и љубовта те хранеше во твоите свети подвизи, о Евтимие, столбу на верата подвижничка. Ти, кој плодовите од трудовите свети со браќата ги делеше, покри ги сега пред Христа нашите прегрешенија, за и ние да ја видиме Вечната светлина. Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици Bо времето кога Османлиите го освоиле градот Битола, по четиримесечна опсада и тешки, жестоки битки, следеле страшни настани: жителите биле убивани, жените силувани, свештениците, монасите и монахињите мачени и погубувани; храмовите биле ограбувани и сквернавени, а потоа и до темел палени. Особено големо крвништво варварите покажале кон свештениците и монасите, кои за сето време на борбите непрестајно го поучувале и поткрепувале верниот народ, поттикнувајќи го да се бори докрај за својот Спасител и Творец – Христос. Најревносните проповедници и чувари на верата, претежно млади монаси со неколку опитни Старци, заедно триесет и девет на број, од повеќе битолски манастири и скитови, кои по Божја промисла ги преживеале страшните настани, се повлекле во манастирот „Свети Георгиј Победоносец“. Но, Османлиите откриле каде се кријат овие монаси и ги заробиле. Најпрвин жестоко ги мачеле, потоа ги фрлиле во зандана, а утредента, доведувајќи им ги најдобрите мухамедански учители, започнале ласкаво да им се додворуваат и да ги убедуваат да се откажат од Христос. Започнала препирка за тоа која вера е вистинската, при што монасите мудро одговарале, темелејќи ги своите зборови на Светото Писмо и светоотечкото Предание, и така постигнале победа во дијалогот. Откако го проследил со големо внимание овој дијалог, еден Турчин, кој се викал Хасан, а им служел како преведувач на препирачите, се восхитил и бил трогнат од неочекуваната духовна длабочина и големото христијанско смирение на овие блажени души, па громогласно извикал: „Голем е Бог на христијаните, и јас сум Христов! Навистина, роден сум како мухамеданец и воспитан сум во мухамеданскиот закон, но сега го примам Божјиот призив што ме повикува во царството на Исус Христос, Синот Божји и Господ мој“. Тогаш Агарјаните се нафрлиле на својот сонародник и толку силно го претепале што на телото на маченикот не останало неповредено место, а потоа го фрлиле во занданата, заедно со останатите Христови преподобномаченици. Утредента, кога посрамените Агарјани увиделе дека монасите се непопустливи, исполнети со гнев, ги осудиле на смрт сите четириесетемина и ги повеле кон височинката на Баирскиот рид за таму да им ги отсечат главите. Одејќи кон својата Голгота, светите биле радосни, како да одат на свадбена веселба. На 9 март 1385 година, Осмaнлиите им ги отсекле главите и така преподобномачениците ја покажале својата бестрашност, извојувале неовенлива победа и го добиле венецот на славата од Господ, својот Подвигоположник, за да се радуваат вечно во Неговото царство, молејќи се за сите оние што верно го почитуваат нивниот свет спомен. Тропар На Битола благоуханите цветови и сопричесници на мачениците Христови, светите четириесет од душа ги чествуваме. Зашто тие, возвестувајќи ја православната вера, мракоподобната агарјанска заблуда ја изобличија; и поради отсечените божествени глави, од раскошот на рајот се насладуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-denes-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-12/feed/ 0
Календар на МПЦ: Покрај Света Петка, денес се празнуваат и овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-pokraj-sveta-petka-denes-se-praznuvaat-i-ovie-svetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-pokraj-sveta-petka-denes-se-praznuvaat-i-ovie-svetiteli/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:44:55 +0000 https://kurir.mk/?p=893408

Преподобна Параскева (Петка) Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ? беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ? се јави ангел Божји и ? рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ? го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ? притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката. Тропар Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот Младоженец, ревносно си тргнала; и благиот Негов јарем во младоста си го зела, со Крстот си се вооружила против враговите на душата; со пост, молитви и капки од солзи, си го угасила огинот на страстите, многуславна Параскево. И сега, во небесните дворови, стоејќи пред Христа со мудрите девојки, моли за нас кои го почитуваме твојот свет спомен. Кондак Сите набожно да ја воспееме сечесна Параскева, светата застапница на оние што се во неволји, зашто таа го остави гнилежниот живот, и прими негнилежен за вечноста; затоа, по Божја заповед, најде слава и благодат да прави чудеса. Светите маченици Назариј, Гервасиј и Протасиј Назариј е родум од Рим, од татко Евреин и мајка христијанка. Мајка му, Перпетуа, прими Крштение од самиот апостол Петар. Кога ја прими мајчината вера, Назариј со ревност се предаде на исполнување на сите заповеди на Црквата. Неустрашливо проповедајќи го Евангелието, дојде во Медиолан (Милано). Таму во затвор ги најде Гервасиј и Протасиј и им служеше со голема љубов. Кога дозна за ова тамошниот кнез, нареди и го избија Назариј и го протераа од градот. Во видение му се јави мајка му и му рече дека треба да отиде во Галија (Франција) и таму да го проповеда Евангелието. Назариј така и направи. По неколку години тој пак појде во Медиолан заедно со младиот Келсиј, којшто му стана ученик откако го крсти во Галија. Тука ги затекна браќата Гервасиј и Протасиј с ? уште во затворот во којшто кнезот Анулин брзо го фрли и него. И Христовите маченици се радуваа заради својата повторна средба по Божја Промисла. Царот Нерон нареди Назариј да го убијат; и кнезот ги изведе од затворот Назариј и Келсиј и им ги отсече главите. Наскоро потоа беа убиени и Светите Гервасиј и Протасиј од некој војвода Астазиј, којшто врвеше низ Медиолан одејќи во војна против Моравците. Па кога војводата чу дека овие двајца браќа не им принесуваат жртви на идолите, се уплаши да не ја изгуби битката заради ова, па нареди и веднаш ги убија со меч. Гервасиј и Протасиј беа близнаци на блажени родители коишто исто така беа маченици за верата: Валериј и Виталија. Моштите на Св. Назариј од некоја градина надвор од градот ги пренесе Св. Амвросиј во црквата на Светите апостоли, а моштите на Св. Гервасиј и на Св. Протасиј нему му беа откриени во едно чудесно видение. Тропар Од утробата света на Виталиј и Валерија изнедрени бевте и душите ваши за Христа обручени ги сочува благодатта Господова, о Гервасие и Протасие. Затворот ви стана предворје на Царството Небесно, а мачеништвото крилја молитвени кои Небесата ги освоија. Радувајте се сега и за нас молете се, кои поклон пред моштите ваши свети принесуваме и Христа Бога во веки Го прославуваме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-pokraj-sveta-petka-denes-se-praznuvaat-i-ovie-svetiteli/feed/ 0
Денес е тежок празник: За Света Петка појдете во црква, но овие работи немојте да ги правите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-e-tezhok-praznik-za-sveta-petka-pojdete-vo-tsrkva-no-ovie-raboti-nemojte-da-gi-pravite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-e-tezhok-praznik-za-sveta-petka-pojdete-vo-tsrkva-no-ovie-raboti-nemojte-da-gi-pravite/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:07:18 +0000 https://kurir.mk/?p=893665

Денеска се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка. Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград, на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок. Потекнува од чесно и имотно христијанско семејство и со одобрение на нејзините родители нејзиниот постар брат Јефтимиј прво се замонашил а подоцна станал епископ Мадитски. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква. Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година. Нејзиниот живот бил исполнет со молитви и работа, по смрта на нејзините родители поради Христа заминала на поклонение во Цариград,потоа престојува во Халкедонскиот манастир а од таму заминува во Ираклија каде што пет години престојува во Богородичната црква. Од Ираклија заминува во Светата земја и таму останува до својата длабока старост живејќи во подвизи,пост и молитви. Две години пред нејзината смрт и се јавил ангел кој што и рекол дека треба да се врати во својот роден град,каде што на земјата ќе и го предаде телото а душата на Господа. По нејзиното враќање во родниод град Епифат веќе никој неможел да ја препознае бидејќи немала роднини а и неколку децении била отсатна од градот. Крајот на својот живот го минала со работа,пост и молитви без да дознаат нејзините сограѓани која е.Бидејќи нејзините сограѓани ја сметале за туѓинка по нејзината смрт ја погребале надвор од христијанските гробишта. После многу години од нејзината смрт во градот требало да се погреба давеник, бидејќи тој бил туѓинец решиле да го погребаат надвор од гробиштата и тоа на истото место каде што била погребана светицата. Кога го отвориле нејзиниот гроб забележале дека нејзиното тело не е распаднато ама на тоа не обрнале внимание, го положиле удавениот морнар врз неа и го го затвориле гробот. Ноќта на еден од работниците кој што учествувал на погребот по име Георгије на сон му се јавила светицата облеана со светлина,седната на царски трон и опкружена со војници. Еден од војниците му се доближил,го фатил за рака и му рекол дека многу згрешиле тоа што го сториле претходниот ден. Потоа станала Преподобната Мајка му кажала која е и со зборовите дека неможе повеќе да ја трпи смрдеата на телото на удавениот морнар,му наредила да ги извадат нејзините мошти и да ги положат на некое чесно место. Утредента Георгије им го раскажал сонот на неговите роднини и сите заедно веднаш се упатиле кон гробиштата. Кога пристигнале таму виделе насобрано многу луѓе,истиот сон го сонувала и една жена по име Јефтимија. Насобраната маса решила да ги откопа моштите на светицата и да ги погреба во Епифат во црквата св.Петар и Павле. Веднаш по овој настан почале да се случуваат разни чудесија и исцелувања. Два века по смрта на Света Петка со Цариград владееле крстоносците,па во 1238-та година бугарскиот цар Јован Асен успеал од нив да ги преземе светите мошти и да ги пренесе во својата престолнина Трново. По Косовската битка и Трново паѓа во рацете на Османлиите и моштите на Света Петка се пренесени во Романија. Потоа во 1396-та година и Романија паѓа во Османлиски раце тогаш српската царица Милица го замолила султанот Бајазит да ги пренесе светите мошти во Србија. Султанот се согласил со тоа и моштите на светицата биле пренесени во Белград на месноста Калемегдан. Кога во 1521-та година султанот Сулејман втори го завзел Белград,ги запленил светите мошти на Света Петка и ги однел во Цариград. Таму почнале да се слушуваат чудесни работи па и покрај христијаните светицата ја славеле и муслиманите. Во 1641-та година војводата Василије Лупал господар на Молдавија, успеал да ги добие моштите на светицата и нив ги пренел во светиот град Јаш,во црквата “св.Три Ерарси”. Во 1884-та година нераспаднатите свети мошти на Света Петка се пренесени и изложени во Соборната црква на градот Јаш каде што се наоѓаат и денес. Споменот на “Света Преподобна Петка – Параскева Трновска ” се празнува секоја година на 14-ти октомври по стар стил, или на 27-ми октомври по нов стил. Светата Православна Црква празнува три личности со исто име Петка(македонски) односно Параскева(грчки),поради што во народот се мешаат или пак се мисли дека се работи за иста личност. -Првата св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка Римјанка. Нејзиниот спомен се празнува на 26-ти јули по стар стил,или 8-ми август по нов стил.Таа загинала со маченичка смрт,исечена е за време на царот Антонио Пиј,па затоа правилно се нарекува “Света маченица Петка-Параскева Римјанка”. -Втората св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка од Иконија. Таа исто како и првата маченички загинала за време на царот Диоклецијан.Нејзиниот спомен се празнува на 27-ми октомври по стар стил,или 10-ти ноември по нов стил.Нејзиното целосно име гласи вака “Света маченица Петка-Параскева Иконијска”. Овие две светици се маченици додека “Света Петка-Трновска” е преподобна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-e-tezhok-praznik-za-sveta-petka-pojdete-vo-tsrkva-no-ovie-raboti-nemojte-da-gi-pravite/feed/ 0
Календар на МПЦ: Денес се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-denes-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-11/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-denes-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-11/#respond Thu, 26 Oct 2023 06:29:45 +0000 https://kurir.mk/?p=892941

Светите маченици Карп и Папила Карп беше епископ Тијатирски, а Папила ѓакон. Беа родум од Пергам, каде што најпосле и пострадаа за верата Христова од свирепиот намесник Валериј, а во времето на Декиевото царување. Валериј ги врза за коњи и ги потера во Сард, каде што ги фрли на лути маки, но ним им се јави Божји ангел, ги исцели од раните и ги укрепи. Агатодор, слугата на Карп, во голема тага го следеше својот господар, с ? додека и него не го врзаа за мачење. Потоа Валериј одново ги врза за коњи и ги довлечка од Сард во Пергам. Кога Св. Карп го врзаа за дрво и го биеја толку што целото тело му го претворија во рана и неговата крв во потоци ја напојуваше земјата, насреде тие маки тој се насмеа. Кога го прашаа зошто се смее, одговори дека ги гледа небесата отворени и Господ кај седи на престол, со херувимите и серафимите наоколу. Кога го мачеа Папила, тој со молитва исцели еден човек, слеп на едното око. И многумина видоа и поверуваа во Христа. Изложени пред ѕверовите, останаа неповредени. Кога ги фрлија во огнена печка, ова го виде Агатоника, сестра му на Папила, па и таа скокна во огнот. Но огнот не ги изгоре. Најпосле сите ги убија со меч, во 251 година и примија венци на бесмртната слава. Тропар Благодатта Господова послужи во нас да се засили верата со која го славиме вашето мачеништво за Христа принесено, о Карпе и Папило, Агатодоре и Агатоника. Немерлива е жедта за животот вистински, кој бодри ве направи и верни на Бога, затоа спасоносни ваши молитви пред Него денес просиме, свети горостаси на верата непосрамлива. Светиот свештеномаченик Венијамин ѓакон Овој Христов војник беше Персијанец и со ревносна проповед на Евангелието обрати во Христовата вера многумина незнабожни Персијанци и Елини. Пострада во времето на персискиот цар Издегард, син Гороранов, во 412 година. Кога го фрлија во затвор, некој од царските големци се застапи за него кај царот. Царот го пушти, но со тоа да молчи и да не им зборува повеќе на луѓето за Христа. На тоа Венијамин одговори: „Тоа никако не можам. Зашто оној што ќе го скрие талантот бива предаден на големи маки.“ Па продолжи да ја шири Христовата вера. Царот нареди и му удрија трња под ноктите и го мачеа додека не Му го предаде својот дух на Бога. Светата великомаченичка Злата Мегленска Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Кога еден од нив ? нудеше да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговори: „Јас во Христа верувам, само за Него знам и Он ми е Женик. Од Него нема да се откажам никогаш, макар и на илјада маки да ме ставите и на парчиња да ме исечете.“ Тогаш дојдоа нејзините родители и ? рекоа: „Смилувај се на себе и на нас, откажи се привидно од Христа и ќе бидеш среќна и ти и ние, а Господ е милостив, ќе ти прости за гревот ако го правиш по цена на животот.“ И плачеа горко родителите, сестрите и роднините. Но витешката душа на Св. Злата не даде да биде победена од ѓаволските стапици. На своите родители им одговори: „Штом ми советувате да се одречам од Христа Кој е вистински Бог, не сте ми повеќе родители ни сестри; татко ми е Господ Исус Христос, мајка Богородица, а браќа и сестри - светителите и светителките.“ Тогаш Турците ја фрлија во затвор, каде што лежеше три месеци и секој ден ја биеја додека нејзината крв не ја натопи земјата. Најпосле ја обесија главечки и ја подложија на оган за да се загуши од чадот. Но Господ беше со неа и ? даваше сила во страдањето. На крајот ја обесија на дрво и целата ја исекоа на парчиња. Така оваа мажествена девица Му го предаде својот дух на Бога и се пресели во рајските живеалишта, во 1796 година. Парчиња од нејзините мошти христијаните разнесоа за благослов по своите домови. Тропар Оној Кој благодат ти подари, очи за светлина ти избистри, умот го подигна вис висини, о великомаченичке, о девственичке света, о достојнославна Злато, ангелите во хор гласови подигнаа, непријателите се засрамија. А ние денес радосни пофалби принесуваме пред твоето чесно страдање и молиме и преколнуваме – застапи се за нас пред небесниот твој Женик. Кондак Страшно и преславно е твоето спротивставување, со кое си ги восхитила сите, и си ги победила нечовечните мачители, и како божествена гулабица Господова, со златовидните крилја на твоето исповедање, си летнала кон Христа, Злато Богомудра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-denes-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-11/feed/ 0
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-136/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-136/#respond Tue, 24 Oct 2023 13:20:50 +0000 https://kurir.mk/?p=892537

Светите маченици Тарах, Пров и Андроник Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија; Пров од Сида Памфилиска, а Андроник - син на угледен граѓанин од Ефес. Мачени беа сите тројца заедно од антипатот Нумериј Максим во времето на царот Диоклецијан. Во времето на мачењето Тарах имаше шеесет и пет години. Кога антипатот трипати го праша за името, тој сите трипати одговори: „Христијанин“. Прво ги биеја со стапови, па крвави и изнаранети ги фрлија во затвор. Потоа повторно ги изведоа на истизавање. Кога антипатот го советуваше Пров да се одрече од Христа, ветувајќи му почести од царот и нудејќи му го своето пријателство, Св. Пров одговори: „Ниту почестите на царот ги сакам ниту твоето пријателство.“ А кога на Св. Андроник му се закануваше со уште поголеми маки, младиот Христов маченик му одговори: „Моето тело е пред тебе, прави што сакаш.“ После долготрајни мачења по разни места, овие тројца маченици ги фрлија во театар пред ѕверовите. Пред нив едни други маченици во истиот театар беа растргнати од ѕверовите. Но на овие светители ѕверовите не сакаа да им наштетат, туку мечката и лавицата се умилкуваа околу нив. Кога го видоа тоа многумина незнабожци поверуваа во Христа и му се развикаа на антипатот. Бесен од лутина, и полут од ѕверовите, антипатот им нареди на војниците, та влегоа и со сабји ги искасапија мачениците на парчиња. Телата им останаа измешани со мртвите тела на останатите осуденици. И бидејќи беа измешани со другите, а ноќта беше темна и христијаните беа во недоумение како да ги распознаат телата на мачениците, Му се помолија на Бога и одеднаш се појавија три свеќи над телата на тројцата светители. Потоа ги зедоа и чесно ги погребаа. Свети Мартин епископ Турски Роден во Панонија, во еден град на Штаерска, во 316 година, од родители незнабожци. Татко му беше римски офицер и со ова и младиот Мартин, наспроти неговата волја, беше даден на војничка служба. Но тој веќе беше огласен во Христовата Црква, којашто ја љубеше со сето срце уште од раното детство. Една зима патувајќи со другарите кон градот Амиен, виде пред капијата на градот еден просјак како речиси трепери од студ. Мартин се сожали, заостана од другарите, ја симна од себе војничката наметка, ја пресече со сабјата на две: едната половина му ја даде на просјакот, со другата се загрна и замина. Таа ноќ му се јави во сон Господ Христос Кој им рече на Своите ангели: „Мартин е само огласен, а еве Ме облече со својата облека!“ Кога излезе од војската Мартин веднаш се крсти, ја крсти и мајка си. Потоа се замонаши во епархијата на Св. Илариј Поатиски и водеше живот полн со вистински подвиг. Беше извонредно смирен и заради смирението Господ му даде изобилен дар на чудотворство, така што и мртви воскреснуваше и зли духови изгонуваше. Наспроти неговата волја беше поставен за епископ во градот Тур. После многуплодната работа во лозјето Господово, после мачната борба со еретиците аријанци и незнабожците, Св. Мартин Му ја предаде својата света душа на Господ во 397 година. Тропар Блажен си ти, Мартине, од Господа благословен, Кој молба ти услиша и војник Негов те направи. А ти евангелски народ приведе кон спасение при раце Христови, Кој сила подавајќи ти, со чудотворства те обдари, на сите покажувајќи ги плодовите од срцето твое смирено. Моли се за нас, пастиру Божји, Кој удел имаш во светлината незалезна. Преподобен Козма Мајумски Благочестивите родители на светиот Јован Дамаскин, кои живееле во градот Дамаск, зеле во својот дом едно мало христијанско сираче по име Козма, родум од Ерусалим, кое многу рано останало без родители. Посинувајќи го малиот Козма, тие го воспитувале заедно со својот син Јован. Двајцата светители уште од мали ја изучиле мудроста Божја. Бистри и трудољубиви, за кратко време ја изучиле книжевноста и философијата, а покрај тоа и астрономијата, музиката и геометријата. Најревносно го изучувале Светото Писмо и поради тоа биле почитувани од сите. Духовно пораснати и во зрели години, двајцата го напуштиле светот и отишле во лаврата на свети Сава Осветен. Земајќи го на себе монашкиот јарем, Козма строго се подвизувал, и со животот и богомудроста заблескал во Црквата Христова. Му помагал на свети Јован Дамаскин во составувањето на Осмогласникот, но и самиот испеал многу канони. Напишал прекрасни канони за Успение на Пресвета Богородица, Божик, Крстовден, Сретение (со стихири), Педесетница, трипесници на понеделникот, вторникот, средата и петокот во Страсната Седмица. Исто така, свети Козма ја составил особено боговдахновената песна во чест на Пресвета Богородица: „Честнејшују херувим…“ Подоцна, свети Козма бил поставен за епископ Мајумски. Како епископ, богоугодно го пасел своето стадо на спасоносното пасиште Христово. Доживувајќи длабока старост, мирно се упокоил во Господ на 12/25 октомври. Тропар Острината на лицето твое ја издаваше длабочината на духот и тагата поради падот човечки, безумието на темнината и жалоста за оние кои на Бога не пеат „Алилуја“. Затоа Севишниот, Кој срцата ги испитува благодатно го ободри умот твој, раката ја водеше за прослава Негова и на оние кои ја возљубија Вечноста. И сега не престанувај, преподобен Козмо пастире, да се молиш за сите кои Господ Го величаат, а и сега знаат да пеат: Честнејшују херувим и славнејшују безсравненија Серафим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kalendar-na-mpts-utre-se-praznuvaat-ovie-svetiteli-136/feed/ 0